Законот во Србија е ист како кај нас, ако детето нема наполнето 14 години не може да подлежи на кривична одговорност поради непостоење на деловна способност, но ако се докаже некакво психичко пореметување може да добие задолжително психијатриско лекување во институција од затворен тип. Ако има 14 години се смета за постар малолетник кој има стекнато делумна деловна способност и можи да се казни со максимална затворска казна од пет години во малолетнички затвор или казната да ја издржува во институција од затворен тип (психијатриска установа) комбинирано ( затвор за малолетници )до наполнување на 18 години и обичен затвор после полнолетство.
Серии,филмови, ријалити програми не можат да те направат криминалец или сериски убиец. Нека не ве лажат со тие тези. Ниту строга контрола за поседување на оружје би значело исчезнување на криминал. И тоа е утопија и лага.
Тоа и кога би било така, никогаш нема да протече во јавност, џабе шпекулирање. Мене не ме зачуди оваа вест од Србија. Постојано се пишува за некакви масакри таму по гратчињата и женомрзци со секири, психопати разни. Не велам дека се работи за српски феномен, ама има такви појави кај нив доста.
мнооогу им се попушта гледам и кај нас пцујат, колнат, пушакаат цигари, се понашаат ко шерифи мене вчера 10 ДЕСЕТ деца ми искочија на сред Партизанска пред кола, абе знаеш како лабаво си идеа, ко нивна да е. И закочив нагло, и почнав да им свирам. и им викам нормални ли сте, ќе ве згази некој, и не пуштаат чекор. И еден мочко ми застана пред браникот и почна нешо да го плази јазикот. И се спремав да му искочам, ќе му ја товарев една жими Господ, и после за капуљача, у кола и у станица. Па нека се курчи пак. Ама идеа коли позади мене, не можев да стојам на сред Партизанска со 4, иначе, мамето мамино негово ќе беше Од кожа ме извадија. Од кожа. У дел од секунда закочив, да не закочев, минимум 3ца ќе ги дигнев на хауба да земеш од тротоар да го треснеш
На веста за Ана Волш од пред некој ден пола од коментарите со поддршка за убиецот оти наводно го изневерила болен психопатски народ. Толку ми е жал за децата, за родителите и фамилиите, немам зборови трагедија..
Престрашно е ова луѓе. Ги преплакав децата цел ден, одвај чекам син ми да си дојде од школо. И јас бев жртва на булинг затоа што прва во одделението имав цицки, ми се смееја и ме нарекуваа со имиња, па не зедов калаш да ги решетам цел клас. Ова е психопат и треба да си одговара како возрасен, што казна е тоа 5 години. Тешко на децата и родителите .
Навистина страшно.Голема трагедија.Жалосно и за децата,такви трауми ,ќе остават последици на нивната психа.Мислам дека сите како родители треба да се запрашаме какви се нашите деца.Има големи дупки и во законот,во училиштата,градинките ,семејствата.Модерно време, кај што да признаеме се им е на дофат.Телефони, разни содржини неприкладни за нивна возраст.Се случило во Србија...А тоа што кај нас мали деца силувале сооученик?Страшно страшно... Имам девојче ,има 4 годинки.Од малечко сака деца и да се дружи.Бевме на гости кај пријатели.Нивните деца одат во градинка.Имаат добри родители.Овозможено им е се.Секој пат ја туркаат ,ја тепат ,скубат.Ама ридителите не реагират ,тоа поминува со опомена. Децата имаат премногу слобода. "Остави го да се однесува така дете е. "Крши и се заканува по дома ,остави дете е. Пцујат, ги тепат бабите и дедовците.Колку пати сум била сведок на такво нешто.И истите деца ги малтретира другите.И сеа ја треба да ја учам ќерка ми да се однесува така и да ги тепа, зашто секој пат дома плаче. Растеме генерација на себични,арогатни, безобразни деца.Се да е по нивно и остварување на нивни желби.Мислите дека утре ќе се сменат?!НЕ!!
И мене ме плаши ова.Дури и премногу.Страшни се снимките.Како може некој да се смее,на ваква трагедија.Твиотовите на твитер.Според мене и тие се умоболни.Еј деца.И такви реакции.Ја мислам дека сите треба да си ги стегнеме малку,а не толкава распрденост.Ни авторитет имаат ,ни бутур.
Не е никаква неоснована теза, погледни ги американските school shooters и колку од нив неколку месеци наназад оставиле траги онлајн и ги споделувале своите планови со истомисленици со кои меѓусебно си влијаеле. Околината не може да биде единствен фактор, ама може да има влијание, особено тенденциозни пропаганди преку разни канали. И те молам, оружје и те како треба да се контролира. Не смее кој сака да си поседува оружје и треба да има највисока контрола. Повторно, постоењето на оружје не е причина за криминал ама лесната достапност евидентно е дека помага за вакви трагедии. Буквално само минативе месеци имавме неколку пукања во сред Скопје. Претпоставувам дека со со Србија сме тука некаде на тема оружје.
Епа тоа е тоа што цело време го мелам "модерно родителство". Остај го дете е тоа кучиња и мачиња малтретира, остај го дете е деца клоца, гризе плука...Остај го дете е пцуе како кочијаш..остај го дете е тепа родители се треска од земја.. Од она не викајте на децата не ги казнувајте ( не мислам на тепање) стануваат вакви деца кој прават булинг на други. Секој психички не е силен да издржи уште и ако има предиспозици за психопат ( кој инаку се наследува и нужно не значи дека ќе биде убиец и силувач) туку се уклучува тригерот по некоја доживеана траума, настануваат вакви трагедии. Затоа треба децата уште од мали да се учат на почит и емпатија, а не да се прикрива со тоа "остај дете е".
Родители, учители, доктори и све по ред што глумеле дека се е во ред со детево досега. Сигурно имало знаци дека не е како што треба, таткото на тие знаци го учел да пука и му оставил слободен пристап до оружје. Дете од угледна фамилија...ете го системот сељачки на дело.
Не можат само ако некој те контролира што, кога, како и колку гледаш. Строгата контрола нема да направи криминалот да исчезне, но би го намалила.
Таман го видов хороров реков да го споделам тука веќе било споделено. Ужас се сомневам дека е поради лоша оценка детево сигурно трпело булинг и насилство од соучениците полека полека сите девијантности од Америка се прецртуваат и кај нас школите станаа едно деструктивно место за развој на децата и вакви немили настани допрва ќе има. Редно да се подзапрашаме колку навистина ги сакаме тие '' европски вредности" и да се почне да се воспитуваат децата на малце потрадиционален начин. Памтам кога кренаја голема прашина одредени српски родители кога свештено лице дошло во школо да одржи служба на патрониот празник на едно училиште. Истите тие родители нека излезат и пак нека возвикуват црквата надвор од училиштата после овај настан. Пак црквата нека им биде крива што не знаат да си ги воспитаат децата.