Оваа вест денеска многу ме потресе. Како родител неможам ни да замислам ваква трагедија. Никогаш и никаде, повеќе да не се повтори. Точно е дека сите сме биле некогаш на "мета" на исмејување, сите сме добиле некоја неправедна оцена па не сме ни помислувале на такво нешто, но... Прочитав изјава на родител чие дете учело со извршителот на убиствата, и кажува дека константно бил исмејуван и малтетиран. Замислете едно дете од 14 години секој ден оди на училиште со страв, со срам, со несигурност и во еден момент желбата да престане сето тоа е преголема и се осудува на ваков монструозен чекор. Детската психа е многу осетлива. Родителите пробале да го решат проблемот и го преместиле од смена А во смена Б, но не успеале. Лично сведочам на ваков случај во мојот град кој до денеска се памети, каде дете што беше исмејувано од соученик го уби. Не во училиште туку во град. Паметам како го исмеваа, еден ден дури му ги беа соблекле панталоните и фрлиле во ѓубре. Многу лошо време дојде, решение незнам дали има. Како да го воспитуваш детето?! Треба промени и тоа големи, сите да тргнеме од самите себе, од нашите деца па понатаму, никој не обвинувам сите се изгубивме во овој свет, виртуелен од една страна, реален од друга. Искривени вредности, почитување веќе не постои, натпревар помеѓу постари, помеѓу деца... кој повеќе има и кој повеќе може.
Не знам за вас, ама мене homeschooling опцијата ми е се поприфатлива и попривлечна, патем не само заради вакви ситуации оти образованието какво што е само ги турка надолу, програмите се хаос, ред нема, ништо веќе не е како што треба. Нигде.
Абе детево извршило масакр ради булинг. Океј. А чуварот зашто загинал? Ко што видов повозрасен бил, 50ти некаде. Значи да истепал некој соученик од бес ајде ќе речев, да ради малтретирање е. Ама за вакво нешто треба многу подлабоки проблеми да имаш од тоа да си само малтретиран.
Женските ги стрелал во стомак, како што вели докторов, што му била финтата со тоа се прашувам. Инаку, за своето малолетно дете најпрво одговорен е родителот. Не се обрнува внимание на психолошка состојба и ментално здравје и од тука почнуваат проблемите. Тоа што психолози и педагози во некои училишта не си ја вршат работата што треба, тоа е втор проблем. Ова не е жртва, ова е психопат. А психопати се и овие што се смеат. Разговарајте со децата и обрнете им внимание, да не испадне на крај ѕвер сте одгледале.
Страшно, страшноооооооо, а тоа училиштето, професорите, ги заболе гледаат само плата да земат и довиџења, да не се лажеме, сега... Мене не ме чуди, дека бил мирен па вака се однесувал, тоа нема врска, кога ќе пукне човек, толку е, штета господ да ги прости и да им даде сила на родителите да продолжат со животот и никогаш повеќе да не се повтори.. Понижувањево веќе стана како добар ден и јас сум била понижувана, сум трпела свашта во средно, кога дојде татко ми во школото, класната му рече, ќе ја пуштиме, нека си оди порано и во друго школо се префрлив, фала богу жива завршив средно.
Тоа што ти зборуваш е организан криминал.Ова што се случило во Белград е ментална патологија. Не е исто воопшто.Организирани криминални групи не чепкаат обичен народ. Еден дел од земјите во Латинска Америка имаат најстроги закони кога е во прашање оружје а криминал на секој агол. Брутални убиства, извршители дури и деца.Таму живот не ти вреди ништо. Спротивна ситуација.Скандинавија каде живеам јас многу години и Австралија имаат строги закони околу оружје.Криминалот е низок. Од друга страна во многу американски сојузни држави има лабави закони за оружје а баш во тие држави криминалот е најнизок.Многу зависи од држава до држава. Ваков тип на убиство што се случи во Белград е душевна патологија.Тоа не можеш да го спречиш.За жал.Како педофил што не можеш да спречиш да силува дете.Или сериски убиец.Сите можеме да бидеме жртви на такви.Достапноста на оружје не ги спречува нив да го извршат тоа што го наумиле.Ќе те убијат секако.
Малце чудно што сам изјавил "убивав зошто сум психопат". Речиси звучи извежбано, наметнато, научено можеби? Он на 14 години сам се препознал дека е психопат, другите си свиркале околу него?
Се надевам дека ова е лекција за многу родители, деца насилници и просветни работници. За родителите да си ги воспитуваат децата со време, да не бидат насилници, за насилниците да се свестат дека не знаат на кој можат да налетаат при исмејување, и какви последици може да има тоа дури и по нивниот живот, а просветните работници да не игнорираат работа со децата, редовни евалуации, и во никој случај да не се игнорираат малтретирања, булинзи и сл. Ама според коментарите на дечиштава по интернет, тешко дека некој ќе извлече поука.
Знаев дека ќе има вакви коментари уште кога ја видов веста, ама стварно на ваква тема не им е местото тука. Како мислиш европски вредности, кога скоро сите school shootings се во Америка? И кои се тие кои се залагаат за легално поседување оружје на секој граѓанин? Тие што ги плукаш по сите теми, или другите, со тие “традиционални” вредности што мислиш дека треба да ги воспитуваме децата??? Ќе да се вториве. Мешате работи што немаат врска.
Булингот бил тригер, барем така велат, сигурно сите жртви не му вршеле булинг, вклучително чуварот, како што викаш. Барем си признало дека е психопат...
Знам де. Зборот ми е колку сака нека се криви другите деца ако биле булис, тоа што еден има невин е доволно да не го жалиме типов ич
Дури ни детево "не е толку криво" колку што се родителите кој не обрнале внимание на него. Ќе речеш доктори.. и да знаеле прикриле се заради "чест и углед".
Треба сите малку да си ставиме прст на глава и да размислиме што правиме. Од училиште, професори, психолози, родители, до тоа какви културни вредности се пласираат во општеството и на каде се усмеруваат децата. Никогаш ништо не се превзема за булинг. За што се платени таму психолозите? Се пишува дека детето било малтретирано подолго време, дека дури поради тоа и го преместиле во друг клас, каде повторно било малтретирано од булис. Никој, ништо не превземал да го реши проблемот во корен. Од булинг минатата година дете од Корчагин си го одзема животот. 3 дена се зборуваше, пишуваше, и толку. Сега имаше случај каде малолетници силуваа и снимаа 8 годишно дете. Повторно, никому ништо. Никаква поголема реакција од јавноста, нешто да се смени системски. Деца запоставени од родители, изложени на разна пропаганда која канцерогено влијае на нив, дали преку компјутерски игрици, серии, друштвено прифатливи норми кои воопшто не треба да бидат прифатливи никако, и никаде. Како општество треба да ги детектираме оваквите психопатски случаи на време, да превенираме, и да ги спречиме уште во самиот зачеток. Она што го гледавме само на телевизија, што се случуваше во Америка поради декадентно уништување на секакви морални и етички општествени норми, дојде и кај нас.
сигла је Америка и код нас.. А толку многу мечтаевме за Западот, за да доцна го видиме неговото право лице.. Епа се она што ни делуваше невозможно и нестварно стигна и кај нас. Типувам дека нема да помине долго време кога и кај нас ќе се случуваат вакви работи, а во Србија е скоро реалност.Ова е почеток од кој нема враќање. А сето тоа е резултат на се она по што мечтаевме, пари, технологија, слобода.. Велиме имало булинг и во наше време, ама немаше пушки . Да имаше булинг ама немаше интернет и на телевизијата не ни беше постојано сервирано насилство, убиства. Денес луѓето можат да пронајдат инспирација од секоја страна но ретко кој корисно го користи интернетот. Ова ме потсети на случајот во Германија пред некаде околу 10/15 ина години можеби некој се сеќава на таткото што го открија дека во подрумот со години ја држел и силувал ќерка му, и дете мислам дека му имаше родено. Сите бевме запрепастени тогаш, ама некако како да се оттогаш отвори Пандорината кутија и сето зло да излезе, па така силувањата стана секојдневна појава без некоја драстична казна за сторителите, а насилниците добија поголема сила.. На кратко светот тргна во аут одамна..
Очигледно многумина од вас не знаат овде што е булинг во права смисла на зборот и какви последици остава врз развојот на едно дете штом сите го осудувате и напаѓате детево. Лично познавам во клас у средно имаше двајца што беа жртви на булинг едно девојче и едно машко дечкото прописно цел клас и цела генерација психички го малтретираја и исмеваја детето уште од средно разви клиничка депресија и ден денес не е како што треба. Додека говедата што го малтретираја денес си имаат нормален живот, си функционираат, имаат фамилии а животот на дечково му го уништија за навек. Дали оправдувам некого да истрела пола училиште како одмазда... не...но како сведок на таква случка никогаш не би се дрзнал да осудувам некого па дури и во ваков екстрем. Жално за децата жално и за дечкото за тоа што го трпел насилство. Јас жртвите на булинг не ги сметам за психопати психопати се увек тие што малтретираат а дечково е жртва што бил во такво лошо опкружување и стигнал до степен да изгуби разум и да почне да убива жално многу жално...
Разбираме што е булинг и имаме емпатија, многу од нас поминале низ тоа. Жртва на булинг бара помош, само да има на кој да се обрати, а не прави масакр. Тоа е разликата меѓу жртва и психопат и зошто не можеме да го оправдуваме. Јас би рекла, родителите се повеќе виновни од детево, оти потфрлиле некаде во воспитувањето и оти имало оружје на изволте.
И кај нас има закони демек за поседување оружје, ама секоја втора куќа има пиштол или пушка. Колку од нив има што безбедно се грижат за оружјето што им е дома. Порано имаше случај дете мало, 7-8 години го уби другарчето пошто го нашле пиштолот на таткото. Трагедија упм. Многу комплексна е темата што како и зошто, ама за жал штетата е направена.
А што ако сите биле глуви за неговата помош? Добро знаеме како се сптевуваме ние како општество со булингот, а тука а у Србија исто ти е. Не го оправдувам детето за убиството, ама дека булингот може да те извади од памет и да те помести за навек - може!
Ние се уште немаме поим што било точно, се пласираат многу невистини моментално, таква средина е Балканот, секој да земе учество така што ќе си додава, измисли, филува. За момчето нема оправдување, ОСВЕН лудило. Ако навистина го расекувале врсниците во школо, не е чудно што полудел.