Македонски легенди

Дискусија во 'Насмевка' започната од Bitter-Sweet, 28 септември 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.953
    Допаѓања:
    55.805
    Пол:
    Женски
    Целта ми е да споделуваме легенди за тоа како го добиле името некои македонски градови, села или други места. Мислам дека би било интересно, ќе се запознаеме повеќе со македонските легенди и преданија.
    Еве јас ќе напишам за градот Охрид. Според легендата, Самоиловите војници кога се враќале изнемоштени од една тешка битка, се измориле од ридовите и стрмнините по патот па кога пред нив излегол уште еден рид, тие качyвајќи се по него извикувале: Ох, риде, ох, риде... Така поврзани тие два збора го создале зборот, односно името на градот Охрид.
    Ќе ја споделам и легендата за Кичево. Името Кичево се поврзува со тврдината што ја изградил Волкашин на ќерка му Кита над градот. По нејзиното име, тврдината е наречена Китина тврдина, Китино кале. Кога под тврдината се создале првите населби и се формирал градот, тој бил наречен Кичево по прекарот на Кита (Ките, Киче).

    Споделувајте што знаете. :)
     
    На JonyBravo, theowndemon, jasna83 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    21.318
    Пол:
    Женски
    За с. Непроштено - Тетово . Имало некој поп на кој му наметнале нешто што не го сторил и завршил во затвор . Кога џандарите го носеле во затворот , попот се свртел накај селаните и извикал ова ќе биде непроштено ( незнам колку е ова точно , така ми кажале така пренесувам )
    За градот Тетово . Легендата вели дека мноогу одамна имало некој ѕвер во градот од кој сите се плашеле никој немал храброст да го убие . Тето бил човек кој собрал храброст и го убил ѕверот . Од тогаш градот се вика Тетово , или по дијалект Тетоо .
     
    На JonyBravo, theowndemon, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Паликура - Тиквеш, Кавадарци.
    Во времето кога биле војни, нашите против турците. Во време на борбите ееден оод војниците извикал Пали а некој му одговорил ку*ац нема мониција.
     
    На referentka, JonyBravo, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.953
    Допаѓања:
    55.805
    Пол:
    Женски
    За Струга постојат две легенди.
    Едната вели дека Струга го добила своето име поради отворената географска положба на градот – место каде што постојано „струже“ (дува ветер).
    Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со сточарство и овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга.
     
    На JonyBravo му/ѝ се допаѓа ова.