1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малтретирање од страна на родителите

Дискусија во 'Психологија' започната од winterlover, 16 јуни 2011.

  1. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Видете, човечкиот ум е многу комплициран , по комплициран отколку што може да очекуваме ..... Врз основа на тоа треба да гледаме да му дадеме совет на девојчево а не да кажуваме што мислат нејзините родители , зашто не ги знаеме кои се, какви се ... Тука има некоја шема напишана за нив врз која треба да дадеме коментар. Сигурно она не би се пожалила на вакво место со скриен идентитет а не на некој близок ако мисли дека може да го направи тоа . Сега се оформува како личност и сите овие работи ке влијаат на нејзиниот карактер сигурно - кога тогаш.
    Миличка издржи уште барем 2 години , зошто уште неможеш ништо да направиш ништо во врска со тоа, а пријавувањето ке ти биде најголемата грешка затоа што живееме во рупа , изгледа господ не казнил коа решил да се родиме тука , да си некаде во странство тоа е ок ама тука не би ти препорачала .. Издржи ги барем за двете сестрички .. Потребна си за нив двете !
    Ти посакувам среќа и трпение .
     
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Баба ми ми ја препиша куќата..а несакам таму да одам со секој момент што ме гледа и се вракаат спомени како идев посината,со прсти на фаца и по цело тело,несакам на никој да му бидам на товар..или некој поради мене да бидит во непријатна полижба во нејзин случај да бира помеѓу керката и внуката несакам ..единствено сакам да се осамостојам да најдам работа,стан,да застанам на свои нозе и да бидам со дечко ми..тоа ми е најбитно
     
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    криво ми е кога слушам вакви болни работи...
    зошто не отидеш во социјално или детска амбасада мегаши ?
    разговарај , види.. немора одма да скокаш..
    на крај краева доколку се пријави случајот како семејно насилство судот ке им го одземе старателството а ти ке бидеш сместена во дом или во друго семејство..
    размисли дали го сакаш тоа... размисли убаво..
    бидејки коа ке направиш некои работи нема назад...
    секој има право да биде слободен и срекен .......
     
  4. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Истото се случува и кај мене... Моите успеси и трудот никогаш не е признаен... секогаш се бројт грешките и лошите постапки... Ова е 4 ден како навечер пред легнување плачам по најмалку 1 час... Откако сум се родила па со сега еве веќе ќе правам 14 години не сум слушнала убав збор од мајка, утеха, прегратка , а не камоли бакнеж, бранење или пожртвуваност за мене...Како да продолжам? не е во прашање еден или два пати туку секој ден.. Се плашам...секоја вечер плачење, нервози...До кога? се си има граница... ако се продолжи вака сигурна сум дека ке полудам. Ги гледам моите другарки и врснички среќни и секогаш ги молам нив, НИВНИТЕ МАЈКИ да ги прашаат за совет затоа што јас неможам да се справам со мајка ми...Мојата најдобра другарка имаше ваков проблем, седна, поразговара со мајка и, и го кажа приблемот и од тогап жената отиде на психијатар и пие апчиња за нерви и сега е супер жена...сум и го предлоќила ова на мајка ми но наидувам само на поголема карааница, викања и КЛЕТВИ ;( Најдобар одговор кој би ми го дале би бил: поразговарај со неа, кажи и го проблемот, ќе сфати...Но не, не е така... колку пати сум и кажала но не, не, и не! не сака да сфати и уште повеќе се разгорува огнот! Мислам дека нема надеж и спас од ова... Секој ден ме нарекува НАРКОМАНКА, ДРОГИРАШКА,ЛУДА,МЕНТАЛНА затоа што сум седела на компјутер до 12 навечер, затоа што сум излегувала со мите другарки и што се забавувам...НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ, НЕМОЖАМ.
    Сепак јас сум добра личност, секогаш ведра и расположена, спремна да дадам совет, да сослушам, секогаш насмеана...но незнам до кога вака...
     
  5. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    Многу ми е жал за тебе... Незнам како да ти помогнам ;( ;(

    Сведок сум на такво насилство на моите соседи а воедно и роднини... Сакав да пријавам, но мајка ми вика срамота било ќе знаеле дека ние сме ги пријавиле и ќе било греота за децата од кое едното е како тебе 16-17 год возраст а другото само 12 год. знам дека е греота за нив, но зошто да расат во таква средина. Дури престанав со нив да се дружам затоа што постојано те лажат во лице ... имаат трауми дури и дознав дека мајка им која им се дере секој ден и слушам како тропа со нешто и како тие плакаат ми се кине срцето дознав дека и нејзината мајка била иста значи таа пораснала во таква средина и место да ги учи децата дека тоа не е праведно и да ги израсне со љубов таа ... И таткото е исти... И не сме само ние сведоци се имаат и жалено и други соседи но никој нема пријавено тоа е голема неправда... :sweat: ;(
     
  6. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    На вакви родители им треба помош. :x
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Јас пораснав во таква средина и само едно ке ви кажам, книгите в раце заради себе и гледајте напред. Обидувајте се да избегнувате конфликти бидејки фајде нема туку трудете се да станете имуни. До ден денешен имам флешови...
    Немаше ден, ама буквално немаше ден мајка ми да не не измзга. А сум била одличен ученик, и брат ми исто, јас 4ка во свидетелство немам, по натпревари секогаш награди земав, на факултет 7 бев на список без никакви партиципации, за автомобил положив веднаш. Абе деца за пример сме биле, нит цигара сме запалиле, ниту алкохол. Брат ми е 32 години, дали ке ми верувате дека чашка ракија нема испиено во животот? За излегување да не зборувам.... Пораснавме во страв. Јас сум со два факултета, брат ми ја подготвува магистерската теза - едно браво бе деца ни нема кажано, убав збор - нема шанса. Дури други си ги фалеа децата, татко ми не оговараше по роднини :( Пред да се преселиме во куќата, живеевме во гарсоњера па откако пораснав 13-14 години, јас од мај до октомври пешачев секоја вечер до баба ми по 30 минути низ албански маала за да преспијам па наутро дома. Беше голем човек и неколку пати ми има ударено шлаканици од кои сум носела модринки на лицето. И двајцата растеле во тешки средини но не ја сваќам потребата да ни нанесат бол на нас, уште повеке бидејки самите имаат преживеано па знаеле како е. Мајка ми до денеска ме нема погалено, бакнато, прегрнато.
    Со вакво минато јас како родител не дозволувам прашинка да падне на моите деца. И секогаш ке бидам тука за нив. И оставаме да се искажат што сакаат, го слушаме нивниот глас. Сметам дека нормални личности можат да се израстат само во хармонично семејство. Не дека родителите никогаш нема да се скараат или секогаш ке има пари или ке ви дозволат се што ке посакате, но со смирен разговор се се решава.
    Пред малку пишав во Испукајте се, сеуште ме јаде. Мажена сум, комплетно независна од било кој и мајка ми сеуште успева да ме извади од такт. Посакувам да бев помалку чуствителна и да не обрнував внимание ама ете не сум. Некогаш имам потреба да појдам на психијатар бидејки минатото навистина ме мачи....
    Се надевам дека ке им дојде умот на вашите родители и нема да ве унакажат за век, што ми се случи мене (и на брат ми).
     
    На LaraSolare, Moira, Lola-M и 2 други им се допаѓа ова.
  8. pepperutka30

    pepperutka30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Драга winterlover многу ми е жал што поминуваш низ таков период. Те разбирам дека ти е тешко и дека се чувствуваш лошо. Тешко е сама да се справуваш со толкави проблеми и да носиш толкав товар на двојот детски грб. Без оглед дали родителите се револтирани или нервозни не смеат тоа да ти го причинуваат. Но барем во овој момент имаш разно разни програми каде можеш да побараш помош.
    Убаво би било доколку имате училишен психолог да разговараш ако не до сега не си разговарала, би требало да знае каде да те насочи.
    Потоа имаш центар за насилство каде можеш да го пријавиш истото и тоа телефоните се 02 15 700 или на 02 15 315. Можеш да се обратиш и во центарот за социјални грижи. Шелтер Центар –Скопје 02 2772-400 / 070 520-639 се занимаваат со насилство врз жени но секако ако им се обратиш ќе те упатат што и како. Можеш да побараш и психијатриска помош во центрите за ментално здравје и на Универзитетската психијатриска клиника.
    Најважно од се што треба да запомниш дека без оглед на се ти не го заслужуваш тоа што ти се случува, твојот живот е во твоите раце, земи побарај помош и бори се за себе си!
     
  9. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    Пријави.. нема друго решение
     
  10. natalija.r

    natalija.r Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Имам 17 години..Постојано се јавуваат проблеми со моите родители..За секоја ситница започнуваат кавга, а јас пак слаба со живците секој ден плачам..Незнам како да најдам решение..Направи она направи тоа..Се ќе послушам на крај од мравка прават слон, почнуваат забрани..нема ова нема тоа....Неможам да ги сватам..Ако може некој совет..
     
  11. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    За совет од мене може секогаш. :)
    Значи родителите сигурно не се во право.А и сигурно ти не си виновна (а ко е вака како што кажуваш).
    Ама зошто да плачеш,кога не вреди?
    Кога почнуваат да се расправаат ти само излеези си и не ги слушај,па и така си доволно голема,излези надвор,уживај,шетај,дртужи се.
    Не создавај ситуација за расправии..............
    Незнам колку ти користише советов,ама најлесно ке ти биде да одбегнуваш расправии..... :) ;)
     
  12. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    никогаш не сум наидела на вакви ситуации во мојот живот и се надевам дека нема :/
    и да мислам дека треба да пријавиш во социјално :/
     
  13. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Абе собери си ја храброста и оди во полиција...таму ќе му одржат лекција и нема ни на крај памет да му текне да те пипне.. ама можеш и во социјално..(не се разбирам баш..)
     
  14. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Ајде, ајде не се филмај се е само период ќе помине и јас сум поминала низ ова па еве сега не мислам така се смеам кога ќе се сетам какво смешно детиште сум била си мислев дека ме мразат моите родители дека ме малтретираат психички ова она а бе глупости.
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ти си сега во тие години кога работи пубертетот кај тебе.Тие се плашат дека ако ти дозволат да правиш се што сакаш, односно што мислиш дека треба и е правилно, можеш да згрешиш.Едноставно гледаат како растеш и се оформуваш во личност,но не знаат како да се однесуваат за да те однесат кон правиот пат.Ти треба да седниш и да разговараш со нив,да им кажеш дека не смеат да ти забрануваат ништо за што мислиш дека е правилно ти. Ако не успее разговор мораш да бидиш силна и да не покажуваш слабости,пробај одреден период да не им контриш и да ги игнорираш ако ти кажат лета магарето,ти лета.Само така и ќе се промени ситуацијата се надевам ти помогнав некако :*
     
  16. natalija.r

    natalija.r Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    фала многу за советите..али некако се е залудно..пробав да разговарам со нив..ама не ме свакјаат..се тргам настрана од расправии уште одамна..ама сепак се закачуваат за мене...стварно незнам дали има начин ова да се промени..
     
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Оффф душо побарај побарај помош од соцјално..Тоа не се трпи..Се надевај дека ќе собереш храброст да го направиш тоа..
     
  18. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    После ова што се изначитав сфаќам дека секој не ја заслужува титулата родител!
    Отсекогаш сум мислела дека тоа што ми се случува мене не му се случува на никој друг, а сега гледам дека имало поекстремни случаеви од мојот.
    И јас бев израсната со ќотек и постајани викања, омаловажувања, ограничени излегувања и слично особено во пубертетот. Но тоа не се смени после пубертетот, само се намали. Татко кој си дозволува да дигне рака на полнолетна девојка ..да да..и ден денес тоа влијае врз мене,мојата самодоверба :( а уште потрагично е што мојот 24 годишен брат не ретко се осудува да крене рака на мене , сметајќи го тоа за нормално. Имало од кого да земе пример. Иако сум била претепувана од него не ме болеа толку модринките на телото и лицето колку тие на душата.Мајка ми е еднинствената личност што е покрај мене да ме подржи(незнам што би правела без неа) и така на некој начин се обидувам да останам јака и да бидам имуна на се што се дешава дома.Но реално во вакви ситуации најтешко е да гледаш како семејството ти пропаѓа, а ти си немојќен да сториш било што.Се помирив со тоа..
    Најголема казна за детето е едно дисфункционално семејсто. Голем дел спомнаа доколку родителите на таткото се однесувале така, влијаат однесувањето кон неговите деца. И тоа е точно. Дедо ми(на татко ми татко) ја тепал баба ми бидејќи не можела да има деца неколку години по ред,за накрај да роди 5 деца(има господ) еве сега татко ми влијае и на брат ми..сепак се е до нашата самосвест..некој тоа го сфаќа премногу лично и станува агресивен, некој чувствителен но се обидува да остане нормален(што е многу тешко, влијае на психата).
    Ве разбирам сите и јас сум поминала многу и уште поминувам, само што не комуницирам со брат ми и со татко ми и незнам што би правела без мајка ми...мислам ми украдоа дел од мене,оставија голема празнина што никој не може да ја пополни. Но едно сум сигурна моите деца ќе бидат воспитани како што доликува и треба за една млада.здрава особа.
    Сите вие што сте претрпеле многу , сте ги осетиле најаките удари во животот и треба да знаете дека сте многу храбри..големите срца трпат и големи болки нели? Затоа главата горе , токму овие удари можат да ви дадат неизмерна сила да постигнете нешто во животот , а другите да се подзамислат малце. Од мене ја имате цела моја љубов и подржка!! :* :* :*
     
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    епа ова се случува во семејството (ако може така да се нарече) на мои па и не толку блиски но сепак роднини..мажот слободно можам да кажам дека е алкохоличар, ја тепа жена му и две од неговите три деца, најмалото има околу 7 годинки и иако нема направено ништо на тоа дете како му е на него што го гледа сето тоа? :( жената премногу се плаши да пријави во полиција бидејќи знае дека како и да е ќе го пуштат и работите ќе отидат само на полошо :worried: многу ми се гади кога ќе помислам дека ова се случува на се повеќе луѓе низ светов а никој ништо не превзема, вклучувајќи ме и мене секако, пошо само со еден член од нив стојам многу добро бидејќи е од прилика моја возраст..тоа највеќе и ме јаде од внатре :@
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Додека жената е ранлива и плашлива,така ќе биде,ќе трпи малтретирање и физичко и психичко.
    Значи треба да ги преземе работите во свои раце.
    Прво не знам дали жената е вработена,т.е финансиски независна.Бидејќи ако е,тогаш е многу полесно да се раздели од него,со оглед на тоа дека станува збор за 3 деца.
    Или ќе се осамостои и ќе продолжи да се бори за себе и своите деца,или ќе мора да трпи ќотек.За првото,многу е полесно ако има поддршка од нејзини родители,пријатели,роднини,поддршка од луѓе на кои може секогаш и во секое време да смета на нив.
    Денеска барем има институции на кои можеш да се обратеш,и кои ќе ти помогнат и ќе те упатат.Ама тоа е,македонски менталитет-комшиите по маало ќе оговараат дека се разведувам,децата на училиште ќе бидат исмејувани зашо се деца на разведени родители итд-и поради вакви причини,поради вакви плитки размислувања,мн жени трпаат малтретирање.Жално..
    Една моја комшика беше во иста ситуација.Мажот и алкохоличар,а 2 деца.Секој ден ја малтретираше,ама баш секој ден.Кошмар и беше животот на жената.Понекогаш се прашував како ли само издржува.Ама ја имаше поддршката од родителите,и се разведе.Доби и старателство над децата.После неколку години ја сретнав на улица,онака два три реда муабет направивме,во неколку наврати ми спомена дека тоа и била најдобрата донесена животна одлука.И се согласувам.Маж и почина пред една година,од алкохол. :x
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.