Прво за искуството во пукање - пишува дека од 12 годишна возраст учел да пука, за една година тој станал профи. Еве за вас оние кои се прашувавте како. ( Ако е ова точно). За наставата се согласувам треба да ги распуштат децата, да се заврши школската година ипак ова е трауматична трагедија за сите. Не секој е спремен да се враќа на местото каде што би можел да биде убиен. За родителите што не забележале ништо- немале време. Посветени на работа, на кариери. Да имале време не би го ни носеле на таков спорт. И за крај пак не се знае причината за сето ова, дал булинг, дал оти е луд, дал долго време пател од некоја дијагноза. Никогаш нема да дознаеме.
Луѓе значи стварно само за кликови се вестите. Мислам за 120 секунди застрелал 16 луѓе што не биле во иста просторија, а воедно испукал повеќе од 50 куршуми. Кога успеа за 2 минути да смени шаржери, да оди од надвор преку ходник до училници и уз пат да пука. Мислам... Па и изјавите од наводните психијатри, јас стварно сакам да верувам дека не е нарушен етички кодекс. Прво затоа што е кривично дело изнесување на професионална тајна, второ затоа што случајот е пресензитивен за да кружат по 2 реченици низ портали од кои луѓето ќе си прават свои приказни.
Викаат дека одел на психолог, татково и мајкава доктори предпоставувам одел кај најдобрите во земјата. Зарем до толку е паметен малиов да изманипулира искусен психолог и тој да не примети дека детево можеби е потенцијална опасност за околината. По пишувањата ( колку се точни) дека детево било секогаш напреварувачки настроено и секогаш сакал да биде најдобар во се дури знаел и да се искара со другарите, ако тие биле подобри во нешто. Децава што ги убил биле во нешто подобри од него. Ми личи на типичен нарцис со уште некоја дијагноза= масакар.
Другата смена веќе е вратена, од утре почнуваат и овие. Инаку, родителите одамна му биле разведени, а мајка му мажена со друг и од тој брак ја има сестричката. Ова гледав на К1 ТВ го кажа Јована, рече и кажала мајка на некое дете од тоа училиште.
Коста не смее да излези надвор, нека биди доживотно во некоја психијатриска установа оти во затвор како што прочитавме не можи законот не го гони. Неговото мозоче е пореметено, а и не верувам дека оние деца му вршеле булинг дај жити се детенцето што свири на клавир вршел булинг? Сите можеме да процениме кој е способен да малтретира други. Повеќе ми е веројатно дека имал недостик на внимание од дома, форсиран да биди успешен со сите 5ки, да оди на натпревари, но имало и поуспешни од него па сигурно таа борба и домашен притисок го пореметиле. Не знам колку се информациите точно, но ако го префрлиле во клас каде имал 3 другари значи сепак не бил така отфрлен. Чим посетувал психолог значи се знаело за неговите проблеми, требало од дома повеќе време да му посветат.
-Еднаш бил малтретиран, еднаш не -Еднаш имал сите петки, еднаш не -Еднаш бил тој на сликата, еднаш не -Еднаш одел на аирсофт, еднаш не -Еднаш бил дете на разведени, еднаш не -Еднаш се преместил во паралелката пред 1 месец, еднаш еден месец пред ова не ни бил на училиште -Еднаш бил културен и фин, еднаш со сите се карал -Еднаш во 8.40 се јавил да се пријави, еднаш во 8.40 веќе ги изнеле жртвите -Еднаш немало снимки, еднаш камерите не работеле -Еднаш не зборувал ништо, еднаш прашувал нонстоп -Еднаш се инспирирал од американски филм, еднаш од српско аматерско видео I mean
Детево било запоставено и социјално и од родителите и од школскиот систем. Не може кривично да биде гонето али родителите и одговорните во школото треба да бидат, не знам како они не сносат никаква одговорност. Како што кажаа пред камера он се жалел се префрлал во други смени, што значи познато им било, само не им било воопшто гајле.
На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. https://mk.tv21.tv/uchenichka-napravila-spisok-so-zakani-za-souchenitsi-mvr-prezema-merki/
А, бе и јас знам родители со захтевни кариери. Сепак, наоѓаат време да седнат со децата и да разговараат. Децата им се нормални. Ако некој не може да избалансира, тогаш не треба ни да стане родител.
Кариерата е едно, детето е друго. Ако сакаш да бркаш кариера и немаш време за дете, едноставно не го имај, подобро така отколку да биди запоставено. Треба да се работи со него, да се посветува внимание. Доколку развод тешко поднел треба убаво да се седни и да се објасни, да се побара помош. Дете прави молотови коктели дома, па никој ли не влегол да види тоа дете што прави. Не го испратил ли некој на школо? Е сега се полемизира дека родителот е во притвор. Да не заборавиме дека за секоја постапка на малолетник е одговорен родителот.
Абе не дека немаше, кој слушал рап знае за Еминем кога ја "закопуваше" мајка му. Знаеме за шокот за Кристина Агилера во тие каубојските во спотот на "Dirty" Не дека сме биле нешто заштитени во таа смисла, ама јас немам ни нерви да им ги слушам песниве што на тик-ток нели си ги ставаат. Ебате шундот што се слуша. Лепа Брена за овие е Шанаја Твеин.
Децава 99,99% нема да направат ништо, не се сите родени со убиствена "жичка" ни кадарни за истото. Ама секако треба одма во полиција за закани и одма на психолошка евалуација. Многу од нив ради привлекување внимание ќе се глупираат, си има начин да сфатат дека не е зезање работава ич.
Сестрата е само 3 години помала од него, значи од мал живее само со татко му(претпоставувам). Добил сестра и не живее со мајка му. Ако е вака, односот со мајката е причината и од овде потекнува се. Многу е битно дали го остава и не го зима, се премажува, добива друго дете. Со кого всушност живеело детето?
https://www.google.com/amp/s/www.te...letnik-iz-subotice-planirao-masakr-kod-vrtica Аха, ама 1 месец подготовка не приметиле
Да, баш и ова дискутираа, зошто живеел со таткото, кога најчесто се давале на мајката. Еве погледнете, објаснува човекот и кој понатаму е надлежен и како ќе постапуваат. А ова е мајка на едно од дечињата, докторка која отишла со брзата помош. Страшно за слушање.
Па ене нели тој од Браќа Миладиновци носел нож и гушел дете. Нели брзо после масакрот во Врачар во друго школо девојче избодела наставник. Некако % процентов не ми е релевантен. Не дека ќе се случи ваков настан( не дај боже) туку се е можно во денешно време.