1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малезискиот авион

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kaylie, 23 март 2014.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
  2. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Веста е од пред неколку дена, ама не гледам некој да и поветил внимание на темата. Наводно боингот намерно ја напуштил рутата и го продолжил летот на доста мала височина со цел да избегне радарска детекција.
    http://www.theguardian.com/world/2014/m ... boeing-777
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Како на мајтап да стана целава работа со авионов.
    Крајно несериозно.
    Катастрофа. :doh:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Баш, ниту некаква сигурна информација кажаа, тој пилотот си кажал претпоставка што се случило со авионот, нели и го нашол преку сателит, ја пренел информацијата на ФБИ и ништо не му одговориле, се само претпоставки имаат за авионов, не се знае што се случи со тие луѓе, мислам дека на нетов пишуваше, дека и се откажале од потрагата, не сум сигурна.Помина долго време од кога исчезна авионов и ниту една трага нема.Стварно не ми е јасно како така исчезна авионов, никаде да го нема.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.278
    Мене не ми се верува тоа да е авиното, бидејчи на сликата е цел авион, а про пад, истиот би се раскостил, најмалку на два дела. Можеби се и батериите, ги имаше деновиве спомнато, кои биле опасни да се превезуваат.
    Секако, фактот дека го снемало од радар авионот, укажува на пилотот, ама па никој да не види пад, да не забележи на сателит, ми е уште почудно.
    Се си мислам дека некаде се на некој пуст остров Ч)
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Се разреши мистеријата, го урнале над Украина... но како ли стигнал до таму?

    Не, чекај... тоа е друг авион! Абе они тоа намерно си го прават? Имам теорија на завера! Некој ги осигурува авионите па потоа ги урива за да ќари пари. :@
    Немам никакви докази за последново, само онака гласно размислувам.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Кој ги знае што прават, како било навистина, имало во авионов што го урнале, научници кои нашле лек за сида, а сега срушен авионот.Некој си игра играчки со некого...
     
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Според мене, сето тоа е виша политика за која никој од нас нема знаење и секоја дискусија на истата, ми е бесмислена. Луѓето може само да си фантазираат и претпоставуваат :)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Па добро, ако има некој тука од тие таму што работат или има врска со авионов, нека каже што и како е :) таман пред сите да дознаеме, податоци од прва рака, нели да не биде бесмислена дискусијата, иако тука се пишува за она што се говори воопшто за авионов, а се претпоставки, теории, заговори, тоа секако дека не може сите да бидат сигурни во истите.Поголем дел од она, веќе го кажале во врска со авионов, она што го објавиле медиумите во светов и тука се пишува.
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Eпа тоа и го велам де. Секако дека луѓето ќе веруваат во она што го читаат, без разлика дали е така или не. И пред се, глупаво е да го дискутираме, бидејќи е грозно и жално. А не, преку медиумите избива пристрасноста и само се шираат дезинформации, демек Путин бил виновен и не знам што друго. Ептен ја исфилуваа за кратко време. Авионот уште не паднал, одма ракета го соборила, слика од ракетата, да тоа така било.
    И да, на јавноста никогаш не и се кажува вистината, а и се согласувам со тоа што се кријат многу работи од луѓето, бидејќи во спротивно ќе настане општа паника и хаос :)
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Нормално дека жално, но работата е што исчезнал авион или ете срушиле, бидејки авион не паѓа така лесно, освен ако има технички проблем, бидејки ако гледаме така до сега требаше авиони да паѓаат и луѓе да гинат на секое.Значи, тоа е она што предизвикува сомнеж.Инаку, да веќе го нагласија тоа, а како што пишува тоа не го кажале обичен народ, туку политичари.Веднаш дознаа некои работи, што викаш исфилувале, за авионов, а за другиот малезиски авион, не открија, а ја разораа земјава да го најдат.
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ете, гледаш, тоа е она за што цело време зборувам, гледаш, ти веруваш во тоа што си го прочитала, односно во она што медиумите ти го пренеле :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Само го кажувам, она што е веќе објавено, а инаку не верувам.
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Мене ми стана чудно што се урна баш малезиски авион :^) оној исчезна, овој се урна...
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    целосно се сложувам , да беше некој друг авион ок ама овој
    некако како се да е наместено. Кога почнаа немирите во Украина за да го одвлечат вниманието го снема овој авион сега пак за да го привлечат го срушија :^) ај да се работеше за друга авионска компанија во ред ама вака :swear:
    незнам ама некако ова целото ми изгледа како масло на Обама против Путин. Мислам дека сакаат да го симнат од власт. Многу се збогатија Русите во последниве години...
     
  17. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    http://ekonomski.mk/2014/07/22/%D1%82%D ... %BC%D0%B0/

    Најновата теорија на заговор околу исчезнувањето на летот 370 на Малезија Ерлајнс е дека станува збор за истиот авион кој беше соборен минатата недела над Украина.

    Ми има сенс ова некако ...
     
  18. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Како може да е истиот авион,кога роднините на загинатите од вториов знаат кога ги испратиле нивните блиски.Ако е така,каде се луѓето од вториот авион?

    Мислам дека се два различни авиони,но претпоставувам дека и за двата ќе остане мистерија се во врска со нив.
     
  19. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Ма нека нема забуни, станува збор за два различни авиони од Малезија.
    Овој настан нема врска со првиот исчезнат без трага и глас Малезиски авион. Не ги мешајте двата настани кои немаат никаква допирна точка еден со друг.
    Да не бидам оф-топик на темава, мислам дека Малезискиот авион нема никогаш да се пронајде. Останувам на ставот од порано, игла во сено да беше , до сега ке се пронајдеше. Но, постои некоја друга позадина. Тешко тие што биле во авионот, ни загинати, ни исчезнати официјално...
    Ништо не се знае за нивнта судбина, а двојно потешко за нивните семејства.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Или овие Малезијциве имаат стварно крш авиони.
    Се е некако многу глупаво прикажано, едни викаат дека одел накај Бали (една жена кажа дека син и девојка му иделе на одмор) , други дека се враќал накај Канада, што по ѓаволите барал над Украина и колку ниско требал да лета за да го забележат тие кои и да се за да можат да го урнат ако во случајов тоа се милитантите, другиве сигурно имаат технологии. И уште едно прашање, дали над Укранина во моментов не летаат уште стотици други авиони или сите ја заобиколуваат, а само Малезијциве се правеле паметни па си настрадале? Како од толку авиони што секојдневно летаат баш пак Малезиски се најде на мета? :^)