1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малолетнички бракови

Дискусија во 'Брак' започната од DeepBlue, 16 август 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јасно Алиса, ама сепак... Се случува дете кое има препаметни родители кои го советувале на убав начин пак да направи глупост. Еве ти ја земам пример другарка ми. Таа е постаро дете и има сестра 2 години помала. Другарка ми е супер дете, се што прави е во границите на нормалата. Сестра е е сосема спротивно на неа, онакво однесување верувај не си видела. Од 6то одделение ги почна тие глупости, верувај има само 17 години а има пробано се, значи СЕ. Родителите нејзини се препаметни луѓе и исто како што ја советуваа другарка ми, исто ја советуваа и неа. Истите совети, буквално. За однос родител - дете има многу да се дискутира, во право си дека родителите се и тоа како битен фактор за развојот на детето, но не се единствен фактор. Ете ти пример погоре.

    Друго ми беше поентата мене, дека кога веќе се сторила ваква работа не мора веднаш да се тера детето да скокне во брак за да им се замолчат устите на луѓето. Попаметни, помудри и поискусни се родителите би требало да знаат, да најдат друга ситуација зошто верувам дека знаат дека тоа не е љубов на 17 години и дека не може да ги омажат/оженат кога тие не ни имале сериозни проблеми за да видат колку стабилна врска имаат.

    Значи сума сумарум, родителското воспитување тежи на вагата премногу, тука нема дискусија но не е единствен и клучен фактор за тоа какво ќе излезе детето. Тоа ми беше поентата :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    се слагам со сите вас....девојката ако остане мала бремена од дома ја притискаат да се омажи зашто ќе се расчуе по народот и ќе пукне срам ако не се омажи туку абортира.....
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Па видете вака,за некои тоа е најголем успех - три деца до 21 година. :D


    |(


    Какви малолетнички бракови,какви каша и кубаси... Јас тука ја гледам кривицата и во родителите,ама посебно во нив двајцата,младоженците. :lol:

    Чекајте бе малку,сакате да се ропате ко зајци,а немате поима ни б од секс што е,ама битно се сакаме. И оти многу се сакаме,многу и ќе си скакаме. Бог да чува.

    Врска немаат младиве. Не знаат кај тераат. Се ропаат само заради да не го испуштат дечкото,кои мислат дека нив ги чека,а он ваму по една за на секој прст има или за да не бидат подолу од другите. Јас само се прашувам колку може да си подолу од дното? :fubar: Ниту знаат да уживаат во сексот,ниту ништо колку да им влезе нешто таму доле.

    И да,верувам и се согласувам со повеќето од вас тука дека голем удел имаат родителите. Ниту моите родители не ми ги заковале ѓаќите на мене,па јас не се ширам ко жаба на секој втор. Оваа си е моја вагина. И се додека имаш вагина и став,никој ништо не ти може. 8)
    Направила дете на 16,17 и ќе го гледала. Ало,чукни малку главата,не јадете зелени сливи,ефтин е ѓеврекот. Како онаа Сијана во Стаклен дом серијата. Која глупача човече,го користи детето за да го зачува покрај себе Дани,кој by the way,е најголемиот филмски кретен ever. Опрај се.
    Лошо е што тоа не се дешава само на филм,опкружени сме со такви приказни. Како,како ќе гледаш дете на 16 години,кога и ти пред една година си била дете? Што ќе го научиш ти тоа дете,доги позата ли? :fubar: |(

    Ама виц на годината ми се браковите,малолетнички,од љубов. Тие се само за на К-15. Или на Куманија.
    Мислам,бесцелно е да се расправа за ова.
     
    На theowndemon, lepadama, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    на место си е мислењево ,најжално е како се земаат од љубов бе.... :rofl:
     
  5. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    Добро, ќе се венчаат, и што после? Ќе ја напумпа и во најубавите години од животот таа ќе треба да седи дома да стани домаќинка и да трча по децата, наместо да е на факултет или средно и да се надоградува себеси |( Уф колку само сум против. А ако не си бремена и ако несакаш да абортираш, и ако си конзервативна личност што несака да крши табу теми и што не сака да биди оговарана, не гледам причина да се мажиш на тие години.. Од љубов не се живеј, и не е се во бракот, а посебно не додека си малолетна. Но секој со својот ум, можеби на некој ова му е животна цел и успех :)
    . |( |( |( |(
     
    На blond.bunny и pll им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ама не ми е јасно,зошто ги обвинувате родителите?Што се тие овде криви?Убав пример беше даден погоре,родителите ги советуваат а тие тргнуваат по лош пат пак.Им даваат слобода да излезат а којзнае што прават тие додека се надвор?Се плескаат со дечковците и мислат го достигнале врвот,и кога ја завршиле работата после има оф леле мори мајко.Тука не ја гледам вината на родителите туку на самите деца кои еве (не) се свесни за последиците и упорно го прават тоа.А и да ги затвориш дома пак не чини.
     
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Пеликуна душо,не значи дека ако ти имаш добри родители,ако јас имам добри родители кои не воспитале за некои принципи и вредности во животот,дека сите се такви. Има секакви белафурди по светот. Ехее,не на второ,ами на 16 место им се децата. И немаат време за воспитување,не разговараат со нив,а после е веќе касно. И плус,јас сеуште верувам во онаа крушата под круша паѓа,затоа што мал милион примери има за мајки кои се омажиле на 18 и нивниот живот престанал тука. А истото се случува и со нивните ќерки.Точно,има и многу такви кои можеби се омажиле,но тоа не им била единствената цел во животот,па си продолжиле или со студии или со работа. Јас верувам дека е до родителите. Не само до нив,но добар дел од воспитувањето се состои од тоа кои и што вредности ќе им пренесат на децата. Не е работата само да советуваат,и јас само советувам,но не значи дека тоа на некој ќе му влезе во главата. Работата е во воспитувањето,кое не почнува од 17 години,ами од најмали нозе,да има создадете навики на вашите деца да разговараат со вас. Многу е подобро да се спречи,отколку да се лекува. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Toчно дека постојат родители кои не се ни многу заинтересирани за децата но тоа не значи дека баш заради тоа се однесуваат така младите.Како на пример сакаат да се фалат во друштвото:Еј јас имав секс со дечкото и не знаете колку е добармислењето од другите во друштвото дека ако немала секс до 17 години или пак највеке 18 ке мислат дека е заостаната па ајде и јас ке скокам на
    к*рот да не речам пенисот на дечко ми па ке бидам јака фраерка
    и многу други примери кои можам да ги набројувам до утре наутро :!: Еве на пример моите родители се одамна во странство да заработуваат пари а јас оставена овде сама на себе чекајки да се вратат од тугина не тргнав по лош пат а тоа не значи дека моите родители се добри туку јас бев свесна за последиците ако тргнам по тој пат кој животот ке ми го промени од корен.Познавам и родители кои на својата керка и даваа се што ке посакаше,родителите милина бе,а девојчето тргна по лош пат и покрај обидувањето на мајка и да ја спречи во тие чекори.Нека имаат секс,тоа никој не им го брани зошто порано или подоцна ке ги стигне тоа,ама човеку бре денес технологијата е напредна,можат да се едуцираат,па постојат и кондоми да го е.ам,зошто родителите ги пуштаат децата на доверба а тие гледај што прават.

    Ех сега се сетив на друг пример.Ми беше девојчето другарка.Родителите беа со неа предобри,ја учеа да не греши,татко и беше најценетиот професор а мајка и докторка.Беа познати по успешниот брак и најдобро воспитување на децата.Првото излегување таа фати еден дечко,втората вечер втор,третата трет.Се мафташе со кој и текне,не бираше дали е турчин или македонец ама битно да не биде сама.Е што се случи потоа?Родителите станаа кон неа построги а таа продолжи со истата приказна,почна да пие,да пуши,да бега од дома.И видоа не видоа родителите се откажаа.Денес никому не можеш да погодиш.

    Ама тоа си е мое мислење :hai:
     
    На Modesti и mysterious им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум имала нешто ептен против овие бракови, е сега има малолетни и малолетни (и 13 годишни и 17 годишни се малолетни, а има и те каква разлика) затоа јас велам се е до тоа како некоја личност се чувствува, до степенот на созреаност кои може, а и не мора да се условени од годината на раѓање. Имам чичко на 43 години кој е поголемо дете од еден мој братучед кој е прва средно али нејсе. Од она што ми го кажува искуството со разни луѓе, сепак, многу кои се омажиле додека сеуште биле малолетни, велат „ еее шо ќе беше ако почекав зашто направив така“.

    Обично браковите на овие години одат рака за рака со ненадејна (или планирана од едната страна) бременост, е тука имам против затоа што гинеколог има кажано дека почетокот на менструалните циклуси на жената ни оддалеку не ја означува 100 процентната спремноста на матката на девојката (и самиот нејзин организам) за бебе. Па на 15, 16 години девојките сеуште се развиваат. Јас сеуште се развивав тој период, борејќи се со вишокот килограми кои којзнае од каде одеа (веројатно од хормоните). Така што, едукација на младинава за тие работи, за тоа што нивниот организам може да претрпи од бременост на таква кревка возраст и тн, затоа што денешно време многу рано се почнува со половите односи. Според мене 25-27та година е период кога повеќето жени се оптимално подготвени за бебе. Сепак, и тука нема простор за генерализирање, како процесот на психичко, така и процесот на физичко созревање се индивидуални.

    Сума сумарум, искуството, па и годините си го прават своето (затоа пред возраста сепак би го ставила искуството) затоа што и 30 годишна на која цел живот и поминал во учење, студии, магистратури, доколку немала време и простор за да искуси некои аспекти од животот, подолги врски кои ќе ја научат на некои работи и сл (затоа што лично сметам дека секоја врска со себе носи неизбежна лекција), некогаш може да се залета како што може да се залета и 16 годишна. Се е до искуството, годините оставаат простор за повеќе искуство, но индивидуално е дали така ќе се искористат.

    Едит: некој погоре ја спомна Сијана од „Стаклен Дом“. Еее колку такви само познавам во реалниов живот и искрено ми се гади од нив. Ај шо ќе ја користам другарка ми, па и детето мое ќе го користам само о само да го задржам мажот божем друг
    Стојко
    нема да најдам. Ми се :puke: од такви.
     
  10. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Нивни живот,нивни проблем.Сигурно тие што се одлучиле на ваков чекор имаат добра причина,секако дека не оправдувам брак под 20 години сеуште е премногу контраверзен и многу се осудени на пропаст поради нашиот менталитет,незрелост посебно од машка страна на 17-18 години,но доколку го пронајдиш човекот на својот живот ако си среќна зошто да не?Да,да школувањето,журките,пијанствата и сите карактеристики на тинаџерството но доколку и тој има супер авантуристички дух и амбиции за понатаму во врска со образованието?Сепак ова се ретки случаеви многу вакви бракој се осудени на пропаст и многу ''маченички'' за женскиот род поради како што кажав незрелоста на машките затоа не ги прифаќам.А опкружувањето (семејството) секако има влијание кон одлуката воспитувањето се разбира,условите во кои живејат но има и случаеви кога ова нема никаква врска.Сепак заклучок ова е слободен земја,слободен свет,еден живот кој што сака можи да прави а за годините i don't give a f*** about it
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Уф едно големо,големо категорично НЕ..!!!
    Ма всушност овие малолетнички бракови ми е срам да ги наречам БРАКОВИ.
    Зарем може да водиш брак на ебани 16 години?
    Не ги прифаќам,едноставно ми се гади мене од новите модерни денешни мисли на овие толку надежни и дупло унапредени генерации.Унапредени кој во мисли,кој во сексуални игри,сите со својата приказна.
    Пред се ги осудувам родителите на овие деца,кои се поголеми кокошкари од нив.Па каква ќерка бе ќе ?излезе кога мајката се ропа со кој стигни 24/7? Па јас имав другарка,на која мајка и цело време ја советуваше дека единствена цел и среќа во животот е да се еба....!!!!Хелоу,народот е целосно забеган,а богами и дупло озрачен ..
    Ма каков брак на курвиче од 15 години има да ја кастрирам на лице место,ќе и ја откорнам и матка и вагина па некас е ебава тогаш..рОДИТЕЛИТЕ СЕ НАЈМНОГУ ВИНОВНИ.
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Виновни се, затоа што малолетничкиот брак се склучува само со дозвола на родителите. :!:
    Од друга страна, родителите треба да ги воспитуваат децата, да ги водат по прав пат, а не да се остават воспитување од улица.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Постојат и ситуации кога и самите родители договарат вакви бракови. Според мене за да не дојде до несакана бремност подобро е да се научат децата или малометниците како да се штитат отколку да им се забранува нешто ,не оправдувам секс пред 16 години па и 16 се малце ама ај не ме свакајте погрешно него сметам дека заштитен сек па и пред 16 години е помало зло отколку незаштитн сес на тие години . Во овој дел од работите родителите и те како имаат вина. Друго и да се згрешила работата дете под 16 години не може да склучи брак по закон и со дозвола на родителите. Малолетник со 16 години може да склучи брака со дозвола на родителите. Тука тие ја донесубата одлуката а не малолетникот и затоа е многу битно каква одлука ке донесат можат и да не дозволата.
     
  14. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Не,не и не.
    Ма џабе некои продаваат филозофии дека од љубов се живее,кога не е така?
    Е како тоа од љубов се живее баш ме интересира?
    Сега можеби ќе рипнат малолетничките кои веќе до својата 19-20 год ги пораснале своите деца,но јас лично кажувам дека овие бракови,кои според мене ниту можам ниту сакам да ги класифицирам во поимот брак,се унапред осудени на пропаст.
    Зошто?
    Па зарем може 15-16 годишно девојче да биде мајка,да биде сопруга и да биде и самата таа дете во исто време? Не може.Животот не е толку розев како што е претставен со такви алутризми и авантуристички мисли па да се земе со таков замав и еуфорија дека и планина се турка со навршени 15 години.
    Лично сум многу против,а осудување давам и на децата и на родителите.
    Прво најважно е домашното воспитување и растење на една индивидуа во идна личност со сите карактеристики ,од страна на родителите,посебно мајката,а потоа е е потребна и самосвеста и самоконтролата на тоа дете да не тргне по такви патишта.
    Сексот како секс е задоволување на нагоните,но истиот тој може да донесе многу сериозни последици.
    Очигледно дека на некои луѓе единствена цел во животот им е да се мажат и да родат.И крај.Тука го решиле проблемот.Многу оскудно и краткорочно исполнување на целта на животот.
    Според мене предвреме промашена инвестиција и живот.
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    и јас не одобрувам брак меќу малолетници.хмм,тазе,,невестите,,дали знаат појадок да си направат,сами да се исперат,испеглат а камоли да се грижат за семејство :fubar: .или малолетен сопруг кој во исто време нема да знае што би попрво дали да учи или да работи за да издржува фамилија :x .
    темата ме потсети на браковите кои се склучуваат во Iндија,родителите ги продаваат своите малолетни ќерки на старци ,и тоа девојчиња кои се уште немаат ни во пубертет влезено :headbang:
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Се е кажано на темава :D
    Ама да дополнам , случаите на малолетнички бракови во мојата околина , сите се каде девојчињата дома ги воспитуваат кога се мали , колку е битно да се омажи , да си најдеш ваков и таков маж , наместо а ги учат да проспериираат во животот со свој труд и развивање на сопствената индивидуа .
    Колку ми се гади од такви муабети , ти ќерко гледај да си се омажиш убаво и дечкото не си го испуштај :puke:
    Па што да се очекував кога на 15 годишно дете му се кажуваат вакви работи , место да го насочуваат да учи да се труди тие само и зборуваат колку е мажачката битна |(
    Најчесто тоа се прости родители кои и самите ништо не постигнале и со затуцани ставови дека ќерката е успешна само ако побрзо ја експедираат од дома :swear:

    Лично кога бев матурантка кај другарка ми гледавме факултети што да се запишеме и мајка и од таму ''абе ајде какви факултети какви бакрачи шо ми фали мене што на 17 родив , глупости невидени фатете си добар маж оти на жената се знае улогата а вака со занесувања мивки ќе станете '' :x :swear: :puke:
    Среќа татко и беше разумен човек ..

    Него не ги осудувам туку искрено ги жалам за пропуштената младост и нереализираните соништа и што повеќето на 20 и кусур имаат дете и пропаднат брак зад себе ..
     
    На ku4ence и Hipster им се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Јас ќе се мажам за два и пол месеца, на 28 години и кусур, а вереникот 30 и кусур. Заедно сме рамно 10 години, и најмногу се каеме што не се земавме пред барем 8 години... Пари сами заработувавме и тогаш, се си беше ОК, факс секако ќе завршевме и се понатаму, дечиња ќе си изродевме. Дали ја менувам магистратурата за дете??? Веднаш. Тутурутката има салата да ја направам. Тоа е мојот став каде за пример ја земам мојата врска. Воопшто за малолетнички бракови, не сум за, не сум ни против. Не сум некој поборник за абортус освен во исклучителни ситуации, така да кога знаеле да го направат изволте нека го чуваат. Неможе да има љубов помеѓу малолетници? Може, и може да опстои, да избрзано е ама тоа е нивни проблем. Јас сум во мојот вереник заљубена отсекогаш, исто и он во мене, сум имала симпатии и дечковци за држење за раче, ама никогаш ддруг не сум сакала. И ете, ќе остариме заедно ако даде Господ, и можно е. Се е можно, само со сила убавина не бидува. ;)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Господе Боже зар се`уште во 21 век постојат луѓе од цивилизирани средини со вакво размислување? :worried:hock:
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^ Има за жал , а синот кога дојде време да оди на факултет мајка му раснеше како квасец |( . Не ми се јасни тие родители кои ги делат децата ,а за инат нејзин ќерка и е меѓу најдобрите во генерацијата. Па може плус некој дошол што имаше мотив да се труди повеќе да и докаже дека е способна .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    ^Па после се лутиме кога за жената ќе кажат дека место и е во кујната. |(
    Уште има останато тоа мислење кај некои жени, сета среќа не познавам такви, само на муабет од рекла-кажала...

    На темава, не подржувам малолетнички бракови и сметам дека проблемот е во воспитувањето и однесувањето на родителите, бидејќи децата највеќе од нив учат за поим семејство.

    Секое дете е различно ама како родител ќе си го оцениш сопственото и така ќе постапуваш со него, ако треба да се забрани излегување-забрани, што треба да се дозволи-дозволи.
    Ќе научиш каде и како треба да реагираш.

    Е сеа што се кријат и што прават глупости децата, тоа е подлабок проблем во односот и воспитувањето.
    Разбирам и љубопитство и желба за експериментирање ама ти од дома преку воспитување несвесно му ги исцртуваш границите на тоа.
     
    На Hipster и mimiiiii им се допаѓа ова.