1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малтретирање од страна на родителите

Дискусија во 'Психологија' започната од winterlover, 16 јуни 2011.

  1. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Се согласувам со vivadani само нема потреба да се јавува по невладини организации истото ке и го кажат :), подобро некој роднина или познат.
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Значи навистина не ми се верува... Девојчево кажува каков проблем има, малтретирано е, тепано, нема блискост со родителите, неосетила сигурност во татковата прегратка, не и е на располагање мајчиното раме да се исплаче кога и е тешко... а вие (се пропазнавате кои) незнам со кое право си дозволувате да кажете дека сепак проблемот е во нејзе, дека нема пороци ама САКА да ги има...абе ајдееее

    Јас како мајка кога би знаела дека моето дете страда заради мене ќе си пресудам сама. Моја мисија на овој свет е да ја заштитам, сакам и да бидам секогаш тука за мојата ќерка.

    Девојче убаво ти кажаа да го споделиш својот проблем со некој свој близок баба, дедо, тетка, вујко... затоа што ниту имаш храброст ниту пак некогаш ќе ги пријавиш во некоја институција... а сите знаеме зошто - затоа што меѓу редовите на напишаното ти ги сакаш и се бориш за своите родители.

    Поздрав и да те читаме со некое ведро и убаво расположение.
     
    На April87, enca.69, machorka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Не сте фер. Разгледајте ја ситуацијата на девојчето, па тогаш вакви коментари.
    Ќе повторам, стварно не сте фер.

    Винтерловер искрено посакувам да го решиш овој проблем. Знам точно како ти е. Ама нема да коментирам за моите искуства.
    Знам дека се чуствуваш осамено, отфрлено, па и преплашено.
    Значи не се многу разбирам во тие служби, ама мораш да повикаш.
    Или ако ти е страв, кажи на некој возрасен роднина. На било кој. Само да е некој од доверба.

    Со среќа! :*
     
    На esperanca, machorka и sanjaeva им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Не е пубертет, сосема е различно тоа за што говори членката, нема никаква врска со пубертет.Единствено што би можело да се направи е да се разговара со некој близок роднина за ситуацијата, значи со некој во кој има доверба и целосно ќе и помогне.
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Баш пред некој ден слушав на радио за некоја невладина организација стануваше збор кажуваа статистички податоци за тоа колку случаи на семејно насилство имале пријавено, колку биле од машки колку од женски пол, кој најчесто пријавувал...
    И најретко семејното насилство било пријавувано од децата, поради стравот дека можат да ги изгубат и двата родители и да завршат на улица, или во поблага варијанта во дом.
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Абе ајде.
    И јас мислев на нејзини години дека сум посвоена, дека ме мразат од дома.
    Со мајка ми 24/7 на ратно поле, со брат ми да не правам муабет. Каков ќотек имам јадено само.
    Секој ден нашколо со нова модринка одев, си идав дома знаев.. кавга следи.
    Не ни паметам зошто беа кавгите.
    "Кај се роди,кај се запусти" ритуална реченица на мајка ми.
    Па што?
    Еве ме.
    Здрава,жива и си ги сакам луѓето.
    Со брат ми кавгите се минимални и тоа 5-10 минути ни траат,а со него не сум правела муабет и со месеци порано.

    Јадам што ќе направи мајка ми? -Да.
    Ме пери?-Да.
    Ми дава пари?-Да.
    Имам покрив над глава?-Да.
    Ми купува облека?-Да.
    Имам колку за пристоен живот?-Да.

    Што и давам за возврат?-Незнам.
    Љубов, почит можеби.

    Сите ќе си дојме на нашето да гледаме деца во ран пубертет. Кога мислат дека цел свет е нивни.
    Мислат дека нема потреба да се грижат нивните родители за нив кога се излезени,а поминало 12.. но има и тоа голема потреба.

    Девојчето за промена треба да проработи на довербата на нејзините.
    Да зборува на нивни јазик или барем да пронајдат заеднички,односно да си седни некогаш со нив и да гледа ТВ,место да кенка како ја мразат и како не и даваат да излезат.
    Кога гледаш дека од сопствено дете не добиваш почит и покрај тоа што уште си го брише газот со твоја тоалетна хартија е многу понижувачки, па уште такви мисли.
    Ако не ја послушаат и покрај обидот да направи некаков муабет со нив и да ги праша каде е проблемот и си го средат односот,значи да.. проблем е.
     
    На palavoto.devojce и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    ...нешто слично како мене...само што јас барем ја имам мајками
    девојко навистина обратисе некаде, дали во невладина организација или не знам каде но ти ора да се обратиш некаде. да, точно, ова е време на инакво живеење од времето на Тито (можам да речам) во кое живееле твоите родители, и не е нормален начинот на кој се понашаат спрема тебе...
    поздрав и среќно :*
     
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    ХЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛП

    Како и да е само ти си знаеш најубаво како ти е и каква е цела ситуација, што и да одлучиш да правиш добро размисли. Ти посакувам многу среќа, мир, трпение, успех и мнооооогу љубов во животот.
     
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски


    Никогаш не си им се спротиставила сигурно и тоа е само од страв, во што потполно те разбирам !!
    Тоа не го доживувам но потполно можам да те разберам !!
    Биди силна и издржи се надевам дека ќе омекнат еден ден. Го разбирам тоа ако таткото е построг, ама не и за мајкати. Јас можам нив да ги наречам само едни себични (со извинување) родители.
    Неможам да разберам како не им се смачило од тоа секој ден да те тепаат и да бидат строги спрема тебе, па зарем тие немаат срце да омекнат па да кажат еден убав збор!
    Биди јака и не потклекнувај на тие нивни глупави, недораснати работи! Тоа да те направи посилна.
    Имам другарка која од нејзините 7 години до сега скоро 20 години таа тоа го доживуваше. А сега кога заврши медицина, се вработи и си изнајми стан, мајка и ја бара само кога и требаат пари а оваа е глува за нивните потреби, несака ни да ги види. А таа мајка и секој ден ја бара и плаче на телефон и и кажува како се каела за се. Така да биди силна и се ќе се среди. Поздрав.
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Имам модрици по цело тело од ќотек? Да.
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Девојче па јас не знам какви се тие родители кои на тој начин ти ги уништуваат најубавите години од животот.Ме интересира поради што те удараат ? Како доаѓа до таква ситуација ? Ако навистина те удараат без причина тогаш тоа е вистинско малтретирање и физичко и психичко.Мораш да се обратиш некому за помош не можеш само да си ќутиш и да трпиш.Побарај помош од некој близок роднина или член на семејството кој би имал разбирање и би ти помогнал.Те разбирам како ти е и јас се почесто имам конфликтни ситуации со моите родители (не толку екстремни) но на некој начин психички ме малтретираат со нивното омаловажување а има и ситуацији кога се добри према мене и се оди од една крајност во друга.Ако е озбилен случајот со твоите родители мора да го решиш затоа што како што кажа ти не сакаш и твоите сестри да минуваат низ истото.
     
  12. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    Не ми се верува дека постојат луѓе кои мислат дека ова што му се случува на девојчево е нормално, па уште и го оправдуваат :o Девојче пробај да разговараш со некој во кој имаш доверба,некој од роднините,можеби со психологот во школо,било кој...Ова едноставно не смее да се случува во здраво семејство, а тие што рекоа дека не е ништо страшно нека се подзамислат :x
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    aright i give up
    советувајте ја како да ги пријави во полиција,како да се јавува во социјални грижи,како да се жали секаде само не на нивните родители
    многу правилно

    Ова на совет ти личи???
    Од сите коментари само 3-4 прочитав онака ДОБРИ СОВЕТИ.
    Во сите останати го имаше истото што го цитирав погоре.

    Како на никој не му текна дека треба прво да направи муабет со родителите, да им кажи како се чувстува, отфрлено и понижено?
    Сите одите до екстремности.
    Како што кажав, сум живеела под сличен таков режим и сега што и да правам за мајка ми, секогаш мора нешто да фали, мора да ме искритикува до максимум чак и за доматите како накриво биле пресечени во салатата.
    Ама не можам да се пожалам.
    Ги имам сите услови, ми помага многу, спремна е на се' за мене.
    Тоа што постојано ме критикува ич не ми е гајле.
    Сега срамота е да се тепаме кога пораснав, како помала ќе ми плеснеше некој шамар.
    Ама,како што растам, се повеќе ги сфаќам.

    Не викам дека е убаво да се тепа дете,ама со овие совети шо ги прочитав ми се стужна -.-
    Не се совети бе, зборувате како да го оставиле девојчето на улица и не му даваат да јаде.
     
  14. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    ^ Да разговара со нив?! Од напишаното јас разбрав дека нејзините воопшто и не комуницираат со неа. Лесно е да кажеш "разговарајте отворено", ама сите знаеме дека во пракса тоа не оди баш така. Се оди во екстремности зошто случајов е екстремен.
    Ама добро, тебе на пример не ти пречат родители кои постојано ги критикуваат и омаловажуваат своите деца, па затоа ги "браниш" на некој начин. Секој со своите размислувања.
    Како и да е, јас се надевам дека ситуацијата на девојчево ќе се среди и ќе може да има едно нормално тинејџерство :)
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Родителите кои ги омаложувааат и малтретираат своите деца се безчуствителни ѓубриња!! што мислат дека можат да постигнат доколку го затворат своето дете дома? :devil: нема да биде запознаено со надворешниот свет и со тоа што се случува надвор,нема да знае како да се однесува спрема другите.. зарем мислат дека ако го затворат во 4 зида или пак го испошлакаат прават нешто паметно? така само го загорчуваат животот на своите деца, прва прилика тие деца све би пробале !!! девојче како прво ако не си кажала на некој близок роднина КАЖИ.. побарај некаква помош од некого,види што ќе се смени,немој да дозволиш и понатаму да бидеш малтретирана од страна на твоите родители потруди се и дојди до АСАЛНО РЕШЕНИЕ.. стварно ми е жал .. :sweat:
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Е ова е многу лоша ситуација, сега ја држат на ремен, како некое куче и кога ќе ја отпуштат после нема да знае што попрво да направи. Знам многу вакви примери, едно 17 годишно девојче мора да се врати до дома на полноќ, ама не е битно што додека се врати три пати се опила и се отрезнила, нели. Битно до 12 е дома. |(

    Не значи дека ако вас ве тепале дека тоа е во ред. Не значи дека ако вашите родители го правеле тоа дека е во ред. Секој си е личност сама по себе. На некој, не ни му чуе што родителот зборува - од едното уво влегло, од другото излегло. Друг па, толку присрце си ги зема сите коментари што најсериозно можат да бидат пречка во понатамошниот живот.

    Јас овде не гледам причина да го истепам своето дете ако посакало да излезе. На што сум го научила - на тепање ?? Браво бе, воспитувач и пол сум.

    НООООО, тука мислам дека претеруваат и двете страни. Малку родителите, малку девојчето. Двете страни треба да пробаат да се стават на местото на другата. Како би ти било тебе кога ти би била родител а твоето дете е надвор во светот, кој да бидеме реални не е којзнае колку безбеден, но не е и небезбеден -и како би им било на родителите да бидат командувани од некого цело време.

    Пробај со оваа ,,техника,, да им укажеш на грешките. Смирете ја малку топката дома, ако немаш некој близок да помогне, обиди се самата себе да си помогнеш. Ама на смирен начин, ова тепањево воопшто не ми се допаѓа. :^) Сепак треба да бидеш благодарна за се што ти пружиле. :)
     
  17. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Само ти можеш да си помогнеш... ако мислиш дека ќе ти биди поубаво да ги пријавиш пријавиги....ако мислиш дека можеш да трпиш уште некоја година трпи...па послем сама ќе си го средиш животот....таквите родители...не залужуваат да ги викаш мама и тато.....знам дека е тешко но ќе помини..ич да не се сеќираш..затоа што твоите нерви не ќе можи никој да ги врати
     
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Луѓее, според мене претерувате малце, како да е таа крива..

    Криво ли е едно нормално девојче исто како вас? Таа ли сама несака да биде како другите? Таа ли сама несака да излегува? Таа ли сама сака да јаде ќотек? Самата ли си го прави ова? Не.

    Како може во неа да е проблемот, кога и самата си кажува дека бара совет.Да беше до неа, немаше ни да ни пише тука. Пубертет? Ма каков пубертет. Што е сега пубертетот крив, па го окривувате за нешто што не го направил. Пубертетот си е мирен.. Самоо, се чудам за оној другион "пубертет" што ги фаќа нејзините родители :x Дај боже да е пубертет па да им помине. Ако вие сте го доживеале тоа, па зарем не треба баш вие, да да ВИЕ, вие да ја подржите.. Зарем вашето искуство не ве довело до правилниот пат? Ако одговорот е Не, ете што може да и се случи и на неа ;)

    Уште еднаш со среќа понатаму во животот :*
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  19. winterlover

    winterlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Помеѓу смртта и болката



    Смрт.
    Смртта не е ништо друго освен еден нов почеток на нова дестинација и не е ништо во споредба со грдата,неминлива болка.
    Се поминува , се се подобрува со тек не времето,но не и болката која те јаде одвнатре.

    Да живееш од ден за ден .

    Да заспиваш доцна со наводенета перница на која се исплачени илјада спомени,маки,емоции па и по некоја невозвратена љубов, и да се будиш рано наутро врескајќи и вдишувајќи го воздухот насилно од страшните долги кошмари.

    Да гледаш како твоите луѓе муѓусебно водат војна, се понижуваат,уништуваат и уживаат во прашината на туѓата тага и болка.

    Да копнееш за нешто со години,а да неможеш да го имаш.

    Да седиш сам, надевајќи се дека сепак некој ќе се сети дека сеуште постоиш.

    Да плачеш со часови и да се гушиш во темните облаци на туѓите гревови.

    Да наоѓаш причина за насмевка и покрај невремето кое ништи внатре.

    Да неможеш да сметаш ни на свој најблизок а знаеш дека животот и душата ќе си ја дадеш за него.

    Да се качуваш и качуваш по долги скалила за да ја дофатиш среќата, да помине несреќата да те турне .. и пак се отпочеток.

    Да живееш во замок со под од спомени,ѕидишта од тага а сепак покрив изграден од верба и надеж..

    .. ноо, од "подоброто" ни трага ни глас.

    Да си неприфатлив од најблиските.

    Ти да умираш за друг остане жив!

    Ти да тагуваш,за да друг си ја задржи насмевката на своето лице

    ТОА Е БОЛКА !


    ..а, јас искрено веќе одамна посакувам да сум мртва.


    * мејд бај мајселф...лето '10* :(
     
    На 3m43, Eileen и Linn1 им се допаѓа ова.
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Да, нека го направи ова и после да ја нокаутираат. |(

    Девојко, јас искрено не сум за од оние кои што би те советувале да ги пријавиш. Многу поголем проблем може да искрсне подоцна, а јас се сомневам дека ти би можела да го носиш и тој товар на својот грб.

    Веќе си голема и не се работи само за твојот живот. Тука се и животите на твоите две сестри, кои што се помали и кои што нормално имаат потреба од заштита. Таа заштита си им целосно ти, ти си нивното рамо за плачење, ти си онаа која што треба да се грижи за нив.
    Многу ми е жал навистина, порано и јас имав проблем со строгоста на татко ми, сум поминувала денови дома под казна за најбанална работа додека сите надвор си играле, сум пропуштила многу родендени и забави баш поради него. Но, еден ден буквално застанав и реков ДОСТА Е, нема веќе солзи, нема веќе нервози, толку беше.
    На почетокот ми беше многу тешко да го игнорирам, но сега мислам дека полесно нешто не можам да направам. Исто така научив и други работи како што се да не подлегнувам на провокации и да не враќам после секој кажан збор на другиот. Работиве ми помогнале доста и во комуникацијата со останатите луѓе во секојдневието.

    Според мене, имаш две опции.

    Првата солуција е, да пробаш да „оладиш“ малку, пробај игнорирај ги. Прави онака како што ти велат, не се бунтувај, затоа што твојот глас ионака знаеш дека не вреди ништо во таа куќа. Кога ќе те искараат за нешто, кажи им дека имаат право и дека веќе нема да го повториш истото. Така прави секој пат, но биди внимателна и не биди никогаш ти онаа која што ќе ја предизвика прва караницата. Со тек на време сигурна сум дека ќе им здодее да се караат, а и ќе сфатат дека веќе не се замараш како порано па и делумно би требало да престанат со малтретирањето.

    Втората, според мене подобра опција е, да седнеш и да разговараш со нив. Пробај направи еден сосема опуштен, но доволно поучен за нив муабет. Притоа, немој да ги обвинуваш за нешто, туку кажи им ги своите желби, потреби и слично.
    Ако сеуште поседуваат грам човечност, сигурна сум дека ќе допреш длабоко до нив.

    И, биди храбра. Имаш тешка животна задача, но се надевам ќе ја научиш лекцијата. Ќе те награди животот и за ова страдање, само ти биди храбра.

    :hug: