Противзаконски се и видеата да се објават? Ептен би ми било језиво и не би отворила за ништо на свет такво нешто, дека нели кога до смрт го истепаа Тот ги објавија снимките
@nena2010 Рилекс, само коментираме тоа што излегува како информации. Нормално на ништо не треба одма да се верува. Ни на фотографија, уште помалку на податок.
Со оглед на тоа што старосната граница за влегување во пубетет е намалена не ме чуди да е толку висок, плус секое дете не се развива исто...
Нема нешто помизерно од српскиве телевизии што ги ставаат погребите на YouTube. Ми излегува видео сега од најдобрата другарка на едно од девојчињата кај што зборува на погребот, не ни го пуштив, ама како немаат малку срам и емпатија кон родителите, циркуз направија од толкава трагедија. Не се ни јавни личности, ни возрасни лица па да снимаат, ниту се јавни погребите. Родителите ги снимаат кај што плачат. Бездушни, само за повеќе кликови на мизерните канали.
Некој/а имаше напишано дека јутјуберите ги немало никаде и никој не се огласил јавно да дадат мислење, што воопшто не е точно туку е само обична хушкачка лага, бидејќи повеќето кој на стори а кој на лајв изразија жалење и упатија апел да се прекине со ова. А ова е видеото на Богдан Илиќ (Бака Прасе) кој понуди и финансиска помош за болничките трошоци на семејствата на повредените.
Дај боже засекогаш да ја укинат. Јас сварно не знам како некој може тоа да го гледа. Подобро во ѕид да зјапам отколку Задруга да гледам. Имаше видео каде им соопштуваат за масакрот и дека ќе има 3 дневна жалост, буквално како да им кажале нешто безвезе. Пишуваше имало некој роденден па отишле да слават.. Идиоти забегани без трунка жал за ништо.
Јас прочитав дека сама го избришала откако ја нападнале во коментари дека ги објавила децата со слики.
Еве не измислувам јас Дури 57 куршуми испукал 13-годишниот Коста Кецмановиќ во масакрот во училиштето Владислав Рибникар, а првите 14 куршуми биле за чуварот од обезбедувањето, Драган Влаховиќ кон кого момчето го вперило пиштолот откако влегло во училиштето. https://ohridsky.com/duri-57-kurshu...-masakrot-vo-uchilishteto-vladislav-ribnikar/ Мада и таков податок прочитав дека од голема далечина ја погодил метата
Истите тие кои промовираат омраза сега па ќе изразуваат жалење. А бе брате ти се погрешни луѓе одбираш да пофалиш.