Масакр во училиште во Србија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ahoy, 3 мај 2023.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.101
    Зошто е битно баш дали е социопат или психопат? Што и да е, и двете се лоши.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Тоа нема да се случи и не прочитав ниту едно мислење кое зборува за негова реинтеграција.

    Напротив, сите сме сложни дека за него не смее и нема да има можност за реинтеграција.

    Остави што дрндаат за публицитет чкљ српски медиуми, и да не може во затвор, ќе може да се одземе од родители од страна на ЦСР, смести во установа, понатаму да му се пишуваат и точни и неточни дијагнози и да се чува затворен.

    Не верувам дека кога било ќе биде ослободен, не верувам дека Србија како држава ќе дозволи да биде. И секако, не треба да биде.
    За криминологија и психологија е битно. Различни обрасци на однесување се.

    Лошо е, ама постои, се изучува како и многу други патологии.
     
    На IRBBB, sunshinebabe, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    22.632
    Пол:
    Женски
    Е ова го напишав во друга верзија погоре. Несмееш да кажеш нешто , оти ќе те линчуваат , а добар дел не си ги познаваат децата од што имаат други приоритети или се со ставот остај ги деца се нека ужуваат.
    Јас како возрасна особа и тетка и стрина , постојано мелам и мелам, и кажувам на родителите што се случува, остај деца де. Да не навлегувам сега што било ама не е за оставање работата воопшто. Или мало дете од 4 ри год. да тепа родители и да ги влече за коса низ куќа е во ред и да има главен и завршен збор??? И седат со превртени столици, со патики на маса зашто принцот така сакал , дете било. Дете кое од дома сфаќа дека е нормално да шамара родител и да го влече за коса , ќе го направи тоа и во градинка и во школо.
    Е кога ќе дојде до многу посетиозно како ова со Коста, лелее што направиме ќе биде.
    Не си работел со детето и не си посветил внимание од мали нозе.
    И тука веќе џабе каење , кога лошото дошло и биднало.
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Не можат да ги изолираат? Не. Туку не се заинтересирани и појма немаат какви се содржини има по социјалните мрежи и колку штетно влијаат врз развојот на едно дете. Едно дете да има нормално детство не треба да има никаков пристап до смартфон, интернет и социјални мрежи до полнолетство. Евентуално еден обичен мобилен од старите со копчиња да може да се чуе со родителите и другарите и толку. Баш од прифаќање на сите модерни трендови и цел шлајм што доаѓа од западот дојдени сме до ова дереџе.
     
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.961
    Пол:
    Машки
    Како тргнало изгледа сѐ ќе биде вина на западот, никој тука нема никаква вина за ништо.
     
    На Flower27, mkdvesna, violetblue и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.101
    Океј, секако за криминологијата и психологијата. Ама за мнозинството што не се бават со овие бранши, не им е битно дали е баш социопат или психопат. Побитно е да се установи дали е било што од тие две, зошто ако донесат заклучок дека не е ниту едното ниту другото, тек тогаш ќе се потресеме како можел ладнокрвно да изрешета деца во школо.
     
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    23.507
    Еве во Иран, Ирак, Авганистан нема ич оружје, пукање, убивање.
    Жените се почитувани максимално исто така.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Исповест на ученичка, сведок на масакрот. Зошто пукал прво во најдобриот другар ако мотивот е булинг? Учениците што го малтретирале од другата смена и поради кои барал да го преместат кај другарите не се ни на список.

    471315_skola-2_iff.jpeg
     
    На Sofi.ja, Maca Macka, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Па и самата тоа многу страници наназад го реков, дека е можеби попаметно да има одделна тема од оваа.

    Јасно ми е дека повеќе не само што не знаат, не сакаат да знаат.

    Проблемот нема да го решиме со моментот на затворање на малиот. Ќе се затвори, толку.

    Прашањето е како да препознаеме во иднина, како да не дојде пак до истото.
    Со затворен Коста нема да превенираме слични случаеви, ќе ја истераме правдата за овој случај, ама не смееме тука да застанеме.

    Ако не научиме што точно довело до ова, нема да успееме да превенираме во иднина.

    За некои ќе е доволно еве да го убиеме. Но тоа нема да ни помогне утре ден друго дете да го направи истово.

    Затоа е важно многу подлабоко да се испитува, не само за последиците по него како една личност, него за цели идни генерации, како да не се случи пак.

    Со тоа што бараме обрасци, аномалии во однесување поранешни, фактори кои довеле до овде, бараме начин утре да ги препознаеме кај други деца и да интервенираме ПРЕД да се случи масакар или слично.

    Се надевам е појасно.
     
    На elenaa0805, IRBBB, ZAHRA и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Имаат вина првенствено родителите точно ама и тие се под индоктринација на западот и пренесуваат свои нездрави фрустрации врз своите деца. Зошто немаше ништо од ова пред 30 40 години океј немаше интернет постоеше и булингот но немаше вакви деца без емпатија што се смеат на вакви немили настани како дебилчињава во Србија што си тргаат мајтап со несреќата и се смеат ко недоветни на видеата. Ваквиот тренд на декаденција настана одкако западните шерифи зачекорија во нашите краиштаи да не учат како треба да живееме според нивни шаблон и ова е финалниот продукт од 30 годишна западна индоктринација
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    36.948
    Пол:
    Женски
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    8.644
    Пол:
    Женски
    Никој не излезе со проверена официјална информација што била причината.

    Единствено учениците спомена дека имало такво нешто.

    И одма се дојде до заклучок дека бил жртва на булинг и се испишаа над 100 страни.

    Влегол во сегашното одделение со кое немал такви проблеми и прво пукал во најдобриот другар. Јас поврзаност со булинг не видов овде.
     
    Последна измена: 7 мај 2023
    На Pixi5, Sofi.ja, mkdvesna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.101
    Така е. Сите сакаме да дознаеме зошто едно 13 годишно дете извршило масакр за да извлечеме поука за понатаму и да го подобриме општеството.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    9.759
    Пол:
    Женски
    Коста очигледно бил жртва на булинг, имало пријавен напад врз него и во полиција. Денес видов дека повеќе деца, не само една група изјавиле оти бил "зезан", секогаш мирен и тивок и другите се мајтапеле со него. Ама се си мислам дека списокот не му е составен врз основа на тоа кој го чепкал, бидејќи бил тормозен во другата смена, додека со новиот клас имал комуникација и дружба. Јас верувам дека поради трауми му е поматен разумот, од гнев почнал да мрази се околу. Жално многу. Булингот е едно од најголемите зла, треба да одговараат и неговите родители за немарност и неговите злоставувачи и нивните родители затоа што сносат дел од вината, а потоа да стане пракса и за сите други што вршат врсничко насилство било физичко или вербално. Никогаш не смеело само така да си поминуваат низ школскиот систем. Се додека bullies не научат да бидат луѓе треба тие да носат етикета, не нивните жртви да поминуваат години во страв и срам (не зборувам веќе за Коста, он изврши грозоморен чин и најверојатно преминува под надлежност на посебни установи). Ама она што го напишав нема кој да го спроведе во трули општества со извртени вредности.
     
    На IRBBB, Aнонимус_ и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    На IRBBB, Lianna Anna, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.774
    Пол:
    Женски
    Не им се чита ова, не им одговара на наративот што го тераат.
     
    На Sofi.ja, LiquidLuna, mkdvesna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Од музичка школа кај што одел е пријавениот напад, пред една или две години, одел на психолог после тоа и било проценето дека е се најнормално со детето. Значи пак нема врска со децата кои загинаа, ама веројатно е така повеќе фактори влијаеле за жал.
     
    На MandyLane и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    23.507
    Само што ова не е секојдневно и нормално па да бараме лесно кај е проблемот.
    За дела кои се чести и секојдневни веројатно има нешто што е заедничко за цело општество а под кое потпаѓа индивидуата, то ест влијае на неа.
    Ако нешто е ретко и невообичаено, тогаш е или исклучиво до таа индивидуа проблемот или до некој близок на индивидуата, не до нас како поединци.
     
    На Bitter-Sweet и MandyLane им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.458
    Допаѓања:
    183.548
    Пол:
    Женски
    Вака најискрено и најлаички да ви кажам нешто.

    Се деси убиството. Уште истиот ден претседателот на државата требаше да ги собере најголемите експерти во нивните полиња, психолози, педагози, психијатри, невролози, правници итн итн. Да се работи ден и ноќ на изнајдување начини и механизми за справување со вакви и слични дела во иднина и за промени во кривичниот законик со што и според закон деца - убијци ќе можат соодветно да се изолираат од општеството. Наспроти тоа, претседателот излезе пролеа некоја солза, во меѓувреме дознавме дека некако е поврзан со родителите на детето и чича мича готова прича само ние уште не знаеме.

    Сите земји во регионот да го следеа примерот и да ги сменеа законите. But guess what? That’s not gonna happen.

    Ама да се работи за некој политичар што треба да си испере некој свој криминал, ќе седеа по цели ноќи и ќе носеа нови закони или измени во веќе постоечки закони. Ништо од ова не се случи првите денови кога требаше и мораше, мислам.. џабе е да очекуваме дека нешто ќе се смени. Наместо тоа сеа ќе си ја подаваат топката. Едните не се надлежни, другите исто нема да бидат надлежни, на третите ќе им се врзани рацете од работата на првите и вторите.. и толку ќе биде.
     
    На Flower27, IRBBB, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    90.622
    Пол:
    Женски
    Шеф на психијатрија во Лесковац,др.Горан Тојага
    345579613_3357607324503331_475349284702232775_n.jpg
    После Децата се криви:??Ова друштво треба да се оправи со паметот.
     
    На Bezimenka90, Flower27, ZAHRA и 6 други им се допаѓа ова.