Имале нешто пуштено на хепи тв, во утринскиот програм без да има блур. Во коментарите наведоа дека и во уште еден термин покасно ги дале повторно.
Гледам дека почнале на секоја смена да доаѓаат полицајци во школиве. Супер што зајакнале во безбедноста, ама зошто не размислуваат малку пошироко? Пример да вработат по уште еден детски психолог. Наместо психологот да е синоним за плашило, зошто не направат да е задолжителна посетата бар еднаш месечно на секое дете? Пример еве јас учам во таа и таа паралелка и си имам терминче еднаш месечно. Ниту ќе има изолирани деца кои ќе идат, ниту пак ќе се праи џева од одењето, секое дете ќе оди задолжително бар еднаш месечно кај психолог и ќе разговара за школо, дом, проблеми кои го мачат, а психологот ќе може да помогне. Многу често децата нема кој да ги ислуша. Вака ем нема ништо да плаќаат, ем ќе си се олеснуваат и ќе си кажат што ги мачи, ем психологот ќе може да им помогне. Наместо да рокаат цел ден карти на компјутер, дневно нека работат со 3-4 деца. Прво ќе се наруши стигмата дека психолог е нешто кај кое се иде само доколку згрешиш нешто, или дека тој треба да дели укори, или дека тоа е нешто срамно или страшно. Па јас да иам дете, одма би го пуштила доколку има таква опција. Сигурно тоа стручно лице само ќе ми помогне во воспитувањето и ќе ми помогне детето да го извадам на прав пат. Не е решение само да се засили полиција и децата цело време да се во грч кога гледаат како вооружани полицајци им се шетаат наоколу. Треба и други промени.
Искрено не сфаќам зошто цело време ги браниш. Да не беше YouTube поќе од пола од нив ќе немаше од шо да живеат од шо се неспособни. И ова не го сфаќам, зошто да се гледаат снимките? И тој шо ги објавува и тој шо ги гледа е проблемот. Арно рече некој поназад, некрофилска нација.
Да имаше снимки од камера, до сега ќе го преплавеа Интернетот. Тие на Хепи Тв мислам ја пуштиле аудио снимката. Да било видео, до сега реакции милион ќе беа.
Од кај знаеш зошто ги барам? Дали си сигурна дека ќе ги гледам? Зошто ги ставаш сите во ист кош? Проблемот се таквите како тебе што осудуваат у секунда без да размислат. Ај бркај си работа, што сакам ќе гледам, тоа не ме прави “таква како што нѐ нарече погоре”!
Ја имаш гледано емисијата? Затоа што читав дека имало снимки каде што покажувале крвави скали и патеки...... Тие снимки јас никаде не видов да кружат.
@simoncelicius Тој Миздраг Драган во коментар вели дека во емисијата бил Бајатович. На Јутуб кога така пребараш, тој Бајатович кога гостувал ги коментирале двата настани, но се што е пуштено се цензурирани снимки, но може да се забележи дека е од случајните минувачи на улица (колку што на брзина извртев сега). Во друга емисија на Хепи ТВ каде е пуштано снимка, е само аудио снимката. Едноставно многу брзо се шират информациите и мислам нема шанси вакво нешто да им пропуштило на сите. Особено на теоретичарите на Твитер кои всушност бараат во јавност да се пушти дел од камерите.
Тоа се убаво, ама иди кажи им. Сите знаеме како треба да функционира, а тие што се таму зошто спијат? Намерно ли? Што имаат корист од тоа што вака како сега “функционираат”? Зошто не се подобрува ништо во врска со образовниот систем? Ете на пример твојот предлог е повеќе од одличен, браво! Тоа така функционира во други држави, само кај нас не, а после Америка ни била крива.. Тука родител нема шанси да пушти дете кај психолог, толку се малоумни повеќето родители што тргаат по паметите на своите деца и дури ги исмеваат родителите на другите деца и самите деца што одат на психолог. Бедно и жално. Плитко. Затоа ќе се случуваат вакви работи, оти родителите се пред се вакви, а децата земат пример и од нив, потоа тоа се шири меѓу детскиот круг и настанува лудило. Што ли не сум слушнала, мало дете како зборува дека татко му му рекол да ги тепа сите и да им ‘ебе матер’ кој ќе го закаче или ќе му потфрли. Да, со тие зборови им кажуваше на другарчињата.. Мајката на друго девојче и рекла да не се дружи со одредени девојчиња што родителите не им се ист “ранг”, потоа тоа девојче ги навредуваше и иссмеваше посиромашните девојчиња наоколу. После сето тоа па и срамно им е на психолог да одат и одозгора и на тоа се исмеваат? Нашето општество воопшто не е здраво, се гушам.
Психологот и педагогот во училиштата најмногу работат. Не знам од кај ви е тоа дека играат карти, ама не. Имаат доста работа, и доколку се применува и соработува со наставниот кадар, на површина ќе испливаат и резултатите. За одење кај нив, треба прво наставникот или класниот да им посочи кој ученик има проблеми, затоа се и одговорни на одделението, патем и добиваат надоместок за тоа. Значи наставникот е тој кој гледа. Сум имала прилика да работам со две прекрасни педагог и психолог. И не секогаш беше до нив, ама педагогот уште кога ќе и влезеше дете внатре, знаеше дома што му се случува. Затоа ми е чудно што Коста одел на психолог, а психологот не сфатил дека детето има проблем.
Јас ја најдов снимката од емисијата и навистина има дел каде што медицинската екипа на брзата помош ги става телата на носилки само што сега има блур. Претпоставувам дека морале да стават поради правилата на јутуб како платформа да не им го пријават каналот. Коа е Марич во прашање верувај не би ме чудело ништо со оглед на тоа колку е застранет човекот. Како и да е баш ме интересира дали некој успеал да фати во живо на тв вакво нешто, ќе прочепкам пак.
@simoncelicius Колку што ги гледам сите колку се непрофесионални, а и Вучич еден нарцис, нема да ме изненади за да биде во центарот на внимание, сам да ги пушти. Нели без цензура им ги пушти во јавноста сликите од жртвите на Велја Неволја Конкретно за овој случај, не знам искрено како успеале да ги фотографираат, кога тој ден пред комбето намерно беа застанати повеќе полицајци, за да не успее ништо да се слика. Тоа за жртвите, е сега ако се мисли на преживеаните, секако пак многу неетички
Па да, на пресот еден новинар го праша дали можеби он го поттикнал детето со тоа што јавно ги покажувал сликите од тој случај и зборувал за мелење човечко месо.... он само се здтка и беше шокиран од прашањето не знаеше што да одговори. Па као нешто промрморе сликите биле покажани за никогаш веќе такво нешто да не се повтори. А од друга страна, имаш со години директор на ова школо чиј што син е член на некој клан и е обвинет за убиство.
@simoncelicius Леле да, мислам тие фотографии се за се, освен за во јавност. Страшно колку самиот е психопат. Го гледав и јас видеото со новинарот и стандардно, никако тој не е виновен за ништо Да и за тоа прочитав, синот на директорката- член на Квачкиот клан. Но, и на некоја професорка синот бил во таков некој клан. Сега знам ќе се воведувало тестирање на учениците на дрога. Ама треба и тие што им предаваат да ги чешлаат.
Работата е средножалосна Малиов уште е во болница под силно обезбедување, татко му е во притвор, мајката и сестрата на непозната локација надвор од Белград, дечињата што се ранети заедно со професорката се во општа добра здравствена состоја освен едно девојче е критично :/ Сега нешто и теории на заговор кружат, дали е или не е тоа момче кое пукало, па како е можно од толкава далечина да е прецизно, толку вешто да ракува со огнено оружје, па бил па по ново воопшто и не бил малтретиран туку бил компетитовен и сакал во се да биде најдобар…. Ова е само мал дел … Кој да знае …
Абе ја пукав Доста се криев Ја бев Он пукал, баба ми пукала Бог да чува Фала мац Фала и на тебе @Polyincognito
Само кажав дека не е така како што беше пренесено тука, а од што би живееле си е твое мислење јас не би генерализирал.
Имаше интервју на јавен обвинител и кажа дека детето е сместено во установа со согласност од мајката. И да не даде, во ова ситуација судот сам ќе го продолжува просуството. Нема да оди во затвор, ќе си лежи по вакви институции, зависи од дијагнозата. Мислам дека и имаат дијагноза веќе. Мр сигурно имаат направено, не сум доктор, ама на обдукција Дума ни ги покажа белите наслаги кај лицето кое се самоубило и кое се потврди дека има шизофренија. Така да знаат. Мобилизирани им се сите најдобри доктори, така да веќе имаат претстава за што се работи. Таткото нема зошто да е во притвор, ама како што вели обвинителот, се случи таква трагедија и не може никој да не оди во затвор. Ова е повеќе шоу за јавноста. Ќе почекаат некое време малку и ќе излезе драмата им претседател, ќе пролие некоја солза и ќе каже што се случило.
И после неколку месеци дур се стиши шокот кој го доживеаа луѓево, малиот ќе го пуштат ќе му сметат индетитет исто и на родителите и преку граница. И ќе си "живеат среќно се додека се надеваме не му откачи фитиљот пак.