Македонски автобус се запалил во Бугарија - 45 загинати

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 23 ноември 2021.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.537
    Пол:
    Женски
    Им ја одземале лиценцата на Беса , после толку време . Ја не знам што чекаа до сега ? Абре уште истиот ден требаше да им се одземе лиценца , не сега . Сега е доцна .
     
    На noteforself, prashinka, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    2.983
    Пол:
    Женски
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Според истрагата бил виновен возачот.
    Ништо ново и не се очекуваше. Многу лесно е да се обвини некој починат.
    Јасно беше дека вака ќе се обидат да се извлечат.
     
    На Angie1432, Ambitious, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Pa se znaeshe toa deka vozacot na kraj ke bide vinoven , kako prvo avtobusot kako na film odednash peplosal i sea nekoj mora da bide vinoven , kako vikat so para i burgijata se bushi
     
    На fast_and_curious, Angie1432, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Сега кажаа секако возачот ќе биде крив, сигурно нема газдата да го гонат...
     
  8. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    E normalnoo deka vozacot , ne moze da bide firmata gazdata too e nevozmozno , strasnooo sramota be go nema nigde ovdee
     
    На fast_and_curious, ilenaki, spacegirl92 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Машки
    НОВИ ДЕТАЛИ: Четири туби со бензин сепак ИМАЛО во македонскиот автобус што изгоре во Бугарија
    bugarija_avtobus-345741-696x388.jpg

    Нови детали од трагедијата која пред речиси една година се случи во Бугарија и притоа загинаа 46 патници, заедно со возачот.

    Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел.
    Портпаролот на главната обвинителка на Бугарија Сијка Милева изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Северна Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ.

    Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион.
     
  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Машки
    Обвинение против сопственикот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци

    Четириесет и едногодишниот управител на фирмата се товари дека со фалсификувана лиценца вршел меѓународен превоз на патници. Информацијата за порталот „Призма“ ја потврдил и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски
    Обвинителниот предлог, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, е поднесен по спроведена опсежна претходна постапка и направени детални проверки. Со него се опфатени управителот како физичко лице и фирмата, а е за продолжено кривично дело – фалсификување исправа. Со лажната изјава, според обвинителството, возачите ја преминувале државната граница на различни гранични премини
    Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против сопственикот на гостиварската фирма „Беса транс“, во чиј автобус во ноември, минатата година, загинаа 45 патници. Четириесет и едногодишниот управител на фирмата се товари дека со фалсификувана лиценца вршел меѓународен превоз на патници. Информацијата за порталот „Призма“ ја потврдил и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.

    „Одговорното лице во овој случај преку возачите на автобусите употребувал фалсификувана јавна исправа, извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот сообраќај за автобус ‘мерцедес’, која не била издадена од Министерството за транспорт и врски“,

    изјавил Бубевски за „Призма“.
    Обвинителниот предлог, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, е поднесен по спроведена опсежна претходна постапка и направени детални проверки. Со него се опфатени управителот како физичко лице и фирмата, а е за продолжено кривично дело – фалсификување исправа. Со лажната изјава, според обвинителството, возачите ја преминувале државната граница на различни гранични премини.

    „Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска, лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини“,

    се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
    Оттаму додаваат дека прибраните докази во истрагата кои, пак, се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини, кои биле задолжени за контрола на лиценците ОЈО Скопје ќе ги достави Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
     
    На WildMk и t.a.m. им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Немале такви за кршење џамој (не знам како се викат)?
    Мора да ги има во секој автобус.
     
  12. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.383
    Пол:
    Женски
    Imalo, toj albanecot so zena mu sto prezivea kaza deka so toa go skrshil prozorot.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.