Македонски автобус се запалил во Бугарија - 45 загинати

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 23 ноември 2021.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.858
    Пол:
    Женски
    Ете барем ние што имаме малку повеќе искуство знаеме како фунционира Бугарија, за жал, за жал можеш што сакаш да направиш, да си земеш од Бугарија, фирми, документи, лиценци, роба. Само треба цената да си ја платиш. Ова е така од време.

    Кај нас во Италија има автопат на смртта каде што се прави и е ужасен притоа полн со камиони и автобуси секој еден ден умираат луѓе се повредуваат од сообраќајки, освен што кажуваат на вести и опишуваат колку е опасен и дека е свтопат на смртта еве ништо не превзимаат. Се случува смрт една по друга или во еден ден 2 сообраќајки. Големо ништо.
    Сите комлет до таму сме стигнати.

    Јас прочитав во коментари синоќе дека шоферот имал агенција за солун, имал 30 години искуство. Кажуваше жена и уште неколку други што го познаваат. Женава работела кај него.
     
    На Nikolina35, Vraloma, poi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. unike

    unike Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Во право си и јас така мислам подобро неколку сати покасно стигни но сигурно дома , ако е вистина тоа што пишува дека возачот возел 100 , отколку вака да изумрат човечки души страшна трагедија .
     
    На Nikolina35, Angie1432, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Оваа релација со ( автомобил ) ја имам возено неколку пати, некои велат дека патот не е доволно означен но според мене мислам дека е доволно означен и чист и не може така лесно да се збуниш и да заминеш на чешмата.
    Не сакам да кажам дека возачот е виновен да не се разбереме погрешно но сепак како што кажуваат возачот бил со долгогодишно искуство и не верувам дека може да направи таква збунка шофер со 30 годишно искуство.
    Според мене во прашање проблем со командите за управување и запирање на автобусот затоа што нема траги од кочење.
    Како и да е истрагата ќе покажи што било и како било ( мило ми е што истрагата ќе ја прават бугари бидејќи во нашите немам никаква доверба.
     
    На Dandra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    19.855
    Пол:
    Женски
    Селото кое е одалечено 5 км. од местото каде што живеам има 20 починати од несреќава...
     
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.708
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за луѓето што неможат да ги погребаат како што треба.
    Дур направат днк, дур искочат резултатите, дур ги вратат Македонија..
     
    На Dandra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Гледам луѓево шокирани што немале лиценца, не биле пријавени, шверцувале бог знае што и имале некој ќељав технички преглед.

    Абе луѓе, шокирачки е да е све регуларно, како да ви кажам. Мене повеќе би ме изненадило нешто да функционира како што треба.

    Не треба инспекција за да ни каже дека имало нерегуларности. Нема да ме чуди и газдата да е некој полтрон на ДУИ што не плаќа за ништо.

    А овие што чекаат да видат што ќе кажела истрагата... Тешко вас, не знам што да речам друго.
     
    На noteforself, Emotional123, butterfly6223 и 33 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Пиши пишман аџија на фејсбук има таму видеа и споделувани линкови.
     
  8. TheX

    TheX Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    90
    Воопшто не сакам да коментирам ама ајде ќе речам вака, ако погледнете наназад 3 автобуски несреќи, Лесковац, Ласкарци и сега Струма. Сите три превозника се на албанци и зошто е тоа така дали е тоа случајно?! Значи македонските фирми се така чешлаат до влакно што е во ред и правилно така и треба да биде да се спроведува законот ама треба за сите, сите добро знаеме дека албанските фирми работат без фискални касни, многу од нив без регистрирана фирма, наместени односно платени технички и слично иии тоа е така бидејки нив не ги дира инспекција и закон и резултатот на тоа диво работење не секогаш е благодет. Но мора да се свестиме еднаш засекогаш сите бњз разлика на вера и нација бидејки катастрофите не засегаат сите, доколку автобусот на дурмо имаше соодветен технички веројатно немаше да се случи таа несреќа, доколку автобусот на беса беше уредно пријавен за транспорт на луѓе можеби не би се случило ова…и сето тоа е можеби…лично вина не наоѓам на никого од наведените единствена вина гледам во селективниот систем на спроведување на законот во оваа вуко*бина
    НАПОМЕНА…со коментарот не би сакал да предизвикам етичка омраза и поделба!
     
    На noteforself, Waverly Raven, Billy Idol и 21 други им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.751
    Допаѓања:
    13.687
    Пол:
    Женски
    Албанци, ама и Ласкарци и сега повеќе Албанци загинаа него Македонци, значи повеќе штета им прават на нивните него на нашите.
     
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не се чешлаат македонските фирми до влакно. И кај нас полтрончињата и напуваните богаташи ништо не плаќаат, ене го Кичеец човек утепа дури служи затворска казна, па 6 месеци затвор казна. За децата изгазени на Партизанска, кај Католичка никогаш не се ни разбра кој ги чукна а камоли да ги казнат.

    А Албанците ако имаат малку памет ќе гласаат против дуи на следни избори. Џабе им се двојазични табли на болниците кога внатре истата се распаѓа. Џабе им се двојазични табли на патиштата кога копита недоделкани им шефуваат за неисправни автобусите да возат по тие патишта. Џабе им се директори на пожарни кога не купуваат и не сервисираат опрема за кога има пожар.

    Нека се освестат, за нивно добро.
     
    На noteforself, Billy Idol, LovelyGirl3 и 29 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Тоа и бугарските експерти со години апелираат да има соодветна светлосна сигнализација за да можат не само овој шофер и сите во иднина да увидат и реагираат навреме.
    Еве возел пребрзо никој не го оспори тоа 70 мислам ако добро памтам таму е наведена за прописна брзина ама без сигнализација може и со 70 да возиш и да не видиш, реагираш и удриш.
    За спиење и слошување тука е вториот шофер и во авион има пилот и копилот, сам кај се пушта со толку патници, тој одговара за сите внатре. А и да имало втор шофер што е ставено под знак прашалник кај бил тој да надгледува и реагира. Тоа пишуваме поназад преморени се, за толку кратко време толку вожња, без доволно одмори, ги префорсираат. Се сака со помалку шофери да се тераат тури како преку улица да се вози.
    Скопје- Истанбул да не сум била по истиов пат не би се осудувала да коментирам колку е напорно, тоа е така и со кола и со прекини, а не цел автобус, па не 1, 4 и уште тури низ сам Истанбул, хаос е таму од гужви.
    Друго и најважно да не бил преполн со недозволиви и запалливи материи само ќе завршел во левите банкини, немал да се запали, тука е најголемиот апсурд во сето ова.
    А сигнализација си треба ама еве спомнав и во Хрватска, а и @vitamina погоре во Италија за пат на смртта ништо не се преземало, зошто кога се свесни за потребите од тоа и ете тие се во ЕУ зошто толку пасивност по ова прашање и ништо не менуваат да се запрашаме.
     
    На Nikolina35 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. TheX

    TheX Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    90
    како и да е повторно доаѓаме до тоа дека проблемот влече корени од државата односно од државните институции и селективниот закон, и што е нај ама НАЈ жално виновен ќе е некој шофер што фамилија прехранува од таа работа а многу фамилии ќе тагуваат и ќе останат без блиски и сакани луѓе, оваа држава се повеќе ми наликува на авганистан….
     
    На elimkd, Nikolina35, poi и 4 други им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    53.181
    Пол:
    Машки
    Зборувајте ми за функционална држава
    20211124_142335.jpg
     
    На Just.do.it, Indiegurl, fast_and_curious и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Сами си го праиме ова, не им се даваат пари за технички, или ги мрзи, па ќе дае пари да му се потпишат као дека напраил, и цепај.Само не ми е јасно со кој мозок, као им доаѓа непроверен автобус да пуштат низ државава или па подалеку, не мислат на тие што ќе се возат?Парите им се побитни од нечива душа?Не можам да разберам, мојов мозок не може да го укапира тој дел.
     
    На cresa-jagoda, Mikha4 и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. TheX

    TheX Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    90
    несреќа е несреќа, без разлика од која вера и нациналност се жртвите жално и болно е, овде се згаснати многу животи, снови, соништа, фамилиите доживотно ќе живеат во тага.....штетата е на сите нас на челото човештво
     
    На Amelia и Idedemja им се допаѓа ова.
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    А државата кој ја сочинува само институциите, а не народот?
    Ако технички се исправни возилата, фирмата има лиценци почитува закони, има доволно шофери и им дава одмор законски како им следи на толку саати толку пауза, ги плаќа доволно еве и пак да се бара мито од институциите дека тие не чинат, бар се ќе е исправно со возилата и со шоферите. Ама се сака со неисправни возила, премалку шофери и префорсирани да се прави ова што се прави и плус да се шверцува во автобусите тоа што ни на крај памет не треба да им е.
    И сега кој е крив пак институциите? Не народот и менталитетот, пишав јас претходно и во Бугарија е истиот што дека се во ЕУ и ние ќе бидеме еден ден, ама џабе било, ако промените не започнат од сите, особено од газди на приватен сектор, директорчиња и на приватно и на државно.
    Ако сме сите сложни како народ ништо не ни можат, ама секогаш некој ќе гледа да се протне со митото по полесниот начин, ама тој начин носи и големи ризици и најопасното како во случајов човечки жртви.
    Беспарицата, сиромаштијата, митото и корупцијата си го прават своето секој е*ан ден тука и наоколу;(
     
    На Nikolina35, vitamina, TheX и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини го загубија животот во трагичната несреќа што се случи во Бугарија.

    Советот едногласно ја одобри одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на општина Чаир за новогодишните празници да бидат распределени за семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Неспорно е дека сплет на несакани околности довеле до една ваква катастрофална несреќа. Не може да има само еден причинител за инцидент од толкави размери. Факт е дека нашите автобуси се катастрофални, веројатно во еден таков непријавен автобус биле пренесувани и лесно запаливи супстанци, веројатно незаконски, потоа потенцијална грешка или невнимание од шоферот (иако можеби нема никаква вина), сигурно несакана затоа што патот не е лесен да го извозиш два пати за 72ч., како и катастрофално (не)обележаните Бугарски патишта, довеле до овој трагичен случај.

    Реконструкција на автобуската несреќа направена од Димитар Илиев, бугарски автомобилист и сопственик на академија за безбедност во сообраќајот:



    Според неговата реконструкција, еден важен предупредувачки знак е паднат од мај, а други делови од сигнализацијата се амортизирани и во пракса не се гледаат, посебно ноќе.

    „Нема знак, човекот не знае, гледа три ленти и преминува во најдесната лента. Потоа му излегува знак кој е поставен неправилно, а врз него има и лепенка која дополнително пречи“, вели Илиев.
     
    На Harper, lovestoneddd, ane.bella и 9 други им се допаѓа ова.
  19. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Нема човек што не го потресе оваа трагична несреќа...
    Не знам друго што да кажам... Нема зборови за правилно да ја изразам тагата...
    Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите.
     
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    12.267
    Пол:
    Женски
    Живееме во држава каде што ќе си потплатиш и ќе си поминиш. Реално колку од превозниците имаат исправни автобуси, а за нови да не прајме муабет. Сакаме профит, а нејќиме да вложиме ни денар. Зошто институциите не си ја вршат работата за која се платени? Седат по канцеларии и лигат едно кафе и цигара цело работно време. Како можи да се вози автобус без лиценца? Сигурно не му било прв пат да помини граница. Многу е лошо кога се гледа само на пара, а каде е тука безбедноста на патниците? Држава сме каде владее само мито и корупција. Зарем треба да се случи вакво нешто за да надлежните почнат да работат? Гневна сум, денес се 45 луѓе, утре можиме да бидиме и ти и јас... Што и да се случило, и шоферска грешка да било ништо нема да ги врати тие луѓе назад. И ние тука ќе си дискутираме, на крај ништо нема да се превземи. Редно време е во оваа мизерија да се почни да се работи, без врски, без мито, да се казнува, сите со ред, кој заслужил да биди казнет, а не тој е на рајко, стојко, петко па ќе му прогледаме низ прсти. И да автобусите возат над дозволената брзина тоа не е ново, за каде се брзаат? Како викат старите поарно 5 минути покасно отколку цел живот порано
     
    На cresa-jagoda, theBride и supergirlmb им се допаѓа ова.