А бре за пари се ќе издадат. Што ви е вас. Мислите гајле им е. Секогаш има некој крт кој дава инфо во вакви ситуации.. Србија, особено Белград го води подземје шо ви е.
А и не знам што очекуваат да прашува, со оглед дека целата негова поента е "не бев никој, сега сум некој". И стварно се одвратни, ама стварно. Се излажав да кликнам, немам нерви за вакви натписи жута штампа. Кога ќе излезат пак од полиција, или барем психијатрија официјално, дај споделете.
Нема што лекарите јавно да даваат факти, тие се должни се што вештачат да предадат на полиција и обвинителство за да се види како ке се постапува понатаму. Не треба ништо тие да изјавуваат за јавноста. Плус пак за малолетник.
Не верувам дека туку така се даваат информации од истрагата оти се работи за малолетник, дете и законски не смеат. Не ни има секој пристап до него. Овој Вучиќ не можам да го гледам. Драма невидена е.
Емисијата не сум ја гледала. Ама во ком пишува дека истото го поновиле и во 08:40. Значи камери постојат, снимки постојат. Само што не се за јавноста.
Е поради што законски никој не ги гони овие пари не фрлаат, побрзо би измислиле нешто само да бидат читани.
Докторот ( мислам ) од итна медицинска помош беше интервјуиран. Гостуваше во некоја емисија. Раскжуваше како се организирале амбулантните возила и што ги пречекало кога дошле на лице место.
Јас знам дека се' живо е покварено, ама како не им прпа за сами себе моментално (од higher ups), тоа не знам. Ама пак ќе речам, кога можеше дебилон Вучко да се мрсулави дека крем де ла крем биле и колку заработувале и најдобри во српско општество семејства биле, што повеќе.
Овие сензација прават од ова. Некако, убиените деца и чувствата на нивните семејства се на последно место.
Од кого? Кога Вучиќ сам истреска толку глупости на прес. Знаеме и кај нас како се оговараат пациентите и се знае се за секој, така да за ова не ме чуди.
Па затоа наназад баш и @Ahoy забележа, погреби и погреби се снимале ајде, ама се пазело да се сочува достоинство на луѓето. Овие без абер бе мајки снимаат како не можат да дишат, цели натписи, снимки, тик ток за тоа. Се' што прават возрасни деновиве, само се' повеќе гледаш колку не се саглам возрасните, а после децата.
Која патологија им е власта се гледа и по тоа што никој од владата не беше ниту на погребот на децата,ниту пред школото каде остава народот цвеќе ,па ни и градоначалникот на Белград, Шапиќ .
Исто не ги разбирам изјавите за медиуми на преживеаните деца и останати деца од училиштето. Каков е тој родител што дозволува детето да дава изјава за такво нешто на порталите. Како прво поминува пак низ траумата, каков второ утре блиските на починати деца ќе читаат како ,, го прескокнала мртвото другарче за да избега,, или нешто така беше насловот што ми излегува.
И од оваа трагедија направија ријалити шоу.Страмно.Првин ги преживуваа мафијашките серии во реалност сега шоу си прават. Дно бре дно сме. И арни ни се децава кај растат.
А новинарине па какви прашања им поставуваа..лешинари за сензации. Видете го видоето на песната што ја ставаат на Тик ток преку слики на децата.. се ќе ви е јасно.
Да да го видов третото видео тоа беше the missing puzzle во секој случај мастер партија на службата како целиот случај го представија пред јавноста да изгледа нелогично и контрадикторно чисто да ги иритираат и ложат луѓето. Случајот во секој случај е изгенериран сега уште оружјето да им го одземат на србите и извршена е задачата перфектно false flag сценарио и 9 души изгубени за навек. Штета...