Ако користиш некоја апликација, пушти скриншот ----------------------------------------------------------------------------------- Вчера иако ми беше ладно прошетав колку што можев. Побрзо се вратив не толку заради ладното туку заради смрдеа од некоја запалена депонија што ветрот ја разнел насекаде па не сакав да дишам таков воздух Пополнив и некои податоци во дневникот. И јадев многу овошје
Лошо се изразив.. мислев дека можеш да споделиш колку имаш извозено нареден пат, нормално, ако сакаш... моја грешка
Отидов до маркет иако не ми се излегуваше ама се натерав и плус извозив некои 7km со велосипед. Средив едни кутии што стоеја заради ситници во нив, ги консолидирав во една, а останатите ги фрлив. Ставив шишиња со козметика за дотрошување напред, пополните шишиња ги прередив наназад и фрлив некои шишенца. Некни си ги прередив и исчистив сите кондури и ранци...ми тргнало со зачистувањето
Ова излегува како за мене да си ја отворив темата, јас најчесто пишувам на дневна основа Вчера испазарив, извозив 8км, испешачив уште неколку. Само не собрав храброст да поднесам едно барање, а многу едноставно е и заборавив да се јавам на едно место. Се надевам понеделник ќе биде... Денес си ги исчистив четките.
Не било 10 туку 20км денес пак возев но сега и мерев, со исто темпо, исто време и иста дестинација Во план ми е и секој ден да пливам но тоа малце потешко дека ке го остварам заради обврските
Двапати денес, на различни личности кои ми кренаа тон и ме нападнаа и кривеа решив да им повлечам линија. Така да им кажав директно тоа што го мислам, без устручавање, без да се секирам сепак љубезно.
Баталив бусеви, па овака ми изгледа физичката активност од понеделник до петок. Ем не се нервирам со гужви и бутканици, ем штедам 1000че, ем си праам по 12-13.000 чекори дневно.
Вежбав. После цел ден работа низ дома, готвење, пазарење... Садовите си поседоа немиени 2 часа, јер јас сум побитна. Маж ми на пола вежбање ме праша уште ќе вежбаш? И откако доби потврден одговор стана и направи пица за сите
Скоро цел месец не сум купила готов ручек туку сама готвам и гледам да биде се што поздраво. Намалив нездрави пијалоци, пијам само вода, јогурт, млеко и овошни домашни смутиња. Што поради бременоста, но што и поради тоа што сакам поздрав живот и исхрана.
Веќе еден месец ги оставив цигарите и да се надевам на подолго.Сега ќе се потрудам да забавам малку и со алхохолот.