Сега ти ја прочитав објавава што си ја споделила, откако го испратив мислењето, се поклопува 100%, мислам евидентни се нештата. Инаку, Коста колку што разбрав, бил физички нападнат во училиштето за глума и тие не верувам дека се нашле на списокот. Психијатриски инстанци ќе се занимаваат со неговиот помрачен ум, ама оние што го довеле до тоа дереџе и сличните ќе продолжат да роварат по нечија туѓа психа.
Вучиќ не се симнува секој ден од Пинк, телевизија која промовира тепачки, плукање, пцуење, некултура. Самиот Вучиќ минатиот пат час и половина се фалеше на интервју со Јована Јеремиќ, оваа била дел од Задруга или Фарма не знам. Ако си добар претседател нема што да се спуштат на ниво да разговараш со секакви клошарки што се нарекуваат водителки и што по гаќи седат со гости и разговараат за политика. Законот не функционира во Србија секаде исто. Поарни не сме и ние.
Тоа да, различни работи се, ама патологиите се тие. Башка гледам цело време се спомнува социопат/психопат, тие не ни постојат вистински како дијагноза туку се описи за луѓе кои имаат имаат антисоцијално пореметување. А кај тој што решил да убие 10 или 100 луѓе не е ни само тоа туку има и други растројства кои спаѓаат во истата група. Поентата ми е многу се изнапишува во темава за нешто што не е црно - бело, комплексна е психологијата на убиецот и стварно е побитна превенцијата наместо извитоперената логика позади мотивот за убиство.
Мислам дека детево не е повредено (првото) туку мртво на лице место. Што би објаснило зошто не е пренесено на Ургентен.
Точно, потполно се согласувам. Ама за да има превенција, мора да се знаат причинителите, како дошло до овде кај што сме со куп мртви деца. Неговата извитоперена логика ќе ни даде увид во минати ситуации, може врска нема булингот, може сосема причина да мајката, можеби нешто 16то. Ама секако ќе знаеме на што да обрнуваме внимание во иднина, нели. Во право си, да, само едно е, Андрија.
@CameliaMiller Општо нема такви иницијали В.П меѓу настраданите. Луѓето навистина треба да одморат од социјалните мрежи, со измислувањата во вакви ситуации.
Во над 2000 мислења на темава, мислам дека иницијалите Е.К. вреди да бидат споменати и затоа го пишувам ова мислење. Според сведоштвата на учениците, за време на пукањето, Ема Кобиљски застанала пред пиштолот на Коста и го прашала зошто го прави тоа, повикувајќи го да прекине. За тоа време многу од децата успеале да излезат од училницата и да се евакуираат. Но, иако Ема не била на списокот на Коста, неговиот куршум нејзе ја убил. Нејзината храброст треба да се памети. Ема Кобиљски е херој.
Не знам како воопшто дозволиа децата да снимаат апсењето,аудиа снимка од пукање,давање изјави на новинари кој како си сака.
Некаде пишуваше дека професорката се обидела да го спречи прва. Има ли некој нов извештај од полиција или ова од соц. мрежи што си пишуваат е?
Затоа што не го стави целиот список. Еве првично е NN лице а после е идентификувано детето како В.П. Така да девојкава не лаже. Ако влезеш на профилот ќе видиш дека е вистинит. Уствари неговиот другар е и најкритично повреден. @Polyincognito има. Дај прогуглајте како што треба. Темава преполна дезинформации .
Може е некоја грешка во медиумите, тие слика од живо девојче објавуваа како загинато неколку дена. Или згрешена буква во објавата, зошто дете со име на буквата има повредено. @CameliaMiller мислам дека нема, се е шпекулација од "проверени" извори. Српските медиуми каша попара направија овие дена.
@joy1 Комплетно се согласувам. Како што три дена требаше да поминат да се каже дека сликата од Коста е лажна, до толку наводно никој да не препознае, очигледно треба со резевра се да се зема. Edit: @simoncelicius Јас прочитав во друга статија, особено кај жртвите, па таму немаше ништо. Затоа така напишав.
Не читав надолу .Мислев списокот е тој ,тој.Моја грешка.Уствари новинарска грешка јер поима немаат шо пишаат.
Нема официјален извештај, епископот на погребот на Ема Кобиљски го изјавил ова. Всушност Ема Кобиљски и уште едно девојче наводно биле тие кои "се фрлиле" врз напаѓачот во обид да го спречат. Ема починала на лице место, а другото девојче е тоа што е најтешко повредено.
За ова девојче се коментирало, кое зборува за напаѓачи во множина. https://m.facebook.com/story.php?st...jufzbeSm4l&id=100043481378481&mibextid=Nif5oz Јас претпоставувам од трема (моментален хаос) така раскажува. И мајката исто, бидејќи го нарекува човек (како возрасна личност).