1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малезискиот авион

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kaylie, 23 март 2014.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас ги следам вестите со авионов, ама овие денови некако слабо кажуваат вест...
    Само да не се заташка работава... :(

    Си замислувам како им е на патниците ако се живи, и посебно на оние кои чекаат и мислат на нив. Сигурно се изедени до в крај.

    Премногу чудно е како ни еден, ама баш ни еден траг да нема, при толку вклучени држави во истрагата, при таква технологија. :x
    Ако беше паднат некаде сигурно ќе најдеа барем нешто. :?:
    Се ми се чини дека е киднапиран и однесен или урнат некаде настрана. :?:
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Којзнае како им е :| кој страв го имаат доживеано...Тргнале и одеднаш тоа им се случува, да не знае човек што ќе го снајде.Пишуваше нели и еден од патниците пак ја оставил бурмата на жена му, нешто оставил и за децата, за во случај да не му се случи нешто и ко да претчувствувал :|

    Мислам дека и да е киднапиран, до сега ќе се јавеа киднаперите, претпоставувам.
    Инаку, да слабо нешто пишуваат за авионов, па и секогаш несреќи што се случиле под мистериозни околности, секогаш се заташкуваат, што излегува дека има нешто штом прават така, да не се дознае...Авонот и да паднал во море, ќе имало остатоци до сега...
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Луѓе се појави нова вест на канал 5 ,дека авионот сепак паднал во океан,во јужниот дел на Индискиот океан а преживеани нема ;(
     
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Мислам дека оваа не е дефинитивен исход и официјален, барем така прочитав.
    Во секој случај преголема мистерија, буквлано како земја да го проголтала.
    Да се срушил во океан би бил забележен за краток временски период,авионот е огромен сигурно би дошло до експлозија, а е составен и од полесни делови кои би испливале на површина.
    Да е киднапиран, тој авион би морал некаде да слети, а тоа е авион неможе на секаква површина да слети, му треба приспособена и огромна рамна површина, која верувам од сателитите исто така би била воочена.Не е хелихоптер па и на планина да се спушти.Ал каеда да е веднаш би се огласила тоа е нивен стил, не би молчиле сигурно.
    И стварно не ми е јасно при каква совршена технологија да неможат да го најдат :^)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Даваа ли на македонските телевизии преноси од теле соопштенија? Видовте ли како паѓаат од болка луѓе? А? Видовте?! Од челик да си, кога женава падна од болка оти и син и, снаата и внучето и биле на тој авион. Секој знае, дека на секој толкав авион има неколку цели фамилии, со бебиња, со деца. Стави се на место, продолжи да живееш и кажувај, абе вонземјани, што да правиме?
    Ви се молам стварно. Престанете. Толку ли не можете да се стрпите и почекате, факти ќе излезат, ама ова што се прави на што личи? Кога има доволно игри на нет да решиш слагалица, ама овоа поинтересно изгледа. Од кај знаете може и македонец има патник :^) ако е во смисла нас не не засега па ќе тераме сеир, сепак животи се во прашање. Сите експерти во авијација сте станале, па бравос, што да ви кажам, луѓе погинале, цели фамилии, деца, размислете пред да си ги отворете устите со вашите конспираси теории. Со самиот голем невкус што темава оригинално се отвори во другата наука, и што шегата на страна 1 си стои уште ете зашто ни се може, што да се каже повеќе? Што?

    Бидете луѓе или овци. Пријатно.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, LaraSolare, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  6. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Најнапред, дегутантни се било какви шеги кога станува збор за трагедија каде се изгубени човечки животи. И јас сум љубител на црн хумор, ама некои работи ги преминуваат сите граници.

    Авионот е паднат некаде во океанот. Станува збор за огромна површина и сигурно уште долго време ќе се трага по црните кутии. Секако ако финансиски може тоа да си го дозволи авио компанијата. Ако се сеќавате на авионот на Ер Франс што падна на пат од Бразил за Франција, црните кутии беа пронајдени дури две години по несреќата.
    Проблемот и контроверзијата (па и мистеријата) што ја предизвика малезискиот авион е што транспондерот, кој на контролната кула и' ја дава локацијата на авионот исчезнал наеднаш. За тоа да се случи постојат две опции - да е уништен, во лет тоа би било доказ за експлозија, и да е намерно исклучен - можно кај киднапирање на авионот. Понатамошно долевање на масло во огнот на сомнежи предизика откритието дека дури четири патници во авионот патувале под украдени идентитети. Што ги наведе истражителите на помислата дека станува збор за тероризам.
    На прашањето зошто во денешно време на ГПС и сателити не може да се одреди локацијата на авионот треба да се разбере дека ГПС сигналите не можат да пробијат толку кубика вода над нив. Дури и да можеа да пуштат сигнал од под вода, тоа ќе беше залудно затоа што најверојатно сите уреди кои имаат ГПС се уништени при падот на авионот. Самиот авион има ГПС уред, меѓутоа тој се користи само еднонасочно - за авионот да се лоцира себе. Истиот не испраќа сигнал до контролната кула.
    Flight data recorder -от или популаната црна кутија која е практично неуништлива поседува подводен сигнал за локација (underwater locator beacon) кој пингува на растојание од околу 2 милји во времетраење од 30 дена.
    2 милји во толкав океан се зрно песок во Сахара.
    Да не беше исклучен транспондерот, тогаш многу полесно ќе беше да се пронајде приближната локација на падот со што ќе се олеснеше потрагата по двете црни кутии (Flight data recorder и cockpit voice recorder).
     
    На IamSexyAndIKnowIt, SparkyAngel и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Со оваа порака биле обавестени роднините на патниците. :worried:
    Малку сомнително ми е кога нема ниту еден видлив сигурен доказ, вакви вести да кажуваат. :?:
    [​IMG]
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    И јас мислам дека е соборен од воените ловци на некоја држава, која се плашела од самоубиствен напад.
    Прашање беше само каде паднале остатоците негови после тоа.
    А луѓено и јавноста ги заташкуваа и 25 дена им глумеа лудило, а мислам дека и никогаш нема да жат што точно се десило.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно и тоа да е соборен, оти така да падне, а да немал никакви технички проблеми авионот е чудно, не дека не може да се случи несреќа ако само мал дел од авионот прави проблеми, па заради тоа да паднал, тоа збунува многу.Веројатно никогаш нема да им кажат што точно се случило, само сега им кажале дека паднал и нема преживеани, а се уште немаат потврдено, иако нели пронашле остатоци кои допрва ги утврдуваат дали се на тој авион.Толку долго време ги држеа во неизвеснот, како да не можеле да го најдат, а можат еден криминалец да го разоткријат, да знаат се што се дешава по светов кога станува збор за вакви работи, криминал и сл.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Тие мислат 21-ви век е и сега во научно-фантастичен филм живееме. Ова големиот брат е па цело време не следат, не шпионираат, преку џи-пи-ес, сателити, можеби и мисли ни читаат, телепатски не управуваат... ајде да не се смеам на оваа тема, ќе ме опомене некој. Туку од каде само ви доаѓаат тие параноични мисли, кој ви ги всадува?
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    И јас мислам дека е соборен и тоа можеби од големиве сили што сакаат да предизвикаат напнатос и хаос во светот. И во моментот на соборување е уништен локаторот. Не верувам дека се киднапирани сепак се работи за 239 патници, како можи да ги киднапираат. Плус тоа, за тоа да се случи треба да внесат оружје во авион нели? Како ќе се направи тоа на таа безбедност на аеродромите што ја има, тоа е невозможно. А тие со лажните идентитети и тоа нема везе. 4 патници нема шанси така да поминат, па немате појма кое малтретирање е по аеродромиве, преку глава ми е дојдено од тие проверки. Тој си е соборен од некои и така уништен има паднато во океанот. Исто како што мислам дека авионот на преседателот беше соборен. Ама не разбирам, уште ко почнал да се губи сигналот, зошто не реагирале, туку си чекале. Боже да ти е страв што можи да ти се случи. Греота за луѓето. ;(
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, тешко дека така нешто ќе им помине не проверено, невозможно е.Исто и за тие со лажните идентитети, тешко дека така ќе поминат...Читам, пишува на нетов дека се уште не потврдиле дали тие остатоци се од авионот, што сторија луѓево, небаре игла е авионот... :?: Мислам дека стварно се срушил авионот или знаат нешто, а не кажуваат, трето нема.Само страшно е што страдаат нивните роднини, барем да им се кажеше што навистина се случило.
     
  14. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Од четворицата патници со лажен идентитет, двајца во авионот влегле со украдени пасоши (италијански и австриски пасош). Не фалсификувани, туку украдени пасоши. Што значи не станува збор за лажен идентитет, туку за украден идентитет (што во принцип е најтешко да се влезе во трага поради тоа што станува збор за вистински идентитет).
    Ова го откриле дури по исчезнувањето на авионот кога бил правен списокот со патници и било утврдено дека овие пасоши се наоѓаат во националната датабаза на Тајланд на список на украдени странски пасоши. Едниот во 2012, а другиот во 2013 година.
    Потоа, овие пасоши се употребени за купување на авио билети за исчезнатиот авион од страна на два мажи. Времето на издавање на билетите и серискиот број укажуваат на фактот дека истите се издадени едноподруго.
    Математичката веројатност за ова да е случаен настан е минимална.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Илегални имигранти за Европа со украдени пасоши, не е чудна појава за авиотранспортот во тој дел од светот.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Moе мислење е дека постои и таква можност да авионот е киднапиран. Реално постои според мене и ваква можност, од причина што иако постојата многу контроли и безброј проверки на аеродормите, некој да и од аердоромите е поткупен и дека однапред е се смислено и испланирано. Некој ова го мислел подолг временски период, не ме чуди да се вмешани луѓе кои работат во аеродромот. Едноставно се е можно, сведоци сме на многу не мили настани последно време, многу терористички напади во кои страдаат невини лица. Од никаде и нигде ке се експлодира некоја бомба и ке настрадаат голем број невни лица. Терористите се многу накотени и раширени насеккаде во светов. Тие работат на некаквии нивни болни замисли. Им е испран мозокот на ваквите лица до тој степен, да самите си го ризикуваат својот живот-значи свесно заради некои свои замисли и идеали, заради некоја си нивна света војна, заради својот Алах кој би им обезбедил место во рајот и еден куп приказни за мали деца. Не барајте памет и совест од вакви лица кој чекаат да некој им даде наредба и тие едноставно бобите со џеб-метафорично и оди на определената цел. Свесен е дека тој ден умира. Затоа не ме чуди и оваа трагедија да има таква позадина. Авионот не може само така да исчезне, а без при тоа да нема никаква трага. И да е во океан ке има некој видливи остатоци од авионот на површината. Не верувам искрено дека постои таква можност. Ги поддржувам кинезите и ги сваќам што протестираа пред амбасадата, па сигурно мора да постои некаков доказ за авионската несреќа. Сум гледала безброј истраги на тв, на нешнал г.к па луѓе толку е истражено до ситен детал, постои техника, стручни лица итн. Секоја несреќа па дури и да е авионот завршил во водено пространство постојат видливи остатоци кои пловат на површината. Многу ми е жал за настраданите лице и нивните семејства, кои се скршени од болка и секој ден упатуваат и апелираат да се дозне вистината. Да барем едноставно да знаат што се случило со нивните сакаани. Позади оваа трагедија мислам дека стои нешто многу сериозноо и затоа не се даваат никакви објаснувања и детали во јавноста. Да напоменам во мојт град на секој чекор може да се видат лица кои се дел од такви некои муслимански секти, кои се собираат во локлниот нивен верски објект. Земаат месечен надомест за тоа што одат облечени во некакви си мантии-бетмен стил, само очите да им се гледаат на жените-се се во црно како плашила. Мажите се облекуваат со некои долги кошули до колена, со бради долги, капи бели на глава. Редовно се обезбедуваат прилози од граѓаните за помош во Сирија и други места каде што има такви немири. 1-2 лица се загинати, мислам дека 2 во таа нивна света војна. Зборот со ова ми беше кога такви лица со такви убедувања има и кај нас, што останало со светов. Значи секаде ги има. Мислам ова е мое мислење, што може е така, а можеби не. Да не ме сватите погрешно и ме нападнете . Жалосно е оваа трагедија што се случи, луѓето само сакаат да ја знаат вистината-ништо друго.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и makedonkamak им се допаѓа ова.
  17. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Цело време во глава ми се врти бројката, прво си замислувам 10, потоа 50 луѓе, е сега 230 луѓе е страшна бројка. Со 230 карактери, мислам дека нема така да седат како ништо да не се случува, ќе изреагира некој. Па и киднапирањето не оди така, треба да имаат некоја мисија, да постигнат нешто, ќе се закануваат, ќе бараат пари од државата било што, нешто. А нема ништо засега такво. Е сега можи едно нешто тука да има. Ги киднапираат во закана дека ќе го срушат авионот, слетуваат на место каде ги чека некој голема група на луѓе, каде ги заложуваат и следно треба да бараат нешто и да постапуваат со нив како заложници дури не ги постигнат своите цели. Инаку зошто би ги киднапирале? Кога можат да ги отепаат на место со соборување на авионот,па така распаднат парче по парче е две милји под океан. Друго што можи да ми текни за киднапирање, е за користење на органите. Ужасно звучи но можно е.
     
  18. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Овде со секој со свое видување. Јас сепак оставам главниот збор да го кажат стручни лица. Сигурно дека оваа нема да биде оставено само така. Вистината ќе исплива на површината како и да е. Да препуштиме главниот збор да го каже истрагата. Се надевам наскоро се ќе се обелодени и биде јасно како ден. Светот ја заслужува вистината.
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа да, така си е, само не кажуваат како е точно, туку само претпоставки имаат.Веројатно ќе кажат што навистина се случило, само за колку време ќе се дознае што и како е точно, којзнае, лошо е што има неизвесност, не сигурни тврдења.Читам по нетов, излегло демек и Илуминатите, Масоните имале некаква вмешаност со несреќава, не само од тоа што тука постирала Хермоса.Шпекулации еден куп, а којзнае која е вистината, иако не сум сигурна дека ќе кажат точно што се случило.Претпоставувам и тоа така ќе се остави и ќе остане на тоа дека само исчезнал авионот, веројатно киднапиран или бил соборен ради икс причини.Уште се чудам во врска со ова, особено што не е мала бројката на патници, толку народ...
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не може таков авион со толку многу патници да исчезне туку така и да не му најдат траг.
    Ви реков дека ова има врска со илуминатите и масонството. Баш ме интересира и официјалната верзија за оваа теорија. За вакво нешто, не би можело да се излаже.

    Извор http://vesti.mk/read/news/1252357/4...voren-za-ischeznuvanjeto-na-maleziskiot-avion

    А тоа со лажните пасоши и со глупоста за пилотот самоубиец, мислам дека е само маска, за да се тргне вниманието и истрагата од нешто покрупно.