Од љубопитност, од почеток до крај го прочитав статусот на Дорич, која инаку гледам е адвокатка и морам да признаам до некаде it makes sense т.е за делот околу пре брзата прес-конференција, изложувањето на доказите и некои други детали. Мислев и таа ќе зборува за патики и фармерки, но има друго гледиште, со кое до некаде се согласувам. А медиумите претераа, премногу вештачко дури веќе звучат.
Да ги иритираат луѓето? Дали реално вака размислуваш? Да баш седнале пред ова да смозгаат чекај ај прво ке му стаиме качулка па после ке му ја стаиме јакната преку глава. Нека мислат малце луѓево дали е тоа истото дете или сме им подметнале друго. Друго, сигурно не би избрале деца на угледни луѓе да ги жртвуваат за нивни болесни цели. Дај бре стварно немаш попаметна работа ти?
Ај бе не туку потпаѓајте на глупости. Ја платиле да напише глупост да тресне. Ни трунка почит кон фамилиите, децата уште не оладени што се вели овие почнале да пишуваат теории на заговор. Гнаси.
@nena2010 Форум е, валјда човек смее да напише мислење. Реков дека само со дел што го напишала се согласувам, а тоа е дека непрофесионално е презентирањето на докази така. Мене тоа ми е логично. Останатото што пишувала за виши политики не го ни коментирам. Исто како што и медиумите сензации прават и даваат простор на родители како претходната жена да гостува секаде. А народот се лепи на такви наслови, само ги впиваат.
Критиката беше кон таа дотичната што се дрзнала да копа по живи рани. Стока. А секако дека ќе коментираме.
Поголема глупост немам прочитано од овој статус на фб. Како се знаело се одма???? Многу тешко у денешно време кога се ни е на мегдан, знаат и број на гаќи...и тоа со разоружување познат наратив кај националисти Срби ( не е говор на омраза) што во последите 100 години имаа 6 војни од кои 2 во последните 25 години, одма на нив некој нешто им спрема и заговори. Ваква трагедија ја вртат во политички цели и нерешени односи и прашања со Косово, не се нормални....
https://fb.watch/knOgeuB40z/ Како кај нас што прислушкуваа странски служби со жолто комбе Секогаш друг им е крив. Над три децении на сите телевизии зборуваат за војни, убиства, воени злосторници им се идоли, Косово е наше, сите тие ќе ги освојат, пропагираат војна, за време на војните се насладуваа на страдањето на другите народи околу нив, сега се насладуваат на жртвите во Украина, сите нив ги мразеле дека се најдобри и сакале сега да ги разоружаат. Сега ова е резултат на нивниот менталитет. Коста го има баш тоа српско понашање, мора да се дружиш со мене, мора да ме поддржуваш, ако не покољ. И покољ им се деси. И пак друг им е крив
Не, јас не верувам во ова што напишала. Искрено, не ни видов дека неколку страни поназад искоментирале некои. А пошо неам Фв, Твитер, Тик Ток, можем само статисов да го прочитам без најава, па ме интеррсираше подетално шо е со теорииве. Се би било прифатливо ако беа во прашање 2-3 сведоци ( и тоа ми е многу) ама толкав притисок деца не би можеле да издржат, а да не ја кажат вистината. Колку човек треба да е луд за да прифати уништување на цело семејство заради пари? Даа еве ќе прифати еден родител детето да му се оцрни и да постане монструм во очите на сите, заради некои планови на власта или на тие што вршат притисок кон власта. @malerozna докторот го почитувам како доктор и како некој што народот ( Србија посебно) му верува. Е сега, верувам и во перење на памет на "слаби" психички карики, со цел да се изврши некој план т.е напад. Тоа го имало и ќе го има за жал, кој знае на крај што ќе излезе. Ама дека некој друг пукал, па Коста го уапсиле, па целото тоа сценарио, не.
https://informer.rs/hronika/vesti/791781/dragan-vucicevic-decak-ubica-vracar Еве сега се шират вести дека во станот на детенцето се пронајдени книги со нацистичка содржина.
Сега ќе излегуваат секакви информации,а и не е дека не може да е вистина,за такво нешто стварно треба длабоко да се испитува се.
Нормално дека сега ке гледаат да го зацрнат,што е можно најмногу. А порталиве се ке измслат за.поголема читаност,а воедно о профит.
За менталитетот на србите си во право али дека случајов е оркестриран од тајни служби во колаборација со власта е апсолутно точно. Преку социјалните мрежи особено преку смартфоните кои секој еден од нас ги користиме можат да следат, прислушкуваат, да направат комплетен профил на личноста, карактерни особини, склоности кон ментални болести и ако некого таргетираат како погоден за извршување на одредена задача преку психотропно оружје и разни други техники да предизвикаат психоза и буквално да го претворат во психопат спремен да изврши секакви зверства. Многумина не веруваат во вакви работи мислат дека се теории на заговор но се апсолутно постоечки ваквиве технологии.
Ама вистински се претера. Која е потребата од експонирање на комшии во зградата каде што живееле и нивно интервјуирање, па и од објавување на зградата, локација, кат, стан, сè. Уште врапчињата на балкон што им седеле што не ги објавија, Боже ме опрости. Мисли ли некој дека во тоа семејство има уште едно 10 годишно девојче, кое било во соседната училница додека брат и' пукал и убивал? Во моментов и нејзе и' е загрозена безбедноста. Со кои трауми се соочува сега таа, којзнае и дали некогаш ќе се опорави. Како и многу други деца од Рибникар, како и многу други семејства. Сериозно треба да се редуцира медиумската содржина за овој настан, и за Младеновац, ама за ова посебно.
Смешки муабет. Сите си ја имаат мувата на капата за време на војните во бишва Југославија. Не беа другите цвеќе за мирисање. Не мора од Србите да се прави баба рога. Си чула за логорот Јасеновац? Си го гледала филмот Дара из Јасеновца за страдањето на Србите?
Зарем не е чудно што се дозираат информации од полиција и психијатрија и притоа се прашуваме дали се вистинити или не, а од школото не постои инфо. Молк. И тие луѓе имаат роднини и пријатели кои би прераскажале. Што само говори дека информациите се сепак водени и контролирани, ма колку да делуваат конфузно , сепак имаат некоја цел. Лично се повеќе ми делува дека после цела збрка, ќе се заташка....опробана тактика,особено во Србија.
Јас ги мислам децата кои наутро ќе влезат во тоа училиште . Колку што разбрав од утре ќе се одвива наставата. Не дека е небезбедно, ама како тие деца кои ги слушале истрелите, и биле сведоци на некој начин, ќе го продолжат школовањето таму? За децата од класот пак, офф... немам зборови. Како родителите (сигурно во страв) ќе ги испратат своите деца на училиште ?
А со најголем страв ке се соочат децата кои"останале" од списокот Боже ме сачувај. Не ми се верува шо пишувам.
Најголема причина поради која не треба да го пушта на слобода. На нивно место јас би станала параноична. Па и ако се точни изјавите дека му било криво што не ги убил сите од списокот.