1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Марш за легализација на Канабисот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од mrs.nice-girl, 26 ноември 2012.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Јас сум за легализација.
    Алкохолот и цигарите се многу, многу поштетни од марихуаната, а се сепак легални. Плус, со тоа што се легални не значи дека сите пушат 24/7 и дека се цело време пијани.
    Ќе се подобри и економијата. Оние пари што одат на црниот пазар, сега веќе легално ќе бидат во нечиј џеб. А и ќе се заштедат пари за реклами против марихуаната, кои што можеме да забележиме, не се воопшто корисни.
    Марихуаната ќе биде поквалитетна, бидејќи ќе ја одгледуваат експерти, па никој нема да има потреба да пуши сканк растен на пругите во Лисиче.
    Тоа дека марихуаната е gateway drug, односно врата за други дроги е апсолутно неточно, бидејќи не ствара физичка зависнот, а и сите сме сведоци за тоа колку луѓе дуваат марихуана, иако е нелегална, па не посегнале по нешто поголемо.
    Нема ризици од шизофренија, депресија или сл. со пушењето трева, освен ако личноста предходно немала одредени предиспозиции, за кои можноста да дојдат до израз и без трева е голема.
    THC-то, кое служи како лековита состојка, го има во одредени лекови, меѓутоа е вештачки произведено, додека вака го имаме на дофат природно.
    Башка не вреди некој што еднаш во живот решил за дува, па земал едно двојче, да го јаде истиот ќотек од алфи ко тој што секој викенд се прави салата.

    [​IMG]
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    За тоа дека не е гејтвеј кон нешто посилно, се согласувам. Тоа мислење според мене е произлезено од тоа што марихуаната е достапна буквално до секого, значи до различни карактери на луѓе, но, најчесто по неа посегаат тие проблематични деца, кои искрено однапред можеш да процениш дека ќе посегнат по нешто појако. Заради тој процент, што за да привлече внимание ќе посегне и по својот живот, се добива тоа генерализирано мислење дека марихуаната е отскочна дрога.
    Но, ако одиме по тоа, нели би требало и цигарите да бидат отскочен порок кон нешто појако, во случајов марихуана па и појака дрога? Зошто го нема тој стереотип за конзумирачите на цигари, дека се потенцијални наркомани?

    Но, како што кажав и претходно, има добри особини како и секоја дрога, но не толку добри за да се легализира па да биде достапна до секого. Марихуаната го гори мозокот и цврсто стојам на ова, потпишувам со две раце ако треба. Користење на долги патеки и тоа како ги затапува луѓето, а кај машките предизвикува и проблеми со плодност и потенција.
    Оправдувам употреба само за медицински цели, посебно за канцер, и оправдувам повремена употреба кај луѓе што знаат како да ја употребуваат.
     
    На Sara123, Tashaa и DeMelo им се допаѓа ова.
  4. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Да се легализира али да се најде начин за да луѓето не ја злооупотребуваат откако ќе се легализира, Би можеле дс се лекуваме комплетно сами со дозирана употреба а то се никад нече десити. (и боље) Инаку марихуаната ќе остане лесна дрога за у друштво при алкохол и секс.
     
  5. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Јас сум против ова.Сепак колку и да биде сето тоа за медицински цели бла бла многу луѓе ќе најдат начин тоа и да го злоупотребат.
    Сепак само еднаш сум пробала и никад више. :)
     
  6. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Како може нешто што го создала природата да биде нелегално?
    Се сложувам со вилд.чаjлд и би додала уште неколку работи.
    Тие што не се движеле во такви кругови имаат мисленюе дека кузнае што штетна е или што се дешава, штетна е да ако претераш со неjзина употреба, впрочем како и се останато.
    Дефинитивно сум против на се што е прекумерено.
    А што вакцините не се штетни?
    Водата со еден куп флоур не е?
    Храната со еден куп пестициди не е?
    Гентски модифицираната храна не е?
    Кока колата, грицките и сета останата индустриски произведена храна полна со Емулгатори и конзерванси не е броj eден предизвикувач на рак, па сите ja имаат во домовите.
    А цигарите полни со емулгатори средства кои тераат на уште поголема зависност.
    Не сум пушач, сум пробала 2-3 пати одамна но сватив дека не е за мене - премногу ме тера да размислувам на работите кои не ми се средени во животот. Но од што сум слушала муабети таа природна од маjка земja израсната чиста непрскана само ги олабалува мускулите и 'го пушта мозокот на пасенюе'
    Jac сум сигурна дека пушенюето на една пакета цигари дневно е поштетна од еден joинт на два-три месеци.
    Тие што не пробале никогаш или не се движеле во такви кругови не би можеле никогаш да сватат.
    Не ja конзумирам, но сум за легализациja, поготово за медицински цели.
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас сум против легализирање аномалии на општеството .
    Да за медицинска употреба но само лекар да ја препише за тие кои им е потребно за намалување на болките .
    Гледам многу аргументи не била штетна цигарите и алкохолот поштетни , ок се сложувам штетни се посебно цигарите , чаша вино дневно нели е здраво :D
    Но забораваме една работа марихуаната има наркотично дејство , ради тоа сметам дека не треба да се легализира , како да се искажам ама хај човек , не може да сврзи реченица му бегаат мислите , се смее или пак плаче , значи има ефект на нервниот систем .Не сите кои се под дејство се мирни бајчиња некој станува и агресивен а некој е happy face .
    Можеби доколку се употребува кратко нема последици по здравјето ама не би сакала по улица без проблем да можеш да шеташ напушен :D а за долг рок сите знаеме дека може да предизвика оштетување на нервниот систем .

    А дали предизвикува зависност не верувам , на една реченица што ја имам слушнато многу здраво се изнасмеав -"Која зависност ја ствара марихуаната јас 30 години пушам ништо не ми е" :lol:
     
    На Valeriya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Ха,Ха е баш ме насмеа реченицата,баш така.
    А бе едни цигари да ги оставам со месеци тешко ми било, што ги пушиш чисто од некоја глупава навика и не делуваат на нервниот систем ,а не пак било какви опијати.Тешко тебе ако се навлечеш.Доволно зависности има оваа младина на дофат ,нема потреба од уште.
     
  9. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Ја сметам марихуаната како рекреативна дрога ,и знам да си пафнам еднаш во 2,3 месеци .
    Дигам рака ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА но како велат забранетото овошје е послатко па ...
     
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Јас сум дефинитивно против. Најубаво сите дроги, алкохоли и цигари да бидат нелегални ;)
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Јас сум против.До каде ке стигнеме ако продолжиме на овој начин.Треба да се забрани алкохолот, цигарите, па и некои лекови на база на дрога, а не обратно.Мразам реклами за алкохол, за цигари.Ме плаши како размислува светот.Дали некој размислува дека ке бидат потребни децении да се справиме со последиците од таквите одлуки и колку тие се погрешни?
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Се средивме уште канабисот и проституцијата ни останаа нелегализирани.Глупости. :fubar:
     
    На H.e.L.e.N му/ѝ се допаѓа ова.