1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малезискиот авион

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kaylie, 23 март 2014.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Kако што тврди независниот новинар Џим Стоун, пренесува International Business Times, еден од патниците на исчезнатиот малезиски Боинг 777 исконтактирал преку СМС.

    Според Стоун, патникот е вработен во IBM по име Филип Вуд. Тврди дека успеал да го сокрие својот iPhone 5, преку кој пратил кратка порака и фотографија на која не се гледа многу. Сепак Стоун објаснува дека патникот се наоѓа на многу темно место. Стоун тврди дека фотографијата е направена на 18-ти март со iPhone5.

    Според GPS координатите, Вуд во моментот на праќањето на пораката се наоѓал на неколку милји од тајната американска воена база "Diego Garcia" сместена на островот јужно од Малдивите во Индискиот океан, тврди Стоун. Овие координати не може да се пронајдат никаде на интернет, и не може да се преземат од Гугл или Википедија, па според Стоун, докажуваат дека сликата е пратена од близина на базата.

    Стоун ја изнел и содржината на пораката во која пишувало дека авионот е киднапиран, и дека Вуд е еден од заложниците. Напишал дека се чувствува дрогирано, дека успеал да го сокрие мобилниот телефон и дека бил одвоен од другите патници во посебна ќелија. Стоун вели дека изворот од кого ја добил оваа информација е константно изложен на смртни закани.

    Дали оваа теорија ќе се покаже како точна или не, не се знае, но една работа е интересна: Една жена од Сараево која неодамна се огласила дека знае каде се наоѓа авионот, исто така споменала остров во близина на Малдивите.

    http://press24.mk/drogirani-sme-avionot ... ion-pratil
     
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Батерија имал телефонот значи, но колку време е поминато од тогаш. Не ip5 што сака нека е, батерија е батерија мора да се наполни за да функционира. Сомнителна вест.
     
  3. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    киднапирани во ред, за бат се согласувам дека нема шанси а и ако се киднапирани тие се претресувани како би го сокрил не е копче за под јазик или игла да се сокрие тел. овоа се само некој лиди идеи на некој кој сака да си игра со луѓето и нивните фамилии. А ке се одкрие кај се и што се случило ама позади врати на јавноста и доколку се живи само тие ке знаат што е било никој др. Така да нема потреба од празни муабети за кои нема доволно докази. Дај боже само да не испадне нешто лошо од ова.
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Истото си го помислив и јас кога ја прочитав веста. Фотографијата ја испратил на 18ти март. Зарем издржала батеријата?
     
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Држи теза дека авионот е киднапиран и луѓето се користат како експерименти во некоја американска база, светот е луд, секогаш постојат колатерални штети. Кога толку време не можат да го најдат, 100% има нешто што не штима.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    ПРОНАЈДЕН Е МАЛЕЗИСКИОТ АВИОН? АВИОНОТ БИЛ КИДНАПИРАН И СЕГА Е ВО АВГАНИСТАН!

    Пронајдена е локацијата на авионот. Во Русија беше објавена веста повикуваќи се на информации добиени од руски новинар. Авионот на Малезијан ерлајнс од летот MH370 кој исчезна на 8-ми март со 239 патници е киднапиран. Авионот го киднапираа непознати терористи, а знаеме дека еден од нив се вика „Hitch”.

    Дојавата ја добил дописник на рускиот весник „Московски Комсомолетс”.

    - Авионот слета во Авганистан во близина на границата на Пакистан – тврди изворот.

    Изворот наведува дека патниците се поделени во седум групи живеат во колиби. Група од 12 патници, наводно, е пренесена во Пакистан.

    Овие информации не се потврдени ниту од малезиските, ниту од кинеските власти.

    http://popara.mk/2014/vesti/pronajden-e ... vganistan/

    Секакви вистини, невистини, шпекулации.
    Според мене, или се знае каде е авионот и од некоја непозната причина не се соопштува истото, или воопшто не постојал. И целта е предизвикување општа паника.
    Барем денес, со напредна технологија, да не можат да го пројнајдат, не е за верување. :|
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Hешто за изворот.

    Исчезнатиот малезиски авион е во Авганистан, а сите патници се заложници, тврдат руски разузнавачки извори

    Анонимни извори од руските безбедносни служби тврдат дека исчезнатиот малезиски авион е киднапиран и дека слетал во Авганистан. Како што пренесува Интернешнел бизнис тајмс, руските власти информацијата ја добиле од руски новинар.


    „Авионот на Малезија ерлајнс на летот МХ370, кој исчезна на 8 март со 239 патници, е киднапиран. Пилотите не се виновни. Авионот го киднапирале непознати терористи, а знаеме дека едниот од нив е познат по прекарот Хич. Авионот слетал во Авганистан, во близина на границата со Пакистан“, тврди изворот.

    Авионот, според тврдењата на таблоидот Московскиј комсомолец, слетал на пат во близина на планински предел во Авганистан, а едното крило му било оштетено. Патниците се наводно сѐ уште живи, но им снемува храна. Сите се заробени.

    Изворот навел дека патниците биле поделени во седум групи и дека живеат во колиби.
    Група од дваесетина патници наводно била префрлена во Пакистан.

    Веста, меѓутоа, не е потврдена ниту од страна на малезиските, ниту од кинеските власти.
    http://www.mkd.mk/svet/vesti/ischeznati ... rdat-ruski


    Ги болдирав дискутабилните делови од текстот.
    Руски разузнавачи се повикуваат на новинар, ова ако не е грешка во преводот, тогаш е глупост. Барем мене не ми е логично разузнавачи да се понеинформирани од новинар и тој да ги снабдува со информации.
    Понатаму спомнуваат таблоид. Колку и да обработува политички теми списанието (таблоид?!), не знам дали може да се повикуваат на тоа и да го пласираат насекаде кога нема официјална потврда од властите.
    Ова како заложниците биле распоредени во колиби и таму живееле е премногу филмски. Некому омилена серија му е Изгубени изгледа. И прекарот на терористот е некако неверодостоен. Зошто би ги чувале во Авганистан во колиби и зошто терористите не презедоа одговорност? Пологично беше тоа со Диего Гарсија базата.

    Последните официјални информации беа дека се губат сигналите од црната кутија, поточно биле лажна тревога.
    А и тоа претходното за дрогираниот заложник, како дозволуваат вакви глупави шпекулации да протекуваат и да се шират... и не знам како некому на памет му паѓаат вакви работи, па нели ожалостени семејства си ги бараат роднините, блиските? Ова е сериозна работа за некој да злоупотребува туѓа несреќа поради кликови или чисто за зафрканција.
     
  9. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    45
    во авион му бил исклучен па го вклучил логично
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ако веќе откриле дека е во Авганистан, зошто толку време чекале за да кажат каде е, зарем до сега никој не го открил? Зарем толку време им било потребно за да речат дека е во Авганистан? Велат го барале со авиони, бродови, што значи биле вклучени во потрагата сите и сега наеднаш после толку време велат дека е во Авганистан.Чудно, бидејки до сега сто пати ќе кажеа каде е и што се случило навистина со авионот. Претпоставки дека бил киднапиран имаа, но не го потврдија тоа :^)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Горде и оваа вест сега за сега не е потврдена. Значи повторно на ништо сме. Штом не е официјано, значи дека можеби е тоа и далеку од реалноста и вистината. Се на се оваа работа не е на добро, се крие нешто позади ова. Сомнително мене лични ми е се околу оваа случување. Останува да видиме што ќе биде понатака. Не верувам дека ќе се скрие оваа работа само така.
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ок, гледам и на тв кажуваат за тоа дека бил најден во Авганистан, мислев веќе потврдиле.Страшно, како исчезнуваат луѓево, па и авион одеднаш да го снема :| Пред некој ден на нет прочитав и дека наводно бил паднат во море, на неколку метри длабочина, дури било тешко да го извлечат оттаму, доколку е паднат.Плус, мислам дека се збореше на вести деновиве, како бил пронајден некаде во Кина, така нешто кажуваа :^) Барем од сите претпоставки, една да беше точна, вака до недоглед...
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Последна вест што ја прочитав ноќеска на Daily mail uk е дека од црните кутии веќе немаат сигнали и ќе почнат да ја пребаруваагобласта со скенери
     
  14. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Јас прочитав дека некоја жена била заштитен сведок во важен случај и била во Белата Куќа една недела пред несреќата, а Обама самиот и купил билет за на тој авион... Оваа е сигурно политичка местенка, кај се видело авион да исчезне... :?:
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Обама како и сите претседатели на САД, не летаат со комерцијални летови туку со популарно нарачениот боинг Air FOrce One
     
  16. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Сака да каже Обама и купил билет на жената. Што е исто глупава шпекулација.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Па нормално ќе немаат сигнали од црните кутии. Црните кутии за сите авиони важат уште еден месец после тоа, а после истекуваат. Така да, за авионов се веќе истечени,, а сега ако ги најдат, прекасно е веќе.
    Ова со Пакистан и Авганистан мислам дека не е вистина. Ако е, зошто порано не го соопштија? Јас и понатаму сметам дека авионов е најден, ама дека се крие некоја голема тајна или мистерија и затоа не соопштуваат.
     
    На fighter и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Нов тек на истрагата, да видиме што резултати ќе донесе. Поминати 45 дена од исчезнувањето што не е баш мал временски период.
    http://press24.mk/nov-tek-na-istragata- ... l-na-kopno
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Црните кутии не истекуваат, туку батеријата која дава енергија да се емитува сигналот престанува да работа т.е. е потрошена. Доколку ја најдат самата црна кутија, тие секако дека ќе можат да ја прегледаат содржината.
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Конечно пронајден малезискиот авион?


    На брегот на Австралија е пронајден материјал кој се уште не е официјално идентификуван, но се претпоставува дека припаѓал на исчезнатиот малезиски "Боинг 777".

    Остатоците се најдени на десетина километри источно од градот Августа, а полицијата моментално го обезбедува местото каде се пронајдени неидентификуваните материјали.

    Ова се нови информации по подолго време, откако на 4 април беше објавено дека се регистрирани сигнали од црната кутија.

    За жал, ниту таа не беше пронајдена, па се уште се поставува прашањето дали овие откриени остатоци ќе ги донесат истражителите до исчезнатиот Боинг.

    Во потрагата е вклучена и робот-подморница што го пребарува океанското дно во близина на подрачјето каде што беа забележани сигнали автентични на емитувања од црна кутија.

    Боингот исчезна пред повеќе од седум недели со 239 патници и членови на екипажот.

    http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID= ... D4D9A49030