Сега на едно место прочитав дека таткото го ставиле во притвор а со детето заборавив шо беше дали немале да му судат или нешто... незнам колку е точно
Цело време осуди кон детево, а никаде не прочитав осуда за децата кои вршеле булинг. Као најнормално е да има булинг, сите сме трпеле, па ништо не ни фали!!! Сериозни ли сте?! Булингот бил нормален, ај уште да го институционализираме ако не?! Шоимаврска Не оправудам, ниту поттикнувам насилство, ниту пак детето го учам на истото, ама за жал сум малцинство пошо гледам повеќето родители околу мене ги учат децата на насилство да одговараат со насилство и така се создава тој магичен круг на насилници кои учат од родителите. Во случајов виновни се првенствено таткото затоа што го учел детево да ракува со оружје, затоа што го оставал оружјето на дофат. Потоа виновни се институциите во училиштето кои очигледно одбрале линија на помал отпор за да го „решат„ проблемот со булингот т.е го преместиле детето во друго одделение. Ова е се, само не решение. За тоа колку се ажурни истите можам да замислам, слични сме со Србија и јас имав блиска средба со службите во училиштето на ќерка ми и фрапирана сум од нивната „стручност„ ,„ангажманот„ и „заинтересираноста„ Клатат врата, зимаат плата!!! Буквално!!! На крај, нормално виновен е и сторителов т.е детево - убиец, меѓутоа главната вина е кај погореспоменативе
затоа реков нема да биде далечно кога и кај нас ќе запука некој. Додуша си пукаат и сега ама само криминалците меѓу себе. Браќата колку само оружје имаат...
Не знам некој да оправдува, туку сите го бараат коренот на проблемот. Кога имаш дете кое е булиед цело време, и доаѓа до точка на вриење каде што нема назад, или посегнува по својот живот, или по животот на другите, па по својот. Психопат не значи по дифолт дека ќе биде убиец и ќе врши масакри. Има многу психопати околу нас, кои шетаат слободно и немаат никакво досие, ниту пак направиле нешто. Тукa треба да се гледа во позадината за како тоа општествената декаденција, вестите, културата ги поттикнува да вршат овакви масакри затоа што секогаш е величено злото, психопатското, извештаченото и девијантното однесување. Ако пристапиме на проблемот од корен и се реагира строго на спречување на булинг каде ефикасно може да се заштити детето, ќе се намалат овакви инцидентни. Ама ниту на професори, ниту на психолози им е гајле што се случува во школо. Одат да земат плата и да го поминат денот со кафенце. Од друга страна пак и да сакаат да превземат нешто, немаат ниту моќ, ниту одврзани раце, зошто ќе им дојдат родителите и ќе се караат како се нивните деца најдобри, најмирни, најпослушни, иако се булис. Ова не е ниту прв, ниту последен случај со ист тригер, само исходот е различен, последиците се огромни. И уште еден факт. Србија е во топ 5 земји во светот по оружје поседувано од цивили. Тоа кажува многу.
Е така функционираат нашите системи односно не функционираат. Денес овој , утре друг ќе биде , и се така во круг, пошо немаме силни закони и луѓе што стварно ќе се ангажираат во работата. Децата ги учат на насилство , оти нема кој да ги одбрани освен сами ако не се одбранат. Така да, вината најмногу е во системот
Сите имаат вина, затоа треба сериозно да се сфатат овие работи и да се делува да се одбегне слична ситуација во иднина. Многу фактори се во прашање од сите страни.
Јас мислам дека “ пукав затоа што сум психопат” е произлезено од децата што вршеле булинг, можеби го имаат нарекувано психопат. Се кладам дека 90% од нив не го ни знаат значењето на самиот збор и тежината, некаде го слушнале и го примениле.
Исто и дечково бараше помош насекаде имаше подршка од домашните му помагаја психолози, педагози... Залудно... На крај го смена и училиштето но задоцнето штетата што му ја направија е неповратлива еден живот уништен засекогаш. Него дали има казна за насилниците и "булијашиве" во речиси сите случаеви поминуваат неказнето дали е тоа во ред одкако ќе уништат нечиј живот. А таквите гомна секогаш бираат некого послаб од нив за малтретирање. Убиство е екстрем но доколку јас би бил на нечие место сигурно без милост би ги пуштил на костозглобна таквите гадови пошто ако нешто заслужуваат најмалку е да бидат прекршени од ќотек кога не постои друг механизам да се санкционираат.
Па дека биле сите глуви, не биле, знаеле дека имало проблем, го преместувале во друг клас два пати. Не знам само родителите колку и како се грижеле за него и го воспитувале за да може едно дете да добие ваква идеја да убие. Ако не се решаваат вакви проблеми, ако остануваат трауми да тлеат во детето, ќе избијат на површина на трагичен начин. Никако. Членот што го цитирав напиша дека требало детево да го жалиме, а не да го осудиме. Ако не ај и да го помилуваат?
Шо ви е на вас бе Оправдување ќе барате зашо е таков ко шо е? Еден од вас ако има м**а, нека иде ова у Белград да им го каже на родителите на починатите деца. Ама вие не знаете зашто он ви го утепа детето, он бил малтретиран Загреота Е од вакви размислувања. Сирот бил не знам шо бил, греота бил, бил жртва, затоа ќе се решетаат Ваше дете да беше у прашање, друга песна ќе беше. Кој не ве знае скапо ќе пројде
Денов ми го уништи масакров.Сега некој родител нема пак да си го види детето т.е ќе си го види ама во ковчег.Сепак имаат кривица родителите,не е лесно да си родител не оди така тоа, дете си бара внимание и љубов од родителите.Па плус и оружје шетат по дома како да е бонбонче па оставај си го кај ќе ти текне не мислејќи за последиците.Што и да напишам џабе ќе е неможат да се вратат рано згаснатите животи на ангелчината.
Идиотско мислење. Ако ова се западни вредности, ќе ги немаше во Србија. Ваквите недостатоци во школата се универзални.