Е остана уште да се легализира канабисот се другото е супер бидете без гајле. ц ц ц ц ц ц абе деца децааааа. Да против сум легализација, ајде да им понудиме на младите марихуана на табла така е подобро.
Да знам,го имам купено за моја блиска личност.Но густината на тоа и овој леков неможат да се споредат.За вториов кажуваат дека е доволно да конзумираш количина во големина на зрно ориз на ден,а второво... Како и да е,и јас сум против пушење,бидејќи делува лошо на здравјето,посебно на нервниот систем,а често не се завршува тука,туку се оди кон појаки и пострашни дроги.
Не ја начнувам темава зошто е дискутабилна од многу агли. Ама ќе го кажам ова... 17 години и стигна да иницираш вакви маршеви? Што не правиш марш за бесплатни библиотеки?
Мислења од типот - `leleleleeeele brat keni izumre naciata kese otrue so trava` се само резултат на страшната неинформираност на луѓето во поглед на наркотичните средства. Како хипнотизирано стадо, си мислат дека самата нелегалност автоматски значи и недостапност. Нормално, и најмал поглед кон реалноста е доволен да го побие тоа. Дрогата е достапна за секој кој решил да ја употребува. Разликата е во цената која оди и до 20.000 пати над производствените трошоци (кај кокаинот на пример), квалитетот (кога во хероинот ќе најдат дрога) и ризикот лицето кое набавува да биде под удар на законот. Ризикот на продавачот на робата (дилерот) е вкалкулиран во цената. Најрадосни поради нелегалноста се светските наркокартели, организираниот криминал, крупните и ситни дилери, корумпираните политичари и корумпираната полиција која секаде си има `свои` дилери. Бидејќи мислењето е страшно напорно и константно се сузбива со помош на идиотскиот образовен систем и медиумите, ситуацијата е јасна. Наркотиците се ставени надвор од закон дури по втората светска војна кога станува збор за Македонија (како дел од екс-Југославија). До тогаш, со векови и векови биле сосема легални. Конопот и афионот биле дел од земјоделските култури со најдолга традиција. Но и покрај легалноста, немало наркоманија. Трендот на зголемување на зависници и зголемување на обемот на трговија е во зависност (lol) од тежината на казните кои постојат во законот. Што поголеми казни, тоа поголем ризик. Што поголем ризик - повисока цена. Што повисока цена - повеќе луѓе заинтересирани да заработат пари на тој начин.
Второто беше иронија се рабравме ваљда. Јасно е дека никаде не легална, па ние да сме покусо. Дури и таму каде што е легална пак е на некој начин контролирана. Во врска со првото...Да сакам, да кажам, и тврдам дека после подолга употреба на марихуана нема да имаш никаква физичка потреба да земеш нешто појако. Ако ти си нелабилен карактер, и после алкохол ќе сакаш да земеш нешто појако. Не ти треба марихуана. А и реално ако разгледаме околку нас, зависниците од хероин не почнале да се фиксаат зашто марихуаната им била малку. Тешките дроги го немаат истото дејство ко марихуана (ова не треба да пробаш за да го знеш, доволно е да си слушал на часови во средно). Нема тука никаква поврзаност. Јас најчесто примери околу мене гледам како пијани дечки зимаат екстази, бараат потешки дроги. Оние напафканите никој не бара хероин. Али ајде да не го зимаме ова ко некој релевантен доказ. И јас не сум за легализација, се изјаснив во приот пост дека и воопшто немам мислење за ова. Прво мислам дека има многу други работи на кои треба да мислиме и да ги средуваме. Само кога пишувате нешто мислете малце. Не продавајте муабети од типот "нека го отвараат сокчето пред тебе, да не ти стават нешто во пијачката" Ние што све јадеме и пиеме денес, па за марихуаната ќе се секирам
На ова морам и да го додадам факторот обратна психологија. На младите ако нешто им е забрането, повеќе ќе го посакуваат. Не е ова некоја мистерија. Колку повеќе забрануваш, толку повеќе ќе најдат начин да го направат тоа. Така да, секој има право на избор, барем после 18тата. Ако некој решил да гони рак со цигара - повели. Ако сака да уништува црн дроб, еве ти алколхол легално. Сакал да биде уживател на марихуана, ми е гајле. Се додека нема последици на оние околу него
^И не заборавај, ако сака да гори мозочни клетки, изволте марихуана. Да, корисна е многу за рак, ама од друга страна нервниот систем го гори. Посебно имам приметено кај долгогодишни активни корисници, бидејќи не одржуваат внимание и просто речено и благо кажано, врска немаат со животов. И не е ни смешно ниту интересно, жално е. Го гледаш, му збориш, ти се смее, не те разбрал, а ти збори глупости, и одеднаш, збори за трети глупости неповрзани со претходните. И не е свесен за истите. Ама буквално ист профил се сите. И не мора да значи дека цената ќе падне, туку баш напротив, ќе порасне нели во зависност од „компанијата“ што ја „произведува“, е сега ќе порасне квалитет тоа да, ама, иронијата е што може да стане понедостапна од тоа што моментално е (рецепти, ви текнува?). Додека дојде на ниво на издавање на Дијазепам, ќе пројде долго време, а со тоа време дека ќе се подигне национална свест не верувам.
mrs.nice-girl уствари сака да ни подметне сон за еден македонски амстердам, не мислејќи дека при тоа делува подринувачки врз стратегијата „Удри по ситните, не р’чкај ги крупните“ на НТШно и Гордана... и сите министри за внатрешни впрочем, да не би да се поарни Па мајќе ми! Абе mrs.nice-girl, кого после ќе апсат?! Како ќе се фалат со дееееенови за запленети тони дрога (марихуана) од една либерал-КРЕА(на)ТУРА имам чуено дека е дури здраво да еднаш неделно пушиш - марихуана, чунќи, го прочистува организмот. Знам само дека човечево, мака мачеше да запомни било што кажано пред 5 минути (е, сега не ја познавам личноста пред и потоа за да досудам коректно па во крајна сметка знам само дека мислата тогаш ми беше дека можеби претерала со тоа дозата за прочистување цц ).
ЈАС СУМ ЗА МАРШ ПРОТИВ УПОТРЕБА НА СИТЕ ВИДОВИ НА НАРКОТИЧНИ, НИКОТИНСКИ И АЛКОХОЛНИ СРЕДСТВА! Ти девојко со твоите 17 години ако нема дома кој да те погледне што правиш со твојот живот, не значи дека треба да се одобруват дроги и да се расипва младината уште толку... Каде се тие твои родители божее да видат што чедо имат дома просто многу се изнервирав не сакам да помислам еден ден кога ќе имам ќерка тинејџер да дознаам да прави вакви глупости ама се е домашно васпитание некои родители изгледа воопшто не им обрнуваат внимание на своите деца Па и на форм да шириш вакви дезинформации дека марихуаната не е штетна и не е дрога срамота...
^^^ Не мораше да наиде на вакво строго осудување.За расипаноста на децата не секогаш се одговорни родителите.Понекогаш децата избираат пат кој домашните не им го покажеле.Знам многу добри и одговорни родители кои вложиле труд во воспитувањето на своите деца па сепак не се исплатило тоа внимание и посветено време.Пропалици се и никој не е одговорен за тоа. Ова твоето е чиста неинформираност и тврдоглави сфаќања.Мразам когa луѓето не шират видици, затвораат очи и верувањата им се базирани на муабети, а не факти. Марихуаната е легализирана во повеќе земји.Сигурно не се идиоти тие.И јас сум за да се легализира и овде, кога е дозволен тутунот и алкохолот зошто да не и марихуаната.Зарем е подобра алтернатива џигер изгорен од пиење ? Не. Нека ја легализираат, ќе се дрогирам.Ќе пушам по цел ден.И Боб Марли ќе слушам и ќе си направам суканици.И дома ќе си посадам канабис. Поздрав Стронгер,наркоманката
Со легализација ќе биде многу подастапна за младите-децата, па зошто да им даваме лесен избор за уште еден порок кој небитно дали е поштетен или не од цигарите или алкохолот сепак е штетен...Сакате слобода на избор? Во оваа трула држава има мал милион маршови што може да се организираат за да сменат работите на подобро, до дрогата сме дошле, ебати младината ако успее да издејствува за спроведување на ваков закон а е пасивна на секое друго поле...
Скорпион, не му се сеќирај. Кај нас, за да се случи нешто слично, треба од ЕУ да ни наложат - као, така треба - демократија. Јес. Тешко дека повеќе од 20 души ќе се соберат на марш за легализација на марихуаната. Пасивноста ни е, не во порите, ами во корените изгледа - среќа не е пренослива та и други народи да се заразат. Ама, ако се стаса до таму да потоа, тие истите бесни глисти ми продаваат и пуфки за легализација на проституцијата... е, тогаш ќе се спакувам и ќе заминам на марс ради испревртеноста на светов, предностите и вредностите. Вака, велам ок, чисто заради одредени луѓе од моето опкружување кои ги познавам... кои, пушеле во младоста, пак дури и сега на 30тина години чат-пат го прават. Не заостануваат зад мене или било кој друг што го познавам на било кое поле, нити пак интелектуално... машала, има и такви покрај кои се осеќам малечко...мада тоа нивното ми смета, искрено. (е, сега... настрана онаа шалата на другата страна што ја напишав, за конкретната личност - до таа личност е и тоа каква била во тие години 16-7... сега, тамам си е... директорува ). Али, пре би да видам конкретни резултати од тие општества каде е марихуаната достапна, дека... легализацијата направила да е помал бројот на зависници од тешки дроги,споредбено со периодот претходно,или шта ти знам нешто слично, отколку да ми настапуваат со тоа колку е се друго поштетно. Ама... и во бројките сумљам дур сама не си проверам - пребројам никако не си цц. Но, тргнувајќи од себе и околинава (мене позната), знам дека не е до достапноста или недостапноста на нештото, а до тоа мозочето на детето и човекот и одредени склоности, предиспозиции за... Дека ги апсат за марихуана, мислиш, помалку им е достапна на децата? Јок. Ако некогаш имам дете, само да не е мераклија за сенешто со големи и широки апетити за работите, ко мене.... но пак, без моите сопирачки и одбивност кон сиве овие работи - од кои не сум имала потреба, не сум ги сакала, не ми стварале ни љубопитност... иако ми биле достапни, биле околу мене.
Точно, ама колку можат тие млади мозоци да останат свои без влијание на она што ги опкружува околу нив? Лесно достапна мислам дека ќе може да се купи марихуана без процесот на барање дилери, криење од полиција, а сето тоа го зголемува чувството на вина па може да те одбие лесно од намерата, барем оние кои се на два ума дали да пробаат, да конзумираат или не...а вака одиш во продавница, си купуваш и тоа е тоа...
Не знам зошто сите мислат дека ако се легализира сите ќе можат плантажи да си посеат со марихуана. Легализацијата односно декриминализацијата ќе значи само дека ќе можете да си ја купите во аптека, чиста, и по одредена цена, со рецепт. Дека ќе биде подостапна, нема. Барем не додека не почне да не се почитува и тоа правило со рецептите. Вака е стопати подостапна
Епа, тој е тој процент на луѓе - млади мозоци, што го носам на душа кога размислувам на темата, исто како и еден одреден процент од нив, кои ќе продолжат со пробувањето, односно, тоа што е легализирана марихуаната нема да ги спречи да преминат на нешто појако. Тоа и ми беше мислата со делот јас-моето неродено дете... и, обично тоа и ми е аргументот пред овие другите, кога се фаќаме за гуша на темава (ко пред некоја недела, кога излезе веста за ел президенте фамозо де Уругвај. Среќа по телефон беше муабетот иначе и крв ќе паднеше ) Од друга страна, мислата ми е дека МВР нема да се сликаат со запленета марихуана и со тоа да се докажуваат како кај нас борбата со недозволена трговија на наркотици е страаашно успешна, као, МВР стваааарно си ја бркаат работата.... и се е фино, ружи цветаат и магариња си летаат. Нема да може да ми излезе на ТВ и да ми зборува министерката половина саат на прес-конференција за тоа, каде била скриена марихуаната, како откриле, па, колку тони тоа они заплениле и колкава казна ќе му се изрече на ситнежов од шундот човечки -(!)велам ситнеж споредено со оние останатите кои дилаат со поопасни, појаки супстанци. Тоа ќе значи дека - НТШ ќе мораат да си го испотат газот во ловот, што значи и да се откажат од пријателчињата од повисоките кругови во пирамидата. Другото е што, ќе се знае каде има, ќе се знае што е марихуана - состав, и нема да на пазарот криејќи се и барајќи ја најефтината.. налетаат на некоја си направена во домашна лабараторија - из чиста мира, марихуана ала крокодил. Затоа, многу ми е битен делот, колку е РЕАЛНО намален процентот на зависници од појаки дроги во таквите земји. Оти, ако стварно има резултат, тогаш побезбедно ми се чини да тој што е на два ума - да проба или не марихуана, да, кова веќе размислува на таква глупост, да си појде до аптеката или до мара-шопот на Јанко, кој мора пак да спази некаква процедура... одошто да незнаејќи ни кој, ни што, ни како, проба нешто поопасно - баш криејќи се и шуњајќи се со сомнителни фаци, кои со душа чекаат да некого навлечат на нешто по-по-посилно и поскапичко. Ама ете, бројки, проценти, искуства и колку е способна државава да, ко што вели Нумерија функционира тоа со рецептот - или е, да оди на картичка цак, ко уругваецов што мисли да направи. Само што, искрена да бидам, како човек кој нити пие алхохол, нити пуши цигари, нити има потреба од било што,слично....кој , дури и од кафето еве се откажува, оти лошо му делува на срцето и му го поматува умот цц трагично ми е да размислувам на ваква тема - што е подобро да се легализира или не марихуаната, за да ги заштитиш твоите идни деца, внуци, правнуци, комшии итн. од самите нив.
Дали сте вие свесни колку вреди ЗДРАВЈЕТО на една млада личност? Во светот секојдневно илјадници луѓе се борат со тешки и зли болести,млади деца кои не можат да се напијат со години една кока кола или сендвич од мекдоналдс поради своите болести,души кои не запалиле ниту една цигара,лица на кои секои утро им е надеж,а вие??????? А вие греота, марихуаната да ви била подостапна!!!!Да не сте им во кожа,тој што поминал низ слично,знае. Нема ли попаметни работи за поддржување во нашата државичка,нема ли покорисна тема за едуцирање и гуглање факти на интернет,зошто тоа време,енергија и тој елан не се искористи за вистински проблеми,се е средено па уште ова остана,а?Нешто не видов тема за нови кина,библиотеки,поволни кредити за млади исл. Јас лично никогаш не би го подржала ова,од лично искуство 95% од моите школски другари што пушеле денес се на метадонска терапија,со речиси стопроцентно оштеување на нервните клетки,греота ми е да ги гледам,а не па пола час да сврзи некоја реченица.Така да со сигурност создава зависност,верувај ми(секоај чест на исклучоците) На крај зошто не ги прашаме семејствата на корисниците на марихуаната?Тие најубаво со директно набљудување ке ни ги кажат „поволностите„ или негативностите.
Сакаш да кажеш дека ќе маршираш за легализиација на марихуаната од медицински цели и за нејзина конзумација само за медицински цели? И второ прашање : Те знаат од дома?