Де види кој на кого се закачи. Дрвени адвокати на батерии. Не, не ми смета што има мислења со кои не се согласувам, ми смета оти е нападна. Ја означив Rainbow и споделив три правила кои очигледно ги прекршува. Форум е ама не значи дека ако е форум секој еден да го цитираш и убедуваш. Ма гајле не ми е, јас се одјавувам а вие гледајте тука докажувајте се и билдајте некаква безначајна форумска популарност.
Ти си вадиш сама заклучоци од ракав за мои некажани зборови. После 50 пати објаснето дека не е исто "пробувам да разберам" и "пробувам да оправдам" нема да ти објаснам 51 пат. Кај што сметам дека сум во право ќе пишувам колку сметам дека треба, а да не заборавиме, ТИ мене ме цитираше дека јас грешам, ладнокрвно било, уште браво (секоја ти чест, безосеќајно гомно може сакаше да кажеш?) да ми напишеш. Што не ме одмина? Ни еден на темава директно не навредив, затоа чопор што поима немате за што уствари збориме, веќе нема што не измисливте дека сме кажале, а не, не сме кажале. Ај пријави ми го секое мислење кај што сметаш дека грешам, плис. Пошто нема тебе да те прашам каде, колку и со кого да дискутирам. Или ете биди попаметна, први попушти.
Ја отворам темава и неколку страници има мислења (коментари) од Камелија, едно те исто пишува и се губат мислењата од други членови. Па навистина малку осет не е на одмет, но ај.
Еве каде ме цитира ти прва. Кој лаже сега? Ај оди да не пропуштиш некој друг. Ние поима немаме што пишуваме, така е. Ти важно имаш. Докажи се.
Ако ме ставиш на игноре, нема да ти искачаат ич. Каде во тоа мислење те навредив, плис посочи Ама од срце те молам, што напишав што те навреди. Ако не сакаш да те цитираат, имаш на срце ми лежи и сдк без цитирања. Исто и за тебе како погоре ^ доколку моите мислења ти пречат, можеш да ме блокираш или игнорираш. Никого не навредив иако многу пати бев навредена, на крај, избор е што ќе те навреди.
Тупиш извини вака. Сакам да прочитам и други мислења на темава , не само твоите реферати каде што се докажуваш. Поздрав.
Значи ние (шо не ни е жал за Коста и никако не пробуваме да го РАЗБЕРЕМЕ боже ме опрости убиство да сум разберела притоа повеќекратно смајли шо се крсти) појма немаме шо зборате... Оќе
Не знам како замислувате да ги чувате децата во стаклени ѕвона, без социјални мрежи/интернет кога целиот свет напредува и сите ги користат истите. Социјалните мрежи не може да се злоба сами по себе. И јас кога растев имаше социјални мрежи, MySpace, piczo, hi5 па и на крај Facebook, па пак се социјализиравме и дружевме, меѓутоа знаевме за авторитет и кога родител ќе ти рече толку на компјутер, толку беше. Башка што не проверуваа. Меѓутоа имам видено 5 годишни деца на Facebook и тоа дефинитивно не е соодветна возраст. Треба оние препорачани возрасни граници за користење на социјални медиуми да се припазуваат. Сепак проблемот денес е незаинтересираноста на родителите. Уште од мала возраст им тупнуваат таблет и оставено е само на себе. Еве читам погоре Коста пребарувал на интернет месец дена однапред, јас да сум родител мене би ме интересирало што отвараат на интернет моите деца. И не зборам за кршење приватност од типот читање на пораки на социјални мрежи, ете едноставно историјата на пребарувачот да ја видиш. Се надевам дека овој трагичен настан ако ништо друго ќе ги освести родителите да бидат пред се одговорни родители и барем малку да се посветат на децата.
Според мене е ладнокрвно пред сè зошто откако го разрешетал чуварот и ги разнел 2те девојчиња на влез, продолжил. Фактот дека не му сметала глетката, разнезени мозоци, крв распрскана, мртви тела, врисоци, итн. Фактот дека мењал шаржери, пробал да убие што е можно повеќе. Што траело, не се предомислил. Напротив, не му паднало ни гадно, ни страшно, ни ги сожалил, туку продолжил понатаму и понатаму. Можам да прифатам дека не е ладнокрвно ако во момент на провокација изреагира агресивно некој и непромислено плесне некој по глава и го утепа на лице место. Па да се шокира од тоа што го направил, да се згади. Да се потресе. Башка, ако е вистина дека изјавил дека не се кае, што повеќе?
Немате. Оди кажи им слободно во трите науки кои ги посочив, дека џабе постојат и се занимаваат со темава. Боже ме опрости, не треба да се занимаваат. Нема што да разбираме, дај бесилката, до следен пат.
Не е тука дистинкцијата, него во прекумерната сила. И со 1 со 20 куршуми можеш да убиеш, разликата е во начинот, количината на бес исфрлен. Оттаму примерот со жената, во двата случаеви го убива мажот, во едниот само го убива и го "решава проблемот", во вториот оди во непотребно крајни мери. Кај Коста гледам омраза, бес, лутина - што е различно од ладнокрвно. Ладнокрвно значи да не ти е гајле, него му било гајле што поголема штета да направи, што повеќе бес да истури. Затоа не мислам дека ладнокрвно убил, туку е од страст, баш поради тоа што бил упорен што повеќе и сеедно кој и сеедно каде.
Има повеќе информации дека не убивал само заради булинг. Наводно и сам изјавил дека е поради мајката. Не е ништо потврдено. Јас мислам дека се повеќе фактори, прво таков склоп на личност, било да е социопат или психопат, високи очекувања од двајцата родители, притисок да е најдобар, развод, чувство на отфрленост од врсници поради различност, некаков вид булинг, и на крај медиуми и општеството во кое се наоѓаме. Наводно ноќта пред масакрот гледал филм за иста случка во Америка. И уште една информација (не знам дали е вистина) ко се јавил во полиција тоа сепак од себични причини го направил, му било чудно сопственото дишење (по 57 испукани куршуми замислете) и плус слушнал полиција и мислел дека ќе го ликвидираат ако не се предаде сам. Ама пак стојам на првичното мислење дека здрава структура на мозок на дете од 13 години нема да постапи вака под никакви околности и од никакви причини.
Слушнавте за новиот масакр во Младеновац, Србија? Млад дечко Урош Б. на 21 годишна возраст со калашников одел од едно во друго село и вршел убиста. Пукал на случајни минувачи, во двор во некое училиште убил брат, сестра и на сестрата дечкото(млади биле дечките на 20-22 годишна возраст), 30 куршуми испукал во нив и на лице место ги усмртил и други луѓе усмртил. Вкупно има 8 убиени и 13 ранети. Избегал да се крие кај некој негови роднини ама сабајлето го фатиле. Пред два дена се десило ова. Колку животи однесе, монструме.? Цело село завиено во црно за Ѓурѓовден...
Абе луѓе... да се работи за свое чедо, ич не е важно дали е убиено со 1 или 20 куршуми, и дали во бес или ладнокрвно. Убиени се, намерно, со умисла! Децата ги нема!!!
Не знаеме дали бил бесен, нема видео да видиме. Еве јас го замислувам со смирена експресија на лицето, иде и решета. Бес и омраза не се доволни за да можеш да масакрираш деца во школо, едноставно не може. Мора нешто плус или да постои или да изоставува кај таа персона.