Маносфера и штетни последици од истата

Discussion in 'Психологија' started by CameliaMiller, Mar 28, 2025.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,720
    Likes Received:
    47,575
    Gender:
    Female
    Многу сакам ова кога ќе се спомне. Повеќе мажи се самоубиваат од жени(ако е ова точно) поради истата таа токсична мажественост која толку многу сакате да негирате дека постои. Жртви сте си на сопствениот систем.
     
    Nausicaa, Bezimenka90, M&M and 10 others like this.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,602
    Likes Received:
    280,946
    Далеку се од "лични искуства", научни трудови (во не мал број) постојат зад сето ова што го збориме.

    Сети се, те молам, на женска група која пропагира и извршува јавен линч, силува, врши масовни убиства над мажи. Постои таква?

    Не знам што е "екстремен феминизам", феминизам е барање за рамноправност во секоја сфера на двата пола.

    Толку. Точка. Мизандрија НИКОГАШ не била дел од феминизам, а не ниту сега, ако бираме "да си немаме работа со мажи" - освен што сте навредени што ве нејќеме, што ви е?
    Епа вие (не ти, вие) нè тепате, силувате, убивате, ни коментирате во јавни групи какви курвештии сме, истото го правите и на други социјални мрежи, хакирате клауд да ни крадете слики, правите дипфејкс со нашите лица, ни го малтретирате семејството, колегите и имам до недоглед за набројување.

    Така што, "крајниот феминизам" само ќе стои настрана од мажите, маносферата е заговорник за сè ова погоре. Не ќе да е исто.
     
  3. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    Каде негирам дека постои или алудирам дека не постои "токсичната мажественост"? Или напиша нешто колку само да напишеш?

    Како што кажав, независно дали се согласуваш или не, ако напише нешто и некаде маж, од страна на едните исти форумџики, се цитира до недоглед. :)
     
    eliesaab likes this.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,315
    Likes Received:
    205,605
    Сигурно има некое афричко племе такво, за кое никогаш не сме чуле, одам сега да гуглам- што е екстремен феминизам и како е опасен за светот?
    Одма тука ми иде слика од оние што протестираат топлес, фемен ли се викаа, може тие се екстремни?:smirk:

    И никој не ми одговори кои права им се на мажи загрозени, што основале движење за права во 60тите]:)
     
    SummerGirl and Adidas888 like this.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,602
    Likes Received:
    280,946
    Па "си ги знаеме" мажите на форумов, повеќе него во темава. Знаеме што пишале на други места, како се однесувале во други теми.
    А и уморни сме да слушаме како се мажите "навредени". Како "не сите мажи".

    Уште не сум начекала под слика голишава од маж да се пишуваат коментари кои можат да се еквивалент на оние што се пишуваат за жени.

    Уште не сум дознала за "Јавна соба" за мажи.

    Или сфатете дека сме умори од просеравања и нема простор за middle ground, сакаме да живееме без страв дека ќе сме силувани и убиени и дека не ви должиме ништо, или сфатете зошто сè повеќе жени преферираат да останат сами отколку да се со кого било.

    Екстремен феминизам е ова? Во најлош случај, ускратувам маж од вагина?
     
    Nausicaa, Bezimenka90, M&M and 8 others like this.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2022
    Messages:
    7,895
    Likes Received:
    35,963
    Gender:
    Female
    И јас бев да гуглам за екстемниот феминизам :rofl::rofl::rofl:
    Си викав чим маживе се исплашиле толку многу од него, сигурно почнале овие жеништава да ги убиваат :rofl:.

    Ама, ми излезе само дека не давале пичка веќе на мажи, па затоа овие се исплашиле.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,602
    Likes Received:
    280,946
    Тие во 1960та основале движење за права на татковците, со тоа се занимавале, дека децата не се само на мајката (во Америка ова). Во Југославија никогаш децата не биле само на мајката, иако фактичката состојба е таа, неспоредливо повеќе татковци решаваат дека нејќат да бидат веќе татковци, отколку мајки.

    Благе везе нема тоа движење со ова за што зборуваме тука.
     
    Biljarkata likes this.
  8. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    И повторно нема допирна точка со она што го напишав. Направив социјален експеримент, напишав мислење, со цел да докажам дека било што да се напише на темава, па и општо на форумот, само да е напишано од маж, ќе биде цитиран до недоглед. Во мислењето имаше само еден факт дека мажите извршуваат повеќе самоубиства од жените, притоа не навлегов во расчленување на тој статистички податок.

    Останиот дел од коментарот ти е препишан од претходните членки кои ме цитираа. :)
     
    eliesaab likes this.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    4,196
    Likes Received:
    53,858
    Еве и јас сакам да учествувам во твојот социјален експеримент, и да ти се потврди тезата дека на форум каде има спротиставени мислења луѓето ќе се цитираат до недоглед, особено ако мислењата се провокаторски и исклучуваат други факти, како тоа дека мажите извршуваат повеќе убиства, силувања, педофилија , инцест и силувања.

    :)
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,315
    Likes Received:
    205,605
    Ок, фундаментално право на вагина-смешно звучи -и не постои. Ама не ќе да е само тоа, ќе да има нешто повеќе.
    Мешате малку мизогинија и мизандрија, а мене ме интересира што им згрешил феминизмот и кои женски права им се проблем на чичковците. Дали моето право да се едуцирам, работам, сум независна оштетува некого? Е добро, не сум стока, машка сопственост, ко што рече Гош. Како е тоа проблем? Пошто се што е против феминизам, алудира дека некои права нам, како на жени, ни биле премногу.
     
    Adidas888 likes this.
  11. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    Се согласувам дека мажите извршуваат многу повеќе убиства, силувања, инцест и педофилија. Извршуваат и многу повеќе ред други насилни кривични дела. Ништо од ова не спорам, ниту може да биде спорно. Ако сакаш таков социјален експеримент, најди платформа, напиши мислење и сподели ги резултатите со нас. :)
     
    eliesaab, Realist1 and Cosmi like this.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,968
    Likes Received:
    140,605
    Gender:
    Female
    Не е глупост, факт е. Зела седи дома и све прави сама оти така ја воспитале да му молчи на мажот. Потоа таа како мајка со истото му ја полни главата на синот и после во теми како онаа за мажите и онаа за свекрвите читаме како некоја не е задоволна од односот на мажот и свекрвата. Тој не си ги врши домашните обврски, а мајка му ѝ се меша на жената дали треба да работи и да шета. Таа дава подеднаков придонес како маж ѝ кој исто бил растен со такви родители.
    За тоа што им е најтешко.
    Права за добивање старателство, плаќање алиментација, посклони на самоубиства, поподложни на добивање лажни обвиненија, немање доволно интерес за оние кои навистина се жртви, слобода на говор...
    А, пример за екстремен феминизам има секаде, па и на форумов (овде претежно левистички). Од една страна тврдење дека има грижа за биолошките жени, а од друга страна поддржување на биолошките мажи кои сакаат да влезат во сферите каде жените се најизложени на опасност и најранливи (како натпревари и вециња).
     
    eliesaab, Букерко and Cosmi like this.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,602
    Likes Received:
    280,946
    Па ваљда тоа е смислата на форум, кој било, дискусија?
    Да сакав да си напишам нешто без да може да се цитира, има и за тоа тема.

    Ако мажот каже нешто тотално безосетно секако ќе биде "нападнат". И жена да каже исто ќе биде "нападната", биди сигурен.

    Во воведниот пост имам напишано за стапката на самоубиства на мажи, само што исто така стапката на убиени жени од мажи е со огромна разлика него обратно, што ти кажува ова? Дека мажите имаат проблем со (авто)агресија? Каква врска има темава и ние жените со тоа што мажите се убиваат?

    Па баш тоа - порано ќе те омажеле за кој татко ти сака да те омажи, нема ама го сакам Петре или нејќам да се мажам. Денес жените сè помалку сакаат да се мажат, да раѓаат неброено деца, да останат во лош брак итн. - да, тоа им смета. Кога мажите одлучувале, скоро секој маж "добивал" жена. Пошто не одлучуваат, голем дел од нив не можат да дојдат до жена.
     
    Nausicaa, M&M, Asparagus and 5 others like this.
  14. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2023
    Messages:
    179
    Likes Received:
    318
    Gender:
    Male
    Точно, ама цитирањето е во причинско-последична врска со тоа што некој е маж, без разлика на неговиот став. Технички, она што сакам да го кажам е дека креирате клима каква што постои на Кајгана. Три поста по ред генерализации дека сум учествувал во важето општествено угнетување, дека сум ви ја скратувал слободата, правата и дека не сум ви давал да живеете! Се што сакам да знаам е од каде произлегува овој општ заклучок, од која моја постапка или од кој мој став?

    Инаку, во философијата на правото постојат разграничување на феминизмот, во однос на општествениот светоглед, така се разликуваат либерален, марксистички, социјалистички и радикален феминизам. Ова е дел од задолжителната литература при правниот факултет, имаш и стручна литература "Филозофија на правото" од Владо Камбовски. Така, постои, радикалниот феминизам.

    Агресијата е поврзана и со стапката т.е. нивото на тестостерон, не само со некое психилошко нарушување. Фројд оди дотаму каде трвди дека е и културолошка односно дека се стекнува/учи. Прави споредба помеѓу 2 племенски организации, едните пацифисти, другите воинствени. :)
     
  15. ani23

    ani23 Популарен член

    Joined:
    Sep 2, 2011
    Messages:
    1,167
    Likes Received:
    1,884
    Gender:
    Female
    Потполно се слагам оваа огорченост ,повреденост и омраза е кон цел машки род.Кој тоа немал некогаш неубаво искуство некогаш- било машки ,било женски,ама тоа е живот.Па потоа она величање жената рагала и измачена била,па тоа не е поради маж некој ,туку така одредил БОГ или природата ,или еве сум се родила како жена и јас носам бебе и рагам и можам и да угинам,и што ми е крив мажот во ова?Мило ми е дека сум се родила како женско,во ова време и век баш е неубаво да се хејта по мажите,денес жените имаат многу права.Порано се слагам дека немале,ама сега не морам да се одмаздувам заради животот на мојата баба,прабаба .
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    22,315
    Likes Received:
    205,605
    Абе кога порано, пред 100 години ли и тоа на Балкан? 100 години живееле во тиранија на безжение, фала богу за интернетот да се просветлат и организираат. Нешто е грешно во оваа теза.
    Нешто е грешно и во оваа теза исто така, ама цел извештај има за читање, па може ќе се навратам подоцна. https://www.spiked-online.com/2025/03/27/this-isnt-a-young-men-problem-this-is-a-class-problem/
    Или нешто не разбирам. Како е проблем ради жените, што мажите биле надвор од образовен процес, не напредувале, немале работа, а жените тоа го имале помалку? Па сите жени ли аристократи се раѓаат или е просто факт (познат нам од бивша Југославија) дека жени во образование и со академски успех се доминантни, јер просто, се трудат повеќе. Како е може индустриската реформа (или грабеж) на Тачер, од пред 50 години (во Ук) сега да се ефектуира во невработеност на млади мажи. Со сето ова, се сомневам и дека пеј гап е во корист на жените во Ук, ама тоа настрана. Значи феминизмот е крив дека младите мажи денес не може да си го држат таквото у раце, по цел ден на интернет, и притоа ,,општеството,, ги исклучило од образование и пазар на труд:drunk:

    А за нас, што не сме студирале кај Владо Камбовски, што вели тој радикалниот феминизам што постои?8-|
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,202
    Gender:
    Female
    Поголем број самоубиства има кај мажи само бидејќи избираат поагресивни методи за самоубиство (куршум, скокање), за разлика од жените што најчесто избираат апчиња. Многу поголеми шанси има да е успешен обидот со методите на мажите отколку на жените.

    Should we talk about how самите одбрани методи говорат за тоа дека мажите се во секој можен аспект понасилни, а жените дури и при сопствената смрт внимаваат да не остават трауми на најблиските или на децата што најчесто се со нив. Ај може во следната епизода тоа, многу е да се процесира.

    Мора да напоменам дека ова со самоубиствата е ко единственото нешто во кое мажите се демек во полоша положба, а всушност дури и ова едно нешто не е точно. Жените во поголем број страдаат од депресија, ама мажите се тие кои почесто и поагресивно се осмелуваат да си посегнат по животот.

    Нема сфера во која мажите се системски опресирани како што се жените. Едноставно нема. И не знам зошто упорно сакате да има.
     
    Nausicaa, Bezimenka90, M&M and 11 others like this.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,692
    Likes Received:
    65,020
    Gender:
    Female
    А прејако ми е дека жртви на таа маносфера се мажи подеднакво колку и жени. Затоа што стануваат крајно несреќни, другарчињата виртуелни кои ги тапшаат по рамо не им се вистински пријатели, туку напротив Тејт и сличните негови поданици ги гледаат таквите машки како банкомати, како некому кому може да перат мозок, за да добијат профит. Пола од тие што учат курсови, држат семинари и слични глупоштини каде ги учат машките да бидат машки се само идиоти што успеале да профититаат од идеологија која е погубна и за мажот.

    Затоа што ве учат дека треба да бидете алфи, дека не треба да покажувате емоции (затоа ви е поголема стапката на самоубиства, затоа што е невозможно за еден човек да не чувствува, а не знаете како да ги процесирате истите), дека треба да имате коли, станови и не знам ти што за жени да ве сакаат, па повторно кога не исполнувате све, тоа го сметате за понижување, и повторно ви страда здравјето.

    Буквално најголем дел од тие мажи токму поради омразата према жените се осамени, несреќни, не можат да најдат девојка, а и ако и кога ќе најдат не можат да имаат квалитетно време со истата затоа што цело време во глава им е таа глупава идеологија.

    Од друга страна емоционално зрели мажи, мажи кои не ги манипулираат жените и ги почитуваат, се 1000 пати попривлечни, живеат посреќни и поисполнети животи, имаат нормални семејства и функционираат нормално во општеството.

    Така што таа маносфера попогубна е за мажи отколку за жени според мене, ама терајте и следете ги Тејтовци, Лазаровци и Бака Прасиња и после чудете се зошто сте сами и осамени, а некои од вас дури ни на форум каде 90% се жени не успевате да најдете партнерка, или па ако сте ја нашле не успевате да ја задржите.
     
    Nausicaa, Bezimenka90, M&M and 17 others like this.
  19. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Joined:
    Jan 10, 2020
    Messages:
    1,632
    Likes Received:
    20,223
    Gender:
    Female
    Законот против абортус најчесто не значи целосна забрана на абортус, туку забрана после 24тата гестациска недела. Има и земји каде целосно се забранува, но мислам дека тие случаи се многу поретки. Може да значи и други работи, како период на преиспитување на одлуката и советување со стручно лице пред да се одлучи конечно.

    Маносферата е штетна и за жените и за мажите.

    Она што мене ми смета е етикетирање на жената во сексуална конотација, додека мажите во иста ситуација воопшто не се етикетирани. Исто така злоупотреба на слики, видеа и траумата со која живеат девојки/жени што поминале низ тоа. Додуша ова многу често го слушам и од жени, така да не може да го ограничиме само како однос од машкиот пол.

    Друго што мн ми смета е тоа колку жените кои се жртви на насилство немаат каде да се обратат или и да имаат, не се заштитени во процесот. Има некои решенија во поразвиените земји, ама не се доволни.

    И понатаму немам идеја што друго ми смета. За се останато чувствувам дека ги имам истите права како и мажите. Не правам муабет сега за некои радикални држави или положбата на жената во одредени религии.

    Има некои работи во кои сметам дека сите како луѓе сме многу обесправени, а не само жените, како на пример, период на породилно, услови и цена на градинки итн. Не кај нас, во други држави. Општество толку скапо за да има доволно време за квалитетно воспитување на децата. Е во тие ситуации најчесто страда жената, ама тоа е веќе прашање и на природа, па дури и ако фемина форум не мисли така. За волја на вистината има и за тоа мн студии, за кои можеби сметате дека не се релевантни или дека се напишани од мажи :).

    Настрана од тоа постојат професии во кои се уште процентот на мажи е мн повисок, ама соодносот значајно се менува. И потребно е време за да се изгланцаат разликите кои се создавале со векови.

    Ве прашувам зошто навистина ме интересира вашето мислење, кои права сметате дека треба да се подобрат? Или едноставно кои услови сметате дека треба да се поинакви?
    Прашувам за права, не за процентот на прекршоци од мажи кон жени.

    Апсолутно точно. И исто така кого и да мразиш, не можеш да си среќен со него.
    Поубаво е да си Single отколку во лоша врска, а најубаво е да си во убава врска.
     
    Last edited: Mar 30, 2025
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    21,602
    Likes Received:
    280,946
    A пред него Маргарет Мид (антрополог) оди и прави споредба меѓу три племиња, во кои ДУРИ општествените улоги се обратни (мажите се "женствени", жените "мажествени") но ДУРИ и при таква распределба на улоги и однесувања, секое племе повеќе ги ценело машките карактеристики.

    Што е радикален феминизам? Со практични примери? Објасни ми, на правен не сум учела.
    И никој не вика дека ТИ што било правиш, туку вие, ако се тригернуваш и се пронаоѓаш - не е мое (наше) да ти се извиниме.

    @MarijaMi90 да ставиме твоја експлицитна слика и од маж, што викаш, како ќе одат коментарите? Кој ќе има поголеми и пострашни реперкусии?

    Воопшто темава не е за "обичен" феминизам каде што расправаме за право на глас и право на абортус (што оваа група сака да бидат одземени, иначе) туку за екстремна мизогинија не во легислатива, туку во животот секојдневен, најпрво онлајн, што се преточува во офлајн.

    На пример одредени социјални мрежи веќе подолго време одредени зборови цензурираат и тргнаат контент, Редит им ги архивираше цели субредити на инцели и др. групи. Други платформи "цветаат" со оваа пропаганда, Телеграм е посебен од аспект на тоа што ги штити корисниците кои ги прават злоделава.