Јас немам физичко малтретирање,моите рака немаат кренато на мене.Во последно време имам само психичко и тоа за глупости ЗАШТО НЕ МИЕШ САДОВИ,ЗАШТО НЕ БРИШЕШ ПРАШИНА??и сл Ова се случува секој ден.На моменти кога ќе се закарам со некоа другарка почнувам да се тресам, да се дерам,да земам се што ми е во близина и да стискам.Мислам дека кога ми се дешава тоа можам со два прста човек да убијам Дајте некој совет.
Justice.Girl ти само биди си позитивна прифати тоа што ќе ти го кажат и ќе се изненадат! Ако ти се обратат со лош тон ти само кажи им: Добро! Нема да се повтори! И ако се изнервираат за тоа што неможат тие да те искараат на раат ти кажи им: Ах, па нели вие сте ми мои родители? Зарем не треба да се сакаат родителите? Труди се со најмек тон да се обраќаш кон нив и ако барем малку имаат мозок ќе им текне!
Што и да направите ќе има некои негативни последици.Ако не пријавите малтретирањето ќе продолжи, ако пријавите мислите дека во дом ќе ви биде подобро ?!.Најдобро ви е да се помирите со фактот дека тоа ви се дешава на вас и да мислите позитивно на иднината.Јас до сега мислев дека имам големи проблеми дома.. но откако ги прочитав вашите гледам дека имало и полошо.Ми се случило многу пати да плачам пред спиење и слични работи и во тие моменти најголема мотивација ми е школото.Без школо нема пари, а без пари неможам да се преселам во свој стан како што планирам.И на крај пак исто ќе завршам.Така да само напред и не се замарајте со ништо.Вие си знаете најдобро каков човек сте и што заслужувате. Искрено ви посакувам се најдобро во животот
се пронајдов во текстов,само разликата е тоа што моево не е физичко туку психичко малтертирање,почесто од страна на брат ми,навреди,наследено му е од таткоми,истите зборови ги употребува,се исто,мајками ја навредуваат секој ден и не знаат друго да кажат освен навреди и потсмев,среќа што не сум често дома,одам на работа,а многу ме боли кога гледам како ја навредува братми на мајками секогаш велам дека и спрема таа што ќе му биде жена ќе се однесува така или пак таа ќе гледа пример од него и така ќе се однесува спрема мајками,ништо чудно што нема девојка која би го трпела таков,навистина сум загрижена
Ај и ја- да си кажам што ми лежи на душа. Не сум физички малтретирана, ама психички неможам ни да ви зборувам за тоа. Од страна на татко ми, мајка ми не. Всушност и мајка ми е малтретирана и незнам што повеќе ме боли за мене или за неа. Ах бе луѓе барем да можеше он уста да отвори, барем да имаше право да збори. Да давал пари дома порано, ама во последно време прекина и тоа зошто? За на швалерката и нејзината 22-23 годишна ќерка у г* да им иде. Па отворил и ординација со швалерката. Всушност не е само една, човеков влегол во пубертет па доста ги има незнам стварно како паѓаат на него изглеа ради пари. Не дека многу пари има али ете. Е од кога мајка ми рече дека ќе се разведе...сеа се смирил ама вреди ли? После 22 години малтретирање? За него и јас и она сме биле кучки, паразити луѓе на негов грб. Не ја сватил он значењето на зборот СЕМЕЈСТВО и хармонија. Иако сум нели анонимна, не пак ми е срам од зборовите што он ми ги има упатено. 24/7 сум била напната, под притисок, цело време навреди плукање. Сега сакам да се иселам од дома, ама како да ја оставам мајка ми. Он не искача од дома (не се сели) иако мајка ми сака да се разведе. Мајка ми во неколку наврати ми има речено јас со него останав само поради тебе, не со намера да ми даде грижа на совест навистина не, не е таква жена, ете уз муабет дошло и не и замерам, а и знам дека е така без да ми каже. Е тоа уште повеќе боли, кога знам дека сум јас причина за нејзиниот никаков живот со него. Камо да не постоев поарно ќе беше за сите...Сега ме држи помислата дека со дечко ми-вереникот, он ми е засега единствена утеха, всушност тој ми е единствената утеха во животов досега, проблемите ми постоеа уште пред да почнам со него ама тогаш мислев дека ќе полудам, он откога влезе у мојо живот посмирена сум он е тука за мене и ме смирува едноставно само кога ќе го слушнам неговиот глас. Живеам со надеж дека ќе си создадам нов поубав живот нели, само се надевам дека и тоа нема да ми се сруши.
Мене ми се случува се ко во кошмар.Од дома јас сум крива за се постојано сум психички малтретирана,понекогаш и физички ама најчесто знам да се одбранам.Постојано се вика по мене јас сум им трн во око за се.Пред секое излеување војна с е води како постојано да немаат пари,немаме а ова,немаме за она.Ама татко ми секогаш има за пиво и скари да јади,и мајка ми има за да си купива сендвичи за на работа.Постојано ништо по дома не работиш,откачи се од нас,ни сметаш...Денеска морав хитно да отидам до едно место и зедов такси.Бидејќи сум зела такси сум ги потрошила парите за леб па денеска мајка ми немало да готви.Сега се мислам што да јадам од утрово само млеко сум напиена :'( Каде да се обратам? Секој ден дома имам кавги и трпам големо психичко насилство.Сакам што побрзо да се спасам од овие бездушници.
Од срана на моите родители никогаш не сум била физички малтретирана, освен само кога бев помала и направев некоја белја мајками ке ме потегнеше за уво или коса . Некогаш и ке мо удреше по газето ама сега и тоа помина .Сум заборавила како изгеледа ќотек... А за кавги расправии ? Па да тука е мојот нервозен татко .... Само мене ми вика за се крив брат ми тој мене ми вика ... За искачање сито до 12 ипол јас до 11 ипол , постојано ми врши контроли од типот : кај излагаш секој ден? Со кој излегуваш? Дали одиш со другарките или со некој друг? блбалаблаблаблабла Не бе браТ се дрогирам аман више кај можам да идам ...Но сеа пред 1 месец се случува следново: Јас целата нервозна не глееам нишо пред мене се ке срушам бидејки претходната вечер од врата ме сопре да не излагам ...Идам кај мајками у соба (тој беше излезен) и јас н и и велам :Тој веќе не ми е татко,заврши за мене неможам да го поднесувам , само тој ли мене така ми врши контроли и ми забранува се јас го мразам него крај . И после таа да фати да му пренесе са ...Али мене баш ми е гајле више неговото мислење е небитно за мене ...И човекот точлкуу да му стане криво што за малку не заплачал ....Е сега драги феминки јас си го решив овој проблем ...Не ни праам муабет воопшто со човекот се со мајками таа ми дава пари само неа си ја сакам само неа си ја гушкам само таа ме разбира само таа се ми дозволува ... Happy End
Гледам дека се е честа појава, си мислев како помала дека само јас имам трауми од детството, дека другите се нормални, дека сите треба такви да бидеме... Да, треба такви да бидеме, но не сме. За мене да не раскажувам, некако ме мрзи, и онака е слично со вашето, само што кај мене не бев јас онаа малтретираната, само гледав и си ја терав мојата 3годишна глава да размисли и да најде логика во тоа баба ти и дедо ти да ја тепаат мајка ти и да и викаат да плаќа ако ја користи машината за перење... Тоа е само една сцена што посликовито си ја имам запаметено. Сеа сме преселени, но моите сестри се на таа фамилија, сеа се замислуваат некои металки, фаци биле, во друштво добри со разбирање, а дома се мразат, се тепаат ако не е по нивно, забрануваат свое, а користат туѓо... Во спротивно тепаат. Помали се, можам и јас да ги тепам нив, ама не ми иде некако, мојата 18годишна глава не може да најде логика. Затоа моите ќе ме запишуваат во Штип, може тогаш мојата глава ќе најде логика за тоа како тоа треба да бегаш од твоите сестри со мисла дека тие се оние со коишто не треба никат да прозбориш.
Od se srce sakam Gospod da im ja skroi i da im ja dodeli najlosata kazna sto mozi da bidi na takvite neluge.... Jas samo cekam, cekam, cekam se storija godini....uste kolku ke trpime navredi ironija maltretiranja... mora da se prevzemi nesto vo vrska so ova.. Roditel bil gospod da go kazni.. Ke dade gospod da dojde eden den da me moli za leb.. p.s Se nadevam deka ke go doceka toj den!!
И јас тука да дигнам два прста. Не се работи за физичко, кај мене е ментално. Нервите ми се...партал направени. Значи што и да направам нив не им чини, постојано приговарање, ако седнам да учам зошто ме сум им помагала дома, ако помагам дома зошто не сум седнала да учам, често и ме критикуваат, ако излезам зошто сум излегла, ако не излезам зошто не сум излегла... ме доведоа до такви црни мисли што им кажав дека ќе ме најдат обесена на таванот. Издржав ајде додека тргнав на факултет и се оддалечив. Се средив. Сега сум три месеци дома и пак истото почна. За секоја моја постапка имаат замерка, буквално. Се чувствувам виновно што постојам.
Конечно јас и ти да имаме нешто заедничко. Добредојде во друштвото со слаби нерви Туку јас овој пат сум загрижена за сестра ми. Откако се омажи, татко ми постојано ги критикува неа и мажот и , буквално коментира на небитни работи и ствара нервози. Загрижена сум бидејќи е бремена и не и се потребни додатни стресови. Сигурно си ме приметила дека и јас постојано се жалам од моиве, ама мислам дека ќе се договорам со сестра ми заедно да прекинеме секаква комуникација со нашиве родители. Едноставно не помагаат сите разговори , кажано им е да не ни се мешаат во животот но тие упорно напнуваат и сакаат да биде по нивно. Верувај психички замор е моево. Јас не можев да издржам па го викнав мувачот мој од Фемина форум да прави муабет со моиве дома. Друго е маж ко ќе им речи со збор оти вака џабе јадам лајна ко не ме слушаат и пак си терат по нивно. Знам, некој ќе речи абе далеку си Германија ,свиркај си , да , но не можам да останам рамнодушна, жал ми е за сестра ми, не сакам на девојчето да му ја полнат главата со се и сешто. Така да последна опција е да се стави крај на секаква комуникација со нив. Тоа е, јебига, да му се одмили на човек што има такви родители
Што помалку комуникација и мирна глава. Сега после неколку години од ова што сум го напишала, донекаде е сменета ситуацијата. Има колку толку мир, а и веќе не придавам значење на некои работи. Од токсични луѓе наоколу ќе избегаш, ама кога имаш такви во фамилија, посебно во поблиски, гадно е. Јас веќе не се нервирам, само криво ми е што немам нормално семејство кое пружа љубов, разбирање, поддршка. Немој уште и за сестра ти да се нервираш, сама знае дека треба да се оддалечи ако се напорни. Пошто во таква ситуација нема многу избор, едно е решението.
Значи со игнорирање си намали главоболки? Јас мислам ова да го сторам, затоа што со некои луѓе колку и да се трудам уште толку ме газат. Луѓето денес не се разбираат од збор, немаат совест.
Незнам како некои пишале дека треба да се помири со судбината.За мене овие мислења се под секакво ниво
Здраво јас сум нова тука сакам да споделам моја случка што се случи денес од денот кога сум родена трпам семејно насилство од мојот татко иако сум малолетна сакам да избегам од дома и да се спасам бидејќи повеќе не се издржува многу пати го имам пријавено но не се презеле никакви мерки ве молам за некој совет.
За што се работи? Ако сакаш да објасниш, можеби ќе можеме да ти дадеме некаков совет Бидејќи си малолетна, едноставното заминување од дома на улица, без поддршка од никого и без алтернативен дом, воопшто не е добра идеја. Може да западнеш во уште полоши ситуации. Мора да се бара друго решение.
После една година се враќам во форумот и сакам да споделам добра вест се отргнав од мојот татко заедно со моето момче и после се живеам живот исполнет со среќа и љубов ☺️
Физичко не ама психичко и те како...мислам дека ги имам најодвратните родители на свет.. За нив постои само братми за дете јас не... И од таквото нивно понашање се омажив на 18години ,само гледав дома да не сум кај нив ,уште во првата година од бракот се виде нема аир сакав да се вратам поддршка немав.... Толку години и таму трпев се и свашта по што и мојот бивш си земаше за храброст да вели "кај ќе одиш и и твојте не те сакаат" Се оставив што се оставив јас,пак ме третираат како човек да сум убила не да сум се оставила... Ме гледаат како цифри она колку им трошам и цело време затоа зборат...мајка и и не толку ама таткоми на сета мака и пари од мене бара ,и плус ти префрла за се.... Абе утре да цркнат ми се чини око нема да ми трепне... До толку неможам д ги поднесам..а морам од што немам каде.....