Значи упорно "мобинг", "булинг"... се работи за масакр, невиден на овие простори, а упорно се наоѓа оправдување за убиецот.
Тие што се фасциниравте од "интелектуалците" родители на убиецот, и ја знаете цела негова биографија, прочитајте за убиените деца - од какви семејства, дали биле единци, дали имале таленти, и видете нивни слики...може ќе ви се намали емпатијата за убиецот за кој упорно пишувате претпоставки и оправдувања...
Се додека го викаат по име, и му наоѓаат оправдувања за 8кратно планирано убиство...ќе се вртиме во круг.
Многу револтирачки постови имаш..смири се малце. Ај читај убаво шо пишав. Кој го оправдува...? Реков оти шо и да трпел решението не е куршум. И јас не го измислив тоа што го трпел тој , така кажуваат сите.
Има неколку познати рок песни кои опфаќаат случки со масакри во школо. На тоа што може да се сетам сега е, на пример песната: I don't like Mondays Песната е напишана по настан во 70-те, каде едно девојче во Америка извршило масакр во школо, и кога ја прашале зошто го направи тоа, рекла затоа што мрази понеделници. Тоа е еден од првите масакри во школо. https://thecrimewire.com/true-crime/I-Dont-Like-Mondays-Tell-Me-Why-The-Story-of-a-School-Shooting И Jeremy од Pearl Jam разработува слична тематика за детето со истоименото име, ама не се сеќавам сега точно на приказната. Штета што денес Рок музиката не е актуелна, и наместо да се добие некое знаење, се пласираат бљувотини од песни со искривени вредности и лоши пораки.
Да дополнам и The Kinslayer од Nightwish е баш за Columbine, што се коментираше страници поназад. На крајот на песната е разговорот меѓу едно девојче од жртвите и еден од децата убијци. Е сега не се рок, метал се. Ама стои дека се опфаќаат подлабоки пораки во тие жанрови.
Мислам дека дополнително на самата ситуација, ме потресоа реакциите и кај нас и во Србија. Мислев дека кога, не дај Боже ќе се случи нешто вакво, барем тогаш би биле сите на иста страна. Ама ме разочара фактот што видов дека не е така, па затоа можеби така делуваат моите коментари. Ќе паузирам со коментари на темава, доволно кажав, а ако сум те сфатила погрешно, се извинувам.
Има доста јутјубери со нормални содржини , од Србија . Само , од шлајмот не можат да дојдат до израз . На пример каналот Идиократија не промовира насилство , не се расфрла со пцовки ( воопшто не употребува такви зборови ) , содржината на каналот е мистериозни места , необјасниви случки , историски настани и личности .. Но не може да се пробие од Бака Прасе - типот јутјубери . Исто така Кресоје Продукција , Озбиљне Теме .. Лично имам гледано видеа од горе наведените и знам што зборувам . Но на децата не им е тоа интересно , затоа Бака Прасе , на кој секој втор збор му е сочна пцовка ќе има 1.000.000 прегледи , а Озбиљне Теме кој се занимава со историја и географија има одвај 400.000 прегледи . Озбиљне Теме баш вчера имаше објавено видео поврзано со неодамнешните случувања во Србија . Исто , и Идиократија на лајв ја начна темата . Е сега , децата од каде знаат за Бака Прасе .. па од други деца , на училиште . Ако секој еден родител бар малку размислува како мене , мислам дека на Балканов не би имале вакви потресни случувања . Јас им дадов телефони на синот и на ќерката , кои во тој момент имаа 7 и 5 години . Од соба не излегуваа . Синот го запостави учењето , и јас тогаш им ги одзедов телефоните на двете деца . Поминаа 2 години , а тие сеуште немаат телефон . И не им давам додека не наполнат барем 10 , да бидат доволно возрасни , да можат да ме разберат кога ќе им објаснам дека она што го гледаат на екранот , не е реално . Тек кога ќе го сфатат тоа , тогаш ќе им дадам телефон , сепак не 100% слободно користење , туку со родителски надзор . Она што им вметнав како замена за телефон е часови по музичко образование . Двајцата се запишани на инструмент ( иако моментално учат само солфеж ) , скоро имаа концерт и веќе добија покана за гостување следниот месец . Од следната учебна година ќе ги запишам и на спорт , а за две години од сега и на јазик . Што ќе виси во соба од утро до мрак на телефон , барем нека учи јазик , инструмент , нека се занимава со спорт , кога веќе не може да има нормално детство како нас по улици и сокаци да се дружи со свои врсници . Не велам дека и моето е сто проценти исправно , секако дека не е . Јас избрав така и сметам дека колку толку е подобро . Децата ми се вратија на прав пат , оценките на училиште значително им се подобрија ( секако не баш сите предмети , на пример на син ми не му оди англиски , а математика е одличен , ќерката е супер по англиски а математика не и оди баш најдобро) , не ги форсирам колку можат - толку , ама барем знам дека се потрудиле , не виселе на телефон .
Па во темава сите сме на иста страна. Не прочитав некој да го оправдува и да мисли дека треба да се пушти детево. По останат интернет не знам, може и тоа има.
И помеѓу целиот недостиг на емпатија, сочувство, како и себичноста на денешниве деца на што сме сведоци, -зрак љубов! Знам дека е кусо тука и дека критиките и осудите се најгласни, ама еве на оваа тема и нешто за љубовта, за љубовта на сестрата кон братчето. ❤️ https://a1on.mk/region1/trogatelen-...iecot-pukal-taa-istrchala-da-go-spasi-bratot/ “Колку љубов носеше кога истрча од училницата и не истрча кон излезот туку истрча право во училницата на нејзиниот помал брат… да и каже на наставничката да ја заклучи училницата и да ги скрие децата… Тоа девојче не постапи онака како што би направиле повеќето луѓе чиј живот е во голема опасност… да се спасат и да истрчаат од зградата што е можно поскоро… Таа трчаше низ долги комплицирани ходници и скали до друга зграда (што не е блиску воопшто) да го спаси нејзиниот помал брат… Ова е Љубов.”
Еве и јас да додадам неколку: Judas Priest-Beyond the realms to death Metallica-Fade to black Ozzy Osbourne- Suicide solution Викаш да се врати рок и хеви метал музиката хмм.. На овие песни еклатантно се промовира самоубиство. Филмови и серии како Сексот и Градот, Очајни домаќинки, Млади Бунтовници и многу други на почеток на 2000дити. Интересни ми сте сите што проблемот го лоцирате во турбофолкот, реалити програмите, тик ток евидентно не сте свесни дека мечката ни игра на врата од многу поодамна цела main stream западна музика и филмови и серии промовира девијација и настрани вредности. А турбофолкот и новонастанативе срања и програми се само продолжение на проектот започнат многу одамна не на наши простори.
За тој убиецот од Младеновац никој ништо не напиша? Тој зошто толку луѓе уби? За него ништо не се напиша, 8 луѓе убил.
@shz Претходно се скарал со младите што седеле во училишниот двор и потоа се вратил со оружје. Пукал бидејќи сакал сите од селото да ги заплаши (така изјавил). Бил општо проблематичен, претходно често пријавуван, насилен и убивал животни. Можеби не се коментира толку, бидејќи барем за него информациите се тие од прв ден и не се сменија ниту еднаш.
И затоа што е возрасен и веќе познат на полиција. Скандалозно е дете да посегне по живот на други деца, затоа за ова толку се пишува. Возрасен не не' изненадува, дете, да.