Апсолутно. Па и со сексуалните односи - ужас. На нивна возраст се молев да добијам нова барбика. @Billy Idol фала што ми објасни посликовито, ценам.
Твое право на кого ќе веруваш. Јас ги одбирам соучениците, а не хистеричната мајка на која и е нормално што ќерка и пуши на 13 г.
Едното не ја намалува тежината на другото. Ладнокрвно не значи полошо од страст. Еднаква тежина имаат во смисла на последици, не го оправдува или слично. Ако кажам дека не е ладнокрвно, не викам дека е оправдано или полесно. Фактот што се случило е доволен за да не се реинтегрира, толку. Затоа како прв пример ја земав Сребреница, бидејќи кој сака да види ладнокрвно убиство постојат достапни видео записи. Во ниеден случај не пукаат насумично, не дивеат. Смирено и конкретно и точно убиваат. Во неговиот случај, само на вратарот пукал 14 пати, со оглед на прецизноста, тотално нема смисла ако целта му била САМО да го усмрти. Ќе усмртел и со 1-2, ќе "заштедел" на муниција за да убие повеќе "таргети". Од криминолошки и психолошки аспект постои разлика, се бараат мотиви, се класифицираат убијци, убиства и многу тука има за зборење но: Јас моето мислење го базирам на многу малку информации, не бев таму, не го видов Коста, немав увид отпосле, се држам до изјавите на полицијата за настанот. Исто важи и за останатите кои би мислеле дека е ладнокрвно, или би имале генерално друго мислење на темава. Ќе се изјаснат стручњаците кои работат со него, кажав мое мислење од аспект на тоа што го знаеме - што секако, веројатно многу работи и воопшто не знаеме.
Да имаше и такви изјави дека сакал да страдаат мајките на соучениците, ама и неговата. Многу информации има во српските медиуми, кој знае што е точно дури не е официјално.
Дете што прави нешто во бес, нема да истражува претходно за законот за малолетници и како ќе помине најлесно.
Нема врска тежината или оправдување. Самиот акт е ладнокрвен. Не би можел секој бесен, разочарен, очаен човек на планетава истото да го направи. Секако одредени емоции и дешавки го донеле да он испланира масакр. Ама за да го изведе самиот акт, потребна е ладнокрвност. Оддалечување од емоции.
Апсолутно. Психијатри велат дека нарушување на личноста се гледа од 10 та година.. ама родителиве упорно си го тргале погледот настрана. И ете.. дете на 13 години да е опседнат со филмови како Purge, филмови за масакри, да ги бинџа божем гледа Friends.. не е нормално.
Пак се враќаме на едно друго: дали е малиот социопат или психопат? Едно е. Кое е, ќе кажат психијатрите. И двајцата се болни, и двајцата можат да го направат делово. Мотивите, нивното рационализирање, историја итн. прават разлика. Не е едниот полош од другиот, не се оправдува, ама битно е да знаеме точно кое е. Мислам како термини се создадени токму преку проучување на најчесто убијци. Во генерална популација ги има и едни и други многу, не се сите убијци. За да стигнеме до убиството каде што имаш повеќе опции, ама ајде овие 2. Јас мислам дека Коста осеќал омраза. Дека немал емпатија за другите деца, за него биле сметња, за него биле појаки, попаметни, поуспешни (иако е булингот дел од мотивите, не одел по список во голема мера, затоа мислам дека се осеќал инфериорен). Таа инфериорност го довела до омраза. И во двата случаеви ќе убиел, него користел далеку премногу муниција со оглед на број на жртви, што укажува на таа омраза. Ладнокрвно ќе размислувал како повеќе да убие (повеќе таргети), но тој во наплив на бес само истурал се' што мразел пред себе. Дури мислам (ама ова е far reach) дека во другите деца ги убивал сопствените родители, посебно фактот што се многу повеќе девојчиња. Знаеме дека имал доста лош однос со мајка му. Оддалечување од емоции имаат и двајцата, немаат емпатија. Едниот не осеќа нужно омраза, не е емотивно charged при извршување на убиството, едноставно прави што замислил и тера по план. Другиот е толку емотивно charged што губи самоконтрола во нели, планот што сам го правел. Стварно е доста широка темава, мене лично ми е доста позната и ако има соговорници со задоволство би дискутирала, не само за овој случај, но како што кажав понапред можеби е подобро да имаме посебна тема. Бидејќи за исходот од правен аспект за Коста ништо од ова не е отежително или олеснително, генерално луѓето ги интересира да си го исфрлат својот бес и да не излезе надвор, не ги интересираат детали. @jacqueline.s не велам во АФЕКТ, различно е од акумулиран бес. Акумулирана омраза итн. Токму акумулацијата на бес и омраза довела до планирање.
Наместо да тупите тука милион страници, па дискусии дали тикток ги прави децата насилни, дали тикток е најлоша апликација, дали децата треба да имаат пристап до технологија и разноразни глупости, земете посветете се на вашите деца, затоа што факт е дека не можете да ги изолирате децата од социјални мрежи, интернет, ама може да ги контролирате нивните телефони. Проверете ги што гледаат тие на интернет, а не само на тикток. Секоја апликација има свој алгоритам и начин на кој функционира. Скоро секоја од најкористените апликација има parental control или нешто слично.
За неа зборувавме наназад, дека има многу убава поента на крајот, но како психотерапевт не смее да си дозволи ваква терминолошка грешка.
Што му се вртело во главата на Коста само он знае и никој, остатокот е само мислење и претпоставка од другите. И Коста и тој другиот монструм се убијци, без разлика на мотив, психичка состојба и што и да е. И да, децата се многу понапредни и многу повеќе им работи мозокот , отколку што ние како возрасни мислиме. Дете од 13 години да разлистува закон и дали би бил осуден или не и да испланира УБИСТВО , не е дека незнае што правел. Он со умисла влегол и убил пола клас. Пред малку гледав видео од некое правно лице во Србија и вели: Како ќе де лечи незнам, не сум стручен за тоа, но тој ќе биде пуштен на слобода . Според законот под 14 год. е дете и неможе да биде осуден. И сега доаѓа до момент дека било кое дете НЕДАЈ БОЖЕ , под 14 години може да убие пола село или училиште, а притоа да биде на слобода??? Булингот или психо- физичкото насилство за жал зема се поголем замав. Имам во близина деца кои што се мета на булинг, а никој од одговорни лица не превзима ништо, а на родителите чии деца го вршат булингот , ни под точка разно несмееш да им кажеш, тука има оградување, па закани, па тужби за клевети и.т.н. Интернето пак колку е начин за на некој начин за доедукација или да се најде и прочита или види нешто корисно, 10 пати е полош и е манипулатор со мозокот на децата и возрасните. Коста според кажувањата е дете на врвни интелектуалци кои стремеле кон градење кариера, а за децата била ангажирана жена. Тука ќе дадам пример од девојче кое учевме во исто школо, а имаше позната мајка. И ние деца како деца 10-11 години, лелеее мајка ти е таа и таа , што убаво ( детско размислување) и ни вика она да, ама вашите мајка и татко се 8 саати на работа и после сте заедно, за празници , за викенди се со вас, а мојата мајка е постојано на работа и ние сме секогаш сами , кој стигне не чува, јас несакам мама да е позната, сакам да е мама. Тогаш поинаку го сфаќав ова ( дете) ама сега сфаќам дека во најбитните години она била сама и и фалел родител да е до неа. Ова е пример како според кажувањата живеел Коста. Дете чии родители се стремеле кон кариерата и ,,немале време” за контрола и разговор со децата. Пак ќе повторам, според кажувањата. И факт е дека децата дома и надвор не се исти и нема никој да ме убеди во спротивното. Знам и имам доста деца кои дома мислиш ангели се, културни, со прекрасен речник, со манири, ама истите сум ги видела и ги виделе и други и се се спротивно од ова. Па какви видеа и прашања со одговори на инстаграм пишуваат, ужас е тоа да се гледа и чита. И не се битни комшиите и пријателите за да морално се помине време со нив, битно е децата да се изведат на прав пат. Да се научат да не понижуваат никого, да не се тепаат, да не бидат со злобни намери. Како бил воспитан Коста незнаеме, се погоре од кажувања, но НЕ е за оправдување УБИСТВО. Замислете на сите да ни пукне филм и лагано да убиеме некој и да се вадиме на тоа како сме растени и дали сме имале или не контрола и внимание. Убиство не е за оправдување под ниту точка разно.
Да бидам искрена, мене не ми е битно да знам дали е психопат или социопат. Сега она што ми е битно е да не биде пуштен никогаш да шета во општеството, и љубопитна сум кој му бил мотивот. Од тоа што до сега е кажано, мене ми делува дека гледал да убие што е можно повеќе, затоа испукал толку многу куршуми. Дури и оној факт што го спомнуваат дека лежел на земја, имало куршуми во таванот - мене тоа ми звучи дека кога се криеле децата под масите, пробувал да ги среди. За среќа, по сè изгледа не бил толку прецизен, иако успеал да погоди и во глава. Мене ме интересираат детали, затоа и гледам често real crime приказни и interrogation со осомничени. Битен е мотивот, за да извлечеме поука која би ја примениле за општо добробитие, ама на крајот од денот никој не е повеќе виновен од тој што го направил делото, едноставно имал премногу прилики да размисли, да се предомисли, да се обиде на друг начин да си ги среди проблемите.
Нема врска, не е ни тоа битното за повеќето луѓе, него таа како стручњак не смее да си дозволи ваков лапсус, бидејќи е огромна разликата меѓу едните и другите, тотално различни мотиви и патологии се. Иначе баш го цитирав последниот дел, за одговорноста, дека сите (не само родителите) имаме лична одговорност према се' околу нас.
Болдот. Затоа реков. Знам дека на повеќето не им е гајле, гајле им е само овој еден да го стрпаме во затвор и бел ден да не види. И ок е. Тука сме согласни сите. Ама не' има и нас што сето не' интересира. Ако гледаш криминални документарци, сигурно веќе ти е јасно дека и те како сите овие дистинкции се испитуваат и прават.
Ќе исчезне некаде, таткото ќе иде у затвор, а он мајка му и сестра му ќе си отидат некаде надвор и ќе го стават во некоја институција. Ако остане во Србија ќе му пресудат одма, каде и да е.