Маносфера и штетни последици од истата

Discussion in 'Психологија' started by CameliaMiller, Mar 28, 2025.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,081
    Likes Received:
    51,757
    Ако сакате синовите еден ден да не ви ги мислат предатори, ондак воспитајте ги со пример.

    Али слабо тоа од квази феминистки у заграда boys moms, кои притоа и негираат работи што се случуваат на други жени, само оти на нив не им се десиле.

    Или кои сметаат дека е пострашно е син, него ли ќерка да имаш, само оти ќе помислела некоја дека напасник бил...

    И да, ја деца не етикетирам као предатори, али ако си се заинтересирала, си можела да видиш дека и деца силоваат... така да не знам што би додала на таа тема а да не е офтопик.
     
    Last edited: Mar 29, 2025
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,080
    Likes Received:
    266,728
    Каме ете си растела во такво семејство, и јас немам таков татко, ама околу мене има многу.
    Не е нов концепт и не земал замав, туку сега има интернет и ви се чини дека сега зима замав. Не. Деца се растеа вака, и машки и женски. И уште се растат, што е далеку пострашно од некој си Тејт или групи на интернет.
    Зошто сега мислете дека е пикот? Затоа што веќе се јавува јазот помеѓу генерациите, кога добар дел од младите особено жените се посовесни и како што кажав независни, па не трпаат. Затоа.
    А он лајн ерата си го прави своето, нормално кога децата почнаа и он лајн да се дружат.

    Мене не ме загрижува толку оваа, да ја тргнеме настрана серијата. Детето не уби само поради тоа.
    Ама синот треба прво да се воспита да ја почитува сопствената мајка, па потоа и жената.
    Се потекнува од домот.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,256
    Likes Received:
    205,058
    И јас мислев постои одамна и се вика машки шовинизам, ама на интернет мора одново да го измислат. Сепак, малку е поинаку. Поинаку е од класичен шовинизам, ако феминизмот му е крив за се. На Балканот не се ни излегло од шовинизам никогаш, ама не знам како се растеле и се растат деца - дека жената е за дома и да раѓа деца?:^)
    Има еден загрижувачки наплив на глупост и неписменост, што дури и на форумов сум го приметила- од оноа дека детето може да ти личи на предбившиот дечко јер незнамшо:drunk:...(нешто телегонија), до теории дека жените сакале ова, она, овака, онака земени како научен факт(facepalm) (не ми текнуваат детали сега, ама доста глупости имам читнато) .
    И не можеш да кажеш се потекнува од домот. Домот за дом, ама вас не ве обликуваше општеството, училиштето, улицата? И што праиме ако општеството, улицата, ,,училиштето,, се онлајн, со сите ,,благодети,, од алгоритми и ехо комори? Не е баш наивно.
     
    Nausicaa, tambelina and Gosh like this.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,599
    Likes Received:
    69,699
    Gender:
    Female
    Не е исто. Не е исто порано кога си слушал муабети од околу, ограничено. И да имаш на дофат на прсти мислења од луѓе за кои никогаш не би знаел дека постојат, тие да ти бидат идоли со нивните насилни мислења. Како можеш да кажеш дека е исто ко дрндање пред кооперација и тоа да најдеш цел еден дел од интернет преполн со луѓе кои само ти ја билдаат омразата? Кои едни со други се уверуваат дека се во право, се групираат, се силат. Тоа е разликата.
    Плус е и тоа што жените веќе не трпат срања и мажите уште толку се тригирани да сеат омраза во своето делче од интернетот.
    Има страшно голема разлика од тогаш, со бедните шовинистички мислења дека жената е за во кујна пред кооперација, до сега, во тоа да има цела маносфера во која секој може да се сили, да шири омраза, и инцел муабети.
     
    M&M, KateKane, tambelina and 2 others like this.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,520
    Likes Received:
    280,285
    Па дипломската ја пишував пред да излезе серијава, не ми е од таму инспирацијата.

    Не може да се однесуваме како интернетот да е небитен простор, затоа што е многу битен.

    Ниту е на ниво што збори селото, многу е пострашно.

    Пример ти е (кој го искористив) Латас кога ги прозва новинарките на ИРЛ, не го дискутираше напишаното, туку со слика ги објави - а во коментари доле, од гнасни погнасни, до сериозни закани за "неебаните". Секако, Латас можеше да ги тргне тие коментари, ама не ги тргна, сам учествуваше во настанов.

    Не е "само онлајн", одамна. Луѓе кои се дел од маносферата извршија масовни убиства, така што, далеку се од "онлајн само". Па и серијата е инспирирана од вистински настани.
     
    Last edited: Mar 30, 2025
    Nausicaa, M&M, KateKane and 7 others like this.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,080
    Likes Received:
    266,728
    Да не ве цитирам сите посебно, ќе се надоврзам. Кооперација беше симболично кажано. Проблемот е што вака се одгледуваат доста генерации во едно семејство и тоа се пренесува.
    Не е само муабет пред кооперација туку е состојба на повеќе семејства.
    Примери: Татко воспитува син во тој дух, мајката и вели на ќерката да молчи, кога мажот урла, да молчи, маж е, да не се спротиставува оти маж е, она е жена и треба да слуша. Он се грижи за семејството има да трпи, ќе и удри шамар, така е де, еден шамар, судијка ти вели па ќе и удри, кога ручек не направила.
    Децата се гледаат, не знаат за друго, мажот е главниот, жената има да слуша. Имаш нова генерација, истата ги воспитува децата исто. Упс доаѓа интернетот. И сега муабетот од домот, од кооперацијата, како и да е, се сели на интернет. Па се формираат групи, движења и што уште не. Дете кое дома гледа и слуша вакви работи, што мислите тешко ќе е да под влијание на Тејт? Не.

    Никој не ја минимизира зголемната опасност денес на социјалните мрежи, напротив, застршувачки е.
    Ама како појава не е нова и опстојува само на мрежите, пострашно е што подлагата доѓа од домот.

    И да, Биљо се доаѓа од домот. Основата е домот, а потоа улицата, школото, друштвото.

    Се надевам сум јасна. Сакам да кажам проблемот оддамна постои и е подлабок отколку што си мислиме, само што сега со експанзијата на интернетот, се пресели он лајн и секако дека е поопасен и позастршувачки.
     
    Nausicaa, M&M, andromedae and 3 others like this.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,520
    Likes Received:
    280,285
    Јулке, тоа што го збориш е аспект (вистински).
    Маносферата е сосема друга димензија затоа што се организира да делува во разни ситуации (пример, хакира клауд на некоја позната личност и и' краде слики, групно и намерно таргетира одредена новинарка...)

    Потеклото на сфаќањата секако дека е од вековитата мизогинија, но ликовите кои ја создаваат и екстремизираат не се некои чичковци таму, туку технолошки писмени мажи.

    Никој не вика дека не потекнува речиси сè од семејството (потекнува), меѓутоа збориме за сериозен и моќен аспект од животот на сите нас, а тоа е интернетот. Идолизирањето на овие мажи кои имаат сериозна следеност (не е само Тејт) ти кажува дека сериозно многу млади мажи веруваат во филозофииве, со тоа што наоѓаат "заедници" многу поголеми и способни за штета од чичковците пред кооперација.
     
    tambelina and senjorita-v like this.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,845
    Likes Received:
    63,559
    Gender:
    Female
    Ова е последица од патријархот во кој живееме и влечи корени уште откако постоиме ние како човештво. И нема магично решение преку ноќ, бидејќи теле се учи, на вол инцел тешко дека ќе му го смениш мислењето.

    И сето ова е вистина, се случува, иако многу мажи си го сфаќаат ко напад кон нив ко пол, мора да сфатат дека инцелите, силувачите, насилниците и сл. не се ретки исклучоци меѓу нив туку многу честа појава. И дека мора да се работи на тоа да се искорени.

    А тоа што ние можиме да направиме е да отвориме не четири, туку осум очи, да не стапуваме во брак и да не размножуваме вакви инцели. Исто така да си ги воспитуваме синовите од најмали нозе. Тоа е единственото решение што би дало резултат на долг рок, инаку вечно ќе си правиме муабет по форуми за вакви теми.
     
    Nausicaa, Adidas888 and JuLleE like this.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,080
    Likes Received:
    266,728
    Каме, не е се проблем чичковците пред кооперација туку писмените татковци кои вака ги воспитуваат синовите. Може и да се истите кои сега се активни и на ваквите платформи. Ама сето она што го опиша и го зборуваш, оддамна, а и сега опстојува и во доста семејства и доста деца растат во духот на оваа идеалогија.
    Запнавте за чичковците пред кооперација, а беше кажано метафорично повеќе.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,520
    Likes Received:
    280,285
    Ама никој не зборува дека е нова појава мизогинијата, не знам како не се разбираме.
    Туку дека постојат специјализирани платформи кои шират мизогинија на стероиди и создаваат групи на следачи кои делуваат, кои се активни и кои се екстремизираат.

    Не ги учат татковците синовите во оваа приказна, напротив, овие мажи своите татковци или ги гледаат како "бета мажи" (папучари, потрчковци), или како "алфа мажи" (како Џејми што го гледа татко му) и немаат функционален однос со истите.

    Секако дека не им истекна мизогинијата на нив, туку развија цело антифеминистичко движење кое се гледа и преку политички движења, не е ова "дело" на еден човек, не е само Тејт, ниту е една единствена филозофија - успеваат и влијаат на политички дискурс, тоа е проблемот и страшното.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,863
    Likes Received:
    93,858
    Gender:
    Female
    Ама во право е Јуле.
    Треба да се копа во семејството.
    Прв со кого се идентификува едно момче
    е таткото, како дојдовме да се идентификува со Тејт?
    Какви биле односите во тоа семејство?
    Маносферата всушност ги искористува слабите меѓучовечки односи, луѓето се повеќе на интернет, повеќе пишуваат помалку зборат меѓусебе, а и со децата и токму тоа е појдовна точка преку која влијаат кај младите мажи.
    премногу е паушално да кажеме дека интернетот има влијание и го следат млади момчиња.
    До 25 ќе разбереме влијание на интернет ама над тоа се мажи со длабоко поголем проблем .
    Асоцијални и несигурни со ниска самодоверба се вртат по вакви “култови” кои им даваат лажна сигурност,пат и надеж за се она што го немаат.
    Пропагираат и им ги користат issues те.
    Такви мажи таргетира маносферата односно им дозволуваат на идиоти да им ја полнат главата.
    А најголемо влијание и клучно за оваа појава е отсуството на вистинска социјализација кај мажите, затоа имаат најголемо влијание кај млади мажи кои се терминално онлајн.
    Таму ги среќаваат и своите девојки.

    Друго,Инцели ,либтарди, црвенокапсулни мудрувања,редикули и останати идиотски изрази, млатење празна слама зошто воопшто ги користите овие изрази?
    Кој ви го наметнува тоа?
     
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,367
    Likes Received:
    2,964
    Gender:
    Female
    Одлично ја образложуваш темава @CameliaMiller .

    Имаш ли идеја дали е сето ова дел од некоја поголема слика и со која цел се дозволува формирање на групи острастени млади мажи, чија главна идеологија е презир кон спротивниот пол ( најпросто речено ) и за почеток.
    Која е следната скала?
    Може ли политичка манипулација по потреба?

    Навистина е ова секташки принцип и сигурна сум дека е дел од некој план ( ако се земат во предвид годините и карактеристиките на момците кои стануваат дел од овие групи ).

    Постои ли заштита, дали се зборува за ова како проблем, едукации преку образование некаде има ли?
     
    M&M, tambelina and Biljarkata like this.
  13. ani23

    ani23 Популарен член

    Joined:
    Sep 2, 2011
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    1,848
    Gender:
    Female
    И јас не разбирам нови изрази за нешто старо,мислам за што ни требаат де?.Ова е женски форум знам ,и никаде не се зборува за лошата страна на феминизмот,обидот да се растури брачната заедница каде треба да има мајка и татко за да имаме деца од двата пола израснати хармнонично и нормално.Кој сака нека ме плука и негодува ама девојките може да бидат исто тоскични колку и машките.Тоа е суптилно,пасив-агресив,манипулаторско и со исти последици како и деструкција и насилство.Е понатака тоа води кон депресија,болести психосоматски и самоубиства.Зарем никој не разбира дека интернетот е пропаганда од новиот светски поредок со цел да се уништи хуманизмот и здравите нормални вредности.Ако нема женска и машка улога во еден систем,КАКО КЕ ИМА ЗДРАВИ ДЕЦА ШТО РАЗМИСЛУВААТ И ЗА ДРУГИТЕ ОКОЛУ НИВ?Ни шовинизам,ни феминизам не се борат за ништо добро,бидејки одат во крајности ,и промовираат себичност и насилство.Знам дека многу ке ме нападнат ,ама така размислувам .
     
    Miss666 likes this.
  14. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Joined:
    Oct 27, 2020
    Messages:
    1,463
    Likes Received:
    3,516
    Gender:
    Female
    Еве ист пример од вчера. За 24 годишна девојка.
    Screenshot_20250330_142629_Facebook.jpg

    Не можам да се согласам дека се потекнува од дома. Да, секако дека првите години се најважни во вопитувањето на децата и заслужно за тоа е семејството, ама апсолутно не можеш да знаеш како понатаму тоа дете ќе се развива. Сплет на карактер, опкружување, друштво и што уште не. И две деца исто воспитувани од исти родители не се исти.

    Уште ова сакам да напишам за сега. Не ја разбирам потребата од пишување на темата мислења во стил ама и жените се токсични, ама и феминизмот има своја крајност. Не и не ! Преиспитајте си ги изворите уште еднаш и информирајте се какви последици има некој по вас "краен" феминизам а какви маносферата како таква.
     
    Anyshka, CameliaMiller and Angie1432 like this.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,256
    Likes Received:
    205,058
    Среќа па Тејт не е од Балканот, можеше одново да го измисли тркалото. Ама не е само Тејт де, односно Тејт е само маскота. Ружен ко што би рекла Адидас, и глуп, ко што би додала јас.

    За што треба да се копа во семејството? Зошто еден млад човек, или пострашно-дете, е цело време на интернет-за тоа ли? Семејството е основна општествена клетка, ама не е единствена. Јер општество не може да биде една клетка.
    Феноменов- Општествен, културолошки, глобален западен феномен. Сега, може да шпекулирам, академски, пошто немам поим како изгледа одвнатре, немам поим како функционираат ехо коморите, јер сум порасната и живеам во општество. Со фамилија, потесна и поширока, со училишта, социјализации, интеракции од разен тип. Ќе влезеш во аптека и имаш неконтролирана интеракција да го ебам, во автобус, на училиште. Е сега, сите млади се терминално онлајн, не се само мажи. Што правиме со тоа?
    За семејството -пак. Едно момче се идентификува со татко, и како пораснале вакви од феминистички мајки? Малку гулаш конструкција. Пошто западен феномен нели, ниту се сите жени феминистки, ниту се разводи нов феномен, така што не знам што да речам. Не мора ни да е присутен татко, ни да е отсутен, ни мајка да биде феминистка, домаќинка, лезбејка, ништо не мора. По нашки доволно е да попаднеш во лошо друштво, или по ново , во лоша ехо комора. Проблем е отсуството на реалност, реален живот, реални релации, реално знаење, реални перцепции. Пошто според мене треба да си стварно опериран од реалност да поверуваш во глупост како 80-20(facepalm). Мислам единствено е можно ако 80% мажи веруваат во вакви глупости, тогаш стварно не им останува многу избор на жените. Се надевам не е до таму отидена работава:worried: .

    Етикетата инцел не ја разбирам, во многу чудни, да не речам оксиморонски конструкции се користи овде, ќе почекам да ми го дообјаснат феноменов 8-|
     
    M&M and Cosmi like this.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,863
    Likes Received:
    93,858
    Gender:
    Female
    Зошто треба?
    Како прво и основно, поради самодовербата и самопочитта.
    Тоа во семејството се учи од најрана возраст, клучна улога имаат родителите.
    Предуслов за самоуверен здрав човек е здрава семејна средина.
    Или како што кажа некој познат писател Самодовербата е главното оружје за сите натамошни предизвици.
    Самоуверено и социјализирано со самопочит нема така едноставно да упадне и потпадне под вакви влијанија на некој си Тејт таму.
    Ако му ја скршиле самодовербата ќе верува и ќе се плетка во вакви култови.
    Исто така доколку во семејството било растено од независна и слободна мајка феминисттка не може да се случи да мрзи такви жени поради некој таму култ.
    Не е нормално тоа кај здрави деца.
    Пак се случува кај деца со развиена ниска самодоверба, поради да речеме доминантна мајка и пак клучот лежи во самодовербата.
    Затоа треба да се копа во семејството, да се бара причина и лекот.
    Е да Младите се терминално онлајн, се дружат и живеат, имаат љубови онлајн се е тоа некој нереален меур и затоа
    и се потпаѓа на вакви гуруа и инфлуенсери.
    Затоа што тоа е за нив реален живот.
    Зошто порано не се случуваше?
    самото движење за машки права не е од сега од 1960 е.
     
    JuLleE likes this.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,601
    Likes Received:
    46,603
    Gender:
    Female
    Некои мислења тука се доказ дека навистина живееме на две различни страни од општеството. Не мора да се даде мислење дека е нешто глупост ако до вчера не сме знаеле ни дека постои. Доволно е да пребарате некои познати фигури од маносферата по инстаграм, тикток и јутуб и брзо ќе сфатите како изгледа целата таа слика која ја промовираат.

    Патем, радикалниот феминизам е одговор на патријархалното општество, не обратно. Смешно е да се каже дека "крајните" феминистки - во превод жени кои се активистки и гласно кои зборат за општествени проблеми - се подеднакво опасни како индивидуи кои сакаат да ја одземат слободата на другата половина од популацијата и активно поддржуваат политики во таа насока.
     
    Nausicaa, Bezimenka90, M&M and 13 others like this.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,256
    Likes Received:
    205,058
    Ти ваљда елементарно немаш познавање што е феминизам, ако беше ти истата што се пофали за професионално достигнување во некоја друга тема. Очигледно ,,новиот светски поредок,, дава резултати.
    Какво црно движење за машки права? :o Што побогу им е ускратено(facepalm)
     
  19. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    15,180
    Likes Received:
    186,197
    Gender:
    Female
    Мене ми е импресивно како и во тема каде се збора за опасност на маносфера и "алфа мажјаци" да се влези со: "аМа И жЕнИтЕ вАкА пРат И оНаКа". Колку е тешко да не се фрлат и жени в гомна во секоја тема дури и ко ќе фокусот е опасноста од то шо го прат мажи? "Да, да осудвам вакви мажи, ама жените..."
    tumblr_mhxzdiYKm41rwx83mo1_500.gif
     
    Nausicaa, Bezimenka90, M&M and 9 others like this.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Joined:
    Jun 5, 2013
    Messages:
    6,839
    Likes Received:
    24,566
    Gender:
    Male
    Значи од сето ова што прочитав досеа сфатив дека тесно се поврзани ама не и исти шовинизам и ова маносферава.

    Шовинизам можам да речам веќе мажи да речам што мислат дека знаат како треба (за жал не е во ред), односно дека се супериорни во однос на жената и немаат право на глас.


    Ова маносферава е токсична и никаква, те шиба во гради со токсични работи однапред да се припремиш и потценуваш жените. На некој начин своите недостатоци да ги префрлиш на жената дека таа е виновна и тоа од небулозен аспект на гледање на работите. Како шо реков тесно ми се поврзани, барем ова со маносферава како тазе ново за хипици :D, па со тек на време и би станале шовинисти, за жал.



    Ова по некоја логика со маносферава треба да е на некој начин како поддршка за маж ама напротив толку е токсично и можи да ти го испери умот, угххх одвратно што се не прочитав....
     
    senjorita-v likes this.