1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марш за легализација на Канабисот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mrs.nice-girl, 26 ноември 2012.

  1. mrs.nice-girl

    mrs.nice-girl Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    ..Ај дека немаме муда за ова!!! :smoke:

    Основни теми на кои треба да се размислува:

    - 0 Смртни случаи од било какво користење
    - Зашто се Кетонал, Лексилиум, Трамадол и Дијазепам легални, а ова не?
    - Кога последен пат сте слушнале за насилство под дејство на Канабис, а кога под дејство на Алкохол?
    - Кон тешки дроги (Хероин) се оди преку лесни (Трамадол, Лорам), Канабисот не влага ни во едната ни во другата категорија.
    - Зашто се воздржуваме да збориме за ова со постарите?
    - Тинктура од Канабис...читнете, ве молам
    - Најдобар извор за Целулоза...Зашто сечеме дрва?
    - Зошто државните органи ги третираат корисниците на Канабис како криминалци, а од Хероин и таблети како заболеници?
    - Дали ке не следи МВР после ова, и колку не заболе?
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Mа дај легализација...јас сум против ова,а знам никогаш не би прифатиле и постариве генерации
    која е целта со легализирањето?
    да пушат трева младите и таа наводно е здрава не е штетна за здравјето.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ахх ништо не знаете, се е тоа политика и маркетинг, нема потреба за страв.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Наркоманска нација.
     
  5. mrs.nice-girl

    mrs.nice-girl Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Прочитај по интернет ШТО Е МАРИХУАНАТА ?
    Факт е дека тобакото (цигарите = што се легални) во нив има 4000 штетни хемикалии, а во Тетрахидроканабинолот (ТХЦ) има само 400.
    Факт е дека не е возможно да се предозираш со трева.
    Факт е дека се користи за болки против рак, и лекува од рак.
    Факт е дека не можеш да станиш зависник.

    - Само нашиот народ е малце поназад, па сега како што пее владата така ние ќе играме, тобакото е легално што е многу поштетно, а тревата е забранета затоа што народот тоа го смета за дрога. А и уште нешто .. Дијазепам, Трамадол, Метадон (тешки зависни дроги) им ги даваат на зависниците од хероин и се легални :| !!! ЗОШТО ???
     
    На Fallin-ForHisSmile и XstrongerX им се допаѓа ова.
  6. loreta994

    loreta994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    досега немав пишувано по форумов, но кога ја видов темата морав.. како што кажа mrs.nice-girl цитирам 'Кога последен пат сте слушнале за насилство под дејство на Канабис, а кога под дејство на Алкохол?' секој ден на вести слушаме за сообраќајки,тепачки, убиства.. и скоро секогаш кажуваат дека лицето кое го сторило тоа и тоа било по дејство на алкохол, а никогаш немат кажено дека лицето имало пушено марихуана... човек под дејство на алкохол е агресивен, се мисли многу силен и може на секој да му замери и да го предизвикува и него никој ништо не му може, за разлика од човек кој се надувал или заспива или се смее и шири позитивна енергија.. јас сум ЗА за да има казни долку фатат човек кој е премногу пијан (безразлика каде се наоѓа (дискотека, улица, парк и тн.) бидејќи тие прават поблеми, а сум за да се легализира тревата, така сите ќе бидат happy..а можеби и помалку ќе се замарат со политикава на државата :D
     
    На mrs.nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Против. Воедно подршка за секој марш против лесни и тешки дроги, против цигари, против алкохол, против јадење месо, против лов и риболов, против циркуси и зоолошки...

    Да се каже дека пушењето марихуана било лек е исто како да кажеш дека пиењето солна киселина е здраво бидејќи дезинфицира!
     
  8. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Добро бре луѓе до кога со вакви ставови :^)
    Алкохолот, цигарите биле штетни па ајде да легализираме уште една дрога така ли?
    Наместо да одиме на марш за да се забранат и цигарите и алкохолот ние да маршираме за што - за регрутација на нови зависници? Значи стварно не ве разбирам :^)
    Нашиот народ бил назаден со сваќањата, а вие сте прочитале некоја информација плус и одма мислите дека се знаете и заземата опасни ставови за иднината на ова општество.
    Слепо следите наметнати трендови, наместо да размислите со своја глава и да кажете НЕ на било каква зависност. Ако цигарите се штетни тоа значи дека канабисот е лижалка со витамин Ц, мислам стварно сте смешни.
    Вие се развивате во погрешен правец, не сте ни напредни ни начитани само лесно паѓате под туѓи влијанија, кои ги пласираат луѓето кои од ова сакаат да направат уште еден милионски бизнис исто како со цигарите и алкохолот, на сметка на здравјето на целата популација.

    Јас викам ајде на марш да ги забраниме сите зависности а не во 21 век да воведуваме нови.
     
    На bebaa и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Затоа што се за лечење, лекови. Вакви опијати не се даваат само на зависниците од хероин, туку и на други пациенти со секакви болести и болки. А тоа што има луѓе што ги земаат на своја рака за рекреација е друго. Човек може да стане зависен и на шуруп за од кашлица ако не го зема како лек туку го злоупотребува за рекреација. Па да, читај и за такви работи по интернет, и такви тешки дроги има.

    Инаку за разлика од Македонија, кога можеше да си купиш Дијазепам од аптека ко бомбони да е, се стегна законот пред некоја година(а колку се спроведува не знам), во повеќето земји е строго контролиран лек, доколку не е препишан со рецепт а се најде кај тебе во џеб од страна на полиција, одговараш за него како за било која друга Ц дрога. Марихуана и така веќе се користи во медицината во форма на спреј кај пациенти со multiple sclerosis, па џабе бунење и набројување други опојни лекови. Доколку е легализирана тоа ќе е - рекреативна дрога, па сега демек корисниците не дека ја уживаат, туку ќе ја земаат превентативно како омега 3 да е? Е да, убедена сум :P
     
    На Juicy03 и danichap им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D :D :D

    Не ти е јасно како работат фармацевските компании е една работа а друга работа е зошто им ги даваат на зависниците од хероин. До сега што имам прочитано и видено на ТВ по светот како се лечат наркомани нема врска со ова наше ,,лечење,,. Таму не ги трујат со тромадоли, метадони и не ствараат завист од нив, туку баш напротив, им го чистат организмот....
    Кога за прв пат дојде дрогата-кокаин, хероин...кај нас во деведесетите години сите се чудеа што е тоа а сега кога им е јасно што е тоа се уште се чудат како се лечат зависниците по светот.
    Да не давам по ова прашање на твоето ,,зошто,,

    Фактите ми бодат очи и ќе ти ги побијам зашто форумот го читаат и помали да не речам ,,деца,,.
    Да, ги намалува болките кај луѓето болни од рак ама не и дека лечи рак. Ако не помогне хемотерапија кај болниот бар нека не умира од болки кои се неподносливи.
    Од трева неможеш да се предозираш да, ама ќе сакаш нешто појако кое повеќе ќе трае.
    Можеби ако си стабилна личност неможеш да станеш зависник од 2-3 џоинта ама пази, мач со 2 острици каде психата вели ,,сакам уште,, а тоа ,,уште и уште и уште,, немој да кажеш дека не создава завист.


    Во врска со темата, многу сме ние далеку од тие западњачки сваќања. Многу други прашања треба да се средат претходно. Лично сум ПРОТИВ.

    А што, ти требаат муда до колена за да излезеш на марш :lol: :lol: :lol:
     
    На bebaa, SunFlower94 и danichap им се допаѓа ова.
  11. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    А наместо да се замараме со марш за легализација на дрогата да направиме нешто да им помогнеме на сегашните и бившите зависници кои се отфрлени од општеството?

    Баш сега прочитав дека сабајлево заплениле околу половина тон марихуана на граничен премин кон Македонија ... Браво за полицајците и оние кои работат на царина ... Се гордеам и ми олеснува кога ќе прочитам вакво нешто ... ма се радувам кога ќе запленат само 1кг а не па пола тон ...

    Имаме и повеќе од доволно зависни од алкохол, цигари и дроги, уште легализацијата на дрогата ни остана за да се доуништиме ... Нацијава ни исчезнува, не ни треба уште нешто што ќе ја влоши само ситуацијата

    ЈАС СУМ ЗА МАРШ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА СИТЕ ВИДОВИ НА НАРКОТИЧНИ, НИКОТИНСКИ И АЛКОХОЛНИ СРЕДСТВА!
     
  12. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Каква легализација Божеее? МНОГУ сум против легализација иако може да се каже дека скоро година дена често користам марихуана сепак иако не е страшно ( се додека не се претера) не треба во државава да биде легално бидејќи има мн млади деца на кои сето тоа ке им биде интересно и од марихуана ке прејдат на мн потешко нешто сепак од марихуана се почнува ..кога ке биде и легализирана ке биде и премногу лесно достпана и за оние кои сеуште незнаат до каде им се границите ! :!:
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ах, 17 годинки, соу кјут.
    Ако малце повеќе се потрудеше, ќе си го најдеше одговорот на сите овие теми за размислување.
    - Бидејќи ниту ти, ниту твоите врсници не сте доктори, фармацевти, биохемичари и слично, подобро да не рипате кај што не ви е место. Наброените дроги се легални бидејќи се терапевтски средства кои се издаваат строго со рецепти. Тоа што тука во Македонија не се почитуваат налагањата на СЗО, не ги прави помалку штетни. Кога вакви јаки дроги се издаваат ко бонбони, можеш ли да замислиш што ќе се случува доколку канабисот се легализира?
    И тоа, мислиш дека ако се легализира ќе можеш да го најдеш каде сакаш и да го конзумираш каде сакаш? Си била некогаш во Холандија? Си видела како изгледа човек што редовно конзумира канабис, зборам во времетраење од 10+ години?
    И ако е извор на целулоза, демек сите во државава за тоа ќе се фатат :D
    -Трамадол не е лесна дрога, канабисот Е лесна дрога. Преиспитај си ги изворите. Маалскиот дилер не се важи.
    - Се воздржуваме да зборуваме за ова со постарите бидејќи кога твоите родители и нивните родители биле млади, постоел и комунизмот, и тоа се луѓе со далеку од „модерни“ сфаќања на кои колку и да им објаснуваш, не вреди. Пораснале и живееле убедени дека тоа е нешто забрането, на голем дел не им се ризикувало.
    -Државните органи ги третраат корисниците на канабис како криминалци бидејќи самиот акт е криминален бидејќи користиш нешто што не е легално, а не си зависен од тоа.

    Затоа што, пак ќе речам, ти и твоите врсници не знаете се, интернетот не е место каде што можеш да завршиш факултет и не сте попаметни од чичковците во бели мантили. Тие дроги им ги даваат на зависниците од хероин, бидејќи терапијата во Македонија за зависници е таква, од најтешко се оди кон полесно, додека не се стигне до најлесната дрога, за на крај да не се конзумира никаква. Моментално не се употребуваат други посовремени методи, а зошто прашај си во министерство.
    Тревата не е забранета зошто народот тоа го смета за дрога, туку бидејќи Е дрога. Тоа што е полесна дрога, не ја прави тревка.


    Најди некој 30-35 годишен што редовно конзумирал трева последниве 10 години и кажи ми колку е хепи и сонце и се.

    Деца, се што лета не се јаде, разбирам дека сте во тие години каде сакате да си експериментирате, каде ги преживувате последиците од татко ви што не ве сакал доволно или мајка ви што не ве гушкала доволно, каде сакате да се докажете како бунтовни, и јас сум била во тие години, и јас сум експериментирала.
    Јас и денеска знам да си свртам некој џоинт, ама легализација на марихуаната, во Македонија, категорично, дефинитивно и без размислување - НЕ!
    Демек, се се среди во државава, па уште и марихуанава фалеше да ја легализираме. Далеку сме ние од Холандија, прво менталитетот не ни дозволува, а после што и законските регулативи ќе ослабнат и во овој поглед сигурно, како и за се друго. Трето што децава денеска не размислуваат со своја глава и мислат дека се што сјае е злато.
    Легализација на марихуаната е добра идеја, и препорачлива, ама само за „спремен“ народ, не за џган како кај нас.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Да бе, само нашиот е назад, цел свет ја легализираше марихуаната. Само ние кутрите останавме некаде назад.

    Кога сме веќе кај фактите, еве еден нов: ќе сакаш нешто појако кое повеќе ќе трае - ТОТАЛНА ГЛУПОСТ!


    Не се замарајте со глупости, не сме ние Калифорнија каде се ни е полно и рамно, на сите хоби ни е сурфање и никој не се замара на што ќе се грее зимово и како ќе успее да плати сметки.
    До дека стигнеме ние до маршот за легализирање на марихуана имаме уште многу други "маршови" за минување.
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Дефинитивно сум против легализација на канабисот...
    зошто е така нема да откривам причини :)
     
  16. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Против!
    Можеби немам некое големо знаење во овој дел, но сепак сум студент на фармација, и колку што знам јас - ДА добро е да се земи неколку пати по потреба! Стрес, несоница и разни ствари. А тоа што го земате од бес тое е ваш проблем! Можеби сега се ти е топ и преубаво, но конзумирање на канабисот во период од 10 години ќе ти направи поголема штета од било што друго. Намалено помнење, намалена концентрација, проблеми со белите дробови, а да не збориме за резистентност кон канабисот, па да посегнеш по нешто фазла ;) Не не тера само трамадолот да чепнеме по нешто појако! :) Со легализирање на канабисот само ќе му се отворат вратите на сите деца ко тебе што мислат дека да пушиш трева е „ин“ или појма неам како размислувате.
    Така да незнам со кој ум размислуваш за легализирање кога прво и основно не знаеш последици од оваа ТОЛКУ ДОБРА ДРОГА.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сакаш да кажеш дека после редовна употреба на марихуана нема да сакаш нешто др. ?!?! (прочитај го мислењето на најтер, извини ама не те молам :) )
    Демек ти си јак карактер и нема да подлегнеш на дрога кога тогаш?!?!

    Епа баш така ги лажат ,,децата,, или им сипуваат нешто во пиење :wasntme: :?:

    Баш штета :? колку сме кутри и јадни зошто не е легализирана... ]:)
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Побогу луѓе се слушате ли? Ах мајко моја, каде оди човештвово искрено не знам. Ако сите се будали, мора и ние со нив да не останеме покусо, да не се делиме? Оправдано само е од медицински причини, се’ останато е гола вода. Оправдување нема за користење било која дрога, се’ е кукавички акт и бедни се сите изговори. Жално е што кога Бог те створил здрав, прав, при тоа ти дал ум на располагање и сето тоа во вода да го фрлиш за некои себични побуди ми е тотално без врска и резон. Да оти човек треба да го прави тоа што го пави среќен ама тоа да не онесреќува други како на пример семејството во случајов со дрога. Знам примери многу и секогаш така почнало од само малку и завршило катастрофа. Колку сакаш јак карактер биди, кога еден страсен пушач може речиси да колабира ако нагло откаже цигари, што за останатово. Ама кој како му милува, само жално еден ден ако станат или се родители за примерот што ќе го дадат на потомството. Убаво е ќовек да види се, ама не значи дека мора и да проба.
    И понастрана од вакви глупости, оти и на крај краева немаш никаква гаранција дека го конзумираш тоа што мислиш дека го конзумираш. Вреди да се размисли малку за ова...
     
  19. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Бидејќи го користеле како лек против рак,добро е да се легализира,ама исклучиво за таква цел.Процесот за добивање на лекот(маслото) го има јавно на нет,па би бил доста поефтин ако луѓето сами го одгледуваат и сами си го направат лекот.Еве за што зборам:

    http://www.youtube.com/watch?v=t-tSKEHYWms

    п.с Е сега механизам како ќе се контролира зошто некој одгледува/купува канабис,незнам.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во ГТЦ на 3 кат во продавницата за здрава и органска храна се продава ладно цедено масло од коноп - секако, пречистено е семето, така да нема никакви штетни ефекти како пушење на дрогата. Тоа масло да се пие или јаде со салати е здраво. Не случајно во претходниот пост реков дека не може да се споредува пушење марихуана со земање лек. Има многу нешта во природата се корисни, копривата на пр. е здрава да се јаде, но најпрвин треба да се свари и да се додаде кисело млеко или јогурт - значи потребна е правилна употреба а не било каква.