1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Манијаци

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 4 септември 2010.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Два пати ми се има случено да ми се залепи некој манијак. Паметам првиот пат беше одамна, некаде трето или четврто одд. Бев поканета на роденден кај еден соученик и на враќање дојде мајка ми да ме пречека и пеш да се вратиме до дома бидејќи беше подоцна околу 23 часот а до дома имаше 15-20 мин. пат. Само што излеговме од кафулето ни се закачи еден тип и не следеше цел пат. Иако се обидувавме да го избегнеме постојано се појавуваше позади нас. Не фати страв, намерно одбиравме посветли и попрометни места. Пред да пристигнеме дома намерно влеговме во една продавничка каде ги знаевме газдите за да не види каде ќе влеземе. Се задржавме малку намерно и типот конечно замина, веројатно се закачи на некој друг.
    Втор пат ми се случи во градски парк, денски се шетав со две другарки во делот кај езерцата.Во еден момент кога наидовме на едно местенце каде езерцето е тесно од другата страна од позади грмушката се појави еден тип кој го извади половиот орган. Дигнавме врева и избега.
    Искрено вториов пат многу и не се притресов оти низ парк има вакви будали често и освен што така се глупираат немам слушнато некого да нападнале. Затоа првиот пат беше доста страшно, не е баш сеедно да те следи некој тип со којзнае какви намери.
    Како и да е треба да се пази, разно разни фаци постојат. Женските како главна мета собено мора да внимаваат на какви места се движат поготово ако се сами и е темно. Јас барем секогаш кога е тоа можно избегнувам сама да се движам низ град доцна навечер или пак на некои непрометни места.
     
    На candy.cane, Lolo5, Flower.D и 3 други им се допаѓа ова.
  2. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    јас кога се движам навечер сама со една рака сум на телефон зборам соннекој или се преправам дека зборам а во другата рака клучот меѓунпрсти го држам у случај да ме нападне око да му извадам :)
     
    На candy.cane, Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Ejmi7

    Ejmi7 Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Луѓеее завчера кога бев искочена одејќи накај Центар пројде покрај мене доста блиску Бемве сиво постаро без регистрации со затемнети стакла. Ми падна чудно ама си реков јас често паничам за глупости па и сега така. Вчера повторно ја видов колата денски кога одев накај баба ми на нејзината улица. А денес бев излезена со друштво низ населба (кисела вода) и накај 1 со другарка ми станавме да си одиме и кога се враќавме накај дома пројде истата кола покрај нас без регистрации јас многуу испаничив ама другарками ме смири и дека јас живеам подалеку од нејзе си одев сама и на мојата улица која обично е темна и празна помина истата кола. Јас се преплашив пдма се јавив на телефон и трчав до дома еве уште сум под стрес. ПОМОШ!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Боречки вештини.
     
    На Lolo5 и veren им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    One would think дека манијаците се преселиле од улици и паркови, од зад грмушки и дрва - на ФБ, дека класичниот егзибиционист со долг мантил кој вреба женски особи е минато :D
    Веројатно и манијаците се во транзиција, од реален на виртуелен свет :party:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Чекај, не те разбрав добро, го гледаш автомобилот во едно исто маало, местата се блиску едно до друго или? Ако е така да не е некој кој живее таму. Иако не би смеел да вози без таблици, треба да има макар и од оние пробните од хартија. А и употреба на затемнети стакла не е дозволена, имаше таму процент до кој смеат да бидат темни, особено тоа важи за предните стакла. Не знам што да кажам. За никаде сме си и точка. Прво и прво тој треба да биде застанат од полиција, ако ти си го видела на сто места, многу нормално дека и тие го виделе. Не е лошо ова да се пријави сепак, јавете се, кажете го моделот на возилото доколку го знаете, опишете го и кажете им каде се сте го виделе. И покрај тоа што може нема потреба за паника, нека отвори полицијата очи, сепак не се знае.
     
    Последна измена: 24 август 2017
    На Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам :devil:
    Едвај чекам да ми се доближи некој или уста да отвори, го јадам жив лом го правам.
    Или па со кола да ми застанат или да ми свират :punch: :swear:
    Да ми се погоди некој да му ја здрвам една сочна ауу :lol:
     
    На Prijatelot и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    А што ако тој тебе ти ја здрви една многу посочна од твојата!?

    Мало, многу храбра се правиш, приземји се малце, слушај баба што те советува:!::!:8-|8-|
     
    На _adi_5, edna_malecka, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Немам искуства со 'уличен стил ' на манијаци, маки мачам со оние профинганите, кои многу доцна дознаваш што ти мислеле цело време, онака поставувајќи се пријателски, некои предлози и идеи фино спаковани во форма на љубезност, а уствари опипува терен, за да процени кога да пропее.
    И тоа све од постари. Јас стварно не знам што се случува со постарата генерација на маживе, некоја сексуална шизофренија ги има стрефено. Какви се не гадости се имам изнаслушано, да ти се огади животот буквално, што од лично искуство, што од другарките, баш пред некој ден зборевме за ова. Од млад човек немам чуено такви перверзии, кога хормоните се на најако, нив паметот не им бега толку како на вампириве.
    Ти го третираш со почит ај дека постар, љубезно се поставуваш, гледаш татковска фигура јер во најмала рака има два пати повеќе години од тебе, за да он конечно осети слобода да се исповеда што и како правел на твоите фотографии и да те праша директно 'колку', јер не можел да издржи повеќе.
    Гадно? Има и бетер.
     
    На Dumbledore, candy.cane, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Знаеш со колку мои врсници се имам тепано?Машки.
    На шала на смеа ама летале боксчиња и шамарчиња.
    Закачко сум и да знам дека ќе го најдам стапот тоа е.
    Кажав, немам проблем со ќутекот јас.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Млада си гледам, средно ваљда. Треба да знаеш едно е врсник, друго е будала од 20, 30, 40 години. Пред да реагираш размисли, некои луѓе немаат осет.
     
    На candy.cane, Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Не можеш под исто да ги ставиш твоите врсници што се зафркаваат со девојчињата меѓу часови и некој си первезњак од 30-40 години.
    Сосема друго размислување и намена имаат.

    Мој совет: Секогаш носете си спреј против такви манијаци кога одите сами денски и навечер каде што не е фрекфентно.
     
    На candy.cane, Someday, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Ми имаат застанато на Рекорд постари, седев со другарка на клупа и почнаа да замараат да се врткаат околу нас.
    Девојчево си стана јас се расправав.
    Сама не шетам по улички така да.
    Да ми се доближи ако гледам дека е баш не салам кидавелата фаќам.
    Ама обавезно првин ги пцујам и се дерам
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Сум имала куп случаи кога " фраери " свиркале и довикувале дали од кола , мотор или пак седнати на некоја клупа, обично не се вртам. Ја на маж ми не му се вртам кога ми свири, не па на некој квази фраер што сака да изиграва јавна фаца . Една имав неодамна. Со золва ми излеговме до најблискиот маркет ( околу 300 метри од дома е и беше 21 часот и неколку минути , слушам од зад мене свирење и довикување. Не се исплашив, убаво ги научив какви се - кога не одминуваат, им покажав два средни прсти. Си заминаа нормално.

    Еден манијак од оние дркаџии имам видено уште кога бев втора средно . Во среде бел ден, беше околу 12 часот попладне , јас и другарка си одиме на кафе, човекот си легнал во тревник, ниту грмушка да се затскрие барем ни ништо, си работи човекот ( инаку тој е бездомник) само се свртел од страна на ѕидот од дуќанот .

    Еден друг , ме измерка убаво, од кафич, јас поминував да земам нешто од сестра ми, а маж ми со колега и девојка му ме чекаат во кола позади мене. Кога се вратив од кај сестра ми, маж ми ме бакна во уста, што ми падна чудно , бидејќи ниту јас ниту тој не сакаме лигавење пред негови колеги. После ми кажа дека ме бакнал бидејќи тој човек во кафичот " те гледаше како подвижен еклер ". Човекот беше некои 40 јас тогаш имав 20. Среќа што не бев сама , а и беше доста раздвижено низ центаров .

    На оние со кола не им се плашам , размазени дечки се тие и не се опасни, обично заради внимание го прават тоа. На дркаџиите не им се плашам исто. Највеќе се плашам од овие што следат, и што се скриени манијаци.
     
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Море еден ден да имам власт, еден. Има све у затвор да фрлам, еден нема да остане. Сум зборувала и во други теми, не ги казнуваат затоа вака се понашаат. Не знам колку пати по улица ми свиркале, не се добројуваат. Сум имала многу појезиви дешавки, си одев по улица и типов ми се доближи и почна да ми збори. Ме малтретираше едни добри 15 минути, а му реков тргни ми се оти лошо ќе завршиш. Не бре човече, си тера и мува не го лази. Видов такси и одма влегов во него и веднаш си отидов дома. Со таксисти сум имала исто лошо искуство, посебно внимавајте после искачање кај кои таксисти се качувате, многу чекаат поднапиени девојчиња и ги замараат.

    И никаде не сме сигурни, ни по улици, во парк, во бус, ноќе, на сред бел ден, никаде. Во болница, во фирми, факултети, во секаква форма доаѓаат. Ти го гледаш како професор, како гигант човек кој успеал, тој ти вика дека му го дигаш притисокот на машките во просторијата.

    Гадни се прегадни. А исто толку гадни ми се жени кои викаат 'па маж е да си проба' или омиленото 'сама си го барала'. Крајно време е да почнат да се воведуваат казни за малтретирање, удри ги неколку пати по џеб или фрли ги во затвор па да видите како ќе се намалат вакви приказни.

    И нерва ме фаќа секој пат кога ќе прочитам ваква гадотија, лутина, бес, чувство на немоќ. Пак ќе кажам, еден ден да сум на власт, ако потврдам дека жена е било како малтретирана све зад решетки ќе ставам.
     
    На candy.cane, Alisa22, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Слаба ти таа казна "зад решетки".
    Така чат пат ми текнува на една девојка што водеше Инстаграм и се сликаше со секој што и свирне или ја замара. Овие се толку занесени што едвај чекаат да се сликаат со женската. Оп, на Инстаграм после.
    Плус, колку што знам нема закон што им брани да го прават тоа.
    Франција сега скоро донесе, ние со други работи сме преокупирани, жените на крај, ако некогаш дојде време за нив. :wasntme:
    Еден ден да имам власт, крв ќе мочаат.
     
    На Alisa22 и KateKane им се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    :puke::puke::puke:
    Блиска средба по втор пат во мојот живот, а се надевам и последна. И тоа во 8 саат сабајле. Ми го згнаси животот. Уф.
     
  18. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.063
    Пол:
    Женски
    Јас така имам еден комшија што е манијак. Од него не може на балкон да се излезе, право се појавува на прозорец пиштол гол. Најчудно е кога го сретнуваш на улица се прави како ништо да не е било.
     
  19. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали има фајде да се пријави во полиција манијак? Еден манијак и претходната недела во бус и оваа ми се лепи ама оваа недела пушти рака и коа му реков тргни се одма, тргна рака ама стоеше до мене иако се тргав на дистанца понастрана цело време и ме гледа цел пат и се фаќа за полов орган. Се симнав бидејќи требаше друг бус да фатам за на работа и овој се симна и намерно чекаше не се качуваше во друг бус и земав викнав такси и си отидов со такси. Ама го сликав и сакам да го пријавам.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Пријави, но не знам колку може да сметаш на нашата полиција.

    Или спреми еден така потежок клуч да го залупаш, или викни еден поголем батко со тебе да му објасни нешто.
     
    На teressa и Srckata28 им се допаѓа ова.