Јас мислам дека нема дефиниција за тоа дека ако се малолетници-дека нема да им успее. Па нели е онаа првата љубов најчистата, најискрената и највистинската и дека нема повистински чувства од оние најпрвите? А дали љубовта ќе се зголеми или ќе згасне во бракот зависи од самите луѓе. Има толку многу примери и за зрели луѓе, кои иако се сакале, не успеале во заедницата. Зарем малку бракови се распаднале благодарение на зрелоста на партнерите?! Јас на пример, никогаш не сум ги осудувала оние што се решавале на ваков чекор, без разлика дали бременост била во прашање или не. Едноставно тоа е она што вистински го сакаат во тој момент. И мислат дека ќе трае засекогаш. Зарем не размислуваат сите така кога ќе стапат во брак? Дека ќе трае и дека ќе биде најубаво и вредно за паметење? Познавам многу бракови на малолетници на кои не им успеало. Неизживеаност, досада, неможност да се справат со огромните обвски биле причините. Но, познавам такви и на кои им успеало. Кои и ден денес неможат да се замислат еден без друг и едноставно од животот не посакале ништо друго, освен покрај себе да ја имаат саканата личност и да имаат семејство со истата. Друго и не ги интересирало. Значи, да ставам заклучок на моето мислење - се зависи до луѓето, тоа нема врска со годините. Некој на 17 години може да биде позрел од некој на 40 години. Тоа е индивидуално.
Не ги оправдувам малолетните бракови, ма колку сака нека е интелигентно и напредно девојчето / момчето и нека се сакаат и 6 метри над небото. Не може бре, не може и . Не за џабе си имаме закон со кој стануваш полнолетен и независен од родителите на 18 години. Почекај, ако љубовта е така силна и голема, нема да прави разлика. Не дека и на 18 нема незрели тикви. Има. Ама 13 и 18 пак не е исто. Родителите се за ќотек. Затруднела... и ајде, детето ќе чува дете. И ќе си игра мајка и сопруга. Боже Господе, афричко племе е понапредно од умот на некои денешни примероци кај нас. Си има решение, си има абортус. Не, навистина треба детето да ти е пуштено ко од кафез или јаже, па да забега тотално и да пројави желба за брак на 13 или 14 години.
Ова досега го имам сретнато еднаш кај македонка, и неколку пати кај ромки. Првата, македонката беше во доооолга врска со еден, и откако се скарала, сакала да го направи љубоморен со некој си незнам колку години постар од неа. И направила глупост. Останала бремена. Но, најважно е што му се јавила на ексот, и му рекла, еј знаеш што? Со овај сум, и ќе останам кај него до сабајле! После цела недела откако раскинале долга, многу долга врска. Жално. И останала бремена, и си се омажи. Добро, ова не е малолетнилки брак, но сепак таа е малолетна. А тој постар повеќе од 10 години! А за ромките, веќе сите знаете како е. Да не најдат маж случајно ако почекаат. Многу сум против вакви бракови. И што, оваа македонкава ДЕТЕ, ќе чува дете?!
Не ги поддржувам и не ги оправдувам малоетните бракови. Колку сака нека им е голема љубовта, колку сакаат нека размислуваат зрело, не бре каков брак. Прв дечко, ајде љубов за цел живот е тоа, како да не, па после ќе се караме за секоја ситница, ќе се тепаме, ќе се каеме, епа мислете малце пред тоа бре луѓе. Затруднела, затруднела, што мислела кога имала секс? Да и влезе цел? Убаво им било? 21 век сме, од интернет, од списанија, од учебници од ваму од таму можеш да се информираш за контрацепција. Дете дете ќе чува.
Леле, Јуник, која зрелост може да ја има некој на 16 години, жити се. Може се покажуваат зрели во јавност, може и јас на 18 години ви изгледам зрело, ама само јас си знам кои бубачки ми поминуваат низ глава. Инаку не ги оправдувам, ама родителите се криви. Тие треба да потпишат согласност, а кој цацко ги тера да потпишат ?! Јас да сум родител и детето да сака да ми се омажи/ожени на 15-6 години, јас да не знам што да правам, па ајде да потпишам ??? Ако сум будала, да. Каков е тој родител што не може да си го контролира детето - за мене тоа не е родител. Многу често луѓево забораваат кој ги има улогите во домот! Не ми кажувајте приказни дека се сакале. КОЈА црна љубов на 15 години, тој филм во моето кино не се дава. Сум имала и јас 15 години и дечко, сум мислела дека го сакам и слични глупости, ама сега сфаќам дека тоа не било љубов. Љубов е помеѓу двајца зрели луѓе, кои поминале низ многу работи заедно, ама сериозни работи. Низ што минуваат на 16 години, жити се. Еве сега една од овде, се омажи на 16 години. Маж и на школо ја носи и ја зема, не може дамата од мешето да оди. Браво мадам, успешен рецепт за фијаско во животот. И никој, ама баш никој не може да ме увери дека еден ден ќе заврши и факултет и дека ќе има добра работа... Дете ќе чува дете. Додека детето порасне и малку и се ослободи животот, ќе треба таа детето да го школува, а не самата себе. Пак ќе речам, само родителот е виновен. Сфаќам се случува непланирана бременост, ама да си го пратам сопственото дете на 16 год во брак, не, не и не. За рака и правец на абортус.
Абре какви 15 год? Не мешајте баби и жаби. Треба да се исполнат три услови за да влезеш во малолетнички брак. (во Р.М) 1. да си постар малолетник (16/17) 2. потребна е согласност од родителите 3. IQ поголемо од 65. Дали сум за овие бракови? Не! Не знам каква љубов би натерал некој да стапат во брак волку рано. Никој не ги брани да се љубат. А сите ја знаеме главната причина - несакана бременост. Но и затоа има решение (не мислам на абортус) Точно дека годините не се знак за зрелост. Ама па кој зрел човек би стапил во брак на 16 год, а?
Не ги оправдувам овие бракови и навистина незнам со кој памет девојчиња и момчиња од 16/17 години стапуваат во брак. Некој ќе рече бременост па луѓе зарем во денешно време некој е толку неинформиран? Не сметам дека бракот ќе им биде лош и дека немало да им успее но на 16/17 години додека сите уживаат и се забавуваат не верувам дека некој има желба да чува деца А родителите неможеме да ги обвиниме за тоа што детето им стапило рано во брак. Па вие да имате ќерка што на 16 години останала бремена зарем нема да и дозволите да се омажи? Сепак колку и да се зрели со текот на годините и размислувањата се менуваат. Можеби некој размислува далеку позрело во однос на своите врсници но неможе никој да ме убеди дека на 15 и 25 години се размислува исто...
^^^И на 14 може да се венчаш со согласност на родителите, пошто нели ние живееме во Рајот, па се е можно Познавам таква, две години е помала од мене, се омажи во седмо, роди дете во седмо одд, и сега роди трето дете на 21 година БАш минативе неколку дена тоа ми беше главна тема на разговор, затоа што летово се склучија ненормално многу бракови со деца, и машки и женски се фрлаат в тавче на 16-17-18 макс години И што е најтрагично, родителите(да не се повторувам, постот прееска во СДК ми беше за ова) се оградуваат од вина, се' препуштаат на современото време и интернетот. Даааа, како не, ти в очи го гледаш оти излегува во 23 и се враќа во 2-3 по полноќ, облечено оскудно, знаеш дека има дечко„ вљубени и среќни“, се фалиш и парталиш пред комшивките за тоа, ама кога ќе ти се јави на тел некое сабајле „мамо јас се омажив“ се акаш од земја и одиш со денови по болници, па ќе ти текне оти од сега излегување нема, само со пратња Родителите се виновни што сме ние вакви или онакви. Јас знам оти сите не се согласуваат со мојов став, ама за мене е тоа така, попшто сум сведок на неколку немили настани деновиве, вклучувајќи и 15 годишно девојче со 17 годишник, од едно село, во друго бетер со три чавки и две фамилии во него Ете си ја зедоа, сега детево со денови во болница е, мајка и бетер, татко му за една недела се направи соленка, се усрамија, а се тоа дури сега признаваат дека на ****** и било многу допуштено, одма ко се фатила со типацов одела на гости кај него, не требало најнов мобилен, не требало интернет, не требало да ја оставаат да излегува, ко небаре сега се ќе се врати назад Нема закон кој ќе ги спречи децава да прават деца и глупости, ама има реален закон кој убаво си докажал оти тие бракови преретко успеваат, и оти се што лета не се јаде. Воспитувањето го нема никаде, вредностите уште помалце, а факт е и дека е претерано слободно време, без никакви граници, се се изживува до 15, после само тоа останува-мажење И кој е крив? Криви сме ние што шамар одамна не заиграл Не сум за овие бракови, уствари не оти не сум, туку одговорно тврдам дека љубов на 15-16 нема, има заљубеност, симпатија, ама вистинска љубов не. Тек подоцна знаеш што е љубов.
kate21 не ми е јасно како можела да се омажи во седмо, тоа е забрането со закон. Ние по вовед во право учевме дека за да влезеш во брак мора да имаш барем 16 год.
^ И во законот пишува дека на автопат не смееш да возиш повеќе од 120км на час, па шибаат со 150. Во идеална држава, да, има закони и се почитуваат. Во идеална џунгла, владеат законите на џунглата. Едит - Заборавив, ако моето дете остане трудна на 16 години, многу нормално дека нема да и дозволам да се омажи. Има абортуси. Па викајте што сакате, тоа е мое размислување. Дете не може да чува дете. Едноставно сакам да си ја заштитам сопствената ќерка од тоа да си го упропасти животот. Само немојте со приказните за среќна љубов и хармонија, затоа што денес тоа ретко го има кај зрели и оформени личности, а не па кај 16 годишни деца. Ди енд.
Јас кога и да слушнам дека малолетни стапиле во брак, слушам и една друга реченица, ами родителите се криви. Јас не мислам така. Мене мајка ми и татко ми ме пуштија да излегувам уште после полуматура, се разбира до примерно време. Ниту еднаш не ме казниле, ниту еднаш не ми забраниле ништо. До пред 1 година бев излезена буквално секој викенд и секој слободен ден, за лето ич да не правиме муабет. Па не сум испуштена од рака. Имам некоја теорија дека детето ако го држиш премногу дома, му забрануваш да се облекува модерно, го притискаш, во детето створаш некоја агресија и многу побрзо ќе пукне, или при првото излегување кога ќе начека ќе изнаправи 300 глупости. Сум шетала, сум видела се, и самата себеси си сум рекла дека тоа не е во ред. Детето ако нема кликер во главата да разграничи добро од лошо тогаш никој не е крив. Самото е. Малолетничките бракови најчесто идат од панично реагирање на некоја грешка. Да, браковите се случуваат кога ќе останат трудни и родителите притискаат затоа што се плашат што ќе речат комшиите. Тие луѓе го заменуваат бракот со лексилиум, мислат дека бракот е совршен лек за таквите ситуации и дека во бракот е идила и мед и млеко тече. Но факт е дека бракот не е единствен лек, има неколку други решенија. Една моја школска се омажи на 17, и има 2годишна ќерка. Се омажи затоа што остана бремена, нивните брзо направија свадба, за луѓето да не зборувале. Време помина, луѓето сега оговараат друга ваква свадба, а таа седи дома и не просперира затоа што и беше страв што ќе речи комшивката. А комшивката одамна веќе не ја задоволува тој трач. Тоа не е брак. Тоа го носи само името брак. А деца што се мажат/женат од љубов? О-хо, тие не постојат. Можам да дисктурирам на долго и широко зошто мислам дека тоа не е љубов, тие нема да ме сфатат. А и да има љубов, не е доволна за брак. Според мене бракот треба да дојде најдоцна, љубов, прифаќање на сите маани, заедничко живеење, одење на работа и прилагодувањето околу тоа, па најдоцна брак. Децата не можат да го знаат тоа затоа што не ги поминале и другите скалила. За се си има време. Не можам, значи не можам да разберам каде брзаат. Па животот е пред нив...
Doozy дај не ме заебавај, како споредба ми направи... Ај он топик јас се согласувам дека и родителите се криви. Како прво, треба ептен да го стегаш детето и да го малтретираш, па тоа да сака што побрзо да избега од дома. И да остане бремена, ајдее одма брак...Не!!! Не знам кој спомна погоре, детето да чува дете Ама не се само родителите виновни.
Ма што се родителите виновни дај молим ви се? Да не треба железни гаќи да им облекуваат за излегување, со полициска патрола да ги пратат, и тоа е џабе ако таа намислила да се е*е ќе се из*бе на голем одмор во школското ВЦ. И мене мајка ми не ме седнала и детално да ми објасни како се прават деца, и што е тоа секс па еве знам, се интересирав и дознав. Родителите се криви, треба можда и кондоми да имкупуваат, пари за дијафрагми и незнам ти што да даваат, ахам до родителите е 100%. Се е до детето и до тоа колку му сече црпката, дали има некој грам мозок или има вакум простор во глава. Имам јас една школска, од основно се омажи во 2година средно роди дете а пред 2 години се разведе. Е јас сун поминала во животов многу, и добро и арно ама па успех е на 20 години да имаш 4годишно дете и еден брак зад себе. А таа учи, учеше во Медицина 5,00 просек, сега и на факултет исто учи ама мајка и и го чува детето, а тој копукот пак брка малолетнички... Ама сама си е крива, и го зема дЕчкото на најдобрата другарка, т.е. Две "најдобри" другарки одеа истовремено со ист дечко, еднава јавно другата тајно. И кога оп оваа тајнава на 16 години 4 месец трудна а нема дечко, карневали се случуваа... Се зедоа, роди оваа бебче, 2 години се тегнеа натака-навака и после се разведоа. И кај се тука нејзините виновни, што тие немале ни малку памет... Можда и се виновни немаат "интелигентни" гени од родителите, па од недостаток на интелигенција прават вакви глупости. А од љубов? Ма каква љубов на 15-6 години, поготово денешниве деца, ма и јас на нивни години бев созреана за разлика од другите мои врсници но не сум била спремна за брак, јас 20 години се плашам од помислата да има деца, а не па на 13-4 кога ни носот и газот незнаат сами да ги избришат...
ајде донекаде сфаќаме кога девојката на 15 или 16 останала бремена па мораат да се земат...ама на 15 или 16 да се земаат од многу љубов?зашто многу се сакаат??? не верувам во тоа....сите знаеме какви се тие години се вљубуваш двапати во денот ,секој втор што ќе го видиш и што ќе ти се засвиѓа малку мислиш дека тој е вистинскиот имав една комшика она е постара од мене....со дечко и се омажи на 16 год не зашто беше бремена туку од многу љубов.....и сега на 26 год она има три деца од кои едното е 8 год .....
Се согласувам со најубава2010. Е сега не сум родител неможам да знам како би реагирала кога моето дете би се одлучило на ваков чекор. Само што сигурно дека (ако имам ќерка) попрво би ја потпишала таа согласност, отколку ќерка ми споулавена по некој си ми ти дечко да избега од дома и да не и знам ни трага ни глас. ПОнекогаш родителите се немоќни да ги сменат работите во животите на децата. За жал можат да бидам само неми посматрачи.
Да, ама пак се се сведува на воспитувањето. На она што родителите ти го ставиле во глава уште пред да почнеш да зборуваш, како те воспитувале, какви муабети ти правеле, како те учеле. Тој кликер што го имаш ти во главата пак е благодарение на нив, зашто си имала некој да ти каже што треба, а што не треба да правиш и како да се однесуваш, што е добро, а што лошо. Неможе дете или тинејџер да сфати сам ама нема некој да го упати на прав пат. Нормално нели, секогаш постоа исклучоци. Ама јас сепак сум за тоа дека целиот товар е на родителите Не е поентата дека те пуштале до касно и дека со шетала цело време, него муабетот што дома ти го прават. Целиот пристап кон детето уште ко мало. И јас се согласувам за теоријата дека колку повеќе им забрануваат толку полошо
во било кој случај - не ги одобрувам! колкумина на 25 год. не се зрели, не па на 15, 16...не е работава ромео и јулија освен ако остане трудно девојчето (и жал ми е за ваквите).
Малолетничките бракови се најчесто под притисок на родителите. Како малолетник себеси не се сметам за зрела за брак и сега на овие години не ми се одлучила за брак во никој случај. Дури ни бременост не би ме натерала на тоа. Но, тука се родителите. Со брак сакаат да го покријат срамот кој го направил нивното дете и ги присилуваат на брак. Бидејки за да се склопи малолетнички брак мора согласност од родител. Но, постои и друга опција: кога детето сака брак! И во тој случај родителот е делумно крив. Зошто? Па, како што спомнав мора согласност, а кој го тера да ја даде?! Тинејџерите се под притисок од партнерот или средината па се одлучуваат за брак на мали години. Но, родителите се тие кои може да ги убедат дека тоа е погрешен чекор. Па што знае една тинејџерка за гледање семејство и деца?! Дете има дете. Не сметам дека годините се мерило за зрелост, бидејки има многу кои и на 30 не се доволно зрели, но сметам дека тинејџерските години се оние кои треба да се живеат со полна пареа. Да, се прават грешки, но тие се плаќаат и подоцна. А казната не секогаш мора да биде брак. На темава родителите ќе се бранат самите себе, ама не се во право. Наместо да го мажат/женат детето на 16 години може да му објаснт некои работи. Е сега, ако израснале сноб, кој не ги слуша, сами си се криви. Се се прави од мали години. А ако тие немаат карактер кога ќе дојдат во ситуација да потпишат за брак или не, да речат НЕ, НЕМА ДА ПОТПИШАМ, уште повеќе се криви! За малолетничките бракови одговорни се само родителите. А дека тие не успеваат се гледа подоцна...
Знаете, ние сме ти еден чуден и глупав народ, озборувањето е најбитната ствар во нашиве сиромашни животи, а не е битно дека детето ќе страда со години А вината јас лично не ја наоѓам кај родителите само заради мажењето, туку општо во неможноста или не знаење, или наречете како сакате, да се воспитаат децата и во сите глупости кои ги гледаме од младинава. Сега, мајко му, сите не сме исти, на некое и со инка да му тураш не прима, ама воглавно тука е проблемот, кај преголемата слобода. Јас искрено не очекувам далеку да дотурка некое девојче со кое мајка му се такмичи во шминкање и облекување минич, а селскиве средини изобилуваат со такви, срамота ми е дури и да кажам, и се тоа само ради тоа што мајкава се омажила на 16 години, цел живот се контрала со свекрвата и сега начека слобода, па детево примеров го смета за совршен и очекува дека ќе живее исто. А ко ќе се соочи со проблеми, кој е крив, па мама нормално Постојат вакви, да, за жал, неизживеани, и свесно, несвесно го туркаат детето кон грешна врата. Не станува збор за затворање по дома, тепање и строгост, туку за разговор и правилно расудување.