Па искрено , Тик Ток преку алгоритмот ти пере мозок. Видете прво шо пуштаат у Кина, а што кај нас. Ја првиот профил шо го напраив машки беше, прво видео коли, второ војска, трето дрољи, цицки, газови и така даље. Шо и да лајкав, не можев да излезам од тие голотии, сексуални постови, радикални десничари, и секако на крајот сите жени се курви. Избришав, напраив женски. Мачиња, нокти, психолошки проблеми, и од иам АДХД или аутизам, па лезбејски трст трапс, па потом дека сум лезбејка, и едвај успеав преку лајкање да избегам и од екстремната левица. И сето ова оти сум лајкнала пост кај шо се подржуваат ЛЏБТ правата. Така да, ја да иам деца, ТикТок мало морген. Да им перат мозоци дека се геј или па ебани инцели и да ги прашуе некое ќелаво макро која боја им е бугатито.
Тик ток треба да се банира. Државата веројатно има механизам да го направи тоа и сметам дека е во ред што се размислува активно на таа тема. Може надзор како родители да правиме на што гледа додека се мали до кај 15 год. Лесно и да речеш прави комплетен надзор на што гледа кога имаш мало дете или немаш дете. Многу е покомплексно кај средношколец,веќе е потешко е да му влезеш во трага или да го надгледуваш пто гледа на телефонот. Ниту сметам дека е паметно да да му нарушуваш приватност и да му читаш четови и или пораки. Зошто во нив се крие многу. Не треба да сме инспектори. Треба да се гради доверба со детето.
Си има Тикток контрола за тинејџери. Ама денешните родители не сакаат да посветат 10 минути, да расчепкаат по сетинзите за да го костумизираат тикток-от и да лимитираат што гледаат децата. Никоја алатка и технологија како такви не се штетни кон никого. Начинот на кој се користи може да е штетен, а тоа, повторно, зависи од корисникот. Во случајов родителите.
@Billy Idol да, да. Исто ко на YouTube Kids шо не им искачаат софт фетиш порн, додека се халуцинирани со саати за да можеме ние кафето на раат да си го исркаме.
Го прочитав. Извини што ќе бидам вака искрена и директна, ама како што читав страни наназад што се изнапишале, ти си најупорна да докажеш нешто а веќе не знаеш што пишуваш. Не било ладнокрвно убиство ова и даде пример за друго ладнокрвно убиство и убиство од страст што нема поента никаква споредбата на тоа со ова, а и зошто воопшто правиш споредби? Зошто измислени ситуации и неповрзани примери? Темава за дете што извршило масакр во училиште, ти за жена што убива сопруг пишуваш. Забегавте. Ладнокрвно убиство е да убиеш некој без око да ти трепне. Без да те заболе нешто за него. Без да се покаеш. Онака сигурен во себе, свесен што правиш. Па сакаш еднаш или 5 пати пукај во него. Ама извини ти сезнаен експерту, кој секој во темава мораш да го убедиш дека греши, а ти си права. Ајде продолжете со вртење на едно исто во круг, ако немате друга работа. Ние не знаеме ништо, цитирајте уште 100 пати да не' просветлите дека ова не е ладнокрвно убиство и дека Коста е едно ангелче, кукле за жалење.
Извинето. Ако не ми веруваш, широк ти е Гугл, провери дали е исто или не е исто. А што се однесува зошто има 100 страни, очигледно сакаме да дискутираме, никој не е присилен, ниту те тера некој да дискутираш. И да, пошто постои дистинкција, јас сакам да коментирам за истото. Ако не ти се допаѓа, мислам, you know the drill. Едит пошто ти се редактираше без да напишеш дека се редактираш, прилично глупо, али ок. Слободно кој сака нека ми најде пост дека е ангелче, душичка, сонценце и слично. Можеш ти, пошто лажеш. Фил фри докажи го тоа што го тврдиш.
Што е со тонов дрзок? Извини ама не ми вредиш за да ти одговорам понтака. @RainBow види преземи мерки, забегаа некои овде. Дури и на оваа тема, страшно.
И ние кога бевме мали не бевме лишени од тогашни технолошки трендови. Знам во тоа време беше популарно Нинтендо, каде имаше видео игрици од секаков калибар. Подоцна и Плејстешн излезе. Компјутери, Пентиум 1 и 2. Цртани на тв од типот на Покемон, Дигимон, Драгон Бол. И за нив можело да се каже дека не оставале да играме Супер Марио за да може на раат да пијат кафе. Не треба технологијата да се брани на децата, туку треба да се контролира и ограничи пристапот. Како, и да се насочи правилно да се користи истата за едукативни цели. Тоа што родителите ги мрзи и не сакаат да се замараат, да седнат и да ја искористат таа технологија за добри цели, нив им е полесно да му пуштат Бејби Шарк на детето и да висат на Инстаграм, да вртат сториња.
Дрзок тон? После твоето "не е нормално да осеќаш емпатија", "вие препаметни" и ред други работи за кои немам потреба да кукам пошто ми е смешно да кукам, се најде навредена затоа што ти кажувам дека лажеш? Ни едно мислење од мене не прочита со оправдување, ангелчиња и не знам што. Ни едно. Си го измисли тоа. А за дистинкција меѓу убиства и убијци, замисли Битер, се учи во повеќе науки, во право, во криминологија, психологија и останати. Така што, ако имаш замерка на нивната класификација, не значи дека јас лажам или измислувам. И се согласувам, ич не сум вредна во ни една тема да ме цитираш, ако не планираш поткрепено да дискутираш. Ај чао.
Стварно? На почетокот излегоа видеа од соченици кои викаа дека бил малтретиран. Освен хистеричната мајка, јас не видов друга изјава која вика дека сите го сакале.
Добро и ти претеруваш и драмиш. Дискусија е, секој изнесува свое мислење. Нејзините не се навредливи, туку ти си и се закачила, па уште и Реин да превземала. Што да превземе, да брише мислења дека не се сложуваш ТИ со нив? Аман
Инаку женана што се дереше на тв кажа " Ќерка ми престана да се дружи со него, зашто бил досаден и фин".. И мајкава кажува моето дете не е криво. Да, тоа не е оправдување за убиствата и се што се случи, ама мајкава да си отвори очи зашто ќерка и е очигледен були. Повторно ќе кажам булингот не е оправдание за ова што се случи, ама да не бидеме слепо дека нашите дечиња се ангели кои на мравка на газат.. не знаете какви ви се децата надвор. https://vm.tiktok.com/ZMYohnpJe/
Додај како што пишав - кон убиец. Ти го жалиш детево? Го жалиш. Епа не измислив ништо. Штом го жалиш, тој за тебе е само жртва. Го оправдуваш на сите можни начини. Затоа те поистоветив со тие што го нарекуваа кукле. Се дискутира со нормални луѓе, не со дрски кои се закачуваат упорно и упорно. Разбирам дискусија, ама прочитај ги триве правила на форумов: Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и ВИКАЊЕ. Можеби вие сметате дека вашиот стил на дискусија е возбудлив, но ако останатите сметаат дека е несоодветен – мислењата ќе ви бидат избришани. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење и не се обидувајте да доминирате во дискусиите. Ако постојано реплицирате, се инаетите, жестоко ги убедувате останатите членови дека не се во право, ако секогаш сте онаа којашто мора да го има последниот збор, сфатете дека ваквото однесување е непријатно и непожелно.
Еве и јас го жалам. Не го оправдувам ама го жалам, зашто на време никој не го приметил, зашто бир растен во фамилија каде собирањето на оружје е како салфетки да собираш ( таткото имал дозвола за мини арсенал), зашто детето е уништено од сопствените родители. Ја жалам и сестричката негова. И нејзин живот е уништен.