Може ли некој да ми помогне со некој предлог за фризура-имено другата сабота одам на свдба и ми треба помош околу фризурата,каква да направам,дали собрана,пуштена,пунџа..или нешто друго??? Ке носам долг фустан до земја со цел отворен грб отпозади и напред од страните отворен,само околу градите има како две корпи за градите кои се споени со испреплетен украс,змија околу корпите и продолжуваат како прерамки сосем мали отпозади во крст и тоа на горниот дел од грбот,другото е голо,напред кај струкот и долниот дел на грбот завршува во шпиц до малтене задникот Може ли да ми помогнете околу фризурата???? Однапред благодарам
Интересно коњско опавче Ке ја врзите косата во коњско опавче и ке издвоите мал прамен,ке го замотате окулу опавчето ,за да се покрие ластичето.Ке го прицврстете со тенко шнолка and you're done !
Ти благодарам "smiley"мислам дека си во право,самиот фустан е многу гламурозен што би се истакнал со едноставна фризура-добра идеја-ФАЛА ТИ МНОГУ
Женски,си ја навиткав косата со фолија и многу виткана ми испадна...некој совет што да и направам за да ми се пушти,да не ми биде толку многу виткана?
Ништо, легни преспиј и утре ќе ти биде нормално виткана. Или земи исчешлај ја сега со крупен чешел, помини низ неа со прсти, растреси ја малку.
Преспав Дузи,и кога станав само малце ми беше пуштена...а ако ја растресам ептен ќе бидам како трофазна да ме мавнало
Јас многу ја сакам афро фризурата, сакав да ја правам за роденден ама косата ми е густа и другарките не сакаат зашто многу време ке им требало. Aј предложите некое брзо фризуричеза роденден... ќе носам кафеаво сукњиче со беж маиче и кафеаво болеро
http://www.youtube.com/watch?v=mOlmRc5Uk68 или ако повеќе љубиш пуштена коса, http://www.youtube.com/watch?v=jylQf9Ik ... re=related
http://www.idividi.com.mk/stil/woman/721133/index.html Сега ќе го пробвам првото, па утре ќе ви кажам како ми дојде