1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маносфера и штетни последици од истата

Дискусија во 'Психологија' започната од CameliaMiller, 28 март 2025.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.189
    Допаѓања:
    175.724
    Пол:
    Женски
    Па, да не можи споредба да прај со друг. :D И ова го мислам најбуквално шо можи пошто се ова се базира на длабока несигурност и зато толку тие на "врвот" профитират од несигурноста на сите кои се приклучуваат. Следно би рекла е недостатокот на искуство кај та девојка. На еден начин мислиме на 15-18-20, на друг 25+. Полесно е да моделираш и изманипулираш некој млад и без искуство, за разлика од некој шо искусил работи и научил базирано на тие работи. Ова е зошто мислам дека е. Hell, сигурна сум. Ако ги прашаш нив ќе ти зборат за важноста на жената, гнасни метафори како километражи на коли, клучој и брави и важност/квалитет на жената како е дур е млада и "неоштетена". Да спомнат религија - ретко сум сретнала искрено, а не дека нема шо користат и то.

    Само тие кои ги "тренираат" можи да гледат п*чка. Овие другите? Цела поента е дека дел не ни сакат жена ради толкава омраза или сакат како "објект" за празнење. Другите сами се опишват како мирни, скромни, повлечени дечки (nice guys, цел феномен се) шо уствари се манипулаторски и предаторски гниди кои не можат да фатат женска и место да видат кон себе кој е проблемот, место да слушнат други блиски и жени во негов живот шо е проблемот - тие одат кон алфа бро подкасти и алфа бро лајф коуч да научат женска да фатат. И место женска да фатат, пошто со нивни tips and tricks посекако не можат, станват уште поогорчени и опасни и иди до ова маносфера шо ја збораме.

    Леле памтам ова. Пробвав да најдам ама тешко ми оди. И јас мислам дека требаше да се одржи, скроз ќе ми беше како филтер од кои (мажи) да бегам шо подалеку.

    Можиме. Зошто? Па пола од работите шо ги пиша и се очигледно вистина за тебе, не се за мене.

    Генерализации се неопходни во нашиот живот, така се штитиме и носиме одлуки често и несвесно. Ама тука суштината е друга. Лошото од то е шо секоја шо отстапува од калапот во кој сакат да не стават сите, а нормално многу отстапуваат, е етикетирана, малтретирана, (физички) напаѓана, станува мета на ваквите неисполнети мажи со кревко его. И зошто? Па не им одговара да има поинакви жени.
     
    На Bezimenka90, eliesaab, Asparagus и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.135
    Пол:
    Женски
    Па и ова е дел од таа порака која ја праќаат. Дека жените не знаат да размислуваат и сите бираат лоши партнери а мирните ги игнорираат. Што секако во пракса не е точно бидејќи секакви профили на луѓе имаат партнери.
    На крајот на денот немаш поголема или помала вредност ако имаш партнер, ако си немал, ако си имал многу итн. Но ништо од тоа тука не важи бидејќи треба да си алфа и да ги гледаш жените како квантитет кој се поминува бидејќи apparently живееме во некоја племенска животинска заедница која се бори да избере најјак маж.
    Јас би отишла и чекор понапред и не би го користела тоа што се сами како навреда против нив бидејќи само ги засилува нивните основни верувања.

    Веројатно дел од нив се навистина мирни и повлечени, можеби аутистични па немаат одлични комуникациски вештини, ама овие работи не те прават по автоматизам и добар човек, особено не кога ќе западнеш во вакви води.
    Тоа е битното, што луѓе со собна температура IQ aма лидерски тип и вешти за маркетинг искористуваат други луѓе кои се психолошки вулнерабилни.
     
    На Nausicaa, Bezimenka90, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Ова е буквална репрезентација на што се случува со маносферата. Младите мажи ДА, навистина страдаат и никој тоа не тврди дека е поинаку, не можат да најдат role model лесно бидејќи татковците/дедовците прават работи кои можеби нивните мајки/баби ги трпеле, денешните жени едноставно не ги трпат.
    И овие „алфиве“ со курсеви „како да станеш маж“ буквално ги гледаат како извор на парички, со истите тие парички си го хранат „алфа животот“ и повторно привлекуваат нови мажи кои страдаат. И тоа е бескраен круг, затоа што никој од овие курсеви всушност не успеал да се чувствува подобро, напротив, уште повеќе се чувствува лошо, евентуално и често заглавува финансиски затоа што „идеите“ кои ги добиваат за заработка се биткоини, пирамидални шеми и слично.
    young-men-struggling-meme.jpg

    Не постои quick fix. Се согласувам дека не им е лесно, како што не им беше лесно на америте да се откажат од робови. Ама МОРА, затоа што сме сите луѓе, затоа што не се во право, затоа што имаат незаслужени привилегии и затоа што на крајот, никое човечко суштество не постои за да служи како објект за забава/гратификација.
     
    На Trexane, Nausicaa, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.617
    Леле баш барав уште некој бисер од Тејт и ми излегува ова

    Опасно тежок комплекс да покажат колку се они јаки ментално, па после истураат скриени фрустрации према жени. Ама биле јаки, не покажувале емоции, жими мајка.

    Коментарите се врв.:D
    "I wasn't shitting, my ass leaked as I was squating on the toilet"
     
    Последна измена: 1 април 2025
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.617
    Found it
     
    На CameliaMiller, theowndemon и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    11.051
    Пол:
    Женски
    Ја запоставивте нешто темава
     
  7. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    1.002
    Машката психа од најрани години е задоена со деградација.
    Мама пегла, готви, чисти, грижи за нив, ама затоа тато е главна доминантна фигура која треба да го воспита.
    Да го упати по ,,вистинскиот" пат.

    Децата најчесто за хиерархиската улога учат уште од млади години.
    This is mans world. :)

    Женската психа може да биде креативна, емоционална, уметничка.
    Истата раѓа, ствара, користи ресурси од своето тело при помагање и лекување на друго суштество.

    Додека мажот освен семенски материјал, логика и физичка сила кои се неопходни за одржување на баланс во природата не користи за ништо друго.

    Емоционалната интелигенција која е потребна за креирање подобар и посреќен свет, со повисоки стадиуми на свесност кај мажите е намалена

    Мажите креираат endless loop на насилство.
    Заради нив низ епохата сведочиме најразлични облици злосторства.
    Заради нив на дневно ниво илјадници жени се силувани, тепани, обесправени.
    Заради нив сме запознаени со т.н. термин ,,мрачна свест".
    Со куп извитоперени фетишизми и идеи кои граничат со лудило.

    Педастрија и педофилија кои се болести на денешното општество, и на чии главни носители се токму мажите.

    Додека статистиката за жени кримоси е многу ниска според стапка од жител речиси насекаде по светот.

    Жената е биолошки послаб пол во однос на сила, но моќна ментално, бидејќи во денешниот динамичен свет се справува со многубројни предизвици и пак останува психички здрава, едуцирана и одмерна.

    Мажот е биолошки физички посилен, но ментално најчесто не може да ги издржи предизвиците на тежината на животот и потомството.

    Како резултат на внатрешни фрустрации, несвесно, преку низа лоши одлуки го ослабува генетскиот материјал и е склон кон опаѓање на снагата, волјата, и секако изгледот кој за разлика од кај жената потешко се коригира и ревитализира.

    Жената биолошки побрзо заздравува, заради месечниот циклус, мажот потешко.

    Има уште многу disatventages за мажите, но овие први ми текнаа.
     
    Последна измена: 5 април 2025
    На eliesaab и senjorita-v им се допаѓа ова.