Која е разликата од екстремниот феминизам кој некој од овие шо коментирате на темава го промовирате и од маносверичните?
Еве го проблемот, објаснет https://www.edweek.org/leadership/m...-attention-what-teachers-need-to-know/2023/02 За семејството, погоре елаборирано од @Cosmi - ок, држи тоа вода, се тоа фино, самодоверба, почит. Ама не е ова- абе му се случува на некој друг, нек крши глава. Моето дете, вашите деца, живеат во овој свет. Ништо не можам да сменам со тоа дали Митре е авторитарен татко, или отсутен, или пијаница, или Митра е ваква и таква- ако нивното дете порасне задоено со вакви идеи, утре моето дете е импактирано. И се шокирав кога видов дека секое едно говорно подрачје си има локални Ендрутејтовци, да не останеме случајно надвор од системот на ширење срање
За да ти одговориме, дај ни конкретни примери за екстремен феминизам. Оти вие немате баш некој концепт за нормално, ко што иаме приметено - све што правиме ние жените како одговор на вашето ви е екстремно, а све што вие нас ни правите ви е нормално...
Добро оти користиш ваков речник се со цел минимизирање на чувства итн? Ако гледаме така и мажите се навредени и стапката на самоубиства е многу поголема низ цел свет. Од една страна сакаме да имаме емотивни мажи што можи да си искажат било што а од друга страна многу биле навредени. Не оди во иста реченица сето ова.
Е добро ајде пасивна агресија, напаѓај го и јас му реков дека не е местото овде за тоа прашање, и ме тригерна да те цитирам. Иначе не осудувам директно ама смрди на екстремен феминизам односно мизандрија општо на темава само ај.
До мажите. Треба да бидете среќни шо ние жените бараме еднакви права а во најкраен случај - никаква работа со вас. Замислете да баравме одмазда за векови и векови насилство?
Мене ми е многу жал шо дел од вас сте толку огорчени да сите останати ги ставате во ист кош со тие ради кои имате лошо искуство. Прашањето го поставив ради тоа шо не се дискутира туку се осудува и тоа не само целната група која според мене е секта туку цел пол ради одредена група се става во кошницата. Еве јас лично ги осудувам мажите кои се однесуваат вака со жените исто како шо ги осудувам и жените за кои радикален феминизам не е поим со кој би се опишала нивната желба да ги снема мажите од планетата.
На форумов на дел од темиве не ми делува така, голема омраза има кон маж. Ама ок ајде женски форум е, ама ништо здраво ништо арно. Ми делува на екстремен феминизам.
Едино си во право дека темава не е за то. Ама не, не одговорив пасивно агресивно туку вистинито. И да ти мириса на мизандрија, иако моето не е то али ако така го доживуваш - not my problem, секогаш од едното умират луѓе и безбедноста му е нарушена, додека од другото само истите тие луѓе се оддалечуваат од другата група или "повредват чувства". Не сум саркастична. Не сум пасивно агресивна. Најбуквално шо можи ова ти го кажвам. Ама најди соодветна тема, иако мислам дека нема за мизандрија VS мизогинија и несакани ефекти од двете. Пошто, бар јас, нема да враќам тука на та тема пошто пак се трга поентата од темата (маносфера, токсична машкост, мизогинија) и се клава теретот на жените. Да не речам, класика.
Исто така да се повторам дека сум во право и за стапката на самоубиства е поголема кај мажите, ама не е битна.
Можеби. Не негирам дека е. Токсична машкост и ставање "силна" слика пред луѓе и истиснување емоции носи до проблеми по ментално здравје шо носи до повисоки стапки на самоубиство. Токсична машкост и туркање маносфера штети и на мажите. Ама, дека некоја ќе речи "неќам мажи" или друга ќе го одбие за секс/врска и то ќе го повреди толку - лол не. Подлабоко е од то шо жените сакат/неќат.
Сакам да кажам дека се минимизираат нечии чувства еве да речеме на мажите, и ја спомнав стапката на самоубиства поголема отколку кај жени. Е од вака од една страна сакаме искрени мажи што ќе си искажат чувства и мисли, а од друга страна не смееме да сме навредени и слично.
@Stark има ли една тема на форумов кај шо не плачеш за внимание и не пробуваш да манипулираш емоционално?
Се согласувам за ова, ама ме тригерни што така го нападна Реалист, иначе и мене ми е одвратна ова маносфера ја прочитав изгуглав и овде следев на темава ми е интересна и уникатна.
Stark тргна од овој пост, во кој осудува ова со маносферава бла бла, ама, за многу кратко време потоа се најде навреден, не знам од која причина искрено, не беше дирекнто нападнат, ако ти не се пронаоѓаш во маносфера, не се пронаоѓаш во ништо од ова, ама тука се најде навреден и повикан да ги браниш мажите, сите мажи очигледно. Очигледно кога не отиде во твојата насока муабетот или не доби некое тапкање по грбот, не знам еве, и крена во напад. Ова е тоа кога мислиш не сите мажи, ама...