Не сум фан на народно, ама мислам дека не треба странци да ги пејат. Пејат со прекршен изговор. Не звучи убаво, ги грдат.
Баш напротив, баш е убаво кога некој странец се труди. Замисли тебе некој да ти рече да не пееш англиски песни затоа што пееш со прекршен изговор. На темава: Млади луди години; Ако умрам ил загинам; Зајди, зајди; Со маки сум се родила; Дафино вино црвено; Засвирете ми чалгии... Ауу долг ми е списокот. Навистина имаме преубави песни. Незнам зошто но мислам имаше ваква тема или слична во музика.
Мене ми е многу мило кога некој странец пее македонски песни. Еве мојава пријателка од Франција ги превела текстовите за да знае публиката за што се работи.
Би рекол дека моја омилена народна македонска песна е „Слушам кај шумат шумите“. И кога видов дека Некст тајм ја преработиле за момент се израдував тогаш, но преработката воопшто не ми се допадна. Премногу, премногу бавна. Инаку, последниот дел од песнава, кој почнува на 04:02, мислам дека е од некое оро, па да не знае некој овде за кое оро се работи? (На еден настан на кој што присуствував „Танец“ играа оро баш на таа мелодија) Измена: Може да е и мелодијата која почнува на 04:34, имам заборавено искрено. Ама дефинитивно беше една од тие две.
Французинки еве како ја промовираат македонската песна. Тоест Анета е Македонка што живее во Франција, а Гаел си е Французинка.