Епа баш ради изјавата,децава треба да живеат во паничен страв.секој момент да не дојде некој да го испразни шаржерот на нив.
Не верувам во теориите дека некој друг пукал или не знам што . Детето има реален проблем . Дали е психопат , не знам нека кажат стручните лица . Но дека линијата помеѓу многу паметен и многу будала е тенка , доказ е токму Коста .
^ Господ нека им помага на здравите таму, очигледно се' нездраво е. * Не сум убедена дека треба да се пуштат децава во школо, не уште. Не е важно од кое одделение се, после овој настан би ги одморила малку, на сите до едно им е потребна психолошка поддршка во моментов. Дома, да се осеќаат сигурно. Ретко кое дете "лесно" ќе помине, ова што го преживеаа остава трајни последици, кај некои и птсп ќе има. Ако не се мали дечиња, не би брзала одма да ги вратам на клупа. Не е убаво ни да се изолираат, ама ептен, ептен е свежо.
Ова е веќе лудост, јас знам ако некој комшија умреше и тоа стар, јас со денови на брзина трчав во влез од језивост. Кој шок го имаат доживеано некои деца, кој страв, помислата дека газат таму кај што имало убиство.. стварно е избрзана одлука. Згора над тоа што не се осеќаат можеби безбедно, што ќе им се враќаат сликите цело време во глава. Родителите живеат во страв, психички треба да спремаат дете за да се продолжи таму кај што застанале.. ма ужас.
Мене исто така не ми е јасно како може познативе јутјубери и тиктокери да си дремат со курот во рака. Па јас да знам дека имам толкаво влијание и видам дека се случило вакво нешто одма ќе снимам видео за да им кажам на децата дека ова не е правилно и дека не е кул. Еден куп познати српски јутјубери има, ниту еден, 0, не си стави прст на чело и да реагира. Можеа дури и да викнат психолог на поткаст, да разговараат, да го направат да е интересно за децава оти тие на нив најмногу се угледуваат. Ама затоа да интервјуираат порно глумци и мафијашишта први се. Дно дна, мизерии кои знаат дека имаат влијание и можат многу да помогнат во вакви ситуации, а не мрдаат со прст. Родителите колку и да вложуваат напор, им се уназадува сиот труд кога на јутјуб се промовира скроз друга, насилна и погубна содржина. Мрш.
Како да зборуваат против кога сега ваквите им со role models. Не бива во еден подкаст Голубовиќ, во следен психолог. Шлајм
Тоа величање на криминалци е проблемот. Не само тик ток туку и програмите на тв. Еве не пример Задруга, баш читав дека моментално внатре има осудуван убиец кој е во центар на внимание во последнава сезона, претходно Голубовиќ. Дрога, пари, секс, оружје, тоа цело време им се врти таму, па како може нормални деца да израснат при такво влијание? И кај нас не е поарно.
Секоја нет платформа си има предности и недостатоци,наше е како ќе ги користиме. Секој бира што чита и што гледа,НИЕ и само ние ја имаме контролата,конкретно еве на Тик Ток има и многу корисни видеа,со hacks од мода,храна,дом,чистење и слично,смешни видеа и уште многу други кул работи. Мајка ми висеше на мојот фб акаунт и си отварала статии од типот "Трагедија,почина момче бла бла" знаете тие кромид сајтови и мене се повеќе и повеќе ми излегуваа на feed,зедов сето тоа блокирав,платформите се tricky за да ти сервираат содржини ама во исто време и со многу можности за филтрирање што сакаш да гледаш. Дури мислам дека на Тик Ток најверојатно се мери и колку време го гледаш видеото,ако скролниш одма се редуцираат содржини од таков тип. Децата ќе си ги воспитуваме и контролираме,тоа е НАША ОБВРСКА,сме победиле многу milestones низ човештвото,робови,местото на жената е во кујната и сл. можеме и со ова,се зависи од нас,смешно е да бараме вина во интернетот.
Затоа родителите треба да одберат родителска контрола онаму каде што може. За да биде ограничено што можат децата да гледаат. И родителите да им ги проверуваат уредите на децата оти има доволно спретни што знаат да ја исклучат. Ако ја исклучат да им бидат одземени уредите. Ама, многу родители грешат. Незаинтересирани за децата, полесно им е да им дадат уреди и да ги откачат. Што е опасно. Родителите треба да внимаваат и со какви личности им се дружат децата и во живо. Деца седат во паркови до касно и внесуваат во себе тоа што не треба (а, некои прават глупости и насреде бел ден). Оти мислат дека се кул и не сфаќаат колкава штета (си) нанесуваат. Родителите треба да ги учат децата да се држат подалеку од такви, а не да дозволуваат децата да паднат под притисокот на лошите врсници.
Да, но тењба и поголема контрола што се прикачува на тие платформи. Не може секаква содржина да биде дозволена. Ама конкретно тик ток чинам е за 18+, тоа не ни треба деца да го имаат. Сепак, треба контрола и на објавените содржини, зошто колку и да сакаме како родители, не секогаш може да се има контрола. Што знам, на пример другар/ка ќе покаже некои видеа или надвор ќе.успее некакомда гледа нешто. Сакам да кажам, апсолутна контрола мислам дека е невозможна, барем кај децава што се поголеми.
https://puls24.mk/дали-се-беше-така-како-што-прикажаа-за/?fbclid=IwAR1QfLia7wkw82x0m2bV8MIkjMjPWSFgjVI7FTK9Z4b2wbAh8MbIxUVW7bw Ова се врти доста. Останува да видиме дали е така или не.
Олимпиец не го може тоа, пошто Олимпиец не тренира за да убива. Сирот Микец и сите кои се стрелци по професија што ќе ги влечат по новини ничим изазвани.
Секако мора да има и дежурни кои ќе ги спојат сите теории на заговор во едно, Коста не пукал, во Норвешка наместено, Мика Алексиќ не се дрпал со девојчиња. Глупости тешки.
Точно ,еве овој лик го пратат куп деца во Србија. https://twitter.com/mina_vrbaski/status/1655276572876713985
Србиве се значи мајстори за драма и филмови. Не, не пукало детето, Петко им е крив. Па 8 деца се мртви, дали они имаат памет со тоа заговорите им. Ама не ме чуди, кога Аркан им е идол и неговото семејство има риалити шоу, што ве чуди. Ист ментален склоп како и кај нас. Оној глумецот им што си игра Претседател е исто г*мно. Ми стои дека Коста ќе го хоспитализираат во друга држава, ќе си заминат цело семејство. Мајка му и татко му, со оглед дека се пред се високо образовани лица, очекувам да си ги стават настрана емоциите и да инсистираат детево да се смести во соодветна институција. Во Србија нема да добие никаков третман, а може и да ги убијат. Иако тоа семејство веќе е и мртво.