1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малолетнички бракови

Дискусија во 'Брак' започната од DeepBlue, 16 август 2011.

  1. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Во последно време многу често може да се слушне дека некое девојче(да, девојче) се омажило, дали поради бременост или поради љубов(?!). Какво мислење имате за малолетничките бракови? Дали ги оправдувате? И дали можеби се прашувате каде биле(се)родителите во целата приказна?
    И дали познавате некој таков пар?
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Можеби во поново време несвојствено за урбаната средина, но оваа појава не е целосно искоренета на нашиве простори.
    Која е причината е доста дискутабилно.Понекогаш можеби семејното насилтво ги предизвикува малолетниците да се тргнат од дома на ваков начин,можеби причината е и прераното созревање, родители кои исто така стапиле рано во брачните води или евентуално нискиот стандард и простите сфаќања, но во секој случај - прават погрешен избор.
    Едно,да го наречам дете, набргу ќе стане жена,а има само 14 години.
    Веста ме потресе, бидејќи детството и тинејџерските години таа ќе ги прескокне во замена за работа по дома и раѓање деца.Дете ќе роди дете.
    Колку човекот станува повозрасен со текот на годините,толку и позрело размислува и ги доживува стварите.
    Не знам што повеќе да кажам освен дека за ова, што би требало да претставува радосна вест, мене искрено ми е многу жал.
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Баш во мојов град пред некое време се склучи еден таков брак.
    Девојчето е 16, машкото 17 години.
    Сфатиле дека неможат да живеат еден без друг и бидна свадбата и покрај сите убедувања да почекаат.
    Незнам што да мислам за ова. Искрено. Измешани ми се реакциите.
    Час ме потсеќа на времето на пра-баба ми кога се земале на таа возраст, час потсеќа на вистинска, неизмерна љубов, час потоа на тинејџерска лудост.
    Од една страна, премило ми е ако љубовта помеѓу двајцата е вистинска и искрена, и што толку рано се пронашле и знаеле дека се вистинските еден за друг па несакале многу да чекаат пред да го започнат заедничкиот живот. И секоја чест на оние кои навистина остануваат заедно за цел живот по склучувањето на ваков брак.
    Но од друга страна, се плашам да не им е само некоја малолетничка лудост или заблуда поради која после ке се каат, откако ке сфатат дека тоа не е она што го барале и замислувале.
    Потребна е огромна зрелост и свесност за брачните одговорности пред да се преземе ваков чекор, а пред се`, потребна е љубов.
    Постојат и малолетнички бракови од кои ми се гади. Малолетничка со некој двојно, па и тројно постар од неа. Се „сакаат“ тие. Таа него наводно му го одржува младиот дух, а тој неа ја прави да се чувствува како вистинска жена. Која жена бе на 16 години?! Цел живот после ке бидеш жена!
    Спонзорство и педофилија. Пропаднал „бракот“ уште пред да започне.
    И? Пак сум во недоумица. Незнам што да мислам.
    Само памет во глава пред да се преземе било каков чекор.
     
  4. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    јас сум против овој брак затоа што моја братучетка исто така ја направија бељата имаше 15год. ај бидна свадба но кога дојде времето за породување е тука беше опасноста многу голема девојчето едвај остана живо срека се погодија докторите па ја спасија,јас разбирам да си млад и се да ти е рамно ама кога веке лудувате на на секој можен начин барем помислете на заштита или во најмала рака помислете на вашето здравје децааааа (без навреда за ова деца што го пишав) :!:
    СПОРЕД МЕНЕ НАД 18ТА ГОД Е НОРМАЛНО И ОДНОСИ И СЕ ПОНАТАКА АКО НИШТО ДРУГО БАРЕМ КОЛКУ ТОЛКУ ОФОРМЕНИ СТЕ :!:
     
  5. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Овие малолетнички бракови, за жал денес се‘ повеќе и повеќе се застапени. Наместо децата да си уживаат во своите најубави години, за кои понатаму ќе си ја трескаат главата дека не ги изживеало како секој нормален тинејџер, тие се мажат/женат.
    Се заслепуваат од љубовта, и паѓаат. Сепак мислам дека највиновни се родителите. Да сакаат ќе ги спречат, имаат многу начини на располагање како ќе го направат тоа. Но, сепак некои допуштаат детето да падне уште на мали нозе, во водите на бракот. Го жалам детето кое што се одлучува за таков чекор, а ги обвинувам родителите. Несовесни родители, дозволуваат детето да носи огромен товар толку рано.

    За оние кои поради бременост се одлучуваат на таков чекор, мислам дека тие се виновни. Каде им бил паметот (ако воопшто го имаат) тогаш. Потоа плакаат, се жалат, кукаат, ама тоа што сееле и ќе жнеат.

    Јас сум една од помладите форумџики, ќе искоментирам и дека не сакам да го пропуштам најубавиот дел од животот, во вршење на домашни обврски, деца... Во животот има време за се‘, никаде не се брза.

    Познавам неколку парови (ама онака само на видување ги знам, што ми ги кажувале) кои не ги оправдувам, воопшто. Како олтарот и судбоносното ,,да‘‘ ке им избега. |(
     
  6. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    знам и јас некој парој што си се зедоја на 15 16 или слично ама.....секогаш има по некое ама зад муабетите..
    сега барем е модерно време кога постои пристап до интернет насекаде и по селата,сега постојат еве форуми каде што можиш да прочиташ различни животни судбини,и може и да научиш нешто...
    за да е од љубов?хммм на сите им се случуват за секој да велиш леле колку го сакам...не велам дека не може 15 год.да сака може нормално,ама каде е искуството тука?искуство во секоја смисла од зборот...прво општествено излегување и доживување на сите младешки работи,па образованието?и те како е важно да имаш барем едно средно ако не поке!или не им е важно?ам кај се родителите тука?
    ај порано на времето било ке те мажат за кој тие ке намислат ама сега 99.9 не е така...
    зарем несакаш да излезиш со другарките?да одиш во диско?да одиш на одмор?
    за да периш гаки од маж за да готвиш има време..и ке ти дојде и преку глава од тоа....ам дечиња плус?дете со дете?
    јас сум за не...ако толку се сакаат нека си бидат во врска еве колку девојки има тука што се со првиот дечко заедно па не им смета и не се затрчале да се мажат..ама нели ако не ја земеме во предвид тука трудночата....ама пак мене ми дојде менструација на 15!!!!човече уште телото не е пораснато,ни внатре ни надвор бе цицињата не му се излезени..простете на израз..
    за крај ке ви ја цитирам баба ми што ми рече мене кога наполнав 20 години....ееее мое момиче неостана немажено до 20!!!!!ама јас пак в крај ја разочарав изгледа женичката зс на 30 се мажив и не жалам! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Малолетните бракови како во минатото така и денес се застапени доста често. Дали младост лудост или љубов, јас би рекла немање на памет и родителска негрижа како и непосветување на доволно време на детето и покажување на вистинскиот пат во животот.
    па ајде видов к*р и чекај да се качам. Колку тие бракови ќе успеат не навлегувам во тоа но едно неиживеано дете факт е дека кога тогаш ќе почне да живее.... А после тупни го детето кај бабите и ајде да шетаме ехеј тоа не, кој како ќе си надроби така нека си срка. И ајде еден поздрав ми текна тука на песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=2oKZ557BpO0
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Глупости! Тие уште средно незавршено во брак, абе ајде :^) :^) или женското останало трудно или имаат нејзините и таа низок коефициент на интелегенција, исто и детето па да се чудиш како ја оставил трудна..... не знаат да учат, а деца знаат да прават :^) :^)
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Не позавам многу малолетнички бракови,но и тие што ги знам се од причина ,,ја направија бејлата,, :o
    И во тој случај не знам кој да обвинувам,дали родителите и училиштата што доволно не ги воспитале децата за сексот и заштитата, или сами деца кои не прчитале нешто повеќе пред да се препуштат на стекнување искуства! Единствено решение на проблемот во таков сличај според мене е абортусот! Мајка и сопруга и домаќинка на 15-16-17 години????? Никако! :fubar:

    Од други причини не верувам дека децата сакаат да влезат во брак, барем јас не познавам таков случај! :?: Од што,од преголема љубов која најчесто згаснува после една до две години, од потребата да се постојано заедно а и без брак минат 24/7 заедно?!?! |(
    Без разлика на причините јас не подржувам малолетнички бракови, прво нека созреат и нека се изградат како личности кои правилно ќе ги носат одлуките тогаш нека чукне тапнот и нека се прави свадба!
     
  10. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Деца раѓаат деца.. :x
    Девојчињата од некои порурални места каде што нема услови за школување и работа имаат приоритет да се омажат со повозрасен, веќе ситуиран човек и да живеат добро, без да се мачат да си завршат школо. За некои тоа си е нормална појава, во каква средина се воспитани така и се однесуваат (читај албанско муслиманско ромски гета).
    Најголеми виновници се родителите кои ја следат слепо традицијата и верата, уште заглавени во некое феудално општество, ги присилуваат децата да влезат во нешто за кое тотално не се спремни и зрели.

    А тие па, нека раѓаат деца уште на 16-17 години, инаку пелените ќе побегнат. :fubar:
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Сведок сум на еден таков малолетнички брак. Моја познајничка ( што е најтрагично беше ептен јака п**ка, абе шмизла ипол) на 17 години со дечко генерција решија неможеле еден од друг и ќе се жената и што е најтрагично ни трудна ни ништо. Ај да речеш неизживеана, прв дечко нема врска . Сега имаат прекрасна ќеркичка ама колку се кае и таа не е свесна. Се караат за најмала ситница, се тепаат ајде ќе се врати дома кај нејзините ден, два ќе дојде и пак ќе си ја земе. Тоа е :) И цело време ми вели од мома ништо поубаво не е :)
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не е до родителите секогаш вината.Тие ги пуштаат своите деца на излегување мислејки дека се со друштво но се лажат.Децата им се со "љубовта на својот живот" |( .Пред се јас мислам дека е и до друштвото.Сите зборуваат за секс како легнале со дечкото па ај и јас да пробам :wasntme:
    Ке ви кажам еден пример.
    Ми беше познајничка,абе гласот не и се слушаше.Не можеш на улица да ја видеш а камо ли на излегување.Имаше друштво кое важеше за едно од најдобрите во градот,но што се случи не знам,се здружи со други девојки познати во градот како к*рви.Се фати со некој мафијаш,и направи бебе и ја остави.А освен тоа ставаше на интернет голи слики од нејзе а таа упорно го бараше. :fubar: Мораше да абортира,родителите во тој период не ја оставија сама,туку и помагаа да го реши проблемот.Но таа наеднаш се смени.Од кога раскина со типот,се фати со муслиманин кој беше никој и ништо.Еднаш ја прашав,зошто го прави тоа?таа ми рече дека не сакала да биде сама.Бог да чува.Сега се омажи со типот,муслиманинот и колку што разбрав ја тепал секој ден а и имал швалерка.Еве...тоа е тоа.
     
  13. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Што ли друго можете да видете на овој свет , повеќето од малолетните деца што прават брак ќе бидат затворени цел живот нема да ја почуствуваат забавата и нема да чуствуваат слобода
    жално . :|
    Родителите се виновни за тоа !
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    А родителите спиеле? |( Малолетници не можат да склучат брак без дозвола од родителите. А родителот е должен да мисли малку повеќе и подалеку од детето.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Зборот ми беше дека тие се виновни што им дозволуваат да се мажат/женат.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сеедно,мора некој да ја сноси одговорноста.Не за џабе е речено што си посеел тоа ке жнееш.Требало порано да мислат пред да се качат на нечиј Стојко |(
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    А што да им прават родителите ако тие веќе се решени? Ајде ќе ги истепаат еднаш, двапати, ќе ги казнат нема да излегуваат ама ај и на училиште да не одат? Тие ќе мислат дека се на училиште, а всушност се со ‘‘ љубовта на својот живот ‘‘ го прават плодот на нивната љубов.

    Да и родителите имаат голема дозна на вина, ама во начинот на воспитување, градење на карактерот на тоа дете, во тоа што немаат доволно време да си се посветат на децата, да ги бодрат и подржуваат. Да знае дека на 16, 17 години неможе да стапат во брак, а камо да имаат деца. Да знаат дека треба најпрвин да се обрзоваат, да си го средат животот па дури после мажење и брак. Е овде е вината на родителите.
    Девојката е дете молено од Бога, чудо е што се роди после вонматричната бременост на мајката и секоја нејзина желба беше исполнета. Не ги оправдувам ама тоа е!
     
  18. legallyblondee

    legallyblondee Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    хммм...родителите виновни ??? ма нее!не се тие криви што нивните деца тргнале по лоши патишта.родителите децата ги одгледуваат се додека не пораснат.ако нешто му се случи на 5 годишно детенце тогаш да! родителите се криви...но во овој случај зборуваме за 16-17 годишни што сами на своја глава прават глупости за кои подоцна мн ќе се каат.родителите не се ништо виновни за постапските на нивните деца и стварно не е фер да го кривиме бидејќи тоа што го прават децата ја покажуваат само својата незрелост.Познавам една девојка која родителите за неа водеја максимална грижа.Ретко кога излегуваше од дома а од се беше удоволена.дали се работеше за одмор,пари,гардероба ма од се.. Но што се случи ? по некое време таа замина за шиптар...човек што не е од наша вера Ч/ стварно разочарувачки за родителите.ја одгледувале а за што ??за да ги посрамоти пред роднините,пријателите,колегите ???страшно.
     
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Јас исто така мислам дека се виновни родителите. Прво сме 21 век, век во кој нема таму теми. Зошто родителите да не ги седнат своите деца, и да им направат муабет, да ги посочат малце. Абре јас уше во 6то оделение знаев дека откако жената ќе добие, може да раѓа. Ги знаев и тогаш сите обврски во брак, дека не е се само љубов. Друга работа е што на секој чекор има заштита....А и не верувам дека некој не знае дека постои такво нешто.Кој што сака нека каже, родителите потпишуваат дозвола за децата да се земат така да тие се виновни.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Мене ме интересира дали некој закон во нашава држава се спроведува и на дело или само на хартија е битно да ги има???