1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мамини синови

Дискусија во 'Брак' започната од rici.aaaaa, 21 август 2012.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Не видов ваква тема па решив да ја поставам за малку да покомементираме за овој најголем проблем.
    Многу жени ќе си ги препознаат сопружниците,иако на некои и им е срам да зборуваат гласно за оваков тип на мажи....
    Најлош тип на маж со кој може да се основа брак е типот мамин син
    Овој тип на мажи е ваков благодарение на својте мајки кои имале неубав брак и целосно се посветуваат на љубовта на синот,тие стануваат број еден и единствено само таа е најдобра за него свекрвата/мајкаму е болна жена-посесивна,благодарение на болната посесивност мајката го наведува тој да има недоверба кон избраничката/жената со која започнува заеднички живот овој тип на мажи ги уништуваат психички својте сопруги бидејки живеат во во незрелост без разлика на нивните години,бидејки нивните мајки мани пулираат со нив,мајчината агресивна љубов,е крајно безобразна,но мамините синови не се побунуваат бидејки се зависни и играат улога на големо дете.Тадури она што може сопругата да му го приготви или подаде тој ја бара мајка си на пр.мама дај ми вода таа растрчана му подава или му погодува многу често ајде пилето мајкино да јаде...разговор на оваа тема со него е невозможна бидејќи тој едноставно вели што имаш против жената? ништо не прави?само проблеми создаваш......тие својте жњени ги ставаа како број еден само кога водат љубов со нив,за останатото ни под број два не се ставени.......
    Поради овие причини многу бракови се окончуваат,макар да имало и огромна љубов меѓу нив нормално њубовта исчезнува бидејќи ниту една жена не сака да биде невидлива едноставно го бара маж,а не бебче/маж кој се влече за сукњата на мајка си.....Два живота се уништуваат по разводот само еден цвета,а тој е на свекрвата благодарение на нејзината болна посесивност.....
    Како да препознаеме мамин син?
    Тој за секое решение што треба да го донесе не одлучува сам или да разговара со женаси туку бара мислење од мајкаси!
    Сите желби и ги исполнува на мајка си!
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    МАМИНИ СИНОВИ

    Ги гледам како несозреани и неиживеани луѓе.
    Кривицата ја префрлам на мајка му која така го раснела и едноставно домашно воспитување. Поштуем факт дека синовите се поповржани за мајките а ќерките за татковците иако не мора да значи, не е некое си правило. Таа поврзаност оди во крајност понекогаш кон тежок дебилизам.
    Дали свесно или несвесно се прават такви грешки, незнам, ама едно знам, кога едниот родител ќе си замине од овој свет, автоматски се руши целиот свет на детето и тоа почнува да лута и тешко се снаоѓа и вклопува кон околината-општеството, донесува одлуки, конфликти со жена (ако е женет). Ја нема веќе ,,мама,, која е светица за него и потпора за целиот свет и што правиме сега?!?! Дали од преголема љубов кон детето се прават такви катастрофални грешки, незнам, тоа е веќе некоја си виша психологија која не ја контам.
    Децата се чуваат додека се мали а потоа, сами се чуваат и снаоѓаат и пливаат во животот. Едно е да му даваш подршка за тоа што го прави во животот а друго е да го залепиш за себе и да не му даваш да мрдне, да донесуваш одлуки наместо него, да го носиш во раце цел живот.
    Таквите, многу подоцна созреваат кога-тогаш а до тогаш само коњски нерви на жената за да се зибори за своето место во неговиот живот. Епа девојки, отворете не 4 туку 6 очи ;) кога бирате животен сопатник. Не признавам изговор во стил ,,не сум знаела, не сум приметила,,....убаво пиша Ричи - како да се препознае?!?! Штом ги знаеш карактеристиките на ,,мамин син,, тогаш е лесно, затоа што тој тоа и го прави. Најлошата варијанта е кога се договара со девојка/жена и се е ок, за додека преспие го смени планот па потоа глуми лудило дека така било подобро или сл. КОлку сака нека биде подобро или сл. ако се руши договорот или донесената одлука се паѓа во вода. Разбирам колебливост или потреба од време за нешто се преспие или легне на свое место-наместат коцки, ама не во договор со мама.
    Или пак оној страшен балкански дебилизам или незнам како да го наречам дека тој не помага по дома до степен да остава прљави алишта каде стигне. Тоа е веќе култура и домашно воспитување а тој спие на уво дека вечито ќе оди некој по неговиот газ.....

    Знам што избрав за маж а и си чувам син. Како секој родител нормално дека го сакам највеќе на свет и ќе гледам колку можам да му обезбедам во животот ама првенствено нема да го гушам и ќе го пуштам да живее и да гази по свој пат. Едно е да го воспиташ и насочуваш во животот колку можеш а друго е да му оставиш простор да тој самиот си гради свој свет.
    .....
     
    На rose60, Annath, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    МАМИНИ СИНОВИ

    Факт е дека секоја мајка си го сака детето но во погоре напишаниот пост јас објаснив тоа се жени кои имале страшен живот поминато и тие не се прифатени од никого затоа целосно се посветуваат кон синот и неможат да замислат да бидат на второ место тие жени се посесивни,
    темава ја напишав за разговор за коментар,бидејки има жени кои навистина имаат добар однос со свекрвите но има кои и ги читаме по форумов со многу слични проблеми,но има кои и се храбри да знаат што е добро за нив бидејки сите имаат еден живот,точно тоа што велиш дека не е во ред толкава приврзаност,но да не се повторувам тоа жена/мајка која нормално размислува и не е посесивна никогаш тоа не би го сторила,на крај на краишта таа сопствениот син го уништува потоа и неговата избраничка,што таа и не е приморана да ги трпи
    поздрав
     
    На delvi и slavica999 им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.499
    Пол:
    Женски
    МАМИНИ СИНОВИ

    Аферим за темава, јас мислам докторат можам да напишам на оваа тема и тоа од лично искуство. Не сакам да детализирам, да не се препознае дотичниот, ама порака до сите оние немажени кои се во врска со некој од овие примероци БЕГАЈТЕ ПОДАЛЕКУ !!!! Никогаш нема да се смени, мама ќе му биде најважна во животот, мерило за се. Не на второ вие ни на последно место нема да бидете. Да не зворувам за тоа дека има и такви примероци кои на сред водење љубов го оставаат уклучен мобилниот мама да не се јави да не и треба нешто, и скокаат од вас ако зазвони како да има објава за тревога. Подалеку од овие.
     
    На rose60, tessie, Teona-s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    МАМИНИ СИНОВИ

    nena2010-душо баш и на ова мислев кога ја ставив темава значи важни се сите случувања,така несомнено си помагаме во смисла како да се однесуваме,што не тишти....и.т.н
    Бидејки мора да постои начин да си олесниме а мислам дека ова е тоа ти благодарам што прокоментира на темава[​IMG]slavica999 придружи се и ти нормално сите феминки кои сакаат да разговараат на темава
    [​IMG]
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    МАМИНИ СИНОВИ

    Па еве, се вклучив во темата и си дадов мислење :wasntme:

    Немам такво искуство лично али гледам и знам на девојки/жени што им се случува.
    Од целото маало имам само една комшивка со која ретко пијам кафе. Жената е моја генерација и е снашка дојдена од Скопје после 1 год. како јас дојдов во новото маало и ја здружив. Типичен мамин син си има по дома и кога ја ,,оговара свекрвата,, и пиеме кафе (сите го прават тоа никој не е светица :geek: ) се чудам на некои работи што ни на сон не можам да ги замислам.
    Живеат во некаква си заедница и се зависни од старите затоа што само платата на маж и не стига а посебно што маж и е посебно гален :worried: . Се оди во крајности да и се наложи да сега чува второ дете и еве ја бремена по налог на дотичниот/чната.
    Да не изнесувам прљав веш на други во јавност ама среќа што женичката е мирна, паметна и академски образована па гази некако во тој брак.
    Ја ислушувам кога има потреба да се искаже и ја тешам дека кога целосно ќе бидат независни од старите ќе се сменат работите-претпоставувам.
     
  7. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
  8. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Незнам дали е вистинската тема,јас ретко пишувам немам компјутер,и кога сум кај некои роднини чат пат читкам и сега имам шанса да напишам додека ја чувам внуката на дотичниот.
    сиромашна сум,ама уба нема врска убаината само ме бли глава од неа и имам вереник невереник ни јас незнам шо ми е,арно ама мислам оти тој знае дека несум му ништо се започна арно ама не било судбина кај шо е тенко се кине,откај сиромашна,па и овака....
    се срамам да зборувам гласно и се сум насмеана неоти сум плавуша па сум глупа туку од шо неам друг избор.....
    тешко на оние шо се поврзани ептен сос мајкаим еми не се рекло џабе тој е син на мајка,ама колку е така толку е и од него .........Живееме заедно ,ама како ја да не су у куката никој не ме прашуе,се тија двајца
    малко ум расплакана па си пишуем на мојо дијалект
    има лујџе шо си живеат мирно и убо ама има шо живеат вака како јас ...
    кој е крив он ли? ја ли еден? госпо знае
    арна е темава ,ама аир да се види од неа :'(
    ама тежок је живото ја живеам у село работам тамо,нивје,се шо треба ама па не су арна
    госпо нека ни поможи на сите,не се срамујем се шо си пишав никој не ме познаје :'(
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    На SweetDream и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Маж ми беше мамин син на почетокот од бракот. Еден ден ми дојде преку глава неговот однесување и лом го направив. Му реков - ако продолжиш да ја ставаш мајка ти на прво место, ќе си заминам со детето. Оттогаш работите се сменија.
     
    На okcenzi и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Напросто се ежам од вакви суштества.

    Виновни се невните мајки. Најадбро е детето уште пред да влезе во лудите години, да почне да се осамостојува. Но, за жал кај нас најчесто мајките, неисполнети од нивните бракови, се посветуваат максимално на децата и тие им се се во животот. Наместо да ги оттргнуваат полека од себе, тие се повеќе и повеќе како растат децата се трудат да бидат зависни од нив. Често пати гледам мајки кои во голема мера ги средуваат обврсите на синовите. Дали средување на докумнети, дали запишување на факултет, дали купување на кошула, дали правење на посебна храна...

    Братот на мојата почината другарка има 26 год. Ден денес во животот нема кренато вилушка. Додека беше жива другарка ми, сокоро секој ден бев кај неа и гледав. Станува синко во 13,14 или 15 часот, мама трча да ја намести постелата, му подава облека и пешкир да измие лице. Уште да го облекува. Додека тој измие заби и лице, мама трча во кујна и спрема доручек, а синко доаѓа седнува на маса и чека да се стави јадењето пред него, кое никако не смее да задоцни повеке од две три минути, додека тој прочита то има во весник. После тоа станва од маса и се оптегнува на кауч, а мама трча да крене софра и да му подаде сокче, кафенце, водичка. Му текнува на синко дека треба да игра спортска и мама трча со билтенот,пенкалото и лист. Тој си тепа време некој половина до час и после го дава листот на мама и мама во рок од 5 мин се нацртува во обложувалница да уплати ливче. Иде дома а по пат прикупува нешто од овошје или сокче по порачка од синко. Да не ја должам многу и да раскажувам како се одвива целиот ден, ќе ви кажам на кратко дека тој истиот синко и кога оди на какање и кога ке остави траги во вц школката, не знае да го зачисти тоа, па мама трча да ги избрише неговиот измет.
    ТЕШКО ТАА СНАА ШТО КЕ ВЛЕЗЕ ВО ТОА СЕМЕЈСТВО, зошто ова дете-маж секогаш ке биде зависно од мама, а кога ке ја нема мама, ке го очекува истото од жената.
    Живеењето во заедница е смрт за многу бракови. Од тука почнуваат нервозите, друстрациите и омразата кон ваквиот партнер.
    Моја пријателка кога се породи, односно кога малата направи 2 месеци, поради преголеми проблеми со свекрвата замина под кирија. Нејзината свекрва ги прислушкувала на врата и кога воделе љубов и кога разговарале, дури се ослемила на снаата да и каже дека стенкањето и било како на куче пред умирање. Кога замина под кирија, тој нејзиниот мамим син за два дена се врати кај мама а таа остана со бебушот. Во тел кај мажот најде порака од свеки, дека една е мајка а жена може да му биде секоја и деца може да прави секој ден со различна жена. За да дојде на врата тој истиот маж и да и каже дека таа го одделила од мама. И ден денес не се раат од старата. Освен што ја прислушкува снаат и кога зборува на тел и кога пие кафе со другарки, па и лаже и измислува пред синот сосем други работи.

    Најчесто ваквите свекрви навистина и немале добар брак и живот. И покрај сето нивно поминато мислат дека тие се совршени и дека тие никаде не погрешиле. Друга работа е што свекрвите најчесто се домакинки или пензионерки без свој живот, без хоби, без обврски, па гледаат нивните неизлечени рани да ги залечат преку бракот од синот. Се она што тие не го добиле во брак, го прават и кај синот. Згора на тоа и овие турски и индиски серии им го перат мозокот.
    Не разбираат дека ако го носеле синот 9 месеци, дека тој не е должен цел живот кирија да плака за тоа место. Не можат да се помират со фактот да синот се оддели од нив. Да синот сака друга жена. Бидејки не добиле тие вистинска љубов, ја мешаат љубовта кон синот со онаа која ја барале од мажот.
    Страшно.
    На почеток биле потиснати, понижени, па со текот на времето успеале да го заземат тронот во домот и да се гавни водичи и мислат дека со доаѓањето на сната и осамостојувањето на синот, ќе ја изгубат моќта- смислата на животот. Наместо да го научи синот да си го зговтви јадењето, да си ја испегла кошулата или да пушти машина, таа цел живот ке притрчкува само за тој трон да го задржи. Кога доаѓа сната се таа не знае да направи, се таа не знае да зготви, се таа незнае да сработи итн. Во ваквите случаи снаата нема никаков избор освен да постави ултиматум кој ке го избере нејзиниот партнер- или да се одделат и тој да порасне или развод, а најчесто е втората опција.
    Додека сте во нивниот дом тие ви се газди, а кога ке се одделите вие сте идиотки безчуствителни кои напуштиле стари. Крајот не им се најдува.

    Никако не можам да ги разберам маминиве синчиња посебно во делот кај што ја обвинуваат сопругата ( ако успее) дека ги одделила од мама. Е добро де, а таа од маќеа ли се раздели или од улица ја собра?
    Дали твојата ќерка еден ден ќе треба да се оддели од вас? Дали би сакал теле едно и твојата ќерка да е омажи за таков како тебе? Колку од вас вакви татковци ќе посакате исти вакви мажи за вашите ќерки ( ако воопшто сте способни да ги сакате)?
    Или тогаш пу пу не важи? Море баш ви е гајле, штом мама ја ставате и пред своите деца.



    Се повеке размислувам дали е до непресечената папочна врвца или до цицката на мама. Знам само дека со ваквите неоформени личности животот е претежок, а решение скоро и да нема.
    Лигуши од најтежок вид. Кај ваквите чигуши пракот не е битен, пошто лиглето е заљубено само во мама. А мама секако е маж во куќата.

    Еднаш една феминка рече дека 100 пати е полесно да се излезе на крај со швалерката на мажот, отколку со мама на мажето. И во право е.


    Уште долго македонската снаа ке пати од синдромот “ златен на мајка“, а синчињаата уште долго нема да можат да прават разлика помегу родител/робовладетел-газда.
     
    На Golden Rose, evangelina.ina, ina369 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. ina369

    ina369 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    иако сум нова често ве читам и си наогам совети од тука, еве и јас да се приклучам на темава за жал и јас живеам со еден таков несозреан и несамостоен мамин син каде секогаш мама е во право таа знае се најдобро најмудра и најпаметна е.најголема трагедија е што живееме заедно на посебни спратови но заедно јадиме мама:"помага"со трошоците но затоа во се се меша и наредува а синот нормално ја слуша и не сака да слушне да живееме посебноиако јас си земам солидна плата и упорно ја брани таа е за се во право жената е секогаш лоша се трудам да бидам трпетлива и се воздржувам од кавги ама незнам до кога ,како да е мислам дека секоја мајка треба на детето да му пружи лубов и внимание додека порасни но после треба да го пушти да си го живее својот живот ние ги рагаме децата но не ги поседуваме ,и јас сум мајка па ке гледам моето дете да е самостојно и независно и да ја почитува својата сопруга затоа треба очи отворајне не е само лубовта важна
     
    На Saraa, Golden Rose, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.