Македонски автобус се запалил во Бугарија - 45 загинати

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 23 ноември 2021.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    17.867
    Пол:
    Женски
    Многу голема себичност постои кај луѓето стварно не ми е јасно зошто станавме вакви?!И кога?
    Во тој автобус можело да има и некој нивен близок.Тоа е исто како со загадениот воздух.Откупуваат секаков отпад го горат тука за големи пари,они се богатат,ама тој воздух го дишат и самите и нивните деца и внуци.Во колку злобен свет без емпатија живееме.
     
    На poi, Guns N` Roses, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.979
    Ќе се повторуваат вакви работи пошто уште свест се нема дека не е "Господова работа" и "се случува" туку има причина зошто постои ред и правила и правилници и закони и казни во нормален свет кои се спроведуваат. Не се измислени оти некој попаметна работа нема и сака да малтретира луѓе со притисоци.
     
    На butterfly6223, Waverly Raven, poi и 18 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.193
    Допаѓања:
    222.229
    Пол:
    Женски
    После долго читање на повеќе вести од овде и од бугарија истото го воочив, жално, страшно и претажно. Ма најужасно нешто што може да постои.
    Животот се сведе на бизнис и само бизнис, без притоа било кого да размисли на огромни последици и загубени животи од огромен ризик.

    меѓутоа ми падна во очи делот кај тубите, најпрвин сите бугарски вести пишуваа за тубите и за бензинот, од после почнаа да изјавуваат дека тубите биле канти или катализатори и на другиве им се пречинувале тубите со бензин. Ова ме збуни, фактот дека ја сменија изјавава вчера вечер. Од туби до причинување до канти и катализатори?!

    автобусот три години стар? Ма не да е нов, пренов е, маж ми како познавач на моторни возила вели дека автобусот бил нов, дека три години не се ништо за автобус, камион, автомобили… Дека навистина ќе биде чудо да бил расипан…
    Башка има огромна разлика од дизел до бензин, дизелот тешко гори а додека бензинот е фурија. Не се сопира.

    експлозија и 2 до 3 минути јаглен?
    Траорно.
    Најверојатно ќе да е до тубите и петардите. И погорната реплика на анатх.
    И самите бугари си признаваат отворено и зборуваат колку нафта пренесувал народот и ја истоварал исклучувајки се од автопатот софија-благоевград на некое место, таму ги чекале со коли, значи ваквата појава била секојдневна. Ваквиот шверц.
    Не било ништо ново и изненадувачки.

    зошто? 46 човечки животи, млади и деца желни за живот, зошто? Ради шверц? Нафта? Па и петарди?
    Ако се докаже дај боже да не се заташка затвор, затвор за сите од прв до последен и да, чешлање на граници… но, но, дали тоа може да се случи. Отиде светов во неповрат дефинитивно!
     
    На poi, Idedemja, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.000
    Допаѓања:
    217.826
    Пол:
    Женски
    Колку што прочитав агенцијата се оградува од тоа носење гориво,демек и да имало најверојатно во сопствена режија на шоферот тоа било.Мртва уста не зборува,па кривицата кон него за жал.Жално и тажно за изгубените животи....;(
     
    На poi, H.VAGA, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    64.196
    Пол:
    Женски
    И јас сега прочитав, не знам дали е шпекулација или вистина. За да си полнат регулар бензин би фатило 500 денари од човек поскапо, ете за толку ова се случило.

    Ќе платат на граница нерегистрирани да ги пуштат, ќе платат цариници, полицајци, све што треба, ама до тие 500 денари плус од човек дошло. Ќе плателе 80 место 70 евра луѓето ко ништо.

    Медал за најглупа нација може комотно да ни се даде. Излезе едно копито од партија вчера, зеле лиценца на беса. Бравос, госпо за јајца го фатиле, ќе си отвори сеа шпреса транс, пак нема да ја регистрира и ќе си возат пак подвижни бомби.

    Да си ебам се живо и диво глуперди едни недоделкани, кур не им е рамен колку се глупи.
     
    На noteforself, butterfly6223, poi и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.104
    Допаѓања:
    204.396
    Пол:
    Женски
    Сите ќе се оградуваат, точно, оти има кому да ја префрлат вината. Ама и во другите автобуси имало бензин, не бил само овој, сигурна сум. Да не се случеше ова, којзнае до кога ќе тераа со шверцов.
    Ама дали мораше луѓе да умрат, ни криви ни должни, за нечија алчност за пари....
     
    На poi, H.VAGA, Idedemja и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.414
    Пол:
    Женски
    Како беше драмана… парите се отепувачка
     
    На poi, Mikha4 и theBride им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    13.987
    Пол:
    Женски
    А овие па на Твитер што си тераат мајтап дека сме останале без петарди за Нова година, стварно без осет.
     
    На cresa-jagoda, Amelia и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.797
    Допаѓања:
    323.776
    Наводно тубите биле празни, немало во нив бензин.

    Со истрагата (од бугарска страна) се одело до толку далеку што дури било испитувано дали можеби се работи за терористички акт:^).
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka и Pea им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    51.114
    Пол:
    Женски
    Нешто е имало што предизвикало веднаш да се запали автобусот.
    Еден од преживеаните кажа се се случило за секунда.
    Да се е запалил постепено ќе преживеале сите.
    Не знам кога беше лани ли се запали автобус на армијата ама сите искочија значи не се случило во секунда.
     
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.000
    Допаѓања:
    217.826
    Пол:
    Женски
    Ништо материјално не вреди кога е човечки живот во прашање,нит повреда полесна,камо ли толку животи:(
     
    На poi, Ava.84, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    12.282
    Пол:
    Женски
    Како еден не излезе и не си поднесе оставка од морална причина. Излегоја прочитаја од ливчињата, дури не знаат 2 реченици без да им биде напишано да кажат. А сите треба да си поднесат оставки. И што дека ја одзедоја лиценцата? Што со тоа? Некој мора да сноси одговорност. Да има и затворска и парична казна, за ум за другите. Дајте еднаш да бидиме држава барем еднаш во 30 години. А дечкото што спаси 6 луѓе за мене е херој, бравос таква храброст и присебност е ретка.
     
    На poi, Idedemja, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.505
    Пол:
    Женски
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.024
    Допаѓања:
    41.358
    Пол:
    Женски
  15. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.505
    Пол:
    Женски
    Ова сега станува мистерија, и наводно починале од задушување :?:
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    13.987
    Пол:
    Женски
    Постои голема веројатност да се прекачил од еден во друг автобус кога правеле пауза, не може да исчезне, со оглед на тоа дека сите живи патници се повредени, нема шанси само така да искочил од автобусот и да го снемало, или пак уште е на местото на несреќата, пешачел до негде и му се слошило.
     
    На Angie1432 и Bella* им се допаѓа ова.
  17. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    И јас истото го помислив. Но целата забуна е тоа што едниот од преживеаните вели дека осум се спасиле.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.414
    Пол:
    Женски
    Значи досега шо заклучивме:
    1.Шоферот возел ептен брзо, не може 300 и кусур км да ги поминеш за 4 саати
    2.Траги од кочење нема
    3.Еден човек фали??
    4.Пренесувале нафта/бензин ватевер бидејќи лирата девалвираше
    5.Експлозијата настанала во секунда.

    Јас мислам вака: Он си возел си возел, му се брзало за накај дома, или може пошо шлепале нафта и петарди, сакал да го фати човекот на граница за да пројде на слепо исто како и шо влегол, е сеа брзајќи не видел дека има закривување, со залет влегол, надворешниот дел почнал да се загрева гребејќи се од банкината, плус нафтата и петардите внатре и бам.
    Само зашто почнал од напред пожарот?Кај е вториот шофер?Зашто брзал Љупчо?
    нафтата, бензинот, петардите се лесно запаллива материја, при најмало загревање на температурата-бам.
    Гледам сеа на Гугл мапс, да влегол во Бугарија во 21 као шо викаат, а ваму да стигнал накај 3 сабајле, тоа се цели 6 саати, по гугл мапс, тој пат се вози за 17 саати.Јас стаив од граничниот до Радомир бидејќи не можеше до Боснек
    257604765_1186465871879113_4108963185530437389_n.jpg
    Ако одел по оваа маршута, еве и по другава од 7ипол саати да идел, саат ипол кај е?Плус паузи правеле сигурно.Како успеал да прелета преку Бугарија не сфаќам?
    Плус, не биле овие чисти уште кога влегле за накај Турција, влегле во Бугарија без дозвола за меѓународно патување као и да се вика тоа.
    Овде е повеќе од очигледно дека врски се у прашање, башка но офенс ама знаеме сите дека брачата имаат на границиве и по полиции и царини врски колку ти душа сака.
    Смрди работава.Не треба да се гледа само као трагедија, има нешто повеќе.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Неповрзано, ама не гледаш добро на мапата. Тоа ти е да фаќаш превоз со мењавање бусови/возови, со паузи чекање итн. Стави го како со автомобил, тоа е приближното време.

    Како и да е, не гледам како агенцијава може да се извлече од одговорност?

    Неисправен автобус? Кој му дозволил да вози?
    Неодговорен шофер? Кој го вработил и контролирал?
    Шверцање? Кој им дозволил и контролирал?

    Агенцијата е таа која мора да одговара за безбедноста на патниците. Таа се обврзува да го изврши превозот безбедно од едно до друго место.
     
    На poi, Idedemja, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.414
    Пол:
    Женски
    Еве со кола ставив, 3 саати и 25 минути, ама не е релевантно тоа.И Скопје-Охрид со кола е 2 саати, ама со автобус е 4.
    Нема теорија да помине толкав автобус со плус 50 души внатре за 6 саати.
    Еве кажаа, суспенцирале цариници и раководител нивден бидјеќи уопште не го евидентирале автобусот.
    Друго нешто сеа успат ми текна, од сите 4 автобуси само овој демек немал лиценца за меѓународно превезување патници така?А во истиов се шпекулира дека шверцале петарди и нафта, шо ако луѓево и патувањво биле само маска за да идат да си земат нафта?Дека стварно е преевтина у однос на нашиве цени.Мене така ми се поклапаат коцките.Пошо не може баш од сите 4 он само да нема лиценца и баш он да шверца нафта.
    Ви викам има нешо.Нека не мачкаат очи.Нашиве да се одма ќе замкаат, башка нема да се дознае ништо.Се надевам Бугариве ќе ја истераат до крај работата и ќе искочи на чистец.
    @mssuniquee и вие бевте преку Беса?не примети нешто сумљиво?
     
    На cresa-jagoda, Idedemja и Amelia им се допаѓа ова.