Нема ли изјава од преживеаните деца и учителката тие би требало најточно да раскажат што точно се случило. Обично полицијата веднаш штом пациентот е во стабилна спстојба и може да зборува зема изјава. Сите се веќе стабилни освен едно девојче кое мислам дека е сеуште во кома.
Јас имам склопувано и расклопувано пиштол тешко е посебно репетирање јас како воздрасна едвај го стприв тоа, а и ставањето куршуми во рамка е исто тешко. Треба дефинитивно повеќе вежба за дете да го изведе тоа.
Имам внук од 13 години и баш вака изгледа слабичок и висок,посебно последнава година многу порасна. Еве линк од емисија вчера ја гледав на РТС каде гости беа хирурзите што ги оперирале децава,ќе видите по нивните кажувања дека имале по неколку куршуми во телото,посебно машкото што беше најтешко повредено,син на нивен колега...свака чест на докториве,зборуваа како морале да се исклучат тотално емотвино за да работат,со оглед дека и нивните деца биле на таа возраст. https://www.rts.rs/vesti/drustvo/51...BTk5dg9Yb6oEIG6LF2c79zT-jM#Echobox=1683453077 Ќе постирам и една многу добра емисија каде гостин е познат психијатар/психотерапевт и писател Марко Браковиќ,го следам и од поодамна на инста,многу добро објаснува за партнерски/семејни односи,ако можете изгледајте ја до крај,посебно делот он каде што зборува за психопатските пореметувања на личноста. Во теориите на заговор не верувам ама воопшто,исто и дека е ова резултат на булинг до таа мера,што знам..се гледа дека детето си имало други проблеми во главата.
И јас тоа пишав пред некој ден, многу луѓе исто се прашуваа зошто таков тип на училиште немало камери.
Има по медиумите наводни изјави од наставничката и учениците, ама не се официјални. И од социјални мрежи има изјава од ученичка. На Тикток има слики и видеа од детето, не знам дали е дозволено да се стават. На поновите слики е висок и послаб во лицето, мене лично во погледот ми е многу чуден.
Друга работа, што ќе му се и на татково негов 50+ куршуми. Блискава што има работено ко полицаец имаше само еден шаржер со мислам 10 или 15 куршуми. И тоа редовно им правеа контроли дали се ист број. Ако се помалку, може да те санкционираат зашто си употребил службено оружје надвор од работа, а не си пријавил. А не знам па шо ќе ти е толку муниција да имаш дома
Бивш припадник на ЈНА бил татково како што прочитав ништо чудно за нив. Оружјето и муницијата никогаш не треба да се чуваат на исто место. А ова со броењето на куршумите е точно, ама прават и многу "заврзлами" и да изгубат некој се покриваат со други.. овде кај мене на свадби е како да си во војна...Пукаат и со службен и приватен, најчесто не ни знаат како треба па на една свадба во комшии чаурите во двор ни завршија..добро што не бевме надвор. Густо населено место сме.
Кај тетка ми исто комшиите правеа свадба и пукале нели и куршумот у ѕид кај другиве комшии ама измеѓу нив е дворот на тетка ми. Па другиве комшии пријавиле и се дозна нели од кого е. Замисли да била во дворот или во близина. Абе не се саглам значи.
Она што наназад зборував. Непотребно има пукано, сите жртви се повеќе пати погодени. Не сакал само да ги убие и готово.
A, кој рече дека децата нема да се "инспирираат" од настанот? Денес, на работно место, т.е пред работно место ми се собраа ученици од основно училиште, почнаа да тропат по стаклото, да фрлат ѓубре, да се дерат и да пукаат сокчиња, а јас излегов да ги предупредам. НАЈМАЛИОТ од нив извади пиштол на дијаболи и "ПУКАШЕ" во мене! Немам толку бедни зборови во речникот за да ја опишам глетката, толку долно. За ЖАЛЕЊЕ се сите, и родителите и децата. А, детето ги снимав и ќе го пријавам на директорот на училиштето и на родителите, чисто сумљам дека некој нешто ќе превземе. Затоа во иднина очекувам истото дете да му текне и со вистински пиштол да пука во некого, скраја било. Ми се гади, НЕВОСПИТАНИ ГОВЕДА!