Ова со теорииве на заговор -.- Девојчево не ни имало време да сфати што се случува бидејќи наставничката ги скрила колку што сфатив под трибините. Во секој случај, добро е што повеќето деца не даваат јавно никакви изјави, има сведоци многу, добро е што со полиција и психолози рекреираат настан.
@CameliaMiller Да, дефинитивно не треба јавно ништо да изјавуваат. Тоа ги вклучува и родителите како хистеричната госпоѓа. Секој што има нешто да изјави, треба во станица да си појде. А не вака, и информациите се и онака каша попара.
Јас не ги чешлав списоците секако, ама кај што видов НН знам дека е непознато/неидентификувано лице. Како и да е, мртвите на место не ги имаат носено на ургентен, ова се издвојува оти е само едно машко починато.
А ова српскиве медиуми се толку гадни, треба да им се забрани да известуваат за настанов некое време. Тоа преноси во живо од погребите на децата, зумирани фотографии од скршените родители, ковчезите, разноразни изјави, важни детали, објавија каде живеело семејството Кецмановиќ, го објавија влезот, вратата од станот на семејството и уште што не. Односно сите си се такви, почнувајќи од претседателот кој толку несмасни изјави даде на двете прес - конференции кои вклучуваа и приватни детали. Мислам дека и имаа објавено како ги прекршува законите со тоа.
Исто како со онаа теорија дека детето што го уапсиле носело црни патики и црни панталони, алудирајќи дека имало некој друг освен Коста. А ако внимателно гледаш во моментот кога полицаецот го остава оружјето се гледаат белите патики. И има друго видео кога го апсат, кое не е толку вирално снимано од спротивната страна најверојатно од соседните згради, каде се гледа дека носи фармерки. Така да се може мн лесно да се провери дали е новинарска грешка, дезинформација или теорија на заговор.
Да, тоа видео го видов баш вчера кога отворив Тик Ток, излезе. Него што е со снимањево погреби, еве сега тоа прво ми искочи. Ај да е новинарски текст, слика, ај. Ама сензационализација на туѓа болка не разбирам. Снимаат родители, баби, дедовци, роднини секакви во најголема болка што може да се доживее и ставаат по соц.мрежи. Не разбирам, ги храни ли ова.
Мене знаеш што најмногу ме загрижува? Што вакви потресни сцени, слики, видеа не допираат до децата. Девојката што по грешка се нашла на листата на убиени кога се јавила да каже дека е жива - оставен е коментар да не се грижи затоа што нема да е за долго. Се прават профили и групи со поддшка за убиецот. Се велича делото. Се прогласува за херој. Дури неколку девојчиња имаат искоментирано колку им бил привлечен и преубав. Значи немаат трошка емпатија за жртвите.
И мене тоа ме загрижува и посебна тема е, серискине убијци по Америка љубовни пен-палс си имаат Дури имаше случаеви, тој доживотен затвор, се венчаваат. Нека звучам како бумер, ама не Тик Ток, цела Америка би ја банирала. Овие идеи и вљубувања во убијци кај нив со децении постојат, на европско тло се тазе.
Стефан Лазаров на Фејсбук има објава за тоа што беше споменато на вестите на Канал 5 за гостувањето на Кристијан Голубовиќ.
Децата изгледаат како оперирани од емпатија, ама ништо подобри не се ни возрасните. Барем од тоа што може да се види кај тие што се во јавноста (инфлуенсери, блогери итн).
Со ова погоре се согласувам апсолутно. Ама мислам се најдовме во апсурдна точка да објаснуваме како сервиран контент е безазлен, што апсолутно не е точно, и затоа реков, ќе отворам посебна тема. А посебна тема оти не тврдам дека било кој контент е поврзан со овој случај, ама со многу други случаи, несомнено. Токму ко што имаш наведено подолу.
Леле сеа фали само него да го гледаме. Не знам зошто обрнувате внимание што кажал и што направил, зарем не видовме доволно од него? Па уште споделувате овде. 10 души да отидат да му остават преглед кој е во добиток?
Од 10 до 20 години бил максимумот што можел да ги добие. Српски адвокат: Масовниот убиец од Младеновац не може да добие доживотен затвор А во меѓувреме... (Видео) Младо момче во Задар низ прозорец на автомобил извадило ракетен фрлач
Токму поради ова, не треба да се зборува за емпатија кон убиецот. Барем не гласно. Не треба да се пропагира ни најмало оправдување за монструозниот чин и да се објаснува јавно зошто и како. Сите новинарски грешки, лажни слики и видеа, стара слика од убиецот на која делува слатко и невино....можеби ќе се заташка и овој случај и никому ништо. За година дена ќе остане впечатокот дека булингувано дете станало убиец....а не е така...овој чин е големо,големо зло....страшно би било, било кој да го повтори... Инаку се согласувам дека со страст пукал, но веројатно не од бес,туку од чувство дека е Господ....видел на филм, добил обука, имал пореметена психа и сторено...
На сите што се запнаа дека девојчето лаже зашто немало такви иницијали. Или дека новинарите утнале. И не приметија дека двете НН се пишани без точка и е даден полот на лицата.
Никој не се "запна". А покрај морето лаги, секоја информација што не е од полиција директно, треба да се зема со сомнеж. Веќе видовме еден куп лаги, пример девојчето што глумеше дека била ранета. Едит: јас лично воопшто не читав иницијали. Не гледам потреба да им знам јас идентитет на жртвите.
@Munchmallow20 Во статии N.N, како тука каде е идентификуван полот, можело да значи и nomen nominadum т.е името накнадно ќе се објави. Ете да знаеше, можеше да ни објасниш. Секогаш може да научиме ако не знаеме или да се исправиме.
Инаку се пушти вест дека мајката на детево не дозволила психијатриско лечење и може да си оди дома слободно. Таткото исто така може да не добие никаква казна.. Ако е ова вистина, тешко на семејствата што си ги закопаа децата, никој да не биде осуден и казнет.