Малтретирање од страна на родителите

Дискусија во 'Психологија' започната од winterlover, 16 јуни 2011.

  1. winterlover

    winterlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Имам 15 години уште малку 16 и имам психопати по куќата. Уште од 5то одделение барам излез од оваа ситуација и се мачам себеси.Проблемот се моите фосили...
    Се понашаат спрема мене ко спрема ѓубре. Цел живот немам убав збор слушнато.Секогаш се бројат само моите грешки,а моите награди и успеси никогаш не беа ни признаени од нивна страна.
    Кога ми беше најтешко не беа со мене, воопшто не се ни трудеа да се доближат па сега немам никаков однос со нив. Секогаш само ме вреѓаат,понижуваат и еве 16 години реков ми се ближат а јас сеуште носам модрици по цело тело од ќотек.Можеби е човечки малку ќотек, не сакам да се преценувам но јас сум ритана како последно ѓубре...безмилосно.Кога ќе треба некаде да излегувам секогаш мора да има плачење.Моите врсници се движат секаде , уживаат во своите најубави години , а јас морам да седам дома во 4 зида. Да не зборувам за петок и сабота-чаршија...тоа за мене не постои.
    Мајка ми ме има колнато повеќе и од најголемиот непријател, татко ми ме смета за обична мизерија и веќе одамна е глув на моите зборови.
    Луѓето ме знаат како ведра личност,секогаш насмејана и весела спремна за помош, но всушност тоа е само маска.Неможам повеќе ми треба помош,ова веќе не се издржува...Имам уште две помали сестри, јас сум најголемата и знам дека истото ги очекува и нив.Срање од детството.Незнам од кого да побарам помош и кога би побарала би ме убиле.
    Некој совет?
     
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.739
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Sonce zasto ne otides vo nekoja drzavna sluzba da pobaras sovet .. Ova tvoevo e veke pominato nadvor od granici.. Pobaraj pomos od nekoj ili od rodnini da pozboruvaat so niv :worried:
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.570
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Пубертет.
    Ќе ти помине.
     
    На kikus02, Shana и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    533
  5. winterlover

    winterlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Сега во август полнам 16.
    Инаку незнам дали би требала да пријавам , подоцна ми е страв од последиците.
    Никогаш не би ми простил татко ми да го избрукам или такво нешто
     
  6. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.932
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Леле, слично е со мене, ама не е до толку, моите веќе не ме "наградуваат" со ќотек, но за излегување.. :worried:
    Излегувам едвај, сите мои врсници излегуваат секој ден, всушност кога сакат, а јас.. везден морам да се плашам дали ќе ме пушти татко ми.. А да не збориме за негде на друго место(бидејќи излегувам во мојата населба).. Строгоста не уништува, знам тоа.. И знам дека тебе ти е многу тешко, што неможеш да бидеш иста како твоите врсници. Знам, сум го искусила тоа. Незнам некој друг совет да ти дадам освен да споделам мое искуство. Можеш да збориш со нив(иако сите ова го велат, во некои случаи е безвредно) И жал ми е што немаш барем 1 родител да те подржи, мене секогаш мајка ми ме подржува.. Можеби баба, дедо? или некоја тетка, вујна? Што е поблиска со нив, да разговара.. Ти посакувам се најдобро :*
     
  7. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    430
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Знам како се чувствуваш целосно те разбирам и јас до неодамна го доживував ова,т.е сеуште го доживував ама потсмирени сме сега дома ...Да кај нас во нашава држава па и нема кај да се пожалаш зошто се ќе се сведе на уште поголеми немири во твоето семејство!! Знам и дека мислиш и на твоите сестри и се прашуваш што со нив...не можеме никако да ти помогнеме,освен да бев малку посила па да дојдев јас да му покажев убаво на татко ти и мајка ти!!
    Издржи ги,се додека не се осамостоиш,тогаш сестрите под раци и око нема да ти видат повеќе...е тогаш тие ќе те бараат ама ќе те нема :worried:
     
  8. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    83
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Проблемот можеш да го решиш многу едноставно само послушај ги родителите! И покрај тоа што мислиш дека не се во право за многу работи пробај барем 1 недела да бидеш послушна керка.
    Сакај ги искрено со цело срце тоа е најдоброто и најакото нешто што можеш да го направиш.
     
    На Abeja и Shana им се допаѓа ова.
  9. winterlover

    winterlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Јас село живот одам по оној пат, за да станам нешто со што моите би се гордееле.Не пијам , не пушам, не се дружам со наркомани, немам дечковци, но незнам што повеќе се очекува од мене.
    Зарем да мочам на моето право за слбоода, дружба,живот...Да трпам увреди секој ден ?
    Незнам дали некој ги сака повеќе од мене. Колку пати смирувајќи ја ситуацијата во мојот дом јас излегувам крива .
    За последен роденден на татко ми , цел месец собирав пари за поклон. Му купив мајца од SPRINGFIELD , му ја дадов му честитав ..тој само рече не сакам ефтини поклони, а и застарена е и ја фрли...
    Некој друг да беше на мое место, одамна ќе кренеше раце .
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    477
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Девојче собери храброст и пријави го случајот или барем речи им на твоите дека ако уште еднаш те допрат ќе ги пријавиш! Не треба да го трпиш ова.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Многу би сакала да ти помогнам,но незнам како,и криво и тешко ми е ШТО НЕЗНАМ И НЕМОЖАМ ДА ТИ ПОМОГНАМ,ова последново со подарокот ме доизнервира!!!како може така да се понаша родител?
    По пишеното џабе е и разговор со нив значи...уфф зошто се такви??????
    Ти посакувам упорност,многу среќа и разум,тешко ми е кога ќе слушнам вакви работи-ме повредуваат.
    Биди истрајна и трпелива,уште малце,нема што да се прави,па уште некоја год ќе одиш на факултет и ќе започнеш нов живот,тогаш ќе си полнолетна...нема да можат така се надевам.Живеј за тие моменти,се ќе се среди,надежта последна умира.Ќе си најдеш добар и фин дечко,ќе студираш,ќе напредуваш,ќе излегуваш,ќе имаш пријатели,издржи!!!
    ТИ ПОСАКУВАМ ОД СРЦЕ СЕ НАЈДОБРО!Ќе станеш посилна личност а тоа ќе ти треба во животот.
     
    На April87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Како да ги пријави....што ќе биде после со неа?
    Може само да ја влоши ситуацијата!
    Собери сила и пробај да истрпиш барем уште малку, па застани на свои нозе!
     
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Мила, многу ми е жал. Не знам што би те советувала, навистина не знам. Биди издржлива, немој да се предаваш. Во краен случај, ако навистина нема каде понатаму, пријави и во некој центар за помош од семејно насилство. Само биди силна. Ти посакувам се најдобро и да ти се реши проблемот. Со среќа и дај Боже да се среди се и понатаму во животот да ти биде се најубаво, да бидеш најсреќна. Поздрав! :*
     
  14. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.163
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Кога го прочитав ова се наежив.Не ми се верува како може да има такви родители :x .Остај друго па и мајкати, жената која те носела во нејзината утроба и те родила, извини така ама не заслужува да биде мајка :x .Таа треба да ви биде патоказ во животот, да ве сака, да ве брани а таа го прави спротивното.
    Не знам како да те советувам или да ти помогнам немам такво искуство и недај Боже.Само можам да ти кажам дека ми е многу жал, ставрно многу жал и потруди се да издржиш, затоа што Господ гледа и се ќе им наплати и тоа дупло..Не знам веќе што да кажам, без зборови сум :(
     
  15. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    83
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Тоа што немаш пороци до сега е супер, но изгледа едвај чекаш да ги пробаш.
    Слободата се добива само со послушност. Тоа е заповед од Господ!
    За секој родител би бил премногу евтин било каков поклон па дури и од позната марка ако нема послушност се е џабе. Послушноста е доказ дека го сакаш.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП


    не би рекла Ашлинг дека ова ке помине штом уште од детството има трауми, ке ја следат цел зивот
    и не е пубертет со модринки по цело тело :!:
     
    На piksooki и Alesii им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    16.836
    Пол:
    Женски
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Читам и не ми се верува. Нема шанси ова да изгледа вака како што го прикажуваш ти. Има разни луѓе ама твоите имаат три деца и не ми се верува дека те тепаат на начин и од(без)причини како што претставуваш. Треба човек да биде животно за да се однесува така кон свои деца (па и животните се грижат и живот даваат за своите мали). И не можам да поверувам дека твоите родители толку те(ве) мразат и ви нанесуваат зло. Во тој случај треба да се психопати и тоа би било познато на сите и не би им дозволиле да имаат деца. Има социјални служби, отиди со модриците и пријави ги ако те тепале стварно и нема да биде после полошо, ако и после тие забрани пак те тепаат ќе избегаш и пак ќе ги пријавиш и социјалните служби ќе знаат што да прават, во краен случај тука ти е А1 (ако не ти помогне државата) тие бараат вакви стории.
    Ај малку подразмисли зошто ги оцрнуваш толку твоите, зошто си гневна на нив, да не лежи проблемот во тебе? Немој да измислуваш проблеми таму кај што ги нема. Обиди се на мирен начин да ги решиш недоразбирањата. Во пубертет си и нормално дека ќе им одиш контра на твоите дека ќе си мислиш дека не те разбираат бла бла, тоа сите го поминуваме, ама ќе помине.
     
    На Alesii, vivadani и aerodrom им се допаѓа ова.
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Заради вакви случаеви се вика дека не секој го заслужува правото да биде родител.
    Ќе се согласам со некоја форумџика над мене, нема совет кој некој може да ти го даде за да ти помогне. Единствено што можеш да направиш е да трпиш. Прави се како што ќе ти се каже уште некоја година, после ќе се среди. Само не дозволувај да паѓаш во депресии и да се нервираш заради тоа. Стани имуна на нив, нека ти прават модрици на телото, само не на душата. Имав сличен проблем со татко ми и знам како е некој цело време да те малтретира и понижува, да не цени ништо добро што си направил. На таквите луѓе им нема помош, само ти самата можеш да си помогнеш. После некое време, неговите зборови не ме допираат. Што и да ми збори, јас си ќутам и си свиркам, не му ја мислам многу. Едноставно не ми е гајле.
    Кога ќе види дека е така, дека не му палат муабетите и дека не те болат, ќе се откаже. Тоа ти е најдобра тактика. Со бунтување, пријавување и слични глупости не правиш ништо.
    Немој да мислиш дека пропушташ којзнае што ако не излегуваш како другите. Можеби сега ти изгледа како најголема трагедија, ама има време за тоа, никаде не ти бега.
    Само имај верба и надеж во себе, во никој друг. Нема да можат цел живот да ти го прават ова.
    И луѓе бе, во пубертет била, ќе и поминело. Како да е она и нејзиниот пубертет причината што нејзините и го прават ова. Што се не ќе прочиташ |(
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    51.883
    Пол:
    Женски
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Епа тоа е македонче... Ќе трпи... Не сме додуша ние криви, системот е крив, затоа што за ваквите жртви нема соодветна заштите...
    Што ќе биде со неа коа ќе ги пријави? И ако се испостави дека стварно ги малтретираат децата...
    Па најверојатно ќе завршат во дом за деца без родители и родителска грижа до својата 18та година... А таму горе - доле сите знаеме што е како е...

    Знам дека овде не треба да се меша политика, ама ова е една од работите кон кои треба да придонесува власта да се унапреди, а никој ова не го гледа... Системот на социјална заштита и помош...
    Јас искрено, немам совет да ти дадам
    Најлош совет е да ти кажам да го трпиш тоа... а да ти кажам да ги пријавиш може стварно и полошо да следува... Сепак ако дојде до степен на претепување и огромно психичко малтретирање верувај дека подобриот избор е да пријавиш....
     
    На Wilde2105 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vivadani

    vivadani Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    8
    ДУШИЧКЕ ТЕ РАЗБИРАМ ДЕКА СИ ГНЕВНА НА ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ,НО СВАТИ ДЕКА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ ПОВЕКЕ ОД НИВ.
    МОЖЕБИ НЕ Е ТОЛКУ ЛОШО КАКО ШТО СЕГА ПРИКАЖУВАШ.НО НЕ ВЕЛАМ ДЕКА Е ДОЗВОЛИВО ВАКВО ОДНЕСУВАЊЕ ОД СТРАНА НА РОДИТЕЛИТЕ,МОЈ СОВЕТ ПРОБАЈ ДА ПОРАЗГОВАРАШ СО ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ НА УБАВ НАЧИН.ВО 21 ВЕК НЕ Е ДОЗВОЛИВО СО ЌОТЕК ДА СЕ РЕШАВААТ РАБОТИТЕ, СЕПАК СИ ДЕВОЈКА И ЖАЛОСНО Е ДА СЕ ОДНЕСУВААТ ТАКА,ТВОЈОТ РЕВОЛТ МОЖЕБИ Е ОД ПОТРЕБА ОД ВНИМАНИЕ И РАЗБИРАЊЕ ШТО ОЧИГЛЕДНО ТИ НЕДОСТАСУВА,НО НЕ ПРЕДАВАЈ СЕ БОРИ СЕ И РАЗМИСЛУВАЈ СО ЛАДНА ГЛАВА.
    И УШТЕ НЕШТО АКО ВЕЌЕ НЕМОЖЕШ ДА НАЈДЕШ ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК СО ТВОИТЕ РОДИТЕЛИ ОБРАТИ СЕ ВО НЕКОЈА НЕВЛАДНИА ОРГАНИЗАЦИЈА КАДЕ ШТО Е ЗАШТИТЕН ТВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ ЗА ДА БИ НЕМАЛА ПРОБЛЕМИ А КАДЕ БИ ДОБИЛА СОВЕТ ЗА ТВОЈОВ ПРОБЛЕМ АКО САКАШ МОЖАМ ДА ТИ ОСТАВАМ ТЕЛЕФОН ИСТО ТАКА МОЖЕШ И ТЕЛЕФОНСКИ ДА РАЗГОВАРАШ 10 ДЕН СЕ НАПЛАЌА ПОВИКОТ А РАЗГОВОРОТ Е НЕБИТНО КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ТАА Е ЦЕЛАТА ЦЕНА.
    ПОЗДРАВ ДО ТЕБЕ И СМОГНИ СИЛА ДА ГО РЕШИШ ОВА БЕЗ МНОГУ ПОСЛЕДИЦИ,ОБИЧНО ПУБЕРТЕТОТ Е ПЕРИОД ВО КОЈ СИТЕ БАРЕМ ЕДНАШ СМЕ СЕ ПОЧУСТВУВАЛЕ ОТФРЛЕНИ ИЛИ ЗАБОРАВЕНИ ИЛИ НЕ НЕ САКАЛЕ НО НАЈЧЕСТО СМЕ СЕ ЛАЖЕЛЕ ВО ТОА АМА ЗА ДА СЕ УВЕРИМЕ ТРЕБАЛО ДА ПОМИНАТ``ЛУДИТЕ ГОДИНИ,,
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.