Добро Се читате како групирано го нападнавте членов, па психијатриски дијгнози му налепивте и проблеми во интимен живот како му разоткривате па и предупредувате други жени Зошто, со која цел? Да бевте машки со овие постови ќе бевте типични представници на маносферата. Ќе се бориме против со ист наратив нели?
Не постои екстремен феминизам. Постои феминизам, кој се залага за рамноправноста на жената и мразење на мажи. Еве јас лично не можам да се наречам феминистка, затоа што го поддржувам ова другово.
Ама ако не разбираат и користиме исти јазик и начин, не треба да посочуваме прст кон нив и да ни е проблем маносферата. Ова што го читам е исто однесување.
Ти праша која е разликата меѓу екстремниот феминизам и маносферата. Јас ти објаснив дека не постои екстремен феминизам и ти објаснив зошто твоето прашање не држи вода.Мислам дека доволно јасно се изразив.
Да го мразиш машкиот пол без разлика на се, значи еден ако е тепач силувач сите се, поточно мизандрија. Двојни стандарди @Srckata28 почитувам, ама не секој феминизам и автоматски мора да се напаѓа мажот за да се достигне за нешто.... не знам колку имате запознато во животот личности да споделат приказни од тоа како се третирани од жена врз жена во некои земји афрички, па да знаете против кого воопшто се борите.
НЕ! Лелеле ме уморивте грч ми фатија прстиве. Ме фати инает оти онака му врати theowndemon затоа и ја цитирав и после сите ме цитиравте аман.
Како што Кајгана страна катче, каде поради грст членови, женско не може да напише мислење без да биде цитирана и напаѓана до недоглед, така и Фемина, поради грст членки, стана простор каде маж не може да напише мислење без притоа да биде цитиран и напаѓан до недоглед. И едните, ни другите не сакаат поразлично мислење од нивното. Од 2013 сум дел од форумскиот живот, на другиот форум ваквиот начин се интензивираше пред пандемијата. Едно е да цитираш со цел да предизвикаш некаков интелектуален придизвик кој ќе резултира со плодна дебата, а сосема друго е да цитираш со цел суптилно некого да навредиш. Што е целта, преку ефектот на стадо да се бустне егото? Со едноумието никој нема да стане попаметен. Баш напротив, само преку сослушување на аргуметите/контрааргуметите ќе оформиш поцврсти и поубедливи свои аргументи. Како на пример, стапката на самоубиства кај мажите е поголема, пред се, поради посттрауматското стресно растројство. Тука се спинува дека е резултат на личните ставови, постапки и мислења кои водат до одбивност на спротивниот пол, кое ќе доведе до депресија и самоубиство!
Да де, ,,посттрауматско растројство ,, лол од што живеете во патријархарт... А го подржуваате поради ќарот од него. Сменете си ги личните ставови, постапки и мислења, па живејте до 100 и назад, и остајте не и нас да ЖИВЕЕМЕ.
Како некоја која се има утепано од учење за идеологии, отворено ви кажувам дека и едните и другите поим си немате од нив и џабе се расфрлате кога немате вистинско (доволно) познавање. Така што треба да намалите со тоа. И во некои мислења се насетува мизандрија што е проблематично како и мизогинија. Ама, не е тоа темата, па нема да посочувам. За темава. Ок, има наслов и не треба да се вмешува друго во неа. Точно е дека мажите се попроблематични и дека светов е правен повеќе за нив, но тоа нема да се смени со идентично спуштање и на оние мажи кои се свесни за и го признаваат првиов дел од реченицава. Некој од машките членови слободно нека си отвори тема Фемисфера или некоја со споредби, па таму да се разглаба кој колку и на кое ниво е обесправен. Добро воспитан и здраворазумен маж и да пушти некое видео на Тејт и нему слични, после тоа нема да пушти оти му е јасно дека тој и таквите се заостанати. И ќе се обиде да ги освести и помладите генерации. А, за проблематичните мажи подеднакво се виновни двата пола. Џабе е да посочуваме прсти кон мажите кога постојат и жени што се согласуваат со Тејтовците.
Јух, браво, требаше некој мега гига ултра едуциран во врска со идеологиите да дојде и да каже ваква глупост.
Па ти како си растела Биљо и како се расте сега, нема допирни точки. А не е решение - не давам интернет. Не давај на 5 годишно, на тинејџер ќе забраниш, како? Инцел не е навреда, инцелите сами за себе си го смислија името (incel), односно мажи кои веруваат дека не можат да дојдат до жена (т.е. секс) затоа што се физички и/или материјално непривлечни, бидејќи според нив, жените се површни, неморални, инфериорни суштества кои или сакаат да се сексаат со "Чад" и тој ги третира мизерно ама поради можноста да се со популарен маж или да имаат деца со популарен маж остануваат со него дур тој не ги откачи, или да се сексаат со богаташ, или да се глупави феминистки неебани на кои кур им фали и некој да ги стави на свое место итн. - не се сексаат со ОВИЕ мажи. Па овие мажи се чувствуваат обесправени затоа што нема ферски распределба на вагини, а за тоа им е феминизмот крив. Они сами никако, никогаш. Семејството е многу моќна работа, ама не живееме веќе во тој свет. Имаме паралелна моќна струја на социјализација, со игнорирање или несфаќање колку е моќна, нема да ја ослабеме или модификуваме да не биде толку опасна.