Малтретирање од страна на родителите

Discussion in 'Психологија' started by winterlover, Jun 16, 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    многу ми е жал за тебе и твоите сестри едноставно никој не заслужва такво детство од болни исфрустрирани луѓе кои неможам да ги наречам родители,тој збор би бил преголем за нив...
    Ќе бидам кратка и јасна јас на твоите години бев многу храбра и мн.размислував здрело,значи седни да размислиш како да ја решиш оваа ситуација а не сеуште како да ја поднесуваш на тоа му нема крај а понатаму ти во животот само ќе тонеш болката уште ќе ти се зголемува со страдањето на твоите сестри мисли и за нив,можеби ова е преголем товар за тебе и за твоите години но несмееш повеќе ова да го трпиш и да премолчуваш мој совет е да ги пријавиш во најбрзо време немој воопшто да се двоумиш имаш докази ги имаш серстрите на твоја страна а можеби и други сведоци ништо немаш напоменато во врска со тоа незнам...Јас на твое место би ги мразела и све би сторила да ги сопрам и да ги заштитам своите сестри незнам ни зошто не се довериш на некои поблиски роднини да им го кажеш сето ова не верувам дека би останал некој рамнодушен на ова...
    Само храбро оди да ги пријавиш овие луѓе треба да си го добијат заслуженото и не заслужуваат да бидат ваши родители :puke:
    со среќа...
     
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    13,217
    Gender:
    Female
    -Можеби е човечки малку ќотек, не сакам да се преценувам!
    Што мислиш со ова, дека некој заслужува ќотек. Веќе ти ја разнишале самодовербата и самопочитта и време е да превземеш нешто. Не се работи само за модрици по телото туку и за лузни во душата. Јас веднаш не би советувала социјални служби или полиција. Сум имала некои вакви искуства и со сигурност знам дека ова не функционира кај нас. Се е тоа еден комплициран административен круг кој ќе се сведе на неколку совети и заклучок бунтовен пубертет. Пробај прво со некоја личност од доверба некој што ги знае твоите, што може некако да им стави до знање дека те повредуваат на секаков начин. Не го оправдувам малтретирањето, но неколку работи не ми се јасни? Те тепаат само околу излегувањата, не те пуштаат со твоите врсници, те чуваат во четири зида како што велиш. Обично лошите родители не се грижат каде скитаат нивните деца. Немате ли впечаток дека овие родители имаат некаков проблем со себе,можеби стравуваат, сакаат да те заштитат од нешто а не знаат како. Ти се буниш а тие посегнуваат по ќотекот бидејки незнаат како поинаку да се справат. Размисли, па во погоден момент обиди се да поразговараш со нив и да сватиш што се случува во нивните глави. А и двајцата се здружени како што сфаќам што во пракса е ретко. Обично еден од родителите е поагресевен, а другиот молчи и трпи. Проанализирај го и своето однесување што можеш пообјективно. Повторно велам, апсолутно сум против било како вид на малтретирање психичко или физичко, но некои родители едноставно неможат да се справат со промените кај нивното дете во пубертет. Какви беа во твоето рано детство, те галеа ти пружаа ли љубов кога беше помала, па сега се сменија? Еве, можеби е најпаметно првиот чекор да биде училишниот психолог, кој може и тебе да ти биде значајна поддршка, но и нив ке ги повика на разговор.
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,674
    Ајде сега форумџиски светици и ова ли е пубертет?
    Ако и е, тогаш трае долго... и болно.
    Ако и е, тогаш, зарем не беше пубертетот еден убав период од животот... но зошто не е и за нејзе?
    И, и да е пубертет... па и да беснеат хормоните, да врие крвта...треба ли родителот да крене рака на своето дете? ( несмее ни на друго дете, фала богу)
    Што сака нека е, родителот треба да се грижи, да го чува, заштити и сака своето дете.. па макар тоа било и најбесното, најнекултурното и најдрското дете, затоа што тоа дете кога се родило била чиста и невина душа...а тоа што е сега е наш родителски пропуст.
     
    enca.69 likes this.
  4. annii

    annii Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2010
    Messages:
    3,342
    Likes Received:
    5,891

    Можеби ќе бидам офф-топик, но го прочитав ова и сакам да кажам свое мислење.
    Пишав во една тема, не се сеќавам која, но не е важно сега, важно е дека не сум тепана од моите родители. Кај нас се' завршуваше со добар разговор. Ти велиш си малтретирана, а ова што ги имаш погоре напишано и јас до пред помалку од една година го мислев. И јас сум во пубертет. Секоја вечер плачев за некои работи кои поминале, нешто што го неам и сл. Не би коментирала за малтретирањето, бидејќи не сум доволно возрасна за да можам да ти дадам некој добар совер. Само сакав да ти кажам дека половина ако не и повеќе од половина од личностите кои ги знам, а се во пубертет ги имаат дел од овие погоре проблемите, ако можам така да ги наречам.
     
  5. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Joined:
    Mar 23, 2011
    Messages:
    134
    Likes Received:
    35
    да ѓи пријавиш можеби ќе бидеш заштитена .. или пробај и разговарај со нив .
    немаш некој роднина близок да те заштити ?
     
  6. brunete

    brunete Истакнат член

    Joined:
    Jun 7, 2011
    Messages:
    209
    Likes Received:
    39
    Најдобро е да ги пријавиш! На тој начин ќе се заштитиш и ти а и твоите сестри! Мене ми се нема случено такво нешто но знам еден пример.Една моја другарка и нејзините браќа беа 13 години под физичко малтретирање од страна на нивниот татко (пијаница) .После тоа девојчето реши да разбовара со педагогот во школото и со нејзина помош го пријави татко и во МЕЃАШИ.И отогаш татко и се смени.немаше кренато рака на нив.сегде искчаше.И она ко тебе се плашеше да го пријави и ете го пријави и се се смени на подобро...
    Тоа ти е мој совет срцко.
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    5,541
    Likes Received:
    174,399
    Тоа е тоа,такви се некои родители и колку и да се трудат некои „деца“ ,многу малку може да се смени.

    Гледајте на долги стази,потрудете се ,со сите сили,да станете свои луѓе,да не зависите финансиски од нив(поштено стекнати средства,а не по секоја цена-неморални работи)

    Кога нема да зависите од нив,поинаку ќе се справите со проблемите и нервозите по дома.До тогаш гледајте некако заштитете се(роднини-баба и дедо,служби за соц.подршка и сл)

    Ваквите проблеми со родителите,нека ви дадат сила и мотив побрзо да застанете на свои нозе и да излезете од пеколот во кој секојдневно се будите.
     
    Allthatglitters21 likes this.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Не би го нарекла јас баш така ,, малтретирање од страна на родителите,,. Сето ова што го пишува девојчето си има некое минато и причина т. е корен за да сега кога е таа во пубертет излегува на површина кај неа со некоја си блага депресија или незнам како да го наречам стручно.
    Мислам дека не постојат такви родители кои за ич ништо би го малтретирале своето дете. Ако е семејно насилство тогаш сите 3 сестри би биле злоставувани и малтретирани, нели, или во краен случај мајката ќе биде тепана-малтретирана.
    Девојчето (не и го запаметив никот) треба само правилно да се постави, избори за своето јас за да биде сослушана од страна на своите, докаже дека е на прав пат а не да се затвора во себе.
    Не го оправдувам тепањето кое носи само физичка болка која поминува за неколку дена колку што повеќе боли психичката болка. Еден отворен разговор со своите родители на кој ќе издејствуваш дека ти веќе не си дете (и поред тоа што за нив секогаш ќе си дете, нивна ќерка) туку човек кој се гради и надградува постојано.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    извини Славица но воопшто не се согласувам со тебе
    Според тебе девојчето е во пубертет и погрешно си ги протолкувала работите но ако го прочиташ повнимателно нејзиниот пост мислам дека ќе сватиш дека тоа не е така
    има само 15 години да таа е во пубертет и затоа сега е најранлива и и треба родителска подршка љубов и разбирање вели никогаш не се бројат нејзините награди само грешки како може тоа да го прави грижлив и вистински родител НЕ вели дека целата е модрици по телото зошто?нема ниедно оправдување за да добива толкава казна ако можа така да ја наречам зошто од тоа малтеретирање да има трауми и да има кошмари дете од 15 години па како ќе се развива таа понатаму како личност со такви родители?
    во нејзиниот пост не прочитавме еден убав збор за нив таа има страв од нив тоа се родители?немој ти се молам а и да има родители кој без причина малтеретираат деца родители кој нивните комплекси ги лечат на нивните деца родители кој нивните неуспеси во животот сакаат да ги покријат нивните деца,луѓе кој не ја сватиле суштината на брачната заедница и на семејството кој меѓу себе немаат заеднички јазик расчистени сметки и удри по нивните деца
    треба малку да се замислиме...
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Пубертет???? Имате бе вие очи да прочитате што сте напишале?? (си знаете кои сте)
    Прочитајте го првиот пост на глас, пробајте да го обработите со мозокот и потоа искоментирајте!!
    Јас не мислам дека ова е пубертет и дека туку така, само од себе ќе пројде!! Девојчето не наведе дека е некоја бунтовничка, дека се однесува не знам како или сл. Јасно кажа дека е малтретирана практично од самото раѓање, дека дома не ја сметаат за човек...
    Разговор со родителите?? Јас тоа не го препорачувам! Не зашто тоа е лошо, туку затоа што нема начин да го оствари!
    Не! Не е човечки малку ќотек, а не е човечки ни многу ќотек!! Повеќето од нас, кои имале да речам нормално детство, јаделе ќотек зашто ги растуриле играчките и не ги собрале, биле искарани зашто се скарале со другарчето од градинка, но сето тоа било сведенно на минималност. Било за поука! И тој ќотек со текот на годините го снемувало! Не верувам дека на 15-16 години родителот сеуште си го тепа детето кое е примерно, кое не прави бељи и сл.
    Тебе те тепаат за безвеза, практично! Рече дека си секогаш насмеана, дека не им го прегазуваш зборот на родителите, дека си спремна да помогнеш на други и тоа е добра особина и среќничка си што ја имаш (макар и само за пред други да е) со оглед на ситуацијата!
    Да ги пријавиш јас не би рекла дека е најдобра опција. Зошто? Зашто ако се докаже дека е вистина тоа што го зборуваш тебе ќе те земат од нив, но ќе те остава во дом за деца без родители! Таму нема да си тепана (верувам), но нема да имаш бог знае што. Ќе те чуваат до 18 години, а потоа ќе мора сама да се снаоѓаш.
    Искрено, не знам да ти дадам добар совет, но еве ќе ти речам да ги игнорираш. Пробувај колку можеш да не зависиш од нив! Пробувај сама да се снаоѓаш, гледај си го школото, а кога ќе можеш да заминеш од таму, прибирај парталите и оди си! Наскоро ќе имаш 18 и ќе можеш и работа да побараш и се...
    Но, ако ќотекот продолжи и понатаму не трпи го! Барај начин и казни ги! Како?-Ќе одлучиш сама!
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Немора да се согласуваш со мене, јас само напишав свое мислење, а ако ти го добро прочиташ ќе сватиш што сакам да кажам.
    Па како да ја добие родителската подршка??? Да оди во невладини организации или институции и да бара помош?? или пак да пријави семејно насилство??
    Немој да ме реплицираш што сакав пишав
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    на убав начин наведов дека не се согласум со тебе и поради тоа морав да те реплицирам ти наведе свое мислење јас наведов дека не се согласувам со тоа ништо страшно така?а како што можа да забележам и други не се согласуваат сепак нема да навлегувам
    просто и едноставно неможеш да имаш родителска подршка од ваков тип на луѓе кој за мене се умно болни дали да ги пријави? ДА стојам цврсто позади ова и има добиено огромна подршка да го стори тоа
     
    enca.69 likes this.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Колку и да се малтретирани не може туку така да се пријават, па пред се сепак се тие родители, сигурно без ништо тие не се однесуваат така, мора да постои нешто и за тоа треба девојчето да разговара со нив, оти само со разговор може тоа да се реши, што ако ги пријави?
    Па после тоа што ќе биде? Сте размислувале за тоа или само најбрзо решение сега пријави ги и после ти думај си се и сносисе со последиците важно ние сме ти дале совет.
    Од ко ке пријавиш тоа не знам какви постапки се, ама мислам дека со сестрите можете да завржите в дом, а тоа го сакаш ?
    Родителите сепак би требало да мислат најдобро за тебе и сестрите, ако се свесни ќе се освестат, со разговор и покажи им почит, ако не ви се убави односите, подобрете ги, а ти биди главниот иницијатор за тоа, биди многу послушна, зборувај со сестрите, договорете се, направете им еднаш еден ручек убав и мора да се среди се, не е убаво тоа што го пишуваш.
    Значи мора да размислиш од каде таа агресивност кај нив и зошто ве малтретираат, викаш од дество, па што се случувало зошто се толку огорчени и земале да решаваат проблеми со котеќ ?
    Има 16 ко што пишуваш, штом знаеш да побараш совет, седни размисли, разговарај со нив на најдобар можен начин и заедно увидете го причинителот на проблемот ако го има, очигледно го има, оти нивното понашање не е нормално без разлика ти како се однесуваш.
     
  14. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Joined:
    Apr 10, 2011
    Messages:
    320
    Likes Received:
    147
    Истата сум и јас..моите не се нормални луге..шо можат да се разберат со разговор,до пред 4-5 месеци идев со модринка на образот,татко ми ме дрецна од ивицата на креветот,Зошто? Мобилнниот ми бил исклучен,а сакал да види пораки..од дечковци,не еден туку 20,курва сум за нив,мајка ми на 13 јули 2010 ке ме задавеше..а и со секира ме бркаше како од хорор филмови(можеби малу смешно,ама верувајте тогаш мене неми беше)а да ке заборавев и тоа режимот на Дарамраџ Махијаванши,бркање од дома,прекинување на крвни врски, чист пример кога ми рече ‘Од денес,не ти сум мајка,јас ке одлучам кога ке ти сум‘-незнаев дали да плачам или да пукнам од смеење..а да несмеам да излегувам поле 12 саат,освен со роднина као демек немале доверба-па и јас немам во нив,школото им било најбезбедно а јас таму сите можни глупости ги направив..да ке заборавев не сум имала срам што ида со муслиман (они не знаат дека идам,знаеја дека ссамо по телефон се слушаме)и уште крената во носот сум одела,па фала богу ке идам,не убив никого..само се вљубив.али ова кај нив не иде..ако имам дечко курва сум..ако имам обетки повеке од по една на ушиве и една на нос,и ако пушам цигари наркоман сум,а мајка ми тегнит по 2 кутии на ден..за све ја крива едноставно само ложите работи се паметат а добрите ништо..ни трага ни глас...ги пријавив во полиција ама татко ми голем чоек џоа Али Риза со сите пријателчиња таму ништо не бидна..така да бев на психолог..и мајка ми отиде таму јас сум ненормална и тоа сум го заслужила,јас к*рот го јадев и тоа отпозади за све,
    ..сакам да ти помогнам ако сакаш не само ти било кој нека ми пиши лп Ке помогнам со совет :) Поздрав :) и све најдобро
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    мн.ми е жал многу страшно и јас не сум во некој однос со родителите со таткоми не зборувам зошто едноставно човекот незнае да направи муабет да те сослуша и да ти помогне или даде совет не ни сакам да зборувам но никогаш никогаш нема кренато рака на мене но со зборови ме има навредено што боли повеќе,мајками кога бев малечка строга беше посебно околу школото сакаше прва да бидам во све инаку ќотеци и тоа не го оправдувам ама сега се смената 360 степени и да ми се случи нешто прва ќе дојде да ме праша како што брзо ми простува и колку може ми помага а како мала со таткоми бев неразделна прав другар но сега за мене тој е др.човек не осеќам дека имам татко за жал
    со текот на годините душо кога ќе станеш самостојна нема да имаш потреба од твоите родители страшно неможам да повервам какви луѓе постојат :x
     
  16. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Joined:
    Apr 10, 2011
    Messages:
    320
    Likes Received:
    147
    И јас тоа го чекам за неколку месеци ке почнам да живеам сама,барем мир ке имам,знам тешко ке е од почеток,ама ке издржам :)
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    подобро да живееш сама во мир отколку во друштво со луѓе кој ти вршат постојано тортура и само си ставаш стресови :x не си ни прва ни последна која живее настрана од родителите дури ти блазесвам ќе има и лесни и тешки денови но барем ќе бидеш спокојна ;) со среќа
     
    unhappyy likes this.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,979
    Анхепи, мислам дека твоите родители се некако изреволтирани од твоите постапки, но не знаат како правилно да ти го кажат тоа. Стварно не е во ред, бизарно е да читаш дека можно е така да го третираш сопственото дете. :x

    Не си направила нешто трагично ако имаш повеќе обетки, па и пирс. Можеби не си им кажала, си го ставила без нивно знаење, ама да те брка низ двор сопствената мајка со секира ?? Па, не си убила човек, побогу. Или пак тоа со пораките, не знам колку години имаш, но... :o

    Знаеш, и јас би била револтирана ако моето дете прави нешта без моја дозвола, но никогаш не би отишла до таму да го траснам од иверицата. Сигурна сум и дека не ти ја одобруваат врската со муслиман. Не сакам да навлегувам дали е тоа правилно или не, ама штом за едни пораки си носела модрица, за ова не знам што би ти направиле.

    Дефинитивно не знаат како правилно да постапат со тебе. Добро е што сте отишле на психијатар, како што гледам, безуспешно. Треба да научат како правилно да го насочуваат бесот, ништо не е толку трагично. Не сме во џунглата па да се тепаме со секири и глупости, плус не си мало дете, се може да се реши со разговор.

    Пиши ако треба нешто помош, совет... што било. :hai:
     
    danniela5 likes this.
  19. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Joined:
    Apr 10, 2011
    Messages:
    320
    Likes Received:
    147
    Знам истото им го зборувам и на нив фала богу се разбирам со муабет срека сега посмирени се,одкако бев во полиција..сите полицајци ми дадоа број,во случај нешто да испадни,знаат еднаш сум направила ке направам и по вторпат ама потрагично,претходно им викав ке идам во полиција,а они не неможеш..ке видиш ке те вратат,да ме вратија и бев исчезната и пријавена..а после фино лепо све им раскажав на сите што ги сретнав..
    ке видиме за понатака,се надевам нема ништо да бидне додека не заминам а после ако сакаат и очи нека си извадат !
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Joined:
    Aug 31, 2010
    Messages:
    3,749
    Likes Received:
    8,670
    Gender:
    Female
    како тоа ќе заминеш? кај ќе заминеш ? :o