1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски автобус се запалил во Бугарија - 45 загинати

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 23 ноември 2021.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Тоа официјално е дека носеле нафта? :o
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Најпрво , сочувство до семејствата на загинатите и брзо закрепнување на повредените .

    Сега .. Како може да не реагира шоферот на пукната гума ? Воопшто ли не приметил ? Со 140 се возев , кога ни пукна гумата на колата на автопат , веднаш реагираше маж ми , кој возеше во тој момент . Да кола е , повеќе се чувствува , свесна сум , ама не возел 10 на саат за да не осети сигурно . Пукната гума веднаш се чувствува .

    Само нека биде оваа истрага како што треба , да нема заташкување , аман веќе .

    Премногу автобуски несреќи се случија во последниве години , не е шега веќе . Каде е одговорноста за несреќата на Дурмо Турс , каков епилог имаше таа несреќа ? А во Косово , нели и таму се преврте автобус на Дурмо Турс , не ми текнува дали имаше жртви .. ?

    Автобуските компании , сите , буквално сите од една до последна , треба да ги тресат полициски контроли , да ги праќаат на вонреден технички преглед , и тоа да биде барем еднаш на 3 месеци .

    Страшно .

    П . С . За жал , најмладите жртви се близначињата , родени 2017 ( само 4 годинки .. ) ..
     
    На Idedemja и Dandra им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    https://mk.tv21.tv/afp-tragedijata-...ka-nesreka-vo-evropa-vo-poslednata-detsenija/

    Најтешка автобуска несреќа во Европа во последниве децении ;(

    А од текстов, и ова ми падна во очи:
    "Денешната несреќа се случила на дел од автопатот со стрмнини и без јасни разделни линии, каде во минатото се случиле многу сообраќајни несреќи, вели Дијана Русинова од невладина организација за безбедност на патиштата која и во минатото се жалела на бугарските власти за овој дел од автопатот."
     
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Ако Бугариве не превземат да истражат што точно се случило, нашиве ќе заташкаат и никому ништо.
     
    На темјанушка, Dandra, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Моја грешка се префрлив на Дурмо..
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека и овој и на Дурмо турс автобусите дека уопште немале технички преглед и на слепо си работат, абе глава давам, ако не платиле колку ради реда да им се потпишат за технички преглед, да ме плукнете.
    Немам друго објаснување зашто се случило ова, или шоферот знаел дека нешто не чини па со ,,здрав" памет возел..
    не знам стварно.Има нешто,Осеќам
     
    На темјанушка, SelenaGomez, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.246
    Допаѓања:
    166.086
    Па и треба бугарите да истражат.
    Агенцијата регистрирана во Бугарија :?:, несреќа во Бугарија, само патниците се македонски.
    https://www.slobodenpecat.mk/video-...pen-za-javnosta-i-za-rodninite-na-zaginatite/
     
    На Idedemja, cresa-jagoda и VDT2906 им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    75.725
    Пол:
    Женски
    Сабајле во живо на БТВ (Бугарска национална телевизија) го кажа Васко Пиргов, напишав претходно со линк. Бил на лице место саат време после несреќата.
    Сега на интервју го прашаа еден друг, тој рече дека не знае за тоа.

    https://fb.watch/9sAR6dCxW_/

    Нормално дека овој се оградува дека е политичар.
    Другиот е од општината, ама си кажа дека има завршено школо поврзано со моторни возила ( Васко Пиргов мислам му беше името)
     
    На Idedemja и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не инсинуирајте пред да добиеме официјални информации.
    Греота се фамилиите на жртвите да читаат се' и сешто.

    Го разбирам гневот, ама стрпете се.
     
    На noteforself, Ivan4e04, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    18.397
    Пол:
    Женски
    Најлошото е што нема никакви сведоци, не се знае колку долго возел шоферот дали имало уште еден за замена бидејќи патот е премногу долг за само еден шофер да има во бусот. Да се надеваме дека овој пат ќе се спроведе правилна истрага и ќе се најде вистинскиот кривец.
     
    Последна измена: 23 ноември 2021
    На Idedemja, cresa-jagoda, Indiegurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Двајца возачи биле.
    Кажаа преска на вести.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    75.725
    Пол:
    Женски
    Не можев да си поверувам
    Никој ништо не инсинуира, коментираме што може да е причината, затоа е анонимен форум.
    Не излеговме јавно на тв да кажеме, е тоа е причината.

    Еве уште едно видео од БТВ
    https://btvnovinite.bg/bulgaria/kad...na-rusinova-s-analiz-na-patnija-uchastak.html
     
    На Idedemja, Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.989
    Допаѓања:
    166.686
    Пол:
    Женски
    На кратко, Пиргов стасал после 3 часа, по некои сајтови форсираат 1 час. Русинова тврди дека тој пат не е обележан доволно со знаци и е незаштитен и често се реагирало низ годиниве за тоа. Пиргов вели автопатот е петка.
    Бугарија дека е некој пример за европски вредности и политики, многу далеку е од тоа. Дали некој сериозно верува во бугарските власти?!?! Хехенце
    Ништо нема да се расчисти. Пиргов веќе му препиша вина на шоферот. Тој починат нема како да се брани. Таа страна од приказната нема да ја чуеме никогаш. Ќе споделат инфо од што било како било што ќе одговара дека шоферот е крив. Решено е тоа. Ние ќе речеме - па може стварно. И тоа е тоа.

    Си отидоа еден куп млади луѓе. Правда нема.
    Сочувство до фамилиите.
     
    На Amelia, noteforself, Harper и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Kako i za preostanatite nesrekji gnevot kje e prisuten nekolku denovi i kje se zataska slucajot.
     
    На темјанушка, Idedemja, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Многу е морбиден фактот дека во краток временски период во нашава напатена државичка многу луѓе изгореа и испоцркаа (извинете за терминов ама гневен сум) ради трулата држава која ама баш за НИШТО и НИКАДЕ не превзема одговорност. После несреќата во Ласкарци од пред 3 години, не смееше да се дозволи автобусите да бидат пуштени на технички преглед туку така. Не сакам да шпекулирам пред време но не знам кое дно веќе не го пробушивме со трагедиите кои не снаоѓаат. На крајот се си останува како бројка а во суштина тоа се нечии син, ќерка, мајка, татко, брат и сестра...

    Господ нека ни е на помош.
     
    На LovelyGirl3, Cherry333, noteforself и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Ужас, катастрофа, жално, шо и да каже човек џабе е, нека почиваат во мир.

    Летово патував до Истанбул, со друга компанија, ама буквално летаат. Требаше негде 6 сабајле да стигне таму турско време, со гужви на граница бевме таму у 4:45 кај брзаат толку не знам. На граница се зачекавме 5-6 автобуси од различни компании. Никогаш повеќе со автобус подолго од 3-4 саати макар дупло поскапо да е со авион.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    Мене едно не мие јасно. Како може тие што биле напред да починат сите до еден а овие што скокнале од задното стакло да преживеат а назад се наоѓа моторот, парното, мењач, резервоарот а велат дека се запалил поради допир на горивото со парното... Ако експлозијата била од назад како дошло до тоа? Напред нема ништо и дури ветробранското стакло е пониско и нема препреки.. И притоа возилата не горат толку брзо наеднаш до целост..

    Сочуство до фамилиите и брзо закрепнување на преживеаните.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Предниот дел прво го зафатил огнот. Зошто, како, ќе кажат...
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зарем некој уште чека објаснување од одговорни лица за несреќава? После сите срања и несреќи, кога никој никаква одговорност не превзема, од кого чекате изјава?
     
    На noteforself, Harper, темјанушка и 13 други им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    Експертиве велат дека дошло до истекување на горивото и доведило до допир со парното. Цевководот за парното е назад и резервоарот се наоѓа на средина т.е после задната врата.. Значи ако изгорел прво предниот дел значи не било проблем со горивото, очигледно инсталацијата.