Тоа сакам да кажам овде нити неговите ќе можат да живеат ќе добиваат закани како што и веќе добиваат. Таткото не верувам дека ќе се врати на работа по ова зошто и едно од децата кое го погодил било на негов колега.
Цело време прашувал кога ќе излезе и какви се реакциите на масакрот. За родителите немал прашано воопшто. Списокот и мапата му биле најдени на работната маса дома. Само да имале поголема контрола и да се интересирале повеќе родителите или да виделе што пребарува на интернет, може ќе се спречеше ова. Во меѓувреме еден куп вакви се појавија во Србија https://www.republika.rs/hronika/hronika/433536/hapsenje-maloletnik-masakr-kod-vrtica
Сигирно по сет трпен мобинг и булинг како што велат,мислам дека тој тука видел излез и дека баш со план почнал да оди во стрелиштето.
Никој официјално не излезе ни од психијатрија ни од полиција. Скоро сите информации кои ги читаме по интернетот се неточни, крајно време е да престанеме да споделуваме сензационални наслови и текстови кои немаат врска со вистината. Сигурно нема да го пуштат ко ништо да не било. Ако не одговара кривично, барем ќе го затворат во друга институција и ќе го лечат. Не е случај што се "заборава" за 3 дена. Ниту пак случај што се решава за 3 дена за толку рано да знаеме што ќе биде. Народот нема да остави туку така да заврши се. Починатите деца учеле во елитно училиште, родителите им се сигурно доволно моќни, не само нивните родители, родителите на сите деца во тоа училиште. Не се деца на некои сиромашни и невлијателни семејства кои ќе можат полесно и политички да ги изманипулираат.
Па и мајкава не била во Белград веќе. Денес пишуваат дека бил смирен, дека не му даваат лекарства туку прашувал кога ќе излезе и дали е популарен? Многу лажни вести има и како правник пак ќе се воздржам оти сепак не смеат да се изнесуваат јавно информациите од истрагата. Нена јасно е дека ни он ни неговата фамилија не се безбедни во Србија. Нормално е тоа, деца уби. Кај ќе е не знам, ама да го пуштат, нема шанси. Опасен е за околината. И како се одвиваат работите ќе испадне дека детето ги казни прво родителите. Ова мапата сигурно му е оставена намерно на маса, да ја најдат. Не верувам дека претходно била така оставена. Можеле историја да проверат да, ама пак кој би поврзал. Они на друг начин ја утнале работата очигледно. Да го доведеш до овој степен детето, ако се точни наводите, тогаш во позадина има нешто друго. Не сум стручна, не знам, ама ми стои на голема траума. Желен е за внимание. Од сите.
Сите размери се подместија. Он заштитен у клиника ко бела мечка, нема да одговара за ништо...браво. А да се запрашаа родителите на Коста како ке им беше,тие да беа од спротивната страна ?
Ке видиме...крајот го краси делото. Во секој случај детево прашува дали е популарен ич не му чуе за тоа што го сторил.
Не знам како верувате во сите овие новинарски изјави?Па валда постои нешто во медицината што се вика етика и кодекс на однесување,поготово во вакви случаи.Па јас како обичен смртник со мојот психолог имав потпишан договор дека се што ке зборуваме на сеансите ке остане меѓу нас. Мислам дека не ни знаат точно каде се наоѓа.А и да знаат има дебело обезбедување.Таму новинар за лагано интервју тешко ке припари. Пишува ли некаде кој лекар ги дава /пренесува овие изјави?
Ама ова и претседателот го кажа на прес, дека нема каење и е монструм. Баш коментираа дека кажува доверливи информации пред да е завршена истрагата.
Сабајле баш гледав негов прес.( не цел).Боже прости ми ама ми делува он како да глуми за оскар.Општо целата појава му е страшно лигава и иритантна.