Леле мори мајко шо си ме родила. Има еден таксист скоро секое сабајле со него одев до град мислев така се годи да е тој скоро секогаш на постојка. Денес го сретнав па ми вика ај ќе те однесам мислев љубезен е. На крајот ми вика ај дај ми број демек јас си викам дека ако ми затреба такси да го барам. Слегвам од таксито ми вика ај ко ќе не можиш да збораш исклучвај ми јас цела со прашалници шо сака чоеков од мене. Шо имам јас да зборам со него? Мањак ли е шо ли е. Најлошо е шо знај кај живејам. Како да го откачам?? Поќе во животов неќам фацата да му ја видам. Некој искуство од мањаци да има да кажи како да го откачам??
Стави му забрана за повици или стави му него до знаење дека не сакаш ништо со него.Во краен случај смениси го бројот и кажи му на татко ти или сл. па ќе си помине убаво.
Веќе почнав на игнор да го клавам и мислам дека има ефект. Плус имаше дешавка со мајка ми па изгледа мисли дека и мајка ми знај па се надевам ќе се откачи. Значи шо ќе беше ова професори педофили, таксисти такоџе , шо ќе видам уште ако не и во продавница ко ќе одам, ќе одам исклучиво кај женски продавачки нема друго. До таму е дојдено. Па чекај и забарот ми е маж и него ќе треба да го сменам. Само не можам да сватам шо мислат човеку па можат тие деца да ти бидат алоо
Леле какви се манијаци има не сме ни свесни самите ние. Мене ми се случи претходното лето нешто. Се враќав дома пешки околу 1:30 или 2 навечер. Одам јас кај паркот и пред мене одеше еден но не му мн обрнав внимание бидејќи ми изгледаше нормален и плус зборуваше на телефон. Но бидејќи се влечкаше јас сакав да побрзам и како одам покрај него да го поминам го приметив дека ме погледна и само нешто зборуваше преку телефон еве девојка за е*ање и мазење. ЛЕЛЕЛЕ менеее срцето ми застана но не почнав да вриштам или да трчам туку почнав да одам побрзо. Како почнав да брзам и тој почна да брза и по сенка од уличните светла приметив како оди позади мене. Јас само си мислев готова сум и после само ја осетив неговата рака за мојот задник, лелелелее мамооо. Само му ја плеснав раката и му реков ајде тргни се. Не сакав да трчам ниту да го навредувам, да му се дерам бидејќи што го знам ако ме удри, ќе го иритира тоа, па мислам дека подобро е посмирено да реагирам. Среќа што тој стоеше на место и ме гледаше, јас се тргнав си продолжив, среќа бев близу до дома инаку нозете ми се пресекоа. Значи не можеш да живееш ниту да се движиш на мира. Не живеам далеку и поради тој манијак јас морам секоја вечер да фрлам пари за такси, а се возам само минутка ипол или две. Манијаци на сите страниии.
Мене еден ми се закачи минатата недела. Истрчав на кеј и позади влада седнав кај паркчето да одморам 5 мин. И ете го седна на др клупа па почна муабети неповрзани, па ми вика а да седнам до тебе, и јас ја летнав нормално и почна позади мене да оди, па почна да трча и ме помина со трчање и ми се смешка. После сврте некаде за погоре по улицата пак да претрча пред мене и застана на семафори чека да види јас кај ќе тргнам, и јас рикверц кај Сото кога ја летнав да бегам. Прв пат ми се случи да умрам од страв по улица иако имаше народ. Инаку дечкото беше млад и не изгледаше лошо. Така да пазете се.
Тоа ти е да собереш едно 5-6 другарчиња малку похрабри од другите и да го викнеш да се запознаете па кога ке ти се приближи ти да се тргнеш настрана а другарчињата да се појават од некаде и да му одржат една лекција за без пари
Ух шо сакам така некој да ми излезе, ама да не биде постар од 35. тие постарите апла се отидени. на ваков помлад ја би му рекла- а може ја тебе да те испофаќам и да ти изнабутам раце у гаки (ова замислете го со онаков поглед ко црнче од африка ко шо глеа храна) Па ако не му ја летне тој, еве ја Диги да не сум.
Манијаци така поблиску во акција ко погоре што опишале некои феминки немам сретнато ама за манијаци ги сметам одредени таксисти и затоа внимавам и има уште еден ненормален уличен чистач што е од комунално и дека одам пеш на работа го среќавам и нон стоп си мрмори на оваа да и го опнам, па вака ќе и правам, па така и еднаш мислев да се закачам со него дека дрдори ама па кога гледам тој и сам со себе си збори што значи ненормален е , одлепил со паметот
Одиме со другарка ми по секогаш истиот пат и само деца онака, група машки со точаци имаше и гледам дека застануваат зад нас. Кој ќе сврти со точакот пред нас, околу нас, зад нас. Ми се нема мене случено никаков „инцидент“ сем онака некој да те гледа, мислам без допирање, па не ги зедов за сериозно. И сега одиме едно 10-15 минути идеа стрикно по нас, ама ај бевме во близина и си прајме со другарка ми нема гајле ајде ќе стигниме кај нашите уште 5 мин. И само кога свртивме во уличката кај црквата ги „снема“, т.е. ги снема се до еден момент ко ми го исуши газот. Јас прилично касно палам па приоритет ми беше да се фатам за газ и да кажам дека боли дур другарка ми (таа од страна на тротоарот беше, јас бев „изложената“) почна да му вика, ама ни фаца му видовме ни ништо зошто таму кај шо бевме имаше уште една мала уличка шо се поврзва со главната дирек и одма со точакот таму сврти. А онака случаеви на свиркање, на довиквање, на буквално зјапање се да не речам - секојдневие. Мислам сериозно прават некоја да се чувстува виновно ако носи постегнати фармерки, хеланки, не дај Боже шорцој или пак суќна, забрането е зошто ќе ти свиркаат и што не и ќе те прават да се чувсутваш ужасно лошо во сопствената кожа. Мислам не е лошо да знајш дека имаш нешто што привлекува, ама безразлика како си облечен некој да вика по тебе е крајно безобразно. Сум имала случај кај шо деца на Широк Сокак мали вртеа со точаци (ДА ПАК СО ТОЧАЦИ) и сега едното врви од една страна, др од др страна и буквално не мерка со другарка ми (истата другарка) и бившиот мој и бившиот нејзин едат подолу кај Бако и онака гледаат и јас ништо не забележав, ни таа, после оние двата ни кажуваат „Еј овие малите ама ве измеркаа“
Продавницата се наоѓа во центарот на Скопје, мислам дека беше позади полициската станица беко, Микеи интернационал се вика продавницата, се продава оружје, пендраци, спреј за самоодбрана и слично
КОлешке од каде потреба за солзавец да не ти прети и пречи некој да го средам инаку можеш да купиш и во трговски ГТЦ мислам на втори спрат во продавницата за оружје има и во беверли на втори исто истопродавница за оружје.
Не бе, ја онака питам, ја нема да се противам одма ќе му дадам Скраја да е...шала на страна, незнам како би се однесувала ако некој таков ме сретне...сигурна сум дека паника би ме фатила.Непријатни се и влеваат страв иако тие можеби се поисплашени од жртвата
хахах е ова е добро работава како со вицот кога ја силувале кумановката (се извинувам на кумановци ама вицоте таков) А гласи вака влегува крадец во стан кај кумановка и пребарува едно друго нема ништо за крадење , и си вика овде нема ништо за крадење ќе испадне џабе влегов барем дај да ја силувам газдарицава да не биде бадијала. Влегува во спална таа сама на цела спална раширена и типов и рипа и се качува тера работа за завршува работа кумановка освен стенкање глас не пушта и човеков се засекирува и вика а бре зашто не пискаш ова е СИЛУВАЊЕ ,а она му одговара А БЕ ЗАЕБИ ТИ СИЛОВАЊЕ ОВА БЕШЕ ДОБРО ЕБАЊЕ, ДАВАЈ УШТЕ ЕДНА
Пред малку животот за 10 години ми се скрати.Си идев дома со такси.Ме изврте, ина крајот застана 20м подалеку од дома.Стоеше со колата додека не влегов дома.Е срцето в пети ми слезе
Имам скоро 15год. а до сега безброј пати сум се соочила со вакви манијаци... живеам на такво место каде се котат таквите и сме опкружени со албанци. Без навреда-ама си има разлика од албанец до албанец.. има такви што се фини, дружељубиви се остало патем имам албанци во друштво но има и такви кои не се рачунаат како човечки суштества Случка бр.1 Со две другарки излеговме од дома и се упативме кон локалната продавница значи лежарно облечени по тренерки-патики (за да не испадне дека со облека привлекувамепошто нели треба да бидеме облечени до најмалиот атом во нашето тело) како што идевме, така една црвена кола засана пред нас а внатре накрцани 5-6 и викаат: сакате пивоо? ајде влезете! му вика: Одма, веднаш или сега? и џом да ги нема. Случка бр.2 Чекаме автобус со другаркиве (со истите другарки од погоре) и еден со кола под 40год. немаше сигурно и како што вози ни свири ни се смее и ни мафта. А толку беше ружен ко до бога дужен. Случка бр.3 Бевме 5-6 другарки на плоштад (СРЕД БЕЛ ДЕН ПОКРАЈ ТОЛКУ ЛУЃЕ) и едни двајца (да повторно албанци) почнаа да ни свиркаат, ние се обидовме да им се тргнеме и да не им обрнуваме внимание но тие не' следеа. Почна да не бркаат, буквално да трчаат по нас и да се дерат и ние почнавме да трчаме. Веќе на камени мост се смиривме и одевме нормално бидејќи мислевме покрај толку луѓе не можат ништо, но тие упорно. Дофрлуваа, вреѓаа и на другарка ми и скисна почна да се расправа со нив.. Тo be continued... уф не дај боже. Плус има уште многу кои поминуваат со коли и свират. (ако и тоа се брои) Ама јас само ќе им го покажам моето средно прстенце, бидејќи многу се крева на нив.