Ај ќе пробам вака. Фактори кои придонесуваат до самоубиство еве како што го реков тоа е притисокот за емоционална воздржаност, ментално здравје и поддршка ( во случајов во темава маносфера која што и јас ја сметам за токсична и одбивна), али друга поддршка немаат мажите и се стигматизирани. Појасно е сега? Да и ова твоево ако го осудувам е екстремен феминизам во смисла на минимизирање чувства и двојни стандарди.
Некогаш, кога не знаеш на каде оди муабетот, или кога не оди во твоја насока, попаметно е и да преќутиш, не е срамота.
сакам да кажам дека не е "само навреди". Оти нели рече таа едни умираат другите само се навредуваат. Дај ви се молам малце, двојни стандарди ќе се водат или што и ќе ја затераме темава во недоглед и бесвест.
И после се чуди оти не може девојка да фати иако е убав, згоден, добро ситуиран. Ќе збори за свои емоции и нивно негирање, на рандом тема на интернет шо нема везе со него, али тоа ти е мами ишјус и нарцис по вокација. И сево ова додека пасивно агресивно ја плука по секоја тема својата бивша која сите знаеме која е и дека чита на форумов, па и јавно и честита роденден со зборовите му го усрала животот. За лове бомбингот со постирање заеднички слики нема да праиме муабет. Али му проаѓа, сепак емоционален манипулатор пар екселанс. Тамам чоек за у темава. Се надевам читаш, или дека некој ќе ти пренесе .
Ако ова го сметате за напад - pls пораснете. И ко шо реков назад, чинам на ова тема беше. Ако се пронаоѓате - не е мој проблем. Ако не се пронаоѓате - честитки! Добри мажи/луѓе сте! Ама ако ми се објаснувате на долго и на широко како да не знајте шо точно се мисли... sus.
Боли мене курац за тоа шо мажите се самоубивале оти не добиле пичка и пофалница, јас секој ден се шетам со ножеви и електрошокови, се вртам на секои 5 минути да видам дали има некој позади мене, и се тоа од страв да не бидам силувана и убиена. Неможеш овие две работи никад да ги споредиш. Мажите шо им фалело емоционална подршка - нека си разговараат меѓу себе и нека си дадат подршка. Ваш проблем е тоа, не е наш. Не сме должни терапевти да ви изиграваме.
Да бе зато 128312837312 ме цитиравте овде. Ама океј ако така се браниме од било каква дебата, аргумент и пишување, ок, не ти досадувам. Глеш колку се тесно поврзани екстремен феминизам и ова фамозново маносфера од едни кон други и обратно??
Не постои екстремен феминизам. Системот е поставен да биде во корист на мажот и не постои земја во светот каде што машката популација е или била историски во потчинета положба и морала да се избори да биде гледана како човек. Маносферата - онлајн простор кој се чувствува загрозено од сѐ поголемата улога која ја имаат жените во светот активно се труди да ги стави жените во еден калап кој е во служба само на мажите и одбива да ги види како човечки битија. Ај што маносферата им е непријател и на самите мажи со тоа што ги понижува доколку не ги исполнат родовите очекувања, ама најосновно промовира екстремна мизогинија и понатаму и насилство кон жени. Па од таму тргнува сѐ друго. Феминизмот е одговор на опресија и на патријархатот, а во колкава мера се жените лути зависи колку е влијанието на мизогинистичките политики и колку нашата култура се враќа назад. Феминизмот е борба, не е робовладетелство. Ајде сега објасни ми како феминизмот како контра движење е тоа кое е штетно?
Ти не ни сфаќаш што пишуваш. Не разбираш, самиот себеси не се разбираш. Во тема во која зборуваме како мажи се групираат, се полнат со омраза кон жени, ти пишуваш која била стапката на самоубиство на мажите и дека тоа е некако кривица на кој, на жените? Сфаќаш како се запаѓа во маносферата? Очигледно вака, мислам дека уште некој пост и спремен си да се приклучиш таму.
Ај ти се молам верувам еве во негово име ќе пишам сигурно не мисли така дека феминизмот е штетен. Али моментално на темава можам да ти издвојам што е екстремен феминизам и стварно ми е одбивно дури и за читање некогаш не можам, одма земам тенџере камилица крпа и бдеам 15 минути да ми се релаксираат очите и мозокот.
Ја и ти на различни планети живееме изгледа. Меѓутоа фала ти на одговорот. Кај сум напишал дека феминизмит е штетен де цитирај ми?
Сосема задоволна од твоите одговори. Се надевам жениве што читаат овде, што се на форумов, имаат доволно памет во глава, како што гледаме веќе дека е сѐ почесто случај. Вака треба да се навлезе во дискусија, да се видат размислувањата, после е многу појасно. Thank you for your service.
И на вас гледам значи колку се екстремно насочени, впрочем не ни правите разлика помеѓу феминизам и екстремен феминизаме ама терајте ако мислите дека така е најдобро.
Дури и малце ако сте тригернати со темава треба да сте Red flag, за никој да не ве дејта. Мене ми е некако жал за жениве во Мк и општо на балканов, со вакви мажи како нашиве. Реков и претходно, немам запознаено еден асален маж во Мк, а сум била таму скоро цел мој живот. Ниеден немам запознаено кој што е феминист, ни на дело ни на збор. Сите биле помалку или повеќе Тејтовци или пак тригернувани вака како овие на форумов. Иако не заприметувам кој што како пишува од машките членови овде ама од тие што сум прочитала по нешто - yikes..