Форумџика на годината

Малолетнички бракови

Дискусија во 'Брак' започната од DeepBlue, 16 август 2011.

  1. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Мои другарки се испомажиа деца родиа а јас уште мојата соба си ја викам детска |((wtf)
     
    На Regina.Phalange, Vitaly, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    @LUCERKA абе ете си имале среќа децата а најважно од се сопствен труд за надоградба и зрелост. Помошта е секако од голема корист и сепак секој со своето ќе кажам.
    Јас не судам но не ги одобрувам некако сето тоа ми е малку морничаво, бракот и децата не се играчки сепак, но не сите завршуваат фатално нели?!

    Е сега кога зборуваме за малолетност, јас гледам и зборувам за оние деца на јутуб и социјалните мрежи што ги венчаат присилно на 12, 13, 14, 15 години, тоа е дно дна. Ајде бројката како бројка на 18 и 19 малку повеќе дели во паметот од овие погорните нели?!

    Е сега и јас имам во маало да кажам неколку девојки кои се омажиа на некои 16 години т.е останаа бремени, сите до една денес ги гледам дека се разведени, избркани од свекрвата од село, и живеат со родителите и секако чуваат деца кои веќе се појдени на училиште ми се чини. Беа прелажани и омаловажувани до сржта од страна на мажот/таткото кој не знам што мислел тогаш кога им го загорчил животот, а овие мали, наивни мислеа се што лета се јаде, на крај си добија дебел ќотек и еве ги шетаат по маало, за друго немаат ниту финансии ниту можност,а најверојатно мажот се преженил и створил уште троа деца со некоја друга.

    Сево ова јас го сметам за морничаво и изживување, навистина за греота. Е сега пак ќе кажам може некој успеал нели?! Ама реткост е..
     
    На okcenzi и MacenceEna им се допаѓа ова.
  3. hajdi lejdi

    hajdi lejdi Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    ke ti dojdi redot i tebe togas ke si reces sto mi trebase da se mazam :?:
     
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Хајди бракот не е мачење или пак ропство за да некој утре го каже горе спомнатото, не знам зошто така размислувате и гледате кон бракот, давате некои безмислени факти и ги плашите помладите со зборови кои се вбезпотребни и глупи, бракот како доживување никогаш неможе да биде факт, туку индивидуалност.
    Бракот може да биде огромно задоволство и среќа кај луѓе кои умеат да се сносат со разно разните предизвици. Да така коментарот не ти е на место.
     
    На WildMk, SV1911, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека 90% од ваквите бракови е заради несакана бременост, ама што има да пука брука и слично?Па тоа се решава во 4 ѕида, не се кажува на разглас дека си останала трудна...А по своја волја кој би сакал да раѓа на 15/16/17 па и 18 години.Па и во ова време на толку достапни информации, на кондоми и Норлево и срамота е трудна да останеш.
    Главни виновници во вакви ситуации се родителите, прво затоа што наместо да ги оставаат децата по цел ден турски серии да гледаат, да дремат на компјутер дур тие се на кафе во комшии треба да седнат и да ги едуцираат и воспитаат децата, второ, кога веќе ја оплескале и ќерката им дошла трудна на врата, или синот им затруднил некоја, не може бре да се мажи/жени, не потпишувам нека стане полнолетна па нека се мажи ако и е до мажење.И треба да се знае каква институција е брак пред да се влезе во неа
     
  6. hajdi lejdi

    hajdi lejdi Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    epa ajde i nie kako vo indiskite serii ke gi vospituvame nasite deca namesto da se obrazuvaat da se mazat uste na 10g da bidat vistinsk domakinki
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Ама гледај твое е тоа што испревртуваш зборови и не можеш да ми ја сватиш поентата на постот. Никој не спомна нешто што ти го пиша и го свати како го свати, небитно.
    И знаеш како викаат, е од тоа што бегаш и највеќе го мразиш ќе ти дојде над глава.
    Ти можеш да кажеш факт за тебе а за другите и нивниот брак не можеш дефенитивно.
    Еве јас и безброј други никогаш не го рекле тоа што ти го кажа.. ама секој со своите амбиции и успеси нели!
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Јас на 22 не сум подготвена за брак, а тие уште малолетни... :tmi:
    Познавам само муслиманки кои стапиле во брак на 15,16 години, христијанки не. Зборам за моево опкружување, а знам дека ги има и христијанките кои малолетни стапиле во брак, кои заради бременост, кои заради присила, кои од паметот што го изгубиле велејќи љубов дека било...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Моја школска на 22 има две деца, јас на 22 имам уште еден испит од втора ....
     
    На Regina.Phalange, Lostinparadise, Feminka22 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.514
    Допаѓања:
    166.122
    Пол:
    Женски
    Ќе зборам за една ваква "гоооолема" љубов.
    Бев осмо кога девојчето почна да излегува со дечково, три класа бевме па се знаевме меѓусебно. Постојано он пред училиште, веќе средно он привршва. Завршваме осмо, запишани средно се ... Оп бебе, оп свадба. Свадба огромна сите до уши насмеани. Сега имам 20 и лани се разведија.


    Деца. Деца неможат да имаат брак ... Дури и ран брак на 18 сфаќам ама порано не, не, не.
     
    На Feminka22, SV1911, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Знам многу вакви бракови, ги има многу тука една моја школска во 2ра година се омажи бидејки беше бремена, а и се очекуваше такво нешто да направи бидејки беше многу откачена и со сите одеше и една колешка имам исто така омажена малолетна на колку години незнам само има уште многу али да не ги набројувам.
    Кога слушнам некоја малолетна се омажила првото што помислувам е дека сигурно е бремена бидејки тие на таа возраст не се мажат од љубов туку од што се бремени.
     
  12. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    - Случајно си шетам по јутуб и на еднаш ми излегува Teen Mommy Draw My life, и кажува дека чупево има 17 години, се стаписав пошо и ја имам 17 години а јас назад со умот не ми ни текнало вакво нешто јас на мои години да станам татко :?:8)а та и дечкое т.е мажот (и тој е малолетен) имаат дете, куќа своја, omg си реков. Видов и други видеа има полно вакви случај. .
     
    Последна измена: 9 август 2018
    На Nigredo Odor и edna_malecka им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.506
    Допаѓања:
    173.630
    ^Има и у реалност и ,,помали" од 17год.не само на јутуб (facepalm)
    Затоа,памет у глава :!:
     
    На Feminka22, WildMk, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Има полно на пр моја братучедка има дете а има само 16 годинки.. што значи има купишта такви случаеви...
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  15. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ваквите работи се случуваат само поради тоа што родителите немаат влијание врз децата туку социјалниот живот и се што се презентира од страна на медиумите. Исто така и недоволната едуцираност во тинејџерска возраст за заштита од бременост. Не одобрувам но, кога веќе се случило нема назад. А сум строг противник на планиран абортус.
     
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Познавам многу вакви.
    Една на 15 се омажи бидејќи остана бремена а мажот и имаше 18 и по 4 години имаја второ дете. Трета братучеда на мајка ми на 14 се омажи исто поради бременост и на 16 си замина кај родителите со бебето. Исто друга на 16 и по 2 години се оставија...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Таа 15, тој 17, не беше бремена. Во брак се скоро 30 години.

    Сепак, не е паметно. Што ќе им е брак на тоцкави? Има многу работи кои треба да се искусат пред бракот.
    Друга, многу битна работа: Бременост кај девојки под 18 години, по дифолт спаѓа во ризична.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.